логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Кон романот „Нишан“ на Блаже Миневски, „Макавеј“, Скопје, 2007

ДАНИЛО КОЦЕВСКИ

Блаже Миневски со своето досегашно творештво зазема видно место во нашата романескна, раскажувачка и драмска литература. Неговите романи „Црниот пердув“ (1989), „Балкан за деца“ (1996), „Требаше да се сликаме пред да се замразиме“ (1998), „Приказна за третиот“ (2002), книгите раскази „Солзи во очите на тате“ (1984), „Ниски вежби“ (1985), „Ледно око“ (1986), „Сезона на глуварките“ (2001), како и повеќето драмски текстови собрани во книгите „Бивши луѓе” (1997) и „Вистински настан” (2003), покажуваат зрел и оформен автор кој перманентно го свртува вниманието на критичката и читателската јавност кај нас. Во контекстот на неговото досегашно творештво, најновиот роман „Нишан“ се наметнува како остварување кое ги синтетизира, продлабочува и открива во една нова димензија сите негови раскажувачки доблести. Тематско-мотивски романот „Нишан“ е лоциран во нашето неодамнешно минато, станува збор за војната (или воениот конфликт од 2001 год.) кој остави многу „нишани“ (белези, лузни) во транзиционата и воопшто поновата историја на Македонија. Но, „Нишан“ нема само метафоричко туку и едно друго, конкретно значење, кое како роман го прави исклучително занимлив и предизвикувачки. На „нишан“ се држат двајца млади луѓе од двете спротиставени страни, еден Македонец и една Албанка, снајперисти, кои секој миг можат да стрелаат еден во друг. Оттука всушност и започнува возбудливата приказна за животот и смртта, за смислата и бесмислата на војувањето, за љубовта и омразата, за самиот чин на победата или поразот. Така, романот добива и една метафоричко-метафизичка димензија.

Наратолошки, тоа е приказна раскажана во прво лице од момчето снајперист. Неговиот монолог, додека меѓусебно се држат на нишан со младата албанка, всушност е чудна, слоевита, напати парадоксална и иреална, напати реална и натуралистичка историја на еден млад живот кој ги доживува сите премрежиња и апсурди на животот. Таа животна сторија се одвива како на филмска лента - од најраното детство кога ги загубува родителите и братот, животот во малото место, малограѓанската средина, заминувањето во Америка во Ајова Сити и следењето на курсот за креативно пишување, силната желба да се биде (писател) или не, враќањето, разочарувањето на човечки и уметнички план. И на крајот, војната, во која смртта е толку блиску и станува свирепа реалност, а не само уметничка (метафизичка) медитација. Сета оваа приказна е раскажана сигурно, убедливо, со разоткривање на сите дамари, несполуки и страдања пред кои е исправен денешниот современ човек. Вештината на раскажувачот се гледа и во фактот што во романот едноставно и спонтано се наметнуваат и прашањата за односот меѓу реалното и иреалното, животната и романескната вистина, за големата лага на фикцијата, но и фиктивноста на некои наши животни сознанија кои ги сметаме за единствено валидни и неприкосновени.

Трауматичното детство на главниот лик, самоубиството на мајката и таткото предадени се раскажувачки експресивно и силно, а таа трауматичност продолжува да го следи низ животот кој постојано го има на некаков фаталистички, непредвидлив, смртоносен нишан. Раскажувањето се одвива на повеќе планови (Ајова Сити и страста за пишување, Италија и островот Синтилија на кој завршува чудната судбина на еден од ликовите, тетка Лета, малограѓанската средина и малиот град кој ја зголемува трауматичноста и чувството на апсурд и промашеност, бројните љубови и мајсторски опишаните еротски сцени, само како можност и залуден обид да се избега од себе си). Главниот лик е писател, пишува раскази, а првиот негов роман е романот „Нишан“. Така, се мешаат раскажувачките планови, од текстот што се пишува се распознаваат бројните палимпсести како враќање во историјата на литературата и светски познатите ликови и херои, особено женските ликови, кои се миксуваат во една нова наратолошка структура. Расказот кој го пишува за соученичката Липика, наставничката по литература Цутика, потоа оној на мајката, како и ликот на тетка Лета, се далечно ехо на Ема Бовари, Наташа Ростова или Ана Каренина. Кога на крајот, главниот јунак по долгото држење „на нишан“ го испукува смртоносниот куршум, како да станува беспредметен стравот или размислувањето за животот и смртта: во еден миг може и живиот да се почувствува мртов, особено ако веќе не постои никој кој би можел да му каже - дека е жив! Иронијата и црно-хуморното сликање така својствени за Миневски, овде се доведени до климакс.

Станува збор за еден слоевит, наратолошко и тематско-мотивски комплексен роман, кој не бега од реалноста и од внатрешните и надворешните конфликти и апсурди со кои сме соочени. Напротив, тие се опсервирани и прекршени низ една универзална, општочовечка димензија. Во тоа е и мајсторството на овој автор, но и уште еднаш потврдената зрелост на новиот македонски роман.
 

Посети:{moshits}


Поезија од Јирки Киискинен и Фиона Сампсон, проза од Том Петсинис, есеите "Црнила како национална драма" од Јелена Лужина и "Новото лице на театарската музеологија" од Ана Стојаноска, осврти на Златко Теодосиевски и Влатко Галевски ("Превртено", "Јас сум од Титов Велес" и "Сенки")...

Ова се дел од содржините на новиот 57. број на интернет списанието "Блесок". Покрај другото, на страниците на првото македонско интернет списание може да се прочитаат и критиките на Сенди Форбс и Ник Ричардсон, освртот за Циркус Еуропиа...

(Де.Т.)

 04. 01. 2007 г.

УТРЕ СЕ ПРАЗНУВА ГОЛЕМИОТ СВЕТИТЕЛ


- Исцелителот, лекарот, чудотворецот Свети Наум Охридски (830-910), чиј ден се прославува в сабота, јавноста мора да го запознае и како поет, химнограф, како еден од најистакнатите средновековни книжевници, вели доц. д-р Виолета Мартиновска, експерт по средновековна книжевност


- Исцелителот, лекарот, чудотворецот Свети Наум Охридски (830-910), чиј ден се прославува в сабота, јавноста мора да го запознае и како поет, химнограф, како еден од најистакнатите средновековни книжевници, вели доц. д-р Виолета Мартиновска, експерт по средновековна книжевност. По нејзиното откритие дека Свети Наум е поет и книжевник, кое пред една година го објави во книгата "Поетот и просветител Свети Наум Охридски" (издание на "Современост"), веќе настана корекција на учебниците по историја и литература. На Филолошкиот факултет, на Катедрата по средновековна книжевност веќе е внесен и податокот дека Свети Наум бил книжевник.

-Со делата на Св. Наум, на средновековниот пиедестал се добива уште еден знаменит средновековен автор чие пишано творештво е мошне важно. Негово најпознато дело е Канонот посветен на апостол Андреј. За наша голема среќа, досега имаме пронајдено неколку преписи од ова дело и тоа од 13, 14 и 15 век. Преписот од Канонот од 13 век се чува во манастирот Зограф на Света Гора, од 14 век се наоѓа во Москва, а оној од 15 век се наоѓа во Народната библиотека во Софија. Во преписот во акростих е соопштено името на авторот што е малку чудно, а тоа е податок плус дека Свети Наум бил врвен автор. Канонот е најобемната химнографска и најспецифична форма на креативно, поетско изразување во средновековните книжевни жанрови. Ако Свети Наум напишал таков обемен и специфичен Канон, тогаш претходно сигурно напишал некои поедноставни дела. Од друга страна како духовен собрат на Свети Климент Охридски не е можно да учествува во сите активности со овој светец кој патем е и книжевник, а и тој да не биде исто така. Скромниот, повлечен Свети Наум го добива конечно своето заслужено книжевно место, вели Мартиновска.

Таа е една од ретките медиевисти, проучувачи на средновековни ракописи во Македонија. Вработена е во НУБ "Свети Климент Охридски" каде патем нема ниту едно оригинално дело од Свети Наум.

-Библиотеката сепак може да се пофали со околу 300 оригинални средновековни ракописи. Процесот на реституција мора да отпочне, иако не знам какви би биле резултатите. Нашите институции многу малку внимание обрнуваат на проучувањето на средновековните ракописи и нивното значење, особено ако се знае дека во тој период се славните Свети Кирил и Методи, Свети Климент и Наум, вели Мартиновска. Таа додава дека во средновековните ракописи имаме доказ за книжевниот, историскиот, социјалниот, образовниот, воспитниот континуитет на овие простори.

-Еден ракопис крие толку многу тајни, толку многу вистини за нашето постоење, па голема штета е тие тајни да останат неоткриени, или други да ги откриваат и да ги интерпретираат на свој начин и преку свое читање, вели Мартиновска. Таа сепак е оптимист дека во годините што доаѓаат ќе се обрне внимание и на медиевистиката и на средновековните ракописи, дела на познатите македонски светци со кои што толку се гордееме, а светските библиотеки и архиви ги чуваат и ги истражуваат нивните оригинални ракописи. Мартиновска како научник - истражувач апелира до институциите во државава да се подотворат и да не се плашат од истражување и од нови податоци. Таа го пренесува нејзиното последно искуство во Охрид каде ја проучува ракописната традиција во охридските библиотеки. Таму наишла на затворени врати и одбивање за соработка.

- Г. Тимотеј го одби моето барање за пристап до ракописите, па сега се снаоѓам по свои канали. Иако не ми е јасно каква штета може да се предизвика и каков страв може да постои од тоа да ги проучиме ракописите што ги поседуваме. На тој начин барем ќе бидат средени и истражени, вели Мартиновска.

Зошто Свети Наум се слави два пати?
Народот го слави празникот посветен на Свети Наум двапати во годината. Еднаш на 5 јануари и втор пат на 3 јули. Со одлука на Охридскиот архиепископ Јоасаф во мај 1740 година донесена е одлука - да се премести чествувањето на Свети Наум од 5 јануари на 3 јули. Тоа е вештачки направено со одлука. Со посланието се објаснуваат причините зошто чествувањето е предатирано. Мартиновска вели дека причините биле практични: поради зимските услови и поради близината на празникот Божик.

Анита ЈОВАНОСКА
Фото: Ѕ. ПЛАВЕВСКИ

Извор: Вечер

Повеќе артикли...


Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Мај 18, 2019

Доделени наградите „Златен був“ на 9. Филозофски филмски фестивал

Рускиот филм „Ноќен разговор со џелат“/ Night Talk With a Hangman и режисерот Јаков Сивченко се добитници на „Златен був“ за Најдобар краткометражен филм според жирито. Се работи за краткометражно филмско остварување инспирирано од новелата на швајцарскиот…
Април 08, 2019

Како може да им се помогне на оние кои размислуваат за самоубиство?

Според проценката на Светската Здравствена Организација во просек 1 милион луѓе умираат годишно како резултат на самоубиство. Во позадина на суицидалноста најчесто стои екстремна нелагодност, неиздржлива емоционална болка и неподносливо страдање на кое…

Светските научници и НАСА тврдат дека Македонија ја крие тајната за бесплатна енергија!

Мар 28, 2019 Друго од култура 490
Алшар е единственото наоѓалиште на талиум во светот. Tалиумот е цврст сив метал и е…

95 години од раѓањето на Вангел Наумовски – уметникот кој за Салвадор Дали беше „сликар од бајките“

Мар 24, 2019 Ликовна уметност 272
Со името на охридскиот сликар, кого Салвадор Дали воодушевено го нарече „сликар од…

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународен поетски зборник во Италија

Мар 07, 2019 Литература 253
Поетското дело насловено Брзина на сонот (итал. Il ritmo di un sogno) од македонскиот…

Беседи

Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на слепиот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на слепиот

Но, слепиот човек прогледал дури во оној миг кога станал послушен на Божјата заповед и ја прифатил Божјата промисла за себе, која била поинаква за него, ако ја споредиме со...

Стефчо Беќарски:✥  ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ВЕЛИГДЕН ✥

Стефчо Беќарски:✥ ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ВЕЛИГДЕН ✥

 Духовното гледање претставува гледање на вистината. Вистината се состои во сфаќање на фактот дека сите ние сме грешни. Духовниот поглед се избиструва кога човекот ќе биде способен да ги открива...

БEСEДА за свeтитe Бoжји луѓe

БEСEДА за свeтитe Бoжји луѓe

Какo гoвoрeлe и какo гoвoрат свeтитe Бoжји луѓe и вeли: “Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe,ниту спoрeд свoeтo учeњe, ниту...

За силата на смртта и на крстoт Христoв

За силата на смртта и на крстoт Христoв

Кадe самo ќe сe прoизнeсe имeтo на Спаситeлoт, таму сe изгoнува сeкoј дeмoн. Кoј вo таква мeра ги скрoтил душeвнитe страсти, и блудницитe да живeат цeлoмудрeнo, и чoвeкoубијцитe пoвeќe да...

Митрополит Европски Пимен: “Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така?“

Митрополит Европски Пимен: “Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така?“

“Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така? Зар не го дишеме воздухот сите еднакво? Како тогаш не се срамите да...

БEСEДА  за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

БEСEДА за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

Каква e таа прeљуба штo ја направил Израилoт и Јудeја (т.e. израилскиoт и јудeјскиoт нарoд) сo камeн и сo дрвo? Тoа e пoклoнeниeтo на идoлитe oд камeн и oд дрвo....

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

Христoс e пoтрeбeн и на пoчeтoкoт и на крајoт. Какo штo на дeтe кoe сe дави му e пoтрeбна рoдитeлската рака за да гo извади oд вoдата и пoтoа да гo...

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Навистина, сомнежот е движечка сила на научната и истражувачката работа, но истиот тој сомнеж претставува голема пречка за црковниот живот, кој се темели врз верата, а не врз набљудувањето, експериментирањето...

« »