логоFacebookTwitterYouTubeeMail



 

Скопје, 2 декември (МИА) - Националната и универзитетска библиотека  „Св. Климент Охридски“ денеска отвори изложба „Кочо Рацин во фондовите на НУБ“ и промовираше „Библиографија за Рацин“ по повод сто години од раѓањето на Коста Солев Рацин (1908 - 1943), основоположник на современата македонска литература и најмаркантен македонски поет меѓу двете светски војни, најпознат по антологиската стихозбирка „Бели мугри“ (Самобор, 1939).

Во холот на Библиотеката е изложено првото издание на „Бели мугри“, ракописи на поетот, негови песни, писма и фотографии, сите негови дела, песни во превод на други јазици, годишни зборници од книжевната манифестација Рацинови средби, нотни записи и литературни творби инспирирани од неговата поезија, критики и есеи за неговото творештво, сеќавања за Рацин и фељтон за мистеријата на неговото загинување, песни на македонски автори посветени нему... Изложбата ја конципираа и естетски ја обликуваа Санде Стојчевски, Елена Никодиновска и Владимир Јанков.

Директорот на НУБ Миле Бошески рече дека Библиотеката покрај првата стихозбирка „Бели мугри“ како раритетно издание, чува и преводи на неговиот опус на 16 јазици. Специјално за оваа пригода НУБ ја подготви и „Библиографијата за Рацин“ со цел на јавноста да и се приближи вкупната проучувачка продукција за делото и личноста на поетот. Неа ја подготви Библиографската служба на НУБ и таа содржи 946 библиографски единици на разни публикации, стручни и научни статии и прилози од симпозиуми и зборници за Рацин, а кои  се наоѓаат во Библиотеката.  

- Наланите на Ленка од велешката калдрма подеднакво одекнуваат и денес, рече Бошески, во присуство на голем број почитувачи на делото на Рацин, меѓу кои беа академици од МАНУ, претставници од Министерството за култура и градоначалникот на Велес Аце Коцевски.

За делото на Рацин говореше писателот Веле Смилевски, секретар на Друштвото на писателите на Македонија.  - Кочо Рацин е поет со чувство за традицијата и со поглед кон  иднината.... Со неговата поезија македонската книжевност ја доби неопходно потребната поврзувачка нишка меѓу традицијата и современоста, рече тој.

Амбасадорот на УНЕСКО Јордан Плевнеш откри дека на 18 декември од Скопје до Велес ќе патува воз со почитувачи на делото на Рацин кои во неговиот роден град ќе го посетат домот „Бели мугри“, а по тој повод ќе има и пригодна програма. Идејата ја добил во 2002 година додека бил амбасадор во Франција, кога по повод 200 години од раѓањето на Виктор Иго бил организиран  воз од Париз до Безансон.  Плевнеш го вброи Рацин меѓу великаните на „вечната книжевна република“, заедно со  Иго, Бихнер и Пушкин, споредувајќи го неговиот роден Велес со Јасна Полјана на Толстој и Шекспировиот Стратфорд...

Коста Солев е роден во Велес 1908 година во семејството на Марија и Апостол Солеви. Притиснат од сиромаштијата во 1918 година бил принуден да го напушти редовното школување и да стане грнчар, но продолжил да се самообразува. Пристапил и набргу се истакнал меѓу најнадежните млади кадри на Комунистичката партија на Југославија во Македонија. Во ноември 1928, како единствен делегат од Македонија, учествувал во работата на Четвртиот конгрес на партијата во Дрезден. Во пролетта 1943 година Рацин заминал во партизани, во одредот „Кораб“.

Првите книжевни почетоци на Рацин се во 1928 година. Најголема инспирација му била Рахилка Фирфова за која ги напишал своите љубовни стихови со крв и мастило на 31 дописна картичка и стихозбирката „Антологија на болката“ останата во ракопис. Први социјални песни му се „Синови на градот“ и „Резултат“ објавени во загрепското списание „Критика“. Следните песни ги објавил во 1930 година во сараевското списание „Снага“ („Од фабриката“, „Во предвечерието“, „Да се биде човек“ и „На челичната машина“). Тогаш го започнал и својот роман „Афион“ од кој се сочувани само фрагменти, а во 1932 година во загрепската „Литература“ го објавил есејот „Хегел“. Песната „До еден работник“, прва на македонски јазик, ја објавил во загрепското списание „Књижевник“, а во 1939 година во Самобор блиску до Загреб ја отпечатил стихозбирката „Бели мугри“ во 4.000 примероци. Рацин е и прозаист и теоретичар.  Неговите написи за богомилите, за Хегел и за феминизмот критиката ги оценува како ремек-дела за тогашната македонска комунистичка и напредна сцена. хс/паг/14:56



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Август 24, 2019

Косаковски дојде на Македокс: „Не правете филмови ако можете да живеете без да правите филмови“

„Не правете филмови ако можете да живеете без да правите филмови“, вели првото од десетте правила за млади документаристи на Косаковски. Како предавач, тој ќе зборува за своите принципи при креацијата на своите синеастички дела и ќе ги претстави своите…
Август 18, 2019
чехов

Карактеристиките на вистински културен човек според Чехов

„Животот има свои услови. За еден човек да биде прифатен меѓу вистински образовани луѓе, тој мора да биде образован“, вели во едно писмо рускиот писател Антон Павлович Чехов кое му го испратил на неговиот помал брат, во кое му напишал и листа на услови што…

Рабиндранат Тагоре:„Погрешно го читаме светот и велиме дека нè залажува.“

Јул 04, 2019 Литература 360
Љубовта е еден од најзастапените и најуниверзалните мотиви во сите уметнички облици.…

Петтата сесија на Охридската школа на природното право

Јул 02, 2019 Научни трудови 261
Првата сесија од овој настан ја отвори акад. Владо Камбовски, раководител на Центарот за…

Доделени наградите „Златен був“ на 9. Филозофски филмски фестивал

Мај 18, 2019 Филм, Театар 360
Рускиот филм „Ноќен разговор со џелат“/ Night Talk With a Hangman и режисерот Јаков…

Беседи

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

Тoј пoчeтoк e вo Слoвoтo Бoжјo, вo Синoт Бoжји. Oн гo запoчнал и сoздавањeтo на свeтoт и спасeниeтo на свeтoт. Кoј и да сака да гoвoри билo за сoздавањeтo на...

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Свети Јован Крстител, кој од Господа бил предназначен да биде посредник помеѓу времето на Законот и времето на Благодатта, Го видел Спасителот Христос уште додека се наоѓал во утробата на...

Мирополит Струмички Наум - СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Мирополит Струмички Наум - СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Во денешното евангелско четиво (Марко 6, 14–29) ни се открива кои се главните човекови страсти и какви се нивните основни меѓусебни влијанија во нас самите. Страста е болна – до...

Постои ли вистински авторитет за младите?

Постои ли вистински авторитет за младите?

Мислам дека кризата на авторитетот, мили мои, денес е најголемиот проблем во нашево совремие. Погледнете што се случува насекаде околу нас. Сите авторитети се разрушени, сè е така нихилистички релативизирано....

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Најголемото богатство

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Најголемото богатство

Како може животот покрај Христос за некој да биде извор на страдање и извор на тага? Како може на монахот животот во манастирот да му биде извор на страдање, извор...

БEСEДА за Христoвиoт карактeр какo штo гo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за Христoвиoт карактeр какo штo гo прoрeкoл Исаија

Кoј имал пoгoлeми права oд Гoспoда, Синoт Бoжји, да вика на зeмјата, вo Свoeтo лoзјe, на бeззакoницитe? Кoј имал пoгoлeми права да ги наврeдува грeшницитe кoи Гo наврeдуваа Бoга и...

Пoкај сe прeд смртта да ја затвoри вратата на твoјoт живoт и да нe ја oтвoри вратата на Судoт

Пoкај сe прeд смртта да ја затвoри вратата на твoјoт живoт и да нe ја oтвoри вратата на Судoт

“Прeд да дувнe вeтрoт на смртта, и прeд да сe пoјават на мoeтo тeлo бoлeсти, вeсници на смртта, пoмилуј мe”. “Прeд да зајдe вeличeствeнoтo сoнцe на висoчината за мeнe, пoмилуј...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: Братот мој е мојот живот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Братот мој е мојот живот

На ничиј живот немаме право да носиме суд, ниту пак, такво нешто примивме во Црквата од апостолите и од учењето на Светите отци. И сржта на нашиот подвижнички живот –...

Архимандрит Партениј Бигорски: Благословениот подвиг носи телесно здравје и духовна радост

Архимандрит Партениј Бигорски: Благословениот подвиг носи телесно здравје и духовна радост

Според светите отци на Црквата, едно вакво целовечерно стоење во молитва и во благодарност кон Бога, заменува цел четириесетдневен пост – се разбира, доколку човек се подвизува во будноста, трезвеноумието...

« »