логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Живот без стрес
архим. Андреј (Конанос)


Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес. Нашиот живот би требало да биде среќен, спокоен, радосен и да живееме долги години. Зашто да не? Христос ни го подарил животот, за да живееме во овој свет, да му се насладуваме, да ги видиме Неговите дарови и да ги примиме евхаристиски, т. е. со благодарност, а преку нив да го најдеме Самиот Него. Кога ќе си тргнам од нечиј дом и ќе забравам нешто таму, напр. пенкало, очила или друго, домаќинот подоцна ќе ги види и ќе каже: А, тоа се очилата на отецот. Така, гледајќи ги очилата, тој си спомнува за мене, умот му оди кај мене. А зошто даваме подароци? За да може, кога човекот ќе го гледа нашиот подарок, да си спомнува за нашата љубов кон него, да помни, дека некогаш сме разговарале. Доколку подарокот се користи, без оној на кого сме му го дале да се сеќава на нас, тогаш целта на подарокот не е исполнета.

Тоа го прави и Бог – нè поставува во овој убав свет, кој во крајна сметка ние го претвараме во нешто различно, нè поставува во него, за да се насладуваме на Неговите дарови, да се радуваме на Неговите благодејанија и да живееме спокојно како деца во домот на својот татко, кои не се плашат, не се бунат, затоа што велат: имаме татко! Кога имаш татко и тој е нежен и добар татко, не се плашиш. Тоа го прави Бог. Затова нè оставил да живееме во овој свет. Слушав во една емисија како збори некаков многу добар лекар, кој велеше дека нашите гени, т. е. нашиот состав е таков што да можеме да живееме многу повеќе години, ако водиме правилен живот. Се разбира, хранејќи се правилно, но и бидејќи душевно урамнотежен, со спокоен душевен свет, со тивка, спокојна душа, тогаш би живеле повеќе години. Но, човекот старее од грижи, проблеми, стрес, страв, од несигурност. Сето тоа прави да му белее косата уште додека е многу млад, косата му паѓа без причина, само од грижа. Гледате дека од стресот се разболува желудникот, се појавува чир, едно, друго... Колку болести започнуваат од душевен проблем! Затоа, ако сакаме да се радуваме на животот, треба да ги најдеме претпоставките и тајните за тоа долгоденствие.

Една од тие тајни е да живееме  без стрес. Без таа тревога, таа рана, која постојано ни ја јаде душата. Во еден дом видов неколку слики – на наши претци, баби и дедовци. Бабата со марама, дедото со мустаќи, со сако, гледат право кон фотографот со еден невин израз, простота и невиност на својата душата. Гледат напред, нивното лице е покриено со брчки, изморено, остарено, од многу работа, од многуте деца, од нивите, од уморот, од постојаното трчање во животот, но забележав нешто љубопитно. Додека лицата им беа загрубени од трудот, од мотиката на нивата, од земјоделието и многуте раѓања, но видов, дека нивните лица и најповеќе очи беа спокојни, мирни, тивки и зрачеа со благост. Уморени, но спокојни, тие не знаеле што е тоа лифтинг, маски за лице, грижи за телото . . . Се миеле со обичен сапун и тоа неколку пати, а не постојано, но нивното тело мирисало на почва, на чистота од друг вид, мирисало на автентичен и вистински живот. Тие имале друга чистота, друга убавина, друг спокој и тоа личело на нивните лица. Спиеле малку, но сонот ги наситувал, спиеле без кошмари, не скокале во сонот. Заспивале, веднаш штом ќе легнеле и немале потреба ниту од апчиња, ниту од специјални апарати и т.н. Дневниот труд, нивното чесно срце, тивка совест и уморено тело ги терало да спијат како птички, малку, но здраво, малку часови, но вистински одмарале и душата им се освежувала . . .

Тие луѓе поставувале друг за капетан во својот живот. Тие стари луѓе, биле заквасени со Црквата, со Христос. Без да знаат многу нешта, имале жива вера, не знаеле ништо од тоа, кое што ние знаеме, кое ти си го чул от предавања, списанија, конференции, записи, од Добротољубието и други духовни текстови и т.н. Тие го отварале својот прозорец, се погледнувале со своите соседи чуствувајќи утеха, гледајќи ја храброста на другиот се поучувале со трпение, на зборот надеж, на зборот молитва, на зборот смирение, на зборот љубов, на зборот сокрушеност и прошка, сите убави нешта, кои ние сме се научиле да ги читаме во книгите.
Но, ние не ги гледаме тие работи околу себе си, не сретнуваме луѓе, кои немаат стрес, кои да ни го предадат и на нас спокојството на својата душа. Тој мир како да не постои, а го гледаме само насликан, врз икони, опишан во книги, но тоа не е доволно за да ја задоволи нашата жед. Кога си жеден, а ќе ти донесат една прекрасна слика со бујна вода, и ќе ја стават пред тебе, но таа не ја гаси твојата жед. Гледаш дека постои вода, некаде може да има, некој може да пие, но јас не пијам. Така продолжуваш да си жеден. Тоа е прашањето. Ние читаме, слушаме, но не чувствуваме. Не чувствуваме недостаток на стрес, не гледаме околу нас луѓе без стрес. Знаете ли дека тоа е заразно, т. е. и спокојството и стресот се пренесуваат. Зарем не сте слушале некои да велат: Не прави така, затоа што ми го предаваш својот стрес. Така и јас ќе се паничам и што ќе правиме, ако и двајцата се уплашиме?
Во случајот зборуваме за стресот кој нè обзема заради нашиот егоизам, заради тоа што сакаме сè да правиме сами и да веруваме дека сме господари на својот живот. Доколку почувствуваш, дека ти си господар во својот живот, навистина ќе се стресираш. Ако мислиш, дека сè минува преку твоите раце и ти си одговорен за да направиш сè, навистина се стресираш. Особено, кога станува збор за нашите деца. Но, нема да е така ако кажеш дека, Бог ме довел во овој живот, ми ги дарувал  децата и ме искористил, за да имаат тие живот. Тој им  дал битие преку моето тело и со мое учество, но Бог не бара од мене да направам сè за моите деца. Бара она, кое што можам, а другото, кое не можам, ќе го оставам на Бога и нема да паѓам во стрес заради својата немоќност. Ќе се доверам на Бога, ќе ги доверам своите деца на Бога, ќе се стишам и ќе се успокојам.

Тоа е правилниот однос кон животот. Но, кога сè ќе оставиме на себе, и мислиме дека сме управители на животот на детето, на работата, сакаме сè да минува низ нашата глава, тогаш стигнуваме до границата на преуморот, истоштеноста, се парализираме, оставаме сè и се збунуваме. Зарем твојата глава може да го собере сето тоа и твојот ум да пресуди за сè? Не! Остави нешто и за Бога, остави и Бог да направи нешто. Трчај малку и со молитвата. Во Патерикот се раскажува, како ја прашале некој монахиња, која живеела во една ќелија: Колку години седиш тука? Таа рекла: 30 години. И што правиш тука, седејќи! Таа одговорила: Не седам, а патувам! Ме гледаш дека седам, но тоа што го гледаш како  заседнат, спокоен, безделен, безразличен живот е најдинамичниот живот, затоа што се молам.


Затоа, кога ти велам да немаш стрес, не ти велам да не правиш ништо, а да направиш сè. Сè е предавањето на Бога.  Нека самите себе и целиот наш живот на Христа Бога да го предадеме. Таа прозба, тој израз од светата Литургија, кој сите го знаеме, ни говори за тоа: да се предадеме себе си, другите и целиот свој живот со сите проблеми, срамови, болести, штети, тежини, деца, имоти, сè – на Христа Бога. Во Твоите раце го предавам Својот Дух. Да го предадеме значи да се довериме, да оставиме сè во нозете на Господа, во Неговите раце и прегратки. Ако успееш да го доживееш тоа предавање на Бога, веднаш, автоматски сè се отпушта, мускулите на твоето тело се отпуштаат. Сте виделе како спие бебето во мајчините прегратки? Ако сте мајки, сте виделе како спијат. По неколку минути неговите раце почнуваат да висат, се отпуштаат, нозете исто, детето не се противи, не се стега, ниту еден мускул на неговото тело не е стегнат. Зошто? Затоа што постои една прегратка. Прегратката на мајката, на таткото, тие го држат и тоа спие. Тоа се доверува, се успокојува и сеедно вели: Го имам мојот татко, ја  имам мојата мама! Веднаш штом се разбудам, ќе јадам! Никогаш не сме виделе детенце да има стрес! Ако го видиме стресирано, ќе речеме: Тоа дете не е добро. Возможно ли е едно мало детенце да се буди и да вели: Што ќе се случи?Што ќе јадам денес?Не можам да издржам! Децата имаат целосна доверба во своите родители и се предаваат на нив. Христос и Црквата те повикуваат и ти да го направиш тоа свесно, доброволно, да го посакаш, да размислиш, да го земеш како решение, да го избереш, да поверуваш и да го направиш.

Да се предадеш, да го оставиш својот живот во рацете на Бога, проблемите, сè, на Христа Бога. Не просто на некој човек, а на Бога, на Богочовекот Христос, Кој што може и се грижи за сè. Сè си ни дал, Господи, сè си направил заради нас, како што се вели на светата Литургија на св. Василиј Велики, и никогаш не нè оставаш, без да ни помогнеш. В последниот миг на безизлезноста ќе направиш нешто за нас. Се сетив за дамнешните дни (Пс. 142, 5) се вели во Псалтирот. Господи, чуј ја мојата молитва! Се сетив за дамнешните дни и размислувам за сите Твои дела Господи. Сети се на минатото, колку пати Господ те спасувал, избавувал, заштитувал, ти го давал најдоброто решение? Е, кога тоа нешто ќе те натера да се успокоиш и да кажеш: да, дете мое, ја чувствувам Божјата љубов! Да воздивнам, Бог ми покажал, дека ме сака и заштитува. Нека исчезне на крајот таа огромна несигурност, страв, душевен неспокој, кој нè обзема. Треба да го почитуваш другиот, неговата личност, сили, зрелост и да не му поставаш граници и пределни точки, кои треба да ги постигне. Не, а почитувај го, дури и во однос на храната: некои деца јадат со стрес, затоа што родителите им викаат: Тешко тебе ако не јадеш! Ама тоа не може да јаде така! Така храната станува отров за него! Кога постојано чувствуваш, дека треба да достигнеш одреден идеал, кој ти го поставува другиот и инсистира за него, тоа е извор на стрес и тоа те стресира, збунува,  притиска, не можеш да издржиш. Јади колку што сакаш, чувствувај се комфордно, пријатно, спокојно! Затоа што децата јадат лесно со своето друштво. Ако прават така, значи дома ги стресираме со духот, кој го создаваме околу нив.

Многу е убаво да создаваме релаксирана атмосфера околу нас, да немаме грижи и да не создаваме грижи, а кога ќе видиме, дека другите не се плашат да пробаме да влеземе во нивното мислење, а не да им го пренасуваме својот стрес. Учениците на Христос пробале да го направат тоа, когато имало бура и бродот за малку да потонел, а Господ спиел. Бродот се полнел со вода, тие се уплашиле, дека може да  потонат, а Господ спиел. Ама, што е тоа? Сон? Спиеш? И постои ризик бродот да потоне? Стрес помеѓу учениците, смут, се давиме, загинуваме! Се разбира, тие не се давеле во лажичка вода, а збориме за цело езеро, но Господ се чувствувал како мало детенце, како тогаш во преградката на Пресв. Богородица, која Го држела и Он спиел, така и сега. Езерото било Негово, ветровите били Негови. Брановите? Он ги создал, Он бил во Својот дом, целата земја е Негова постела, трон, и Он спиел мирно. Господ не чувствувал страв во овој свет, од ништо не се плашел, затоа одел посреде мракот, во пустината, се молел, отишол во пустината и се молел и постел 40 дни. Отишол на Елеонската планина сам, останувал во пусти места. Тоа било Негов дом. Не чувствувал страв, имено затоа што имал љубов, немал стрес во овој свет, а го сакал светот, кој Сам го создал, кој е дело на Неговите раце и затоа спиел. Во бродот Он спиел, а Неговите ученици испаничени ја изливале водата и наеднаш виделе, дека не можат повеќе и Го разбудиле. И што направиле? Посакале да го стресираат и Господа – наместо да пробаат да земат од Неговото спокојство, тие пробале да Му го пренесат својот страв и паника, т.е. да го направат обратното. Како што и ние правиме. И што Му рекле? Господи, спиеш, не ли ти е жал за нас, дека загинуваме? Разбуди се најпосле! Влези и Ти во нашиот проблем, дојди и Ти да се исплашиш заедно со нас! И Ти стресирај се со нас, не можеме да Те гледаме толку спокоен, толку тивок, зашто си таков? - Зошто сум таков? Затоа што Јас сум Бог.


Бог е бестрастен, т. е. Тој не страда од тие човечки нешта – тоа значи бестрастен. Во црковниот јазик бестрастен не е оној, кој што од ништо не се интересира, кој е ладен и безразличен кон животот, во смисла, во која велиме денес: Тој помина покрај мене толку рамнодушно, т. е. во негативна смисла. Не. Тоа значи, дека Господ стои над човечките нешта и нашиот проблем не Го допира, за да Го збуни, а Го допира со сострадание, нè сака, но не може да влезе во нашата стресна состојба. Господ не може да го почувствува тоа, затоа што живее во друга атмосфера, во друга душевна атмосфера, во Својот мир, во Својата божествена тишина. Христос бил спокоен, тивок како морските води, како што пo време на некој прекрасен сончев залез сè блеска, сè е тивко и се огледуваш во водата, такво било и срцето на нашиот Господ – тивко и спокојно. Што направил Он? Наместо да го поприми нивниот стрес, Он им го предава Својот спокој, ги простира Своите раце, го предава тој мир од Своето тело, од Својата божествена душа и светоста на Своето лице на учениците, на морето, на ветарот и сè стивнало. Господ им рекол: Зошто се уплашивте, маловерни? Немате вера. Тоа е причината. Не ви се виновни брановите, затоа што денес се брановите, утре ќе се парите, другден ќе е некоја болест, потоа нешто друго – секогаш ќе има нешто. Проблемот не е во тоа. Важно е твојата душа да се исцели од самиот корен на проблемот, а потоа ти веќе ќе си ја нашол тајната, која е довербата во Мене.

Господ никогаш не чувствувал ниту страв, ниту стрес, Тој никогаш не им предал збунетост на Своите ученици. Дори и во најтешките моменти од нивниот живот, кратко  пред Своите ужасни страдања, кратко пред да биде распнат, Господ им предал тишина. Тој ги поканил на трпезата на Тајната Вечера, „од се срце сакав да ја јадам оваа Пасха со вас, пред да пострадам” (Лк. 22, 15). Умирам и сакам да отидеме заедно да јадеме, да ја почувствуваме љубовта на заедничарењето, да ви го дадам дарот на св. Причест, да ви го предадам Мојот мир. Мир ви давам, Јас ви давам мир, кој што е различен од оној, кој што го дава светот. Го земам од вас стресот, ви давам  други доживувања, друго искуство, ви се давам Себе Си. Христос е нашиот мир, Тој е нашиот мир. Тој ни се оставил Себе Си, за да го имаме Неговиот мир, ни ги оставил даровите на Својата љубов и благодатта, ни ја испратил благодатта на Светиот Дух. Според тоа, ние ги имаме сите услови за мир и сигурност во нашите срца.

Помисли си – вели св. Никодим Светогорец – Господ отишол на Својот Крст, сеедно одел на празнично торжество, сеедно одел да се весели, да се забавува, т. е. со таков оптимизам на душата, со таква внатрешна урамнотеженост, без  паника, без смут, без страв. Помисли си да си во затворот и да ти велат, дека по неколку дена ќе одиш на суд или имаш смртна осуда, утре умираш, ова е твојот последен миг, нема ли да се почувствуваш лошо? Нема ли да си попотен во меланхолија, страв и разочарување? Твојата душа ќе бледнее, ќе чезнее, а душата на Христос не само што не се уништила, а тогаш расцветала многу повеќе од секој друг момент и пројавила љубов, затоа што во тој момент Тој ги изрекол највозвишените зборови. Пред Својот земен крај Господ не чувствувал паника за ништо, како што не чувствивал паника, кога другите Го гонеле, ниту кога Му упатувале закани за животот, ниту кога книжниците и фарисеите Му поставувале замки со своите зборови, за да Го уловат, ниту кога сакале да Го фатат и да Му судат – Тој никогаш не почувствувал страв. Никогаш немал тревоги, никогаш не живеел во фантазии: што ќе се случи, што ќе Ми се случи? Не, Тој ја живеел сегашноста – денес, тука и сега. Заборави го останатото, кога ќе дојде, ќе се случи, и тогаш ќе осетиме болка, сега живееме во овој момент, кој што е пред нас. Лебот наш насушен дај ни го денес. Денес. За да се научам да не мислам за утре на стресирачки начин. Ако имаш деца, ќе вложиш пари во банката, ќе имаш заштеди, ќе изградиш дом, стан, тоа не е лошо, но сето тоа да го правиш без несигурност, паника и смут. Тоа е убавото. Прави, што ќе правиш, но на различен начин, промени го механизмот на душата, поработи по друг начин, прими го по друг начин тоа, кое што го правиш. Пресретни го по различен начин. Христос не бара од тебе да го промениш својот живот како ритам. Не бара да ја промениш својата работа, а да го промениш начинот, преку кој гледаш на твојот живот. Сака да го видиш животот како што Бог го гледа, да го видиш светот преку Христовите очи, себе си, но за да се случи тоа, треба да излезеш од себе си. Еден млад човек ми кажа нешто слично:
- Понекогаш се набљудувам во тоа, кое што го правам, како да излегувам од себе си. Си претставувам, дека сум некој друг и седам и си го гледам сопствениот живот. Сеедно, како да имаш видеокамера и го гледаш својот сопствен живот како гледач. И знаете ли што осеќам? Осеќам дека сум еден луд човек. Гледам како трчам, ме обзема страв, напрегнатост, болна активност, срцето ми чука засилено, осеќам несигурност и си велам: Дали сум нормален? Зошто сум таков? Јас му реков:
- Тоа ќе ти помогне да се осознаеш, но тоа по самото себе не е лекувањето. До одредена мерка тоа ти помага. Во тој случај смири се! Врви побавно, држи се потивко, зборувај пспокојно, не им пренесувај збунетост и стрес на другите, со кои што зборуваш.
Црквата ни вели да го гледаме нашиот живот со очите на Христос, да имаме ум Христов – гледаме, проумуваме и мислиме за светот не со светски дух, а со Христовиот дух и така треба да го видиш и својот живот. Да погледенеш на работите така, како што Христос ги подредува. Замисли си да живееше во времето на Христос. Имаш многу проблеми, трчаш во Назарет по работа, во Галилеја, каде што бил Господ, но ти не Го познаваш, а едноставно знаеш дека Тој постои. И така, брзајќи, бидејќи во паника, еден ден наидуваш на Него и на Неговите ученици. Ако Го погледнеш во очите, веднаш ќе ги видиш тие очи и тогаш ќе  кажеш – не сум видел такви очи! Зошто? Затоа што го носат во себе си целиот спокој на океанот, на Галилејското езеро, целиот спокој, кој што постои во небесниот свет, целата тишина. И наеднаш само со тоа, што Го гледаш, се блокираат сите твои проблеми и додека се подготвуваш да Му кажеш нешто, излегува, дека нема што да Му кажеш, затоа што само со тоа, што Го гледаш, твојот поглед се приковува и се успокојуваш.
Мислам, дека ако некој преку својата молитва застане пред Христос и го повика и почувствува Господ во своето срце, автоматски ќе произлезе, дека неговиот стрес е една голема лага, измама, лажно чувство, едно ништо. Што зборуваш сега? Се плашиш ли? Зошто? Кои се проблемите кои те засегаат? Гледај ме Мене Кој што сум Бог, излези малку од сферата на земната димензија и види го својот живот крстен прво во Бога, а потоа погледни одново кон земјата – да видиш како ќе гледаш по друг начин на работите: животот, болеста, парите, јадењето, децата, се ќе гледаш на друг начин, со други очи.

Старецот Софрониј (Сахаров) вели, дека кога го познал Господа, му се дал друг вид и друг слух: - Друг вид, поразличен вид и слух – го слушав она што го слушав, на друг начин. Го гледав, она што го гледав на друг начин, божествен боголепен начин. На божествен начин гледав на својот живот и не се стресирав за истите работи. Христос сака така да гледаме на животот, како што Тој го гледа. Него не Го обзема ниту страв, ниту паника; Самиот Господ е воплотување на Своето Царство, на Божјото царство. Тој е нашиот мир, Тој е вистинското царство, кое го очекуваме. Тој е рајот и пред Божјиот рај не може да постои проблем, не е возможно некој проблем да издржи пред Христос. Затоа, кога човек се моли, кога ќе излезе од тој свет, живее нешто различно и се издига до Бога, не постои проблем, кој да те стресира, а сите стравови исчезнуваат.
Еден човек еднаш се молел, затоа што бил болен од рак. Пред да се помоли, ги видел своите испитувања. Тој се молел континуирано и постојано – се разбира дека тоа кое што јас и ти го правиме не е молитва.... пет минути. Зборуваме за молитва, т. е. да се посветиш и да го најдеш Бога. Кога се нашол пред Бога и Го почувствувал, тој заборавил што барал, тревогата исчезнала од него, заборавил на болеста, заборавил за што сакал да се помоли и разбрал, дека пред Бога не постои проблем, за кој треба да се плашиш. Така е, кога го имаш постојано Бога во себе си и затоа Господ вели: Бидете будни и молете се, за да не паднете во искушение: бидете постојано будни и молете се, така што сè, кое што сака да ве збуни, да исчезне и да не постои никаков проблем.

Еден човек влегол во една црква. Надвор било облачно, а во храмот влегувала силна светлина. Што се случувало? Облаците паднале многу ниско, а куполата била многу висока, над куполата сонцето греело и влегувала светлина од друга височина... Така е и со нас – ако можеме да излеземе и да ги пробиеме облаците на овој живот, облаците на овој свет, полн со стрес, и го допреме Бога, ќе осетиме, дека во нашето срце ќе влезе силна светлина и ништо од тоа, кое што нè занимава, нема да нè вознемирува. Ќе погледнеме на работите многу поразлично, поспокојно, ќе го чувствуваме заморот и немирот, кој ни го дава Црквата. Трезвен замор, трезвено опивање, ќе се опиеме со Црквата,  но не толку многу, та да го загубиме својот став и бистрота на мислта, а толку што, да ја издржиме болката на животот и да ја надминеме. Како наркоманот, кој едно утро, пред да си ја земе дозата, отишол кај старец Пајсиј и му рекол: - Отче, дохдов рано, додека главата ми е бистра, за да можам да се разберам со тебе! Кога ќе ја примам дозата не можам да комуницирам. Старецот Пајсиј му кажал толку возвишени зборови, направил таков анатомски преглед на неговата душа, таква компјутерска томографија на неговото срце, му говорел за Бога, му ја влеал Христовата љубов и на крајот наркоманот рекол: - Ох, отче, пак го доживеав истото! Дојдов, без да сум си ја зел дозата, а си тргнувам од тебе, како да сум си ја земал! Чудно нешто, ти ме натера да се почувствувам, како да живеам во рајот, ме натера да се чувствувамам така, како кога го земам наркотикот, ме зашемети, ме опијани! Старецот Пајсиј му рекол: - Не гледаш ли никаква разлика? Истото ли е? Наркотикот, кој го земаш, ист ли е како она кое што те натерав да го почувствуваш во душата? Тој му одговорил: - Не, има голема разлика. Ти, отче, со тоа, кое што ми го кажа, ме опијани, но не ја загубив бистрината на умот. Сега можам да комуницирам, знам кој сум, што сакам и што барам. Чувствувам, дека живеам, додека преку упојувањето од наркотикот се упојувам накратко, главата ми натежнува, малку се занесувам, но потоа се враќам во реалноста и осеќам како да си ја удирам главата во железен ѕид и страдам. Душата ми страда, главата ми страда, целиот живот ми страда. Тоа е разликата.
Маркс вели, дека религијата, верата е опиум, наркотик за народот. А Црквата вели: Да ги уттврдиме работите, таа го прави тоа, кое што лекарството го прави за телото, со следната разлика: таа не те разболува, а тоа лекарство, кое што ти го нарекуваш опиум, не е наркотик, а ѝ помага на твојата душа да ја издржи болката на животот, но во исто време ја одржува нејзината сила, животност, моќ, ја држи твојата душа будна и блиску до Бога. Ти ем спиш од среќа, радост и вера, ем живееш некаде на друго место, но истовремено живееш тука и сега и знаеш што се случува со тебе; наркоманот не знае што се случува со него. Тој не може да комуницира, не може да живее спокојно, не може лесно да создаде семејство, не може лесно да ги исхрани децата, дури не може лесно ниту да создаде деца. Додека во Црквата јас не сум опоен, а опијанет. Јас сум опијанет, – вели св. Исак Сирин – со Божјото опијанување, кое што ме тера да гледам на друг начин на работите. Ајде оди кај еден пијаница и речи му: Домот ти се запали! Што ќе ти рече? Ништо.


Се сеќавам за девојката, која што отишла кај старецот Пајсиј и му кажала за своите проблеми. Кои биле нејзините страшни проблеми? Таа имала испит за ниво по англиски, но чувствувала паника и стрес од тоа, земала апчиња, за да може да заспие, не можела да се совземе, имала тахикардија, косата ѝ паѓала... Старецот ѝ рекол: - Ти завидувам и те жалам! Те жалам и ти завидувам! Ќе ти ги објанам и двете нешта, и запомни го за себе она кое најмногу ти одговара. Те жалам, затоа што толку мали проблеми те тераат да се плашиш многу. Ја погубуваш твојата младост заради тоа, дали ќе го поминеш нивото и се разболуваш од тоа. Ти се исплати ли да го сметаш тоа за проблем? Дојди да те поставам до некој наркоман, до некој болен од рак, до некој, кој што умира, до некој, на кого му прават срцева операција на интензивно одделение, да те ставам и да видиш кој е проблемот на животот. Тоа, преку кое ти минуваш, или тоа, кое што го имаат другите? И автоматски ќе разбереш, дека твојот проблем не е толку голем колку што се стресираш и сметаш. Затоа те сожалувам. Го сметаш за големо она, кое не е големо. Го сметаш за значајно и незначајното, толку многу го преувеличуваш и се разболуваш. Те сожалувам бидејќи се даваш во една лажица вода. Жално! А си паметна и студираш! - Да, отец, но исто така, рековте, дека ми завидувате! - Да, дури и ти завидувам, затоа што твојот проблем е само тој испит, додека други луѓе имаат толку многу проблеми. Дај Боже и мојот проблем да беше тој што го имаш ти! Дај Боже и проблемите на луѓето кои ги заморуваат да бидат како твојот проблем. Во животот има толку проблеми, што треба да велиш слава му на Бога за тоа што чувствуваш стрес за еден испит. Тоа не е проблем. Ако го разбереш и разрешиш тој мит, кој си создала во себе – митот на лагата, кој те тера да ги сметаш за големи работи една диплома или што и да е, ќе се успокоиш. Тоа не треба да станува пречка пред твојата среќа, да те тера да чувствуваш меланхолија, тревога, да се разболиш од тоа дали ќе земеш еден испит, дали ќе поминеш една сесија... Да уточниме, треба да го направиш невозможното возможно, за да го поминеш испитот. Не сакам да кажам да не се бориш – ќе направиш сè, исто како да зависи од тебе, но ќе оставаш сè, како да завиди тоа од Бога. Во твоето срце ќе оставаш сè на Бога, но во умот, т. е. делата на твоите раце, подвизите, кои ќе ги правиш, работите, кои ќе ги вршиш, ќе правиш така, како сеедно сè да поминува низ твоите раце. Но, во твоето срце нема да те интересира ништо, ќе го сакаш Бог и ќе велиш: Господи,  пред сè да бидам до Тебе, да бидам со Тебе! Господи, земи го секој мој страв и помогни ми! Господи, Ти постани грижата на мојот живот! Ти  постани мојата мисла, и ако имам непотребни идеи и мисли во мојот ум, Господи, земи ги сите нив и приспои ме кон Тебе! Ако сакам да имам грижа и е дозволено да имам само една грижа и агонија – нека мојата агонија биде Господ, Неговото царство, рајот, мојата душа, мојата врска со Бога, љубовта кон моите браќа, Црквата. Ако Христос постане мојата грижа, сè останато нема да биде грижа. Нема да ме интересира ништо човечко и кога не те интересира ништо човечко, тогаш ќе ги постигнеш сите човечки работи, затоа што ќе ги правиш без грижа и ќе успееш. Нема да те плаши и да загубиш, и да не загубиш. Оној, кој што оди така удобно и слободен од обврзувањето со светот и зависноста од работите на светот, е најуспешниот човек на светот, најблагословениот човек. И така, Господи, Ти постани грижата на нашиот живот. Ако постанеш тоа, ќе разбереме, дека Ти не си грижа, а си наслада. Ако ја разбереме Твојата наслада, тогаш ќе разбереме, дека сè она, што го сметаме за грижа, е голема лага. Тогаш нашата душа ќе се успокои сега и засекогаш.


Ако уште имаме стрес, нека го помолиме Господа да направи една стапка во нас и полека влегувајќи во Црквата и доближувајќи се до Христос, стресот ќе исчезне. Да го молиме Господа да ни ја даде Неговата љубов, за да отстрани од нашата душа секаков страв, стрес, несигурност за сегашноста, за иднината, за минатото, за сè, кое нè засега – без стрес и со многу љубов кон Христос!

Превод:
о. м-р Дарко Милев



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…
Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1453
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 914
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1174
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

Беседи

Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на слепиот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на слепиот

Но, слепиот човек прогледал дури во оној миг кога станал послушен на Божјата заповед и ја прифатил Божјата промисла за себе, која била поинаква за него, ако ја споредиме со...

Стефчо Беќарски:✥  ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ВЕЛИГДЕН ✥

Стефчо Беќарски:✥ ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ВЕЛИГДЕН ✥

 Духовното гледање претставува гледање на вистината. Вистината се состои во сфаќање на фактот дека сите ние сме грешни. Духовниот поглед се избиструва кога човекот ќе биде способен да ги открива...

БEСEДА за свeтитe Бoжји луѓe

БEСEДА за свeтитe Бoжји луѓe

Какo гoвoрeлe и какo гoвoрат свeтитe Бoжји луѓe и вeли: “Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe,ниту спoрeд свoeтo учeњe, ниту...

За силата на смртта и на крстoт Христoв

За силата на смртта и на крстoт Христoв

Кадe самo ќe сe прoизнeсe имeтo на Спаситeлoт, таму сe изгoнува сeкoј дeмoн. Кoј вo таква мeра ги скрoтил душeвнитe страсти, и блудницитe да живeат цeлoмудрeнo, и чoвeкoубијцитe пoвeќe да...

Митрополит Европски Пимен: “Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така?“

Митрополит Европски Пимен: “Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така?“

“Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така? Зар не го дишеме воздухот сите еднакво? Како тогаш не се срамите да...

БEСEДА  за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

БEСEДА за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

Каква e таа прeљуба штo ја направил Израилoт и Јудeја (т.e. израилскиoт и јудeјскиoт нарoд) сo камeн и сo дрвo? Тoа e пoклoнeниeтo на идoлитe oд камeн и oд дрвo....

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

Христoс e пoтрeбeн и на пoчeтoкoт и на крајoт. Какo штo на дeтe кoe сe дави му e пoтрeбна рoдитeлската рака за да гo извади oд вoдата и пoтoа да гo...

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Навистина, сомнежот е движечка сила на научната и истражувачката работа, но истиот тој сомнеж претставува голема пречка за црковниот живот, кој се темели врз верата, а не врз набљудувањето, експериментирањето...

« »