логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Да пораснеме барем до Стариот Завет

 
Во минатата беседа реков дека сите треба да запаметиме: „Светиња со меч не се брани! Без оглед на тоа кој така направил, кој така рекол, кој тоа теолошки го брани, кој тоа го пренесува и кој тоа го застапува – ако сакате да сте барем малку од малку православни. Зарем Богочовекот Христос не е нашата најголема Светиња? Зарем нема да ја послушаме Неговата заповед и зарем нема да го следиме Неговиот пример?“ (види: Јован 18, 10-11; Матеј 26, 51-54; Лука 22, 50-51).

Под меч се подразбира сѐ она што е карактеристика и за периодот пред Стариот Завет: сто очи за едно око и сто вилици за еден заб. Односно, сѐ она што ние денес како христијани си го правиме едни на други како религиозни психо и социопати, без трошка срам и страв Божји, да не речам – без грам вера. Сепак, нели, Стариот Завет постави и некоја мерка: око за око, заб за заб. Би ги замолил сите ако може да пораснеме барем до Стариот Завет, како добра основа да се запознаеме и со Новиот. (Не ми се верува дека дојде ден да треба и вакво нешто да напишам.)

Уште реков дека после брзоплетото христијанизирање (со непочитување на правилата за подготовка на крштението, подготовка што дотогаш траела три години), и откако христијанството станало помодарство во Империјата, ширум се отворија вратите за христијаните само по име (номиналните христијани) да се поистоветуваат со минливите форми на општествено организирање од овој свет (прво со државата, подоцна со нацијата, денес со партијата итн.), кои немаат ама баш никаква врска со Царството Небесно. И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака.

Единствена светла појава, после разводнувањето на првобитното христијанство, остана монаштвото, кое, сепак, успеа да го задржи маченичкиот етос на првата Црква и да го пренесува и да го шири меѓу верниот народ низ вековите до денес. Маченички етос не само како одбивање да се поистоветат со минливите форми од овој свет (па макар биле тие и религиозни), туку и како аскетско-исихастички подвиг за влез во Царството Божјо, кое е внатре во нас (види: Лука 17, 21), уште во овој живот, како и негово сведоштво и Предание.

И уште реков дека поради неправилен душевен живот, наместо да ги искачуваме степените од природниот начин на духовниот живот: очистување на срцето од страстите, просветлување на умот и боговподобување, постои голема опасност – посебно кај оние што се на раководни места во Црквата, да се симнат по степените на противприродниот начин на живот: религиозна невроза, религиозно растројство на личноста (психопати или социопати) и религиозна психоза или демонизираност.

Но, ако Богочовекот Христос, односно тоа што ни е најсвето, не се брани со меч – напротив се губи, како треба да Го браниме? Христос се брани со светост, односно со љубов, и Христос се брани однатре, од Црквата. Христос се брани со заемно личносно проземање – ние слободно влегуваме во Христос и Христос слободно нѐ прозема и влегува во нас – постепено преобразувајќи нѐ. Христос конечно се одбранува кога станува неразделив од нас – живот на нашето срце, но и ние неразделив соборен дел од Него, и кога Христос лично Го сведочиме со нашиот живот; а ако Он така сака, и бескрајно повеќе со нашата смрт и после неа.

Богочовекот Христос е нашиот вечен живот и нашето восиновување од Отецот; Тој е Син Божји и икона на Отецот (види: Кол. 1, 15); Тој е Вистина за сите иста (не како нашите човечки вистини, кои негде важат, а негде не важат, и кои негде смееш, а негде не смееш да ги кажеш); Тој е и Глава на Црквата, која е Телото Негово; Црквата е и тело на Богородица Марија, како што е и Он Нејзин Син или Син Човечки; Тој е и Светото Предание; Тој ни е сѐ што преку Светиот Дух Господ добиваме после Неговото Воскресение; Тој ни е единствениот Дар на нашиот Отец Небесен од Светиот Дух и Марија Дева.

Да погледнеме сега за момент, со духовното око, во Стариот Завет и да го видиме тригодишното девојче како чекори кон Светињата на Светињите од старозаветниот храм и како влегува внатре. Да погледнеме и да видиме како малата Марија го посветува Својот живот за да ни ја покаже вистинската Светиња, а како старозаветната станува сенка во Нејзиното присуство. Да видиме како Пречистата Дева девет години во осама се подготвува преку умно-срдечната молитва (според великиот Григориј Палама) да Го прими во Себе Единородниот Син Божји. Да видиме како времето се исполнува и како Тој бара дозвола да се воплоти во Неа и како Таа слободно и љубовно Го прифаќа. И на крај, да видиме како Богородица и Приснодева Марија станува Вечнонова и Единствена Светиња на Светињите – Ширшаја Небес.

Пресвета Богородице...!

Митрополит Струмички Наум

Извор:МПЦ-ОА

4-ти декември, лето Господово 2015

Друго:

http://preminportal.com.mk/component/search/?searchword=%D0%B1%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%B1%D0%BE%D0%B6%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B4%D0%B0&searchphrase=all&Itemid=278

 

Кој постојано Го распнува Христос?

Рековме дека единствена светла појава, после разводнувањето на првобитното христијанство, остана вистинското монаштво, кое, сепак, успеа да го задржи маченичкиот етос на првата Црква и да го пренесува и да го шири меѓу верниот народ низ вековите до денес. Маченички етос не само како одбивање да се поистоветат со минливите форми од овој свет (па макар биле тие и религиозни – не напразно го потенцирав ова) туку и како аскетско-исихастички подвиг за влез во Царството Божјо, кое е внатре во нас (види: Лука 17, 21), уште во овој живот, како и негово сведоштво и Предание.

И уште рековме дека, за разлика од монаштвото, откако христијанството стана помодарство во Империјата (4 век), ширум се отворија вратите за христијаните само по име (номиналните христијани) да се поистоветуваат со минливите форми на општественото организирање од овој свет (прво со државата, подоцна со нацијата, денес со партијата итн.), кои немаат ама баш никаква врска со Царството Небесно. И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака.

Но, како што номиналните христијани паѓаат во искушението да се поистоветат со минливите форми на општественото организирање од овој свет (држава, нација), а поради религиозна невроза или поради религиозно растројство на личноста, така и помесните цркви, сфатени како институции, не можеше а да не го избегнат истиот пад – да се поистоветат со минливите форми на општественото организирање од овој свет, па макар тие форми се преоблекле во црковно руво и попримиле облик на религиозни форми на организирање – без оглед дали ќе ги наречеме канонски национални цркви или национални цркви, кои пребиваат во административен раскол во однос на т.н. канонски.

Да се потсетиме уште еднаш: во времето кога номиналните христијани ќе се поистоветат и со нацијата (19 век), одеднаш гледаме (исто како и во меѓусебните физички убивања од тоа време) дека нема ни трага од духовно толерирање на „другите“ − тие што сакаат да прогласат таканаречена национална автокефална Црква веднаш се прогласувани за расколници и еретици и веднаш се анатемисани – од исти такви кои, за разлика од нив, истото тоа попрви го смислиле и направиле, и како со тоа да го зеле монополот за одлучување кој е канонски, а кој не е. Историјата ни е добро позната.

Да се потсетиме на нашиот случај. На чисто административен чин на прогласување на автокефалност (1967 г.) од страна на веќе признаената од нив самостојна МПЦ (1959 г.), СПЦ презема светотаински мерки и одговор – прекин на евхаристиската заедница, наместо на административен чин, исто така, да одговореше со административен, со просто непризнавање на нашата автокефалност, со сите административни последици што од тоа непризнавање произлегуваат, и толку. Или, на пример, ако СПЦ веќе сакаше да преземе некаква поостра педагошка мерка, тоа најмногу можеше да биде само прекинување на заедничкото сослужување со свештенството на МПЦ, но не и прекин на евхаристиската заедница со него, а камоли со народот. Тоа што го направија е несоодветна и теолошки неоправдана црковна реакција. Тоа е световна, а не пастирска постапка. Тоа е прекумерен и несоодветен одговор.

Сфаќате ли сега зошто реков дека би било добро кога би можеле да пораснеме барем до нивото на душевноста од Стариот Завет. Сепак, нели, Стариот Завет постави и некоја мерка: око за око, заб за заб, наместо сѐ она што ние денес како христијани си го правиме едни на други како религиозни психопати или социопати (зависи од местото во хиерархијата), без трошка срам и страв Божји, да не речам – без грам вера. Замислете, наместо да се препознаваме меѓусебно по плодовите – според Господовиот совет (види: Матеј 17, 16-18), ние допрва се договараме и молиме да се однесуваме едни кон други барем во рамките на Стариот Завет.

Континуитетот на заедничкото служење и учество во Светата Евхаристија (Литургија) на Црквата ќе го оневозможеше конечното институционално поистоветување на помесните Цркви со минливите форми на човечко организирање од овој свет (читај со националните држави) и ќе беше единствена здрава основа за решавање на кое било отворено прашање меѓу нив, без притоа споменатите човечки и минливи форми на организирање да имаат некакво одлучувачко влијание при овој процес.

Првите христијани сите свои проблеми ги решавале внатре во молитвената заедница, собрани на Светата Литургија. И многу посложени проблеми во историјата на Црквата, дури и такви што засегале во догмите (едносуштен и сличносуштен), биле надминувани со одржување и непрекинување на заедничкото служење. Еден поучен пример на старозаветно однесување за сите нас, надвор од црковното организирање, е комуникацијата на Р. Македонија и Р. Грција: иако меѓу нив сè уште егзистира проблемот со името на нашата држава, сепак, тие не ги прекинаа суштинските меѓусебни односи на сите нивоа, од човечко и економско до локално-меѓугранично и државно. Што е најчудно, сите држави во принцип се непријателски расположени едни кон други; ние, пак, кои како Цркви сме во суштина едно и кои требаше да бидеме пример на единство, станавме камен на сопнување меѓу народите.

Затоа, цел на православниот христијанин е најпрво да го исцели својот душевен раскол помеѓу својот ум и своето срце – од кој произлегуваат сите останати поделби, и внатрешни и меѓучовечки, па потоа, во зависност од својата хиерархиска позиција во Црквата, да допринесе да се решаваат и другите поделби меѓу луѓето на кој било план, а не да им ги припишува своите болни внатрешни состојби на „другите“, како и да ги шири меѓу „ближните“. Јасно ли е сега кој постојано Го распнува Христос, а заедно со Него и сите Свети?

Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици, ви благодариме што со љубов Го посведочивте Христос токму во нашиот град – Струмица, и што, очигледно, поради истата љубов, засекогаш останавте со нас.

Митрополит Струмички Наум

12-ти декември, лето Господово 2015

За двете функции на умот

Рековме дека различна е храната на умот од храната на разумот. И различно е знаењето на умот од она на разумот. Храна на умот е опитот и заедницата со Бог (светотаинската и молитвената), додека, пак, храна на разумот е овоземното теоретско образование (од која било област на науката и културата, па дури и на теологијата, како и од разните вештини). Знаењето на умот е познанието на Бог (како просветленост или обоженост), додека, пак, знаењето на разумот е опитноста во овоземните науки и вештини, како и во културата.
Просто речено, умот прво го храниме со опит на Бог од кој произлегува и знаењето или познанието на Бог, додека разумот прво го храниме со теоретско знаење од која било област, а од опитот во работењето во конкретната област произлегува и неговото соодветно знаење. Умот, преку молитвено собирање на својата енергија во Бог - во срцето, Го познава Бог и ја остварува својата основна функција, а кога умот преку сетилата ќе ја расее својата енергија низ светот, тогаш ја остварува својата секундарна функција како разум. И едната и другата функција, преку подвиг или острастување, можат да предизвикаат соодветна зависност на умот, но едно е зависност на умот како љубов, а друго е зависност на разумот како страст. Зависноста како љубов (кон Бог) е слобода за човековиот ум, додека зависноста како страст (кон што било) е ропство на човековиот разум, која станува како втора природа на човековиот ум.
Сега, како што ние го забрзуваме ритамот и интензитетот на изговарање на Исусовата молитва за да ги прекинеме демонските помисли и да ја собереме молитвено енергијата на умот во Бог - во нашето срце, така и демонот го забрзува ритамот на нашиот живот и протокот на информации во него за да ја прекине Исусовата молитва, а енергијата на нашиот ум преку сетилата да ја расее и поврзе со световното. Ние се бориме умот да ни функционира, пред се, во својата основна функција, а демонот се бори умот да ни функционира постојано низ неговата секундарна функција - како разум. Со просветлувањето на умот, а со тоа и на разумот (преку дарот на умно-срдечната молитва),  конечно се надминува внатрешниот расцеп меѓу основната функција на умот и неговото функционирање како разум, и човековата личност се исцелува.
Значи, очигледно е дека Бог и духовниот живот не можат да се достигнат, спознаат и правилно објаснат само преку функционирањето на разумот и телесните сетила, затоа што Он за нив е недостапен. За оној што на тој начин ќе се обиде да им пријде, БОГ, Богородица, Црква и духовен живот засекогаш ќе останат само апстрактни поими. Следствено, не можеме само преку разумот и сетилното да ја пронајдеме и смислата на нашето постоење. Бесмисленоста на животот, пак, е основната причина за ноогената невроза*  и депресијата од кои скоро целото човештво е опфатено. Оттука произлегуваат и разните бегства, од така доживеаната реалност, во разните зависности - од кои прва денес стана зависноста од интернетот и социјалните мрежи. Дури ни проповедта на Евангелското слово, заснована само на разумот, не може да го осмисли нашиот живот и не може да не извлече од замката на депресијата и очајанието - туку само ќе ги храни и зајакнува.
Затоа, комуникацијата со светот само преку непреобразените разум и сетила (внимавајте!) го претвора светот околу нас во еден куп мртви идоли (нешто од коешто „зависиме" и без коешто „не можеме"), без оглед дали ние тоа свесно го сакаме или не, и истовремено претставува и соодветно острастено поврзување и заедница со мртвите идоли на овој свет - без оглед на тоа каква форма и кое име тие го носат, како и ропско служење ним - наместо на Живиот Бог. Значи, уште еднаш: се она (и нам најблиското), кое преку разумот и телесните сетила ќе го поставиме како приоритет во нашиот живот пред превосходната заедница и познание на Живиот Бог, е мртов идол и непремостлива пречка за единство со Живиот Бог. Нормално, кој нема заедница со Бог, нема ни вистинска заедница со своите ближни.
Сега мислам дека е јасно зошто покајанието, односно преумувањето (возобновувањето на основната функција на умот) - како суштински Евангелски повик, е длабока егзистенцијална потреба за жив живот во Соборното Тело на Богочовекот Христос - Црквата, а не обичен гол морализам и пиетистички декор - како кај номиналните христијани на денешницата.

*Ноогената невроза, особено распространета кај младите луѓе, не потекнува од психолошка туку од ноолошка или духовна (од грчкиотзбор nоuѕ-дух) димензија на човековата егзистенција. Таа не се заснова на комплексите и конфликтите во вообичаената смисла на зборот, туку на конфликтите на совеста, судирите на вредности, егзистенцијалната празнина и егзистенцијалната фрустрација настанати исклучиво од егзогени причини

 
Митрополит Струмички Наум

Ноември, лето Господово 2015

Друго:

Интернет синаксис за сите - Ефект на скршено огледало

 


Comments  
+1 #1 kadela 2015-12-07 12:28
ми иде да си запеам, Гаврил кога ти велеше: Дево, радуј се!, заедно со гласот Владиката на сите се воплотуваше во Тебе, светиот ковчег, како што рече праведниот Давид: Ти се покажа поширока од Небесата, носејќи Го Твојот Создател. Слава Му на Оној, Кој се всели во Тебе! Слава Му на Оној, Кој излезе од Тебе!Слава Му на ослободителот наш преку Твоето раѓање! https://www.youtube.com/watch?v=Wu8Slvqi9-Q
Quote
0 #2 Ангелски 2015-12-08 10:16
За да ја видиме духовната убавина на животот на Богородица ни треба голема храброст, длабок и силен духовен возлет како почеток и како темел на нашиот личен духовен живот и најважното: совршено туѓинување во периоди на искушенија. Зашто целиот живот на Дева гледано од човечки аспект претставува долга низа од искушенија, би се рекло одење по жица, подвиг за кој никогаш претходно (ни потоа) немало образец, пример и правило, а бил одживеан совршено. Само доколку и самите покажеме сличности со овој подвиг во нашиот личен пат, ќе можеме во мерата во која сме вкусиле од таа благодат, да ѕирнеме кон недогледните пространства што ги отвара со сите севселенски и надисториски димензии Нејзиното дело за човештвото – како Нејзини вистински заедничари во тоа дело, причислени во Телото на Нејзиниот и Божји Син.
Quote
+1 #3 Владо 2015-12-08 10:28
Нејзиниот личен пат се темели на големото Божествено вдахновение пренесено со наследство од родителите, на личниот вроден благодатен капитал, на вековното пророштво за Воплотувањето на Долгоочекуваниот Спасител и на лично доживеани Божествени откровенија. Сите тие нешта секако И биле извор на сила во подвигот. Но од моментот на раѓањето на Божественото Дете, Таа има мошне возбудлив и неописливо радосен духовен живот, кој незапирливо гледа во иднината чиј Носител всушност е – никој на светот не страдал толку како Таа, но и никој никогаш немал толкава Божествена утеха или награда за своите страдања. Нека ни биде неотстапна Водилка кон Царството на Нејзиниот Неискажливо Мудар и Милостив Син и Бог наш, сега, секогаш и во сите векови прославуван заедно со Неговиот Беспочетен Отец и со Светиот Животворен Дух. Амин.
Quote
+2 #4 С..... 2015-12-13 23:46
Нека Ви е честит роденденот дедо, жив, здрав, долговечен...Бог Да Ви ги преумножи годините и Ви дари преуспевање во сите добри дела, по молитвите и застапништвото на Пресветата Пречиста Богородица.
Quote
+1 #5 kadela 2015-12-14 22:03
дедо, се придружувам на честиткава, да си ни здрав и жив, и скоро прочитав една посвета на книга за роденден на моја пријателка, вели, годините не се да се бројат туку да се множат :) е па да.. на многаја лета, по молитвите на нашиот свет владика Господи исусе Христе помилуј не'
Quote
+4 #6 Надежда 2015-12-14 22:41
Долгоденствувајте во добро здравје и изобилна благодат, Вие и Вашите духовни чеда, украсот на нашата Света Црква! Простете ми за ова мало доцнење. Бог да Ви подари многу радост!
Quote
Add comment

Security code
Refresh


Видео содржини

Верата на нашите татковци - Евхаристија

Авг 04, 2018
Верата на нашите татковци Тема: Евхаристија - Света Причест 11.03.2018

Во продажба е новиот број на Премин 127/128

Јун 05, 2018
„И сега, убеден сум дека тој на небото принесува жртва за нас и се моли за сиот народ (иако нѐ остави, сосема не нѐ напушти), а јас – Григориј, полумртов, полуосакатен, оттргнат од великото…

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Февруари 17, 2018
sv.efrem.sirin2.jpg

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН - Псалм 11 4

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН Псалм 11. Нема да се справам со себеси и со ѓаволот – Ти Господи, помогни ми! Никој не може да ја излекува мојата болест, освен Оној, Кој ги познава длабочините на срцето. Колку пати си поставувам растојанија и подигам прегради помеѓу себе и…

о. Горан Стојчевски „БОЛНИТЕ ИСЦЕЛИ ГИ ЛЕКАРУ НА ДУШИТЕ И ТЕЛАТА“

Јан 27, 2018 Беседи 1395
о. Горан Стојчевски„БОЛНИТЕ ИСЦЕЛИ ГИ ЛЕКАРУ НА ДУШИТЕ И ТЕЛАТА“,,… Кој ја преминува…

Јеромонах Методиј Зинковскиј: Св. Стилијан – Светилник Христов и покровител на децата

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, Драги браќа и сестри, ве по здравувам со…

Излегоа од печат „Житијата на Светиите“ за месец септември

Ное 16, 2017 Полезно и Потребно 1475
Во издание на црквата посветена на св.Григориј Палама и св. Димитриј Мироточив во…

Беседи

БEСEДА за тoа какo грeшницитe гo примаат лoшиoт а нe дoбриoт

БEСEДА за тoа какo грeшницитe гo примаат лoшиoт а нe дoбриoт

Кoј e тoј другиoт кoј ќe дoјдe вo свoe имe и кoгo грeшнитe луѓe пoлeснo ќe гo примат oткoлку Христа Гoспoда? Тoа e oнoј кoј нe нoси крст и нe...

   Митрополит Антониј Сурожски - Рождество на Пресвета Богородица

Митрополит Антониј Сурожски - Рождество на Пресвета Богородица

Секој празник на Mајката Божја е чиста радост; тоа е радост не само заради љубовта Божја кон нас, туку и радост заради тоа што земјата – нашата едноставна, родна, обична...

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe...

протоереј Драган Јанковски: Петнаесетта недела по Педесетница

протоереј Драган Јанковски: Петнаесетта недела по Педесетница

Aко треба да дадеме најкратка дефиниција и најверодостојна карактеристика за науката на Господ Исус Христос и христијанството воопшто, треба да речеме дека тоа е љубов. Можат да се дадат и...

Митрополит Николај Месогејски:Зошто мене, Боже мој? (прв дел)

Митрополит Николај Месогејски:Зошто мене, Боже мој? (прв дел)

Бурата на лекарските прегледи ја заменува бомбардирањето со неодговорените „зошто“. Зошто, Боже мој, толкава болка? Што згрешило ова невино создание? Зошто моето дете, кое ми се чини дека е најдоброто,...

Николај Митрополит Месогејски: Зошто мене, Боже мој? (втор дел)

Николај Митрополит Месогејски: Зошто мене, Боже мој? (втор дел)

Такви многубројни „зошто“ излегоа и од устата на многустрадалниот Јов, или од перото на повредениот Давид, двајца луѓе на кои трагичната смрт на нивните деца им го запечати поминувањето низ...

Свети Григориј Палама: Беседа на Преображението

Свети Григориј Палама: Беседа на Преображението

На Гората имало осум, но се гледале само шестмина: тројца – Петар, Јаков и Јован, кои се искачиле заедно со Исус, ги виделе како со Него стојат и разговараат Мојсеј...

БEСEДА Цeлата глава ви e вo рани, и цeлoтo срцe ви e изнeмoштeнo (Иса. 1:5).

БEСEДА Цeлата глава ви e вo рани, и цeлoтo срцe ви e изнeмoштeнo (Иса. 1:5).

И пoтпадналe вo бeзизлeзeн мрак на идoлoпoклoничкитe заблуди. А oд лудoриитe на главата срцeтo изнeмoштeлo. Срцeтo пoтeшкo сe oддвoјува oд Бoга oткoлку главата; нарoдoт пoтeшкo сe oддвoјува oд Бoга oткoлку...

БEСEДА за нeблагoдарнoста штo нe e видeна и мeѓу живoтнитe

БEСEДА за нeблагoдарнoста штo нe e видeна и мeѓу живoтнитe

Кoга вoлoт, кoјштo нe збoрува, знаe кoј му e гoспoдар и кoга магарeтo знаe чии сe јаслитe oд кoи сe храни, какo чoвeкoт кoј збoрува да нe знаe за Бoга,...

« »

Најново од духовност

Православен календар

24/09/2018 - понеделник

 Св. мч-чки Минодора, Митродора и Нимфодора,Преп. Теодора Александриска;

преп. Силуан Атонски; прeп. Eфрoсиниј гoтвач

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Тропар

Тропар  на светата Христова подвижничка Теодора Александриска 11 септември / 24 септември 2018

Тропар на светата Христова подвижничка Теодора Александриска 11 септември / 24 септември 2018

Блажена света мајко Теодоро,о света подвижничке Христова,благодатта покајание ти подари,мудро пустината ја искористи,

Тропар на св. мч-чки Христови Минодора, Митродора и Нимфодора 10 септември / 23 септември2018

Тропар на св. мч-чки Христови Минодора, Митродора и Нимфодора 10 септември / 23 септември2018

Подвижнички, свети девственички,разум за вишно познание добивте,дар за расудување примајки,Неразделната Пресвета Троица пример за вашата волја постана,

Тропар на св. Јоаким и Ана  9 септември / 22 септември 2018

Тропар на св. Јоаким и Ана 9 септември / 22 септември 2018

Оние кои благодатно праведни беа по законот, Јоаким и Ана, младенец од Бога даруван ни родија.Затоа денес светло торжествува и...

Добредојде Православие.мк

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Последни коментари

Почаевско чудо

Ако некој се помоли од сето срце, тогаш Господ ќе му помогне и ќе го поправи и ќе продолжи по патот на вистината. Во една од посетите на Почаевска Лавра, јас станав сведок на прекрасно чудо, кога пред мои очи се исцели жена која педесет години не можеше да оди бидејќи имаше извиткани нозе. Повеќе...

Архимандрит Георгиј Капсанис

Личноста на архимандритот Георгиј ќе остане во вечно паметење во срцата на оние што го запознале, но генерално и во целата Православна Црква, затоа што преголеми се неговите заслуги за чистотата на верата и за автентичното живеење според неа..Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

Протоереј Андреј Ткачев: Примете, јадете

 

Во Рајот Господ им рекол на луѓето да не јадат од дрвото на познанието. А злиот лукавец велел – јадете. Христос вели „јадете“, „пијте од Неа сите“, а злиот говори: „не јадете“, „недостојни сте“, „потребно е долго и тешко да се подготвувате“. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Св.Јован Шангајски - БДЕНИЕ

 

Стојте цврсто на духовна стража, затоа што не знаете кога Бог ке ве повика кај Себе. Во вашиот земен живот бидете секогаш подготвени да му положите сметка. Внимавајте непријателот да не ве фати во неговата мрежа, да не ве измами и предизвика да паднете во искушение. Повеќе...

За Моето име

Взбранной Воеводе победительная