логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Очекувајќи го неочекуваното

Ин мемориам: Харолд Пинтер (1930-2008) или „пророкот на секојдневниот живот“

Мишел Павловски

Како да се почне зборувањето за Харолд Пинтер? Дали со фактот дека тој се смета (заедно со Семјуел Бекет) за најголемите британски драмски автори во втората половина на дваесеттиот век? Или да се спомене самосвојноста и отпорот кон британската или британско-американската политика во клучни, за неа моменти, како што е одбивањето да се служи војска во 1948, или дисонантноста на неговиот глас (заедно со уште неколку лево ориентирани интелектуалци) во 2003 во општиот хор на одобрување на британското учество во војната во Ирак? Или со добивањето на Нобеловата награда за литература во 2005 и со снимениот говор на лауреатот, снимка која поради својата провокативност беше една од најбараните во тоа време на глобалната Мрежа?

Веројатно треба да се почне токму со Нобеловата награда.

Беседата по повод добивањето на наградата на Шведската кралска академија во 2005 година, Харолд Пинтер ја почнува со својата изјава од 1958: „Нема цврста разлика меѓу реалното и имагинарното, исто како што нема цврста разлика меѓу вистината и невистината. Нештата не се секогаш вистинити или невистинити, тие можат да бидат вистинити и невистинити.“

Колку е тоа точно кога станува збор за самиот Пинтер. Релативизирањето на она што го примаме како вистина или невистина, како добро или како зло, како родољубие или предавство многу јасно паѓа во очи имено на примерот со англискиот нобеловец.

Реномираниот лондонски Гардијан во 2001 на два пати ќе дискутира со политичките ставови на Пинтер по повод Балканот и судењето на Милошевиќ во Хаг и околу авионските напади во Њујорк. При тоа, во рамките на британската херметичност, во насловот на еден од текстовите, на Пинтер му беше речено. „Не можеш да ги имаш двете, Харолде!“ (Или, во послободен превод: Не можеш да седиш на два стола, Харолде!) Во август-септември 2001 во Гардијан се разви полемика меѓу Пинтер и Редакцијата за тоа кој што рекол, но... дали писателот бил или не бил точно цитиран не е ни толку битно. Битно е што оваа случка ни открива една од карактеристичните црти на профилот на Харолд Пинтер: способноста да се биде дисонантен, способноста (па дури и: храброста!) да се оди наспроти генералната линија, да се каже своето... Воопшто, да се заземе позиција наспроти.

Ваквиот, наспроти-став продолжува и по прашањето за војната во Ирак, или со посетата на сандинистичка Никарагва во 1988 година, или со поддршката на Курдите во Турција, или со поддршката на Вацлав Хавел, во време кога идниот чешки претседател беше дисидент...

Кога ќе се спои оваа и ваква политичка активност со творештвото на Пинтер, јасно е зошто тој е наречен „пророк на секојдневниот живот.“

Релативизирањето на вистината која моќните, или оние што одлучуваат ја сметаат за вистина, рушењето на суптилната граница меѓу реалното и имагинарното Пинтер го спроведува и во пишувањето. Неговите драми ја проблематизираат реалноста, исто онолку колку што ја проблематизираат и еднозначноста на разбирањето. Имено, како што авторот, во својата политичка активност, не може и не сака да ја прифати даденоста на ставовиве изградени од позиција на моќ, драматиката на Пинтер не се подава под една, конкретна и точна даденост на толкувањето. Или како што ќе забележи Мајкл Билингтон, еден од најавторитетните и најсериозните истражувачи на Пинтер - „Пинтеровото пишување е патување во непознато, тој никогаш не знаеше каде ќе го одведе драмата“. И уште: „Ние денес живееме во време во кое драмите често имаат една порака, Драмите на Пинтер немаат порака.“ Уште повеќе, драмите на Пинтер се структура која во себе ја носи можноста гледачот сам да ја одбере пораката, сам да ја определи границата меѓу вистината и невистината, меѓу реалноста и имагинарното. Тоа, всушност, за Пинтер беше вистинската демократија и реалната демократичност: правото на избор, колку и тој избор да е во спротивност, наспроти владејачките норми, па дури и наспроти желбите и пораките на авторот.

Конечно, добра карактеризација на творештвото на Пинтер е речена во предговорот кон многубројните негови изданија: „Суштина на неговата појава е дека вие, гледајќи ги неговите драми, го очекувате неочекуваното.“

Се разбира, Харолд Пинтер останува во светското културно наследство пред се и над се заради своите драми, заради енергијата на сценската игра која тие ја содржат, енергија која не секој и не секогаш може да ја спознае.

Утрински весник



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Мај 10, 2020
3.angeli.so.truba

Емануел Рембер: Читањето е убава мрзеливост и вистински лек

-Чудно е тоа што изолацијата ја доживувам како миг во кој сè е замрзнато. Секако дека сè уште пишувам дневник. Но, во суштина малку пишувам. По неколку реченици на врвот од изолацијата. Ме обзема некое нерасположение. Оваа нова состојба ме води кон некоја…
Април 29, 2020
3.angeli.so.truba

„Ако има волја има и начин“ – Џорџ Бернард Шо

Бидете секогаш чисти. Бидејќи вие сте прозорот низ кој го гледате светот. Демократијата е процес кој ни гарантира дека никој нема да владее подобро од тоа што заслужуваме. Кога човек сака да убие тигар, тоа се нарекува спорт. Кога тигар сака да убие човек,…

Вангел Наумовски уметник кого Салвадор Дали го нарече „сликар од бајките“

Апр 06, 2020 Ликовна уметност 332
3.angeli.so.truba
Со името на охридскиот сликар Вангел Наумовски (22. 3. 1924, Охрид – 13. 6.2006, Охрид),…

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Јан 12, 2020 Друго од култура 793
Mudreci.pustina1
Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше…

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

Ное 24, 2019 Литература 1036
7.Vselenski.sobor
– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните…

Беседи

Митрополит Струмички Наум:  Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Теологија без умно-срдечна молитва е повеќе технологија, т.е. умешност, односно техника на составување и вообликување на мислата и на зборот, отколку богословие, отколку Божјо слово; повеќе знаење што произлегува од...

 Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе...

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

И така, не оди да се причестуваш со Светите Тајни Христови ако не си побарал прошка од братот свој, ако не си му одговорил со љубов или ако не си...

« »