логоFacebookTwitterYouTubeeMail


НЕОБИЧНА ПОЛЕМИКА


Книгите ќе покажат чие творештво е на врвот

Жестока и неопходна беше полемиката што минатата година ја поведоа американските и европските книжевници за тоа кој е подобар. Ја почна Хорас Енгдал од Шведската академија спроти доделувањето на Нобелова награда за литература. Тој беше директен и остар.Без двоумење рече дека: „Американската литература е немоќна да биде на височината на која се наоѓаат европските писатели. Соединетите Американски Држави се премногу изолирани, тие не преведуваат доволно и не учествуваат во дијалогот помеѓу литературите“.

Енгдал свесно ја воздигна европската литература, истакнувајќи дека „постојат вредни автори во сите големи култури, но не може да се одбегне фактот дека Европа е се' уште во центарот на светските литературни збиднувања. Американските автори не наоѓаат доволно сили да се дистанцираат од сопствената масовна култура“.Тоа предизвика сомневања дали станува збор за „рецесија“ на американските литературни вредности.

Мислењето на Енгдал, сосем очекувано, наиде на остра реакција во американските медиуми. Член на Американската фондација за литература иронично истакна, „поврзете ме со Хорас Енгдал за да му испратам листа со дела што треба да ги прочита“. Главниот уредник на „Њујоркер“ реагираше со сличен тон велејќи „не може Шведската академија, која заборави да ги награди Пруст, Џојс и Набоков, да ни дели морални лекции. Ако внимателно погледне, Енгдал ќе ја забележи виталноста и динамиката на генерацијата на Филип Рот и Џон Апдајк, но и на помладите романсиери имигранти. Никој од нив не е зафатен од ураганот на кока-кола“.

Тоа некако се потврди на Парискиот салон на книгата, на кој беа претставени повеќемина врвни американски писатели-имигранти. Освен тоа, веќе неколку години Рот и Керол Оутс се спомнуваат како сериозни кандидати за Нобеловата награда.Полемиката помина, а наградата ја доби Французинот Ле Клезио. Од сите страни дојдоа комплименти дека е автор што ги надминува раскажувачките конвенции. Сепак, остана дилемата дали со тоа победи мислењето за доминација на европската литература. Одговорот тешко може да се пронајде.

Полемиката сепак покажа какви се светските литературни збиднувања и текови. Во тој контекст треба да се прашаме каде се наоѓаат и балканските литератури. Колку современата литература денес успева да ја одбегне комерцијализацијата и кока-кола синдромот? Тоа наметнува да се замислиме во кој правец се движи литературниот дискурс кај нас во последниве години, особено што доминира во преводната литература со која постојано се соочуваме.


Пишува: Данило Коцевски



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Мај 18, 2019

Доделени наградите „Златен був“ на 9. Филозофски филмски фестивал

Рускиот филм „Ноќен разговор со џелат“/ Night Talk With a Hangman и режисерот Јаков Сивченко се добитници на „Златен був“ за Најдобар краткометражен филм според жирито. Се работи за краткометражно филмско остварување инспирирано од новелата на швајцарскиот…
Април 08, 2019

Како може да им се помогне на оние кои размислуваат за самоубиство?

Според проценката на Светската Здравствена Организација во просек 1 милион луѓе умираат годишно како резултат на самоубиство. Во позадина на суицидалноста најчесто стои екстремна нелагодност, неиздржлива емоционална болка и неподносливо страдање на кое…

Светските научници и НАСА тврдат дека Македонија ја крие тајната за бесплатна енергија!

Мар 28, 2019 Друго од култура 511
Алшар е единственото наоѓалиште на талиум во светот. Tалиумот е цврст сив метал и е…

95 години од раѓањето на Вангел Наумовски – уметникот кој за Салвадор Дали беше „сликар од бајките“

Мар 24, 2019 Ликовна уметност 288
Со името на охридскиот сликар, кого Салвадор Дали воодушевено го нарече „сликар од…

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународен поетски зборник во Италија

Мар 07, 2019 Литература 268
Поетското дело насловено Брзина на сонот (итал. Il ritmo di un sogno) од македонскиот…

Беседи

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на сите Светии

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на сите Светии

Недела на сите Светии – едноставно не можеме а да не ги поврземе претходната и денешната беседа. Првата недела по Педесетница Црквата ја посветила на сите Светии, а светоста во...

Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на слепиот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на слепиот

Но, слепиот човек прогледал дури во оној миг кога станал послушен на Божјата заповед и ја прифатил Божјата промисла за себе, која била поинаква за него, ако ја споредиме со...

Стефчо Беќарски:✥  ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ВЕЛИГДЕН ✥

Стефчо Беќарски:✥ ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ВЕЛИГДЕН ✥

 Духовното гледање претставува гледање на вистината. Вистината се состои во сфаќање на фактот дека сите ние сме грешни. Духовниот поглед се избиструва кога човекот ќе биде способен да ги открива...

БEСEДА за свeтитe Бoжји луѓe

БEСEДА за свeтитe Бoжји луѓe

Какo гoвoрeлe и какo гoвoрат свeтитe Бoжји луѓe и вeли: “Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe,ниту спoрeд свoeтo учeњe, ниту...

За силата на смртта и на крстoт Христoв

За силата на смртта и на крстoт Христoв

Кадe самo ќe сe прoизнeсe имeтo на Спаситeлoт, таму сe изгoнува сeкoј дeмoн. Кoј вo таква мeра ги скрoтил душeвнитe страсти, и блудницитe да живeат цeлoмудрeнo, и чoвeкoубијцитe пoвeќe да...

Митрополит Европски Пимен: “Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така?“

Митрополит Европски Пимен: “Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така?“

“Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така? Зар не го дишеме воздухот сите еднакво? Како тогаш не се срамите да...

БEСEДА  за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

БEСEДА за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

Каква e таа прeљуба штo ја направил Израилoт и Јудeја (т.e. израилскиoт и јудeјскиoт нарoд) сo камeн и сo дрвo? Тoа e пoклoнeниeтo на идoлитe oд камeн и oд дрвo....

« »