логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Една стара мудра мисла вели „најтешко е да си признаен во својата авлија, во својот град, или ако си поп во својата епархија“. Нам како народ како да ни е генетски (пред)одредено секогаш повеќе да ги почитуваме и цениме резултатите на туѓите, отколку на своите. Ова непишано правило во нашето секојдневие, за жал, досега многупати и многу често ни се повторува и потврдува, но изгледа не знаеме да извлечеме поука.

„Не правете филмови ако можете да живеете без да правите филмови“, вели првото од десетте правила за млади документаристи на Косаковски. Како предавач, тој ќе зборува за своите принципи при креацијата на своите синеастички дела и ќе ги претстави своите документарци не само од позиција на режисер, туку и како сценарист, снимател и монтажер. Сепак, потенцира дека не треба да се очекува готов рецепт

Фестивалот оди во живо од неделата 21 јули до 04 август 2019 лето Господово. Овој фестивал ја охрабрува онлајн соработката, каде гледачите можат да споделуваат преку сите социјални медиуми. Фестивалот годинава овозможува лајв скрининг, преку таканаречените Global Screening Partner. Предвидени се филмови кои што рефлектираат православни теми, култура и вредност, а сепак, а се богати од уметничка гледна точка.

Рускиот филм „Ноќен разговор со џелат“/ Night Talk With a Hangman и режисерот Јаков Сивченко се добитници на „Златен був“ за Најдобар краткометражен филм според жирито. Се работи за краткометражно филмско остварување инспирирано од новелата на швајцарскиот драмски писател Фридрих Дуренмат (Friedrich Durrenmatt) „Судијата и неговиот џелат“ (The Judge and His Hangman)

Но може ли да стане збор за напуштање среде пустелија? Потоа едноставно се наоѓате себеси како ги стегате потпирачите на седиштето додека Атиџе со солзи во очите го бара кучето Џеки низ темното село, опколена со виежот на глутница волци и сфаќате: Напуштање може да биде само смртта.

Да не се лажеме, мене овој мед ми беше горчлив. Ми горчеше детската игра заменета со берба на пченка.

Со победа во три категории, македонскиот филм „Медена земја“ („Honeyland“), во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска, триумфира во конкуренцијата за документарци од целиот свет на американскиот филмски фестивал „Санденс“ („Sundance“).На церемонијата што се одржа во саботата (2 февруари) во Парк Сити, Јута, САД , „Honeyland“ ja доби големата награда на жирито (Grand Jury Prize) за најдобар документарен филм, а на снимателите Фејми Даут и Самир Љума им беше врачена наградaта..

Врвните европски достигнувања со славни режисерки имиња и наградувани филмови на престижните фестивали во Кан, Венеција, Берлин, ќе го одбележат 17 то издание на реномираниот Меѓународен фестивал на европски филм Синедејс. Под мотото збогати се преку ноќ од 8 до 18 ноември во веќе неколку познати селекции  над 100 филмови,

25
ДЕН 1OCTOBER

https://2018.iffs.mk/mk/programa/?fbclid=IwAR0BbwJnlJOWLCMj0nYqisMiJoSR8RFcQkR2DbEM8OVcWGTagYa-Js4uFgs

Хуморот и сатирата се преплетуваат во барањето на среќната балканска жена!
 
Монодрамата  „Таа“ го прикажува статусот на жените во општеството.
Кој е моделот на балканската жена? Задоволна ли е од животот и дали го има зачувано чувството за хумор или напротив? Монодрамата „Таа“ ја допира севкупната слика за жената на Балканот.
“Засега „Таа“ на Балканот не е променета. Некои жени имаат подобри работни места и состојбата им се подобрува, но повеќето се принудени да бидат само домаќинќи кои готват. Нема разлика помеѓу македонската и бугарската жена. Во тој смисол и црногорките, туркините… си личат едни на други.“ – објасни актерката Оливера Аризанова, која игра во претставата.
Таа потенцираше дека балканските жени треба да се сакаат повеќе, затоа што тоа е единствениот начин за и другите да ги сакаат повеќе. Жените треба да имаат поголема улога во општеството – дополни Аризанова во „Бугарија наутро“.
„Чувството за хумор блика од ликот кој таа го создава. Посебно сум благодарна дека сум дел од фестивалот „СофијаМоно 2018“, како и на Градската Општина која го поддржува овој настан. Претставата е направена така што секоја жена од публиката да се почувствува дека е претставена на сцената.“ – истакна, авторката на текстот за претставата, Даниела Колева за Bulgaria ON AIR.

 

21.07.2018 г.

 

 

14/04/2018 - 14:12 Вести, Култура

Новиот македонски игран филм „Година на мајмунот“ во режија на Владимир Блажевски ќе го отвори годинешното издание на Скопје филм фестивал, на 19 април.

До 26 април ќе се прикажуваат повеќе од 50 филмови, но и ќе се одржуваат работилници, а ќе има и гостувања на нови европски филмски имиња. Година филмската ретроспектива е посветена на Алфред Хичкок.

Филмовите се  распоредени во седум програми, меѓу кои се: Програма на авторски филм, Панорама на светски филм, Македонска продукција, Фокус на француски филм, Програма на Европски филм, Ретроспектива на Хичкок, а од ова година со гордост ја најавуваме новата фестивалска програма Квир фокус.

До 26 април, публиката на Скопје филм фестивал, во Програмата на авторски филм, чиј селектор е Татјана Јаневска, ќе може да го види „Вина“ на Густав Мулер, кој освои награди на фестивалите во Ротердам и Санденс. Новиот филм на Паоло Тавиани „Виножито, приватна афера“, а го имаме и филмот што освои 5 награди „Цезар“ на Алберт Дупонтел „Ќе се видиме таму“.

Во програмата Панорама на светски филм, ќе се прикажуваат филмовите како норвешкиот „Телма“во режија на  Јоаким Трир, мароканска драма „Разиа“, потоа аргентискиот „Самит“ на режисерот Сантијаго Митре.

Годинава, фестивалската публика ќе може да ги види и најдобрите француски филмови во програмата Фокус на францускот филм, чиј што селектор е Навид Сарем а во рамки на програмата на Краток филм селекторите Владан Петковиќ  и Алексеј Дмитров ги избраа најинтересните краткометражни филмови

Во програмата Европски филм, на ова фестивалско издание ќе се прикажуваат четири филмови, меѓу кои „Pure Hearts“, „Valley of shadows“ и бугарскиот филм „3/4“ на режисерот Илиан Митев, кој победи на фестивалот во Локарно.

Како што информираат од фестивалот, од оваа година започнува со реализација на програмата „Квир фокус“ во која ќе бидат прикажани филмови што одбиваат да бидат невидливи и што смело ќе прераскажуваат приказни што креираат еден нов културен простор.

„Низ политика на репрезентација преку филмската уметност, фестивалот ќе направи обид да отвори теми кои извираат од квир културата, да преиспитува контексти, искуства и идеи низ филмскиот кадар ида создаде инклузивно место каде што ќе се артикулираат гласови од маргините. И кога тие гласови се чуени, се дава можност да станат дел од култура која менува, култура на отпор која го обликува општеството во кое едни ќе учат за постоењето и прифаќањето на различностите, додека други ќе учат да го заборават досега наученото за да почнат да се сакаат себеси. Без некоја посебна тематска одредница, со неколку филма ќе се обидеме да отвориме теми како што се: репресираната хомосексуалност, себеугнетувањето и скриеноста, отуѓувањето на квир субјектите и нивните идентитети во дигиталниот простор, угнетувачкиот и исклучувачки карактер на хетеронормативните семејни вредности и религијата, па сѐ до приказ на еден провокативен антиестаблишментски радикален лезбејски феминизам“, велат организаторите.

Селектор на оваа програма е Александар Ковачевски.

Во рамки на програмата, ќе има и промоција на книга што се занимава со апсектите на себеугнетувањето на геј луѓето, а низ предавање и дискусија ќе се направи осврт на квир киното и неговата историја, со излагањата на двајца предавачи и секако, низ дискусијата и мислењата на публиката.

Во програмата Македонска продукција фестивалот ќе прикаже вкупно 8 македонски филмови.

Скопски филмски фестивал за својата публика подготви Ретроспектива на Алфред Хичкок, во рамките на која ќе бидат прикажани  пет негови филмови.

Во рамки на годинашново издание на Скопски филмски фестивал во ќе се одржи работилница и промоција, како и разговори со гостите од странство.

Автор на плакатот за годинашното издание на фестивалот е младиот македонски дизајнер Ѓорѓи Десподов.

Програмите на 21. издание на Скопје филм фестивал ќе се одржуваат во кино „Милениум“, Кинотека на Македонија и кино „Фросина“.

 

Извор: https://www.radiomof.mk/21-izdanie-na-skopje-film-festival-so-retrospektiva-na-alfred-hichkok/

„Исцелител“, кој е прва македонско-грчка копродукција, е сниман со работен наслов „Тајната состојка“. Во приказната се зборува за механичар, кој немајќи пари да купи лекови, му дава на татко му колач направен од украдена марихуана за да му ги ублажи болките од рак.

„Види ја ти неа“ на Горан Столевски во официјалната селекција на краток филм на 34. Санденс

Kратометражниот игран филм „Види ја ти неа“ на режисерот Горан Столевски влезе во официјалната селекција на краток филм на 34. Филмски Фестивал во Санденс. Фестивалот ќе се одржи од 18 до 28 јануари идната година во Парк Ситу, Јута, САД. Во Интернационалната компетиција на краток филм ќе се прикажат 17 филмови од целиот свет, меѓу кои и „Види ја ти неа.“

Фестивалот е во организација на Санденс институтот основан од страна на реноминираниот актер Роберт Редфорд и има за цел да ја поврзе публиката со уметниците во креирањето на нови идеи, откривањето на оргинални изрази и градењето на заедница посветена на независниот филм.

„Види ја ти неа„ е приказна за младата девојка Анета, која се обидува да ги реши проблемите во семејството и училиштето вклучувајќи се во еден исклучиво машки верски ритуал, скокање по крстот за Водици.

Улогите во филмот ги толкуваат Сара Климоска, Пируника Киселички, Жарко Јовановиќ, Антонија Белазелкоска, Иво Антов, Виктор Арсов, Игор Ангелов, Симон Манасковски, Изабела Новотни, Милица Стојанова и Горан Илиќ.

Горан Столевски се потпишува и како сценарист на филмот, кинематографер е Наум Доксевски, сценограф Влатко Чачоровски, костимограф Жаклина Крстевска, тонец Братислав Зафировски, а шминката е на Наталија Кајевска. Продуценти на филмот се  Димитар Минов, Кристијан Буровски и Томи Салковски.

Филмот е во продукција на Црна мачка продукција, копродукција со Скопје Филм Студио, а финансиски е поддржан од Агенцијата за филм на РМ.

Филмот ја освои Наградата Мала Камера 300 на овогодинешното издание на ИФФК „Браќа Манаки“.

Извор: http://newsroom.mk/vidi-ja-ti-nea-na-goran-stolevski-vo-ofitsijalnata-selektsija-na-kratok-film-na-34-sandens/

Фестивалот ќе биде отворен со филмот СЕМЕЈСТВОТО НА НИКИ, добитник на бројни интернационални награди, чие кратко сиже го имате во програмата. Фестивало трае од 14 до 19 октомври и проекциите се одржуваат во МНТ за време викендот, 14 и 15 окт., а  од 16 до 18 во Кинотека на Р. Македонија.

„Златна петорка“ освои Гран при за најдобар игран филм во Америка

На есенското издание на 36. Интернационален филмски фестивал во Њу Џерси македонскиот долгометражен игран филм „Златна петорка“, во режија на Горан Тренчовски, освои Гран при за најдобар игран филм. Претходно филмот го вреднуваше 15-члена комисија составена од академици, професионалци и новинари, кои од вкупно 377 наслови од целиот свет го вброија  меѓу 17 финалисти. Вчера, пак, по завршувањето на натпреварувачката програма, организаторите официјално ја соопштија конечната одлука за наградените.
Ова е наедно и 7-ма меѓународна награда за екипата на „Златна петорка“, која не успеа да го помине филтерот од Македонија за номинација за Оскар како филм од неанглиско говорно подрачје.
Филмската дистрибуција на „Златна петорка“ продолжува и понатаму, како на странските фестивали така и во киномрежата низ Македонија.

 

© Револушн - Скопје


--
info/press office of
Goran Trenchovski
http://www.gorantrenchovski.com/

 

Мажите не плачат - филм на Ален Дрљевиќ

Со „Мажите не плачат“, дебитанското остварување на босанскиот режисер Ален Дрљевиќ, в петок, на 6 октомври во 20 часот, во киното „Милениум, свечено ќе биде отворено второто издание на „Киненова Скопје“.

Холандскиот „Квалитетно време“ на режисерот Дан Бакер, „Лето 1993“ на Карла Симон од Шпанија, „Семејство“ на Густаво Рондон Кордова од Венецуела, „Меда или не баш ведрата страна на нештата“ на романскиот режисер Емануел Парву, „Спокојна ноќ, спокојна светлина“ на Софи Гојет од Канада...се само некои од 10 филмови во официјалната конкуренција на второто издание на „Киненова Скопје“, фестивалот на дебитански и втори филмови, што од 6 до 11 октомври, под мотото „За сè има првпат“ ќе се одржи во неколку киносали во градот.

Идејата на фестивалот е да открие, промовира и афирмира свежи филмски приказни на нови автори кои се се уште недоволно истакнати во светската филмска јавност, давајќи им шанса на почетокот од нивните филмски кариери.

Марина Костова, филмска критичарка и селектор на Главната програма, вели дека годинава се одбрани „10 одлични филмови од исто толку нови авторски гласови кои допрва ќе се слушаат“.

„Јас не сум љубител на тематски селекции, меѓутоа откако ја склопив програмата забележав дека има една нишка која се провлекува низ сите филмови што сум ги одбрала, а тоа е дека на некој начин се занимаваат со некаква посттрауматска состојба, што мислам дека сосема солидно резонира на нашава актуелна ситуација. Тоа се би рекла навистина 10 силни гласови и верувам дека за тие автори допрва ќе слушаме, а целта на „Киненова“ е да има оригинална селекција токму од први и втори филмови на режисерите, затоа што мислиме дека и во регионов, и воопшто во Европа, има многу малку фестивали коишто отвораат простор за ваква селекција“, вели Костова.

Костова притоа како посебности, кои длабоко резонираат со нашата стварност, со Скопје, ги издвојува делата како „Колумбус“ на Кононада, сторија за истоименото американско гратче во кое е сместена најголемата збирка на згради, примероци на светската модерна и „каде архитектурата е лик во филмот што носи утеха“, и анимираниот документарец „Кула“ на Кит Мејтланд, „всушност реконструкција на еден настан со масовно пукање на Универзитетот во Хјустон во 1965 година кога еден снајперист убива 15 луѓе“.

Покрај долгометражните, официјалната селекција ќе понуди и кусометражни филмови, во кои спаѓаат професионални и студентски филмови од цел свет.

Од друга страна не помалку возбудливи се и дополнителните, ревијални програми на фестивалот како „Панорама на светската незавизна филмска продукција“, „Кино Балкан“, „Фокус на...“ и „Македонски кратки“, а посебно за издвојување е нововостановената програма „0% Цензурирано“, за која организаторите сметаат дека ќе биде голема провокација за посетителите на „Киненова“. Станува збор за селекција во која ќе има четири филма. Два се документаци од кои едниот е за легендарната порно ѕвезда Роко Зифреди, а другиот италијанско остварување во кое се говори за егзорцизмот. Тука е и филмот кој се однесува на ЛГБТ заедницата.

„Ова 0 % Цензурирано звучи доста драматично, меѓутоа целата идеја е да се проговори за тие теми на еден недраматичен начин и тоа како го прават овие автори е она што всушност треба да се види во кино“, смета Костова.

Инаку, ексклузивен гостин на „Киненова“ годинава ќе биде српскиот актер Жарко Лаушевиќ, кому ќе му биде доделено Специјалното признание за особен придонес во филмската уметност. Кон ова уште информациите дека филмовите во конкуренција за награди ќе бидат оценувани од стручно жири во кое се Горан Марковиќ режисер од соседна Србија како претседател, Хулија Учансу професорка и поранешна директорка на Филмскиот фестивал во Истанбул, нашата глумечка гордост Синоличка Трпкова и актерот Игор Гало од Хрватска. Згора на тоа планирано е да биде сторена и скопската премиера на краткиот експериментален петминутен филм „Крајот на времето“ на Милчо Манчевски, а во рамките на „Киненова Скопје“ ќе има и работилница за развој на сценарија за кратки филмови за македонските млади сценаристи, а ментор ќе биде Џон Стивенс.

„Ни претставува вистинско задоволство што ќе имаме можност втора година по ред да се дружиме со нашата публика која покажа голем интерес за минатото издание на „Киненова“. За годинава можеме само да им ветиме уште подобар избор на филмови во поголем број кои длабоко ќе ги размрдаат нивните чувства. Се потрудивме програмата да биде разновидна и да го разбуди љубопитството на филмските сладокусци. Па така програмата не е тематска, туку се водевме според квалитетот на филмовите и авторскиот пристап кон темите, а размислувавме и на разноликоста на самите теми кои варираат од сурово егзистенцијални, па поствоени приказни, до исконско човечки како и теми кои сеуште предизвикуваат силни контроверзии во нашето општество како хомосексуалноста. Програмата изобилува со филмови со свеж и иновативен пристап во филмската нарација“, ќе рече во пресрет на фестивалот Небојша Јовановиќ, режисер, продуцент и директор на манифестацијата.

Кон ова само уште дека кино проекциите ќе се одвиваат во Синеплекс, Кино Култура, Кинотека на Македонија и Кино Милениум, а влезниците се со популарна цена од 100 и 150 денари.

 

Извор: https://www.slobodnaevropa.mk/a/28773559.html

(Реакција по повод обидот за стопирање на понатамошниот живот на долгометражниот игран филм „Златна петорка“)


Почитувани, во кој век живееме ние? Дали сме уште 1951 или сме 2017 година? Каде сме? Каде одиме? Човек да се чуди и да не може да докаже дека црното е црно, а белото бело. Дали со овој варварски чин на негација нѐ очекува жесток наплив на инфлација на духот и недостиг на морал во оваа наша Македонија?

По повод меѓународниот успех на „Златна петорка“ вчера, на негова покана, имавме официјална средба кај Премиерот на Владата на РМ, г-динот Зоран Заев и ние му благодариме на неговите искрени честитки и срдечната поддршка.

Со неодамнешната скандалозна одлука на Комисијата на Друштвото на филмски работници, Македонија да нема претставник за Оскарот, не сме само ние тие што се навредени, оштетени и осуетени. Со оваа налудничава одлука ќе ѝ биде нанесена огромна штета на државата во регионот и пошироко.

По првичните лавини од реакции, одлуката можеби требаше веднаш да се поништи и Комисијата да се прошири со имиња со поголемо искуство и со повисоки стручни квалификации.

Надеж има уште, законски конечната одлука до Американската филмска академија треба да се прати до утре.

Но за жал, длабоко сме повредени сите ние кои сме на некој начин дел од филмот, вклучувајќи ги и публиката, помагачите на филмот, блиските на петтемина студенти...

Не ни преостанува ништо друго освен на демократски начин да се бориме против сиви еминенции и немилосрдни ѕверови кои беспоштедно сакаат да го негираат нашиот аргументиран и евидентен успех.

Овој пат тотално промашиле: процениле дека сме „глупави“, „прости“, „необразовани“, „без никакво CV“, фестивалите и државите каде настапуваме „не чинат“, селекторите и жиријата исто така, а нашето дело „нема естетски и наративен“ квалитет.  Демек, се срамат да ги претставуваме во трката за Оскарот.

Па зар успехот со „Златна петорка“ не е и нивен исто така?! Или тие овој проект не го сметаат за свој?

Бараме да ни се извинат јавно, а тие ни праќаат тајни пораки да замолкнеме.

Апелираме до Претседателот на државата, Владата, Парламентот, Министерството за култура, странските амбасади и меѓународните организации во Македонија, до МАНУ, академската средина, стручната јавност и медиумите, да се вклучат во разрешувањето на овој скандал и, конечно, да се лоцираат виновниците, да се признаат грешките и да се поднесе одговорноста.

Бараме Агенцијата за филм на РМ на чело со в.д. директорот Горјан Тозија да застане на страната на продуцентите, во одбрана на филмските проекти. Македонија вложила финансиски и креативно во филмовите и ние треба да имаме претставник за Оскарот.

Да се разоткрие по кој систем на елиминација тие со години наназад избираат или не избираат кандидат за Оскарот. И колку притоа има или нема создавање на нефер и нелојална конкуренција, конфликт на интереси, завист, злоба, дискриминација...

Многу работи фрлаат сомнеж врз тоа кој е генераторот на скандалот. Покрај навредата, тие ни предизвикуваат и несразмерна штета, рушејќи го нашиот јавен углед и негирајќи го успехот на филмот „Златна петорка“.

Почитувани, оваа битка е тешка, но знаеме дека правдата е на наша страна, уште од првиот момент.

Енигмата во овој скандал е повеќе од јасна: како може цел свет да нѐ признава, а ние да се ништиме?!

Ова е, меѓу другото, обид за класична цензура и бараме општествена одговорност од инволвираните.

И никогаш повеќе да не се повтори такво нешто!


Со почит,

Продукција „Револушн“ – Скопје


Во петокот, во официјалната програма на 36-то издание на Интернационалниот филмски фестивал во Њу Џерси, се случи свечената американска премиера на долгометражниот игран филм „Златна петорка“ на Горан Тренчовски во продукција на Револушн од Скопје. Филмот беше поздравен со долготраен аплауз, а режисерот одговараше на прашања на публиката. На премиерата, меѓу другите, присуствуваа и бројни претставници од американската филмска индустрија, како и од македонската заедница во САД.
Ден потоа, филмот се прикажа и во Мумбај, на индискиот Јагран филм фестивал, кој е моментно најпосетениот филмски фестивал во Јужна Азија и се одржуваше во 16 градови во Индија.
Денес, на затворањето на фестивалот во Мумбај, во центарот на Боливуд, филмот ја освои Наградата за најдобар странски филм, а режисерот Тренчовски имаше обраќање со видеопорака.
Филмот „Златна петорка“ наскоро ќе учествува и на фестивали во Варшава, Санкт Петербург, Брно, Софија и Нови Сад, а странски дистрибутери се заинтересирани за правата за прикажување во Америка, Европа и Азија.
Филмот досега е селектиран на над 20 фестивали, освои шест интернационални награди и е најгледан македонски филм изминатата сезона.

© Revolution - Скопје-Њујорк, 24 септември

На платото пред Куршумли-ан (Музеј на Македонија), исполнето до последно место со донесени дополнителни столици за седење, на 22 август се одржа премиерната проекција на македонскиот документарен филм „Планински кавијар“ на авторот Јордан Дуков во продукција на Телевизија Телма.

Документарниот филм „Планински кавијар“ (Blueberry Hill, 63 мин., 2017, Македонија) ја раскажува приказната за гевгеличанецот Миле, кој не сака да најде постојана работа во градот и некој „шеф“ постојано да му „виси“ над главата, туку одлучил секое лето, на надморска висина од над 2.000 метри на југот на Македонија, да собира боровинки, или како што таму ги нарекуваат „планински кавијар“. Така, неговата канцеларија го има најубавиот поглед во светот, а тој успева со два месеци работа во планината доволно да заработи за пристоен живот.

- Никој не те тера да работиш, но ако сакаш да заработиш, тогаш самиот си свесен дека треба да работиш - вели главниот лик Миле во филмот.

Авторот Јордан Дуков имал две главни цели во снимањето на документарниот филм. Првата е да го прикаже собирачот на боровинки Миле таков – каков што е, и втората – да го прикаже аскетскиот живот на собирачите на боровинки високо во планината. Идејата за снимање на филмот тлеела повеќе години, а со главниот протагонист се знаеле долго време. Филмот е снимен како телевизиска продукција. Снимател е Јане Марковски, а монтажата е на Снежана Младеновска – Анѓелков. По проекцијата на филмот, публиката на „МакеДокс“ имаше можност да дегустира боровинки собрани од главниот протагонист Миле.

Во рамките на програмата на осмото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ од 21 до 25 август во Даут-пашиниот амам се одвива работилницата за визуелна нарација „Една слика, илјада зборови“. Првите два дена работилницата ја водеше продуцентката Кристина Первила Андерсон, додека на 23, 24 и 25 август работата со учесниците на работилницата ја презеде Туе Стин Милер, светски експерт за документарен филм.

Меѓу поканетите филмски работници и документаристи, на 22 август со Кристина Первила Андерсон разговараше снимателот Бранд Ферро, кој ги претстави своите искуства од работата на филмовите „Бабички на револуцијата“ на режисерката Петра Селишкар, „Оган и вода“ на Киро Урдин, како и серијалот „Турски чај“.

На предавањето со Туе Стин Милер на 23 август беа поканети филмаџиите Одриус Стонус и Саломе Јаши. На 24 август гости на предавањето се Пјотр Стасик и Мирослав Јанек, додека на 25 август на предавањето со Кристина Первила Андерсон и Туе Стин Милер ќе учествуваат повеќе фестивалски гости.


Во рамките на „МакеДокс“ на 23 август, во црквата „Св. Спас“ (Сала на музејска поставка на Гоце Делчев) во Скопје, се одржа презентација на потпрограмите Култура и МЕДИА на „Креативна Европа“. Учесници на презентацијата беа Павлина Каландрова од Канцеларија на Креативна Европа (МЕДИА) на Република Чешка; Владимир Стојчевски и Билјана Прентоска од Канцелариите на „Креативна Европа“ (МЕДИА и Култура) на Република Македонија; и претставници на фестивалот „МакеДокс“. Фестивалот „МакеДокс“ втора година по ред добива поддршка од потпрограмата МЕДИА на „Креативна Европа“.

Осмото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ е поддржано од Агенцијата за филм на Република Македонија, МЕДИА - потпрограма на „Креативна Европа“, Националната фондација за демократија од Вашингтон и Град Скопје.
Медиумски покровители на „МакеДокс“ се Првиот програмски сервис на МТВ, Телевизија 24, Нова Македонија, Слободен печат, Радио Антена 5, Радио Бубамара, Канал 103, ЏезФМ, Радио МОФ, Лајф Радио, Плус Инфо, Окно, Нова ТВ веб, А1ОН, Плагиј.ат, Е-магазин, Репер, Лице в лице, Его, Калимеро, Бла Бла ТВ, Пиреј.мк, РеБорн, Види Вака, ОФФ.нет и МКД.мк.

Активностите на „МакеДокс“ можете да ги следите на сајтот на МакеДокс, како и на:

www.fb.com/MakeDox.mk
www.instagram.com/MakeDox
www.twitter.com/MakeDox
www.youtube.com/MakeDox1

 

Извор: http://plusinfo.mk/vest/124076/dokumentarniot-film-planinski-kavijar-premierno-beshe-prikazan-na-makedoks

Македонскиот долгометражен игран филм „Златна петорка“ на режисерот Горан Тренчовски ја освои наградата „BEST BALKAN SPIRIT“ на VII Balkan Film Food Festival во Поградец, Албанија.
Ова е петта интернационална награда на „Златна петорка“, а филмот за само 9 месеци го имаат видено околу 70.000 гледачи по кината и фестивалите ширум светот.
Сценариото за овој македонски филм е инспирирано по вистинит настан за петтемина струмички студенти од 1951 и е работено по мотиви на Братислав Ташковски.

Продуцент е Дејан Милошевски, директор на фотографија е Апостол Трпески, монтажер Андрија Зафрановиќ, сценограф Кирил Спасески, костимограф Нела Тодоровска, шминка Ирена Сенокозлиоска, музиката е на Дарко Спасовски и Горан Керкез.

Во филмот улогите ги толкуваат актерите Славко Штимац, Јана Стојановска, Љупка Џундева, Игор Ангелов, Петар Арсовски, Билјана Таневски, Васил Михаил, Ненад Милосављевиќ, Дине Дрваров, Стојан Велков, Александар Ристоски, Влатко Илиевски, Григор Јовановски, Игор Тодоров, Виктор Јакимовски и др.
Фестивалската публика и меѓународната јавност во овој филм препознаваат поетична приказна каде љубовта се преплетува со предавството, со универзална порака за расчистување на гревовите од минатото.


Филмот „Златна петорка“ досега е селектиран на 15 интернационални фестивали, а до крајот на летото го очекуваат проекции на фестивалите во Варна, Темишвар и Краина.

10.07.2017 год.


На сцената на Македонската опера и балет публиката за првпат во нашата земја има можност да ужива во несекојдневна балетска уметност. Прецизните и акробатски движења на учесниците постојано предизвикуваа воодушевување кај присутните, но и громогласни аплаузи


Фото: Телеграф.мк/Радован Вујовиќ

Уникатно балетско шоу, елегантни и грациозни движења на учесниците од Државниот балет на мраз од Санкт Петербург кои вечерва ја одиграа првата од вкупно четири изведби на „Лебедово езеро“ закажни во Скопје.На сцената на Македонската опера и балет публиката за првпат во нашата земја има можност да ужива во несекојдневна балетска уметност. Прецизните и акробатски движења на учесниците постојано предизвикуваа воодушевување кај присутните, но и громогласни аплаузи.Сите учесници во претставата се балетски едуцирани, но разликата е што наместо во шпиц-патики тие настапуваат по лизгалки, а тоа дополнително ја прави привлечна оваа класична приказна.

Лебедово_езеро_на_мраз__19_.jpg

Лебедово_езеро_на_мраз__19_.jpg

Претставата трае околу час и половина со петнаесетина минути пауза меѓу двата чина. На финишот од оваа класична, но овојпат модернизирана балетска приказна публиката ги поздрави актерите со стоечки овации.Следните и последни изведби на ова спектакуларно шоу се вечерва во 21 часот и утре (17 декември) со почеток во 18 часот и последната во 22 часот.

Лебедово_езеро_на_мраз__2_.jpg

Овој спој на балетската уметност и најелегантниот спорт - уметничко лизгање е единствената задача на Државниот балет на мраз од Русија, кој е основан во 1967 година од страна на истакнатиот балетски кореограф Константин Бојарски, кој бил солист во „Марински“, со Михаил Баришников и Наталија Макарова. Музички директор и коосновач на оваа балетска куќа е Лео Коркин, кој е познат руски диригент.Балетот на својот репертоар има неколку претстави, меѓу кои и „Пепелашка“, „Ромео и Јулија“, „Заспаната убавица“, а бидејќи во моментов е на турнеја со „Лебедово езеро“, имаме можност да го погледнеме ова класично дело во еден поинаков амбиент.

 

Лебедово_езеро_на_мраз__9_.jpg

За потребите на балетот за реализација на овој спектакл потребни беа три и пол тони мраз кои се поставени на сцената на МОБ, а за да се замрзне и да биде функционално за уметниците балетани-лизгачи, потребни се цели 48 часа.Кога се соочува со набиени настапи во турнејата, трупата со себе понесува дури три лизгалишта, а тоа ѝ се случило во САД кога настапувала секој ден без пауза. За секој настап лизгалиштето е поставено на врвот на театарската сцена, а потребната ладна температура ја одржува специјализирана опрема за ладење.

 


Телеграф.мк

Повеќе артикли...


Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Ноември 24, 2019
7.Vselenski.sobor

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните култури. Динамиката на културните размени меѓу Скопје и Истанбул со овој проект се обележува низ значајните пунктови на тие релации (јазик – литература и историја – култура) со…
Ноември 07, 2019
7.Vselenski.sobor

СИТЕ ТИЕ МУСТАЌЛИИ (од колекцијата на Националната Галерија на Р. С. Македонија)

Портретната уметност од минатите епохи изобилува со слики и скулптури на луѓе со мустаќи кои оставиле траен печат врз културните истории на многу народи:мустаќите се неодминлив ликовен елемент во визуелните претставувања на египетските владетели (како што е…

Двеста години од раѓањето на Дичо,зографот кој почна нов правец во црковната уметност

Окт 19, 2019 Наука и Религија 290
Има една интересна случка поврзана со Дичо Зографот што ја раскажуваат неговите потомци.…

„АВИЈАТИЧАРОТ“ ОД ЕВГЕНИЈ ВОДОЛАЗКИН добитник на наградата „BookStar 2019“

Окт 08, 2019 Литература 281
Гостувањето на моментално рускиот писател број 1 на сите светски листи – Евгениј…

Фестивал на европска литература ЕВРОПСКИ ПРИКАЗНИ

Сеп 24, 2019 Литература 308
Препознатлив со внимателниот избор на наслови, врвниот превод, оригиналниот дизајн и…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората...

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Следствено, грев е човек да биде острастен кон материјалните нешта, кон земните блага, кои се минливи и му се дадени на човека да му послужат за добро, а не тој...

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

 Бог Го покажа Своето човекољубие не со евтини слова, но со принесувањето на Својот Син. Христос се појави во светот, со низа конкретни дела на љубовта. Првото дело е наклонетоста...

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Посебно по воплотувањето Христово и Неговиот Домострој на нашето спасение, ѓаволот станува како играчка со која малите деца си играат (свети Атанасиј Велики) или како спаринг-партнер за оние што се...

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

 Таа единствена тихувателка и патоводителка низ исихијата, нè приведува во заедницата од која се откинавме, а еве повторно ни е дадена можност, не само да се вратиме, туку да црпиме...

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата  поради Бог !

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата поради Бог !

Денес, драги мои пријатели, поученоста од животот на старозаветните праведници ме наведува со вас да зборувам за верата. Имено, нивната големина е одредена само со верата, точно живата и дејствителна...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:  „Епископот седи на место и во обличје Христово“

Викарен Епископ Јаков Стобиски: „Епископот седи на место и во обличје Христово“

 Епископот не станува Епископ поради некаква своја заслуга, туку исклучиво по благоволение Божјо, во послушание кон Светиот Архиерејски Синод, поради молитвите, и најважно од сѐ, заради потребите на Црквата. Затоа,...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

 Страшна е потребата на човекот да се самооправдува; за мене, дури најпогубната појава од сите гревовни појави во човековиот душевен и ментален свет. Самооправдувањето е главна карактеристика на паднатиот човек,...

БEСEДА за Христа какo глава на ситe свeтии

БEСEДА за Христа какo глава на ситe свeтии

Грeвoт избeзумува, грeвoт oбeзглавува. Чoвeк пoтoнат вo грeвoви и вo пoрoци сличeн e на кoкoшка, чија глава e oтсeчeна, та умирајќи грчeвитo прeта и скoка ваму-таму. Цeлиoт нeзнабoжeчки свeт прeд...

« »