логоFacebookTwitterYouTubeeMail



 

 

Романот на Јагода Михајловска-Георгиева во издание на „Три“ ги заокружува десетте најдобри романи до денес

 

Невена Поповска

 

Романот „Индиго Бомбај“ од Јагода Михајловска-Георгиева, издание на книгоиздателството „Три“ е годинешниот лауреат на наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“.

Одлуката ја донесе жири-комисијата во состав: Блаже Миневски, претседател, Методија Фотев, Ангелина Бановиќ-Марковска, Ким Мехмети и Ѕвездан Георгиевски, на последниот состанок откако направи неколку селекции на 35-те пристигнати романи на конкурсот за наградата “Роман на годината” на “Утрински весник”.

Членовите на комисијата со задоволство констатираа дека во најтесен круг за наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“ влегоа три навистина одлични романи, кои, секој за себе, и сите заедно, претставуваат потврда за евидентниот подем на македонскиот роман во последните десеттина години. „Се разбира, се вели меѓу другото во одлуката на жири-комисијата, секој од нив носи свој авторски белег, но истовремено сите заедно на одреден начин третираат една заедничка тема - темата на духовното, „фрактурата на душата“ како етичка дијагноза, свесноста за севкупното постоење и борбата за сопствен идентитет. Станува збор за романите „Помеѓу“ на Ирена Јорданова, „Жените Гаврилови“ на Кица Б. Колбе и „Индиго Бомбај“ на Јагода Михајловска - Георгиева.“

Издвојувајќи ја приказната на наградениот роман како најуспешна, комисијата констатира: „ Приказната во романот-лауреат „Индиго Бомбај“ на Јагода Михајловска -Георгиева се случува во градот кој над своето ниско индиго-небо има уште две неба од души. Под тоа, и такво небо, небо што се меша со земјата, малиот Гаруда се согласува да го продаде својот бубрег за да и’ купи сандали на мајка си, и тука, всушност, се отвора жестоката, слоевита приказна за индиската стварност, но и за смислата на постоењето прекршена низ душата на Ана, странец во земјата која го живее својот специфичен, маѓепсан реализам како обично секојдневие. Всушност, во основа, на ниво да дејствие, романот се бави со откривање на лавиринтите низ кои опстојува душата на луѓето во Бомбај. Затоа Ана, или Ананда, најчесто е како Алиса во земјата на чудата, само што таа не доживува чуда туку една необична реалност која навистина тешко може да се направи уверлива реалност, затоа што на чудесен начин преминува во бајка, а потоа пак во ужасно секојдневие во кое дури и децата ги продаваат своите органи за да направат со тоа ако може некој барем малку да биде среќен. Се разбира дека Ана, како странец, најпрво е збунета од неверојатната реалност, но во обидот да го спаси малиот Геруда, сепак ќе сфати дека тој не е единствен, зашто всушност многумина живеат како него па таа треба да ги спасува сите, а не е Бог. Соочена со тоа, Ана-Ананда може само да си признае дека во градот со три неба од души таа всушност го изгубила сопствениот идентитет, претопувајќи се во три небесни бои: индиго, или боја на свесноста за севкупното постоење, потоа жолта боја, боја на свесноста за земниот живот, и на крајот бела, боја на себепризнавањето на свесноста за спојување со Едното, со Бога. Првиот слој е слој со индиго боја, бомбајска ноќ спуштена врз земјата ; зад неа е прозрачниот слој, како пладне, а највисоко е белиот слој, небо без сонце, без облаци, без ѕвезди, без ништо. Тоа не е ни небо; тоа е само светлина, бесконечност, празнина. Оттука насловот на романот ја сугерира основна поента на овој сложен, богат со бои, мириси и таинствени предели на душата, предели на свесноста за постоењето. Затоа и за Бистарај, за љубовниот пријател на Ана, највредното пријателство што може да се има, свесноста за земниот живот, свесноста за севкупното постоење, всушност е свесност дека сите на крајот се спојуваме во Едното, во Бога, па затоа, во тоа Едно, се разбира, бубрегот на Гаруда совршено може да го прими телото на Ангело, дете кое доаѓа од Европа во Бомбај, во градот со три неба, за да го најде своето изгубено небо. Поради компликации по операцијата, малиот Гаруда умира, а неговата душа заминува негде во индиго-небото над Бомбај, зашто неа никој не може да ја продаде и никој не може да ја купи. Станува збор за роман кој поставува крупни прашања за тоа што сме, какви сме и која е смислата на нашето постоење, а истовремено тоа го постигнува низ топла приказна за едно себеоткривање во духовниот простор на една само навидум далечна филозофија за животот и за нашето севкупно постоење.“

Редакцијата на „Утрински весник“, годинава по десетти пат ќе го додели високото книжевно признание. Наградата „Роман на годината“, како што подвлече и годинешниот лауреат Јагода Михајловска-Георгиева е најпосакуваната литературна награда во земјава и таа заблагодарувајќи се големата чест која и е укажана со ова признание посака нејзиниот роман „Индиго Бомбај“ и за читателите да претставува еден пат кон светлината како што неговото пишување претставувало за неа.

„Ако се знае дека во Македонија не е проблем да се објави книга туку како таа книга да дојде до читателот и да се прочита, потенцираа членовите на жири-комисијата во својата одлука, тогаш еден од најдобрите начини романот да дојде до својот читател е тој да биде награден. Се разбира, секоја награда, освен што е некаков компетентен став на група јавно идентификувани читатели, таа истовремено и релативно важна новинска вест што ќе го промовира романот пред пошироката јавност. Оттука, секоја награда е добра реклама, а секоја значајна награда е повеќе од добра реклама. Наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“ е награда која очигледно ја посакува секој македонски романсиер. Станува збор за престижна награда која во изминатите десет години во колекцијата на наградени романи ги има речиси сите највредни остварувања во деценијата. Ако се стават во тој список и романите кои влегле во најтесна конкуренција, тогаш веројатно станува збор за антологија на најдобрите романи во Македонија објавени во последниве десет години. Романот „Индиго Бомбај“ на Михајловска-Георгиева и Издавачкиот центар „Три“ ја заокружуваат десетката најдобри романи до денес, но од утре почнува новиот круг на уште десет најдобри романи во деценијата што е пред нас.“

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Мај 10, 2020
3.angeli.so.truba

Емануел Рембер: Читањето е убава мрзеливост и вистински лек

-Чудно е тоа што изолацијата ја доживувам како миг во кој сè е замрзнато. Секако дека сè уште пишувам дневник. Но, во суштина малку пишувам. По неколку реченици на врвот од изолацијата. Ме обзема некое нерасположение. Оваа нова состојба ме води кон некоја…
Април 29, 2020
3.angeli.so.truba

„Ако има волја има и начин“ – Џорџ Бернард Шо

Бидете секогаш чисти. Бидејќи вие сте прозорот низ кој го гледате светот. Демократијата е процес кој ни гарантира дека никој нема да владее подобро од тоа што заслужуваме. Кога човек сака да убие тигар, тоа се нарекува спорт. Кога тигар сака да убие човек,…

Вангел Наумовски уметник кого Салвадор Дали го нарече „сликар од бајките“

Апр 06, 2020 Ликовна уметност 315
3.angeli.so.truba
Со името на охридскиот сликар Вангел Наумовски (22. 3. 1924, Охрид – 13. 6.2006, Охрид),…

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Јан 12, 2020 Друго од култура 776
Mudreci.pustina1
Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше…

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

Ное 24, 2019 Литература 1008
7.Vselenski.sobor
– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните…

Беседи

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

И така, не оди да се причестуваш со Светите Тајни Христови ако не си побарал прошка од братот свој, ако не си му одговорил со љубов или ако не си...

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум за вистинско мачеништво (24.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум за вистинско мачеништво (24.06.2020)

Наравоучение: православната психотерапија прави разлика меѓу искушенија што ни се случуваат затоа што душевно оздравуваме (очистување на срцето од страстите) или сме доволно здрави (просветлување на умот), од искушенија што...

Митрополит Струмички Наум: АНТИНОМИЧНОСТ (20.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: АНТИНОМИЧНОСТ (20.06.2020)

 Антиномично е и кога просторно и временски ограничениот човек станува благодатно секаде присутен, и во време и во простор. Антиномична е и ситуацијата кога обичен човек стекнува таква слобода пред...

« »