логоFacebookTwitterYouTubeeMail

„На сите мои соборци во создавањето на подобар свет им порачувам оти е нужно создавање на филантропска култура“. - Трифун Костовски на денешната свеченост во МАНУ

„На човека му е дадено да дарува, пред сѐ себеси. Тоа е единствен начин да раснеме, да го заслужиме нашето постоење“, рече  бизнисменот, филантроп и поранешен градоначалник на Скопје, Трифун Костовски на одбележувањето на 20 годишнината од основањето на Фондацијата „Трифун Костовски“ при Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Фондацијата има поддржано над 100 научно- уметнички проекти во МАНУ.


Во знак на благодарност, академик Фити му врачи на Костовски мозаик насловен „Четири елементи“, изработен од академик Газанфер Бајрам

Костовски пред членовите на семејството, претставници на дипломатскиот кор, универзитетски професори, академици кажа дека изминативе 20 години биле години од големо значење за него и неговото семејство, години кои значеле движење по нивните најважни постулати: одговорност и создавање на вредни заедници.

„Нема доволно можности за да се постигне сѐ во еден животен век, има многу искушенија. Затоа на сите мои соборци во создавањето на подобар свет им порачувам оти е нужно создавање на филантропска култура “, рече Костовски.


Трифун Костовски со ќерката Олга, претседателка на надзорниот одбор на „Еуролинк осигурување“, компанија која исто така е вклучена во проектите на МАНУ за култура и уметност

Претседателот на МАНУ, академик Таки Фити, кој е и претседател на Управниот одбор на Фондацијата, ја промовираше книгата издадена од Академијата :„20 години Фондација ’Трифун Костовски’“, со поднаслов „За филантропството на семејството Костовски“.

Говорејќи за Костовски како маркантна личност, академик Фити ѝ се заблагодари на Фондацијата за мисијата за помагање во зачувување на културата, културното наследство и современата уметност, како и за охрабрувањето и давањето поддршка на сите оние кои имаат талент во сите области на општетството.


Костовски со доајенката на македонскиот театар Милица Стојанова и нејзината ќерка, културологот Искра Гешоска (Фото: М. Златевска)

Во знак на благодарност, академик Фити му врачи на Костовски мозаик насловен „Четири елементи“, изработен од академик Газанфер Бајрам, како и 2 книги од академик Божидар Видоески, „Дијалектите во македонскиот јазик“, кои му ги врачи Марјан Марковиќ, раководител на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика во МАНУ.

Свеченоста почна и заврши со настапите на младите музичари: виолинистот Бојан Илиоски и пијанистот Дино Имери.

Б. НЕСТОРОСКА

(Фото: М. Златевска)

 

Извор: https://sdk.mk/index.php/magazin/daruvaneto-go-zasluzhuvame-nasheto-postoene-reche-trifun-kostovski-na-20-godishninata-od-negovata-fondatsija/

 

15-ти мај 2018 год.

Во рамките на кампањата на Национална галерија на Македонија под наслов
„Ваша приказна, наша историја“ (Your story our HISTORY) која е во знакот на
одбележување на нашиот историјат - 70 години постоење, интегрално го проследуваме
текстот на проф. д-р Владимир Трајковски инспириан од работилницата на едукативното
одделение под наслов „Од друг агол“. Оваа работилница е дел од Проектот  „Уметност за сите“
кој е подржан од страна на Амбасадата на Кралството Холандија. Имено, станува збор за организирано
фотографирање на повеќе локации од градот Скопје ( Золошката градина, Градски парк, старата Скопска чаршија..)
каде децата со аутизам, низ сопствена призма и од нивен агол, би ни го доловиле амбиентот што ќе го доживеат.





Интро во работилница "Фотографирање“ од проектот „Уметност за сите“

Постојат докази дека арт терапијата кај децата со аутистичен спектар на нарушувања (АСН) во специјалната едукација придонесува за позитивни промени на нивното социјално однесување и нивниот фокус на внимание. Арт терапија кај децата со аутизам може да биде ефективна при долготраен третман во групи или индивидуално, бидејќи процесот на креирање уметност го стимулира когнитивниот и емоционалниот развој, овозможува врски и води кон намалување на деструктивното однесување. Арт терапија може да придонесе за ублажување на две главни проблематични области: социјални комуникациски проблеми и ограничени и повторувачки шеми на однесување. Типични арт терапевтски елементи како што се сензорните искуства со видот и допирот може да го подобрат социјалното однесување, флексибилноста и вниманието на децата со аутизам.
Терапевтите ги опишуваат ефектите на уметничката терапија врз тие деца како способни да ги развијат своите компетенции за да го насочат вниманието, да ја подобрат флексибилноста, да се однесуваат на поструктуриран начин и да ги изразат своите искуства вербално. Верувам, дека фотографирањето може да биде од неверојатен интерес за лицата со дијагнозата на АСН. Тоа е форма на уметност која вклучува технички елементи (рачна изложеност - во која корисникот ги дефинира сите поставувања на фото апаратот) и примената на знаењето (составот, светлината, хармонијата на боите, предметот итн.). Слободата на фотографијата значи дека можете да фотографирате автомобили, авиони и мотоцикли, животни, како и многу други предмети, и со тоа лицата со АСН да најдат одличен начин да се изразат себеси. Таа произведува слика која може да даде големо чувство за награда и да каже нешто за нив и за нивната личност. Преку фотографирањето може да се подобри нивната емпатија во голема мера.
Во Република Македонија досега многу малку се обрнуваше внимание на културолошките потреби на лицата со АСН, а уште помалку на фактот дека создавањето уметност од страна на децата и лицата со АСН може да има терапевтски аспект. Националната галерија на Македонија во последните четири години се покажа како одличен аниматор на потребите на лицата со инвалидност. Вработените лица таму несебично го вложуваа своето знаење со цел за подобра социјална инклузија на лицата со инвалидност.
Оваа институција е меѓу првите од секторот култура која покажува интерес да ги вклучи децата со АСН во културното битисување во нашата држава. Од таму проектот „Уметност за сите# во кој како носител се јавува оваа установа, а финансиран од Амбасадата на Кралството Холандија доаѓа во вистинско време. Како прва проектна задача е работилницата „Фотографирање“ во која учество ќе земат децата со АСН, а ќе се одвива на неколку локации во градот Скопје. Ова ќе биде одлична можност за ново дружење меѓу децата со АСН и нивните семејства. Фотографијата како вид на арт терапија кај децата со аутизам може да биде ефективна при долготраен третман во групи или индивидуално, бидејќи процесот на креирање уметност го стимулира когнитивниот и емоционалниот развој, овозможува врски и води кон намалување на деструктивното однесување.
Знаејќи дека некои од децата со АСН можат да покажуваат исклучителен интерес во одредена област, се поставува прашањето дали можеби во нашите деца од Македонија лежи некој нов светски филмски или моден фотограф?
Проф. д-р Владимир Трајковски


Голема благодарност до професорот Трајковски

Национална галерија на Македонија

 

 

Зад нив се уште петмина членови на групата, исто од редот на најсилните и најдобрите. Задолжени се за одбрана во случај некој да напад од зад грб.
Последен е водачот. Тој обезбедува никој да не биде оставен после него. Го надгледува единството на групата и патот по кој оди и подготвен е во секое време да интервенира онаму каде што е потребен.
Кај волците, ТОА се нарекува водство.

Оваа година е посебно значајна за Република Македонија затоа што одбележуваме еден неповторлив јубилеј, а тоа е 1000 - годишнината од Охридската Архиепископија и 60 години од нејзиното возобновување. Со оглед на тоа што Македонија е лулката од каде што е тргнато христијанството да се шири низ Европа за што сведочи и Библијата, особено ми е драго што со моите гостинки денеска можеме да присуствуваме овде", истакна г-ѓа Иванова.

Секој камен од калдрмата е скапоцен бисер изваден од пазувите на Водно. Во дваесеттите години од минатиот век, Скопје доживува голема трансформација во инфраструктурата, особено во изгледот на улиците. По Балканските и по Првата светска војна, се заменува дотраената турска калдрма, а се става нова коцка на плоштадот и на главните улици. Скопје добива нов, модерен лик.

promocija_15_knigi_uzkn_kulturno_nasledstvo_28_feb_2018_foto1Како дел од активностите за  одбележување на Европската година на културното наследство, денес во Археолошкиот музеј на Македонија  беа промовирани петнаесет нови изданија (десет на македонски и пет на англиски јазик)  од едицијата „Најзначајните вредности на културното и .

Еден англичанец, ТВ-водител, пред неколку години спасил лебед од сигурна смрт - лебедот бил заглавен во ограда од метална мрежа. Откако го негувал до заздравување, човекот го пуштил лебедот на слобода.
Кога по неколку години се вратил на истото место, човекот бил запрепастен од она што следело: лебедот го препознал.

Денес (8 февруари 2018 година) во МАНУ, беше промовирана монографијата за Борко Лазески. Со овој настан започна и месецот посветен на Борко Лазески во Националната галерија на Македонија, по кој веќе следната недела (четврток, 15 февруари) е предвидено отворањето на големата јубилејна изложба во чест на овој автор во Даут пашиниот амам.

Со овој проект НГМ, исто така го започнува одбележувањето 70 години од своето основање. Директорката на Националната галерија д-р Дита Старова Ќерими истакна дека значајно е што јубилејот го почнуваат токму со изложба на дела од Лазески, затоа што тој бил првиот в.д. директор на НГМ, тогаш Уметничка галерија-Скопје.

Кога денес ги споредуваме тие високи мигови на македонската уметност со овие бедни кич ветошини од последните десетина години во облик на јавни споменици, сфаќаме колку скапоцено време сме изгубиле и колку во еден миг сме биле многу, многу поблиску до Европа и светот, истакна академик Влада Урошевиќ на промоцијата на монографијата „Борко Лазески - сто години од раѓање“ во МАНУ, посветена на најпознатиот македонски монументалист и втемеливач на витражот во Македонија.

Урошевиќ 1956 година бил сведок кога авторот ја довршувал и поставувал монументалната, 225 квадратни метри „Фреска за НОБ“  во холот на старата Скопска железничка станица, која ја нарече исклучителен миг во развитокот на македонската ликовна уметност. Во облиците на тој мурал, долг 45 метри со над сто човечки фигури, рече, тогаш младите интелектуалци ја откривале традицијата на македонскиот фрескоживопис, како и влијанија од светската монументалистичка традиција, од уметноста на Вилијам Блејк или мексиканските муралисти....

 

- Тоа беше миг на пробивот на една повисока фаза во сфаќањето на односот помеѓу уметноста и општеството. По откривањето на оваа голема фреска пред очите на македонската јавност, веќе ништо не беше исто. Авторот покажа како се создава модерно уметничко дело. Беа потребни уште само неколку години и во Македонија отпорите против модерната уметност се стопија, испарија, исчезнаа, рече Урошевиќ на промоцијата на монографијата која ја објави Националната галерија на Македонија. Во неа се прикажани сите монументални дела на Лазески на територијата на Македонија.

Промоцијата се одржа во свечената сала на МАНУ на чии ѕидови се наоѓа витражот на Лазески „Светлина на минатото“ од 1975 година.

- Благодарение на овој витеаж, Борко е секогаш со нас и секогаш меѓу нас, истакна претседателот на МАНУ Таки Фити, кој за Лазески рече дека припаѓа во редот на великаните на модерната македонска уметност, со извонреден творечки талент кој го усовршил во познати сликарски школи меѓу кои и во Париз.

 

 Извор.http://cooltura.mk/likovna/promovirana-monografijata-za-borko-lazeski-vo-manu

 

 

http://manu.edu.mk/wp-content/uploads/2018/02/1.jpg

НАСТАНИ


Во рамките на редовната соработка меѓу Македонската академија на науките и уметностите и Бугарската академија на науките, во посета на МАНУ, денес, престојуваше делегација на БАН, предводена од претседателот, акад. Јулијан Ревалски.

На средбата е потенцирано значењето на Договорот за пријателство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија како силен поттик за понатамошно продлабочување на соработката меѓу двете земји и академии во науката, знаењата, културата, економијата, зближувањето на младите луѓе и други подрачја на создавање и прифаќање и примена на заеднички европски вредности.

Искуствата од досегашната соработка меѓу двете академии, која претходеше и даде свој придонес во постигнувањето на Договорот за пријателство и соработка, ја засноваат увереноста дека само со таквиот пристап, својствен за науката, културата и уметноста се отвораат нови перспективи за Балканот како подрачје на мир, стабилност и развој.

За таа цел, подготвени да им помогнат на своите влади во реализацијата на Договорот, двете академии ќе формираат меѓуакадемиска група, предводена од нивните претседатели, која треба да придонесе за конкретизирање на формите и содржините за соработка предвидени во Договорот.

На средбата се допрецизирани заедничките научно-истражувачки и уметнички проекти врз кои ќе се работи во следните 3 години, договорени се апликации за научно-истражувачки проекти финансирани од европските структурни фондови и проекти што ќе се реализираат во рамките на трилатералната соработка МАНУ-БАН-САНУ.


Скопје, 5 февруари 2018 година

 

Извор:

„Односите меѓу нашите две држави и духовно блиски народи на Русија и на Македонија имаат длабоки корени и високо ниво на заемно разбирање. Голем придонес за тоа дадоа релациите во сферата на култура кои динамично се унапредуваат и силна потврда за тоа се денешните изложба и концерт.“

Денес и утре (среда и четврток, 25-26 октомври) во Скопје и во Струмица ќе се реализираат повеќе културни содржини во рамки на манифестацијата Денови на руската култура во Република Македонија.

Свеченото отворање е денес во 18 часот во Македонскиот народен театар (МНТ), каде ќе биде презентирана изложба на познатиот руски кореограф Јуриј Григорович (оваа година се одбележуваат 90 години од неговото раѓање). На отворањето е планирано обраќање на министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски и на амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Н.Е. Олег Шчербак.

Во МНТ, во 20 часот ќе се одржи спектакуларен концерт на државниот академски руски народен хор „Митрофан Пјатницки“ кој е еден од најпознатите руски уметнички ансамбли. Формиран во 1911 година, ансамблот е носител на титулата национално богатство на Руската федерација.

Следниот ден, хорот ќе одржи концерт во Центарот за култура во Струмица.

Во четврток во Македонската филхармонија концерт ќе имаат големите музички имиња, Олга Артјугина - виолина, Рустен Хамидулин - виолончело и Василиса Бержанскаја – мецосопран, кои ќе настапат со камерен состав од музичари од Македонската филхармонија и од МОБ. Диригент е Бисера Чадловска.

Манифестацијата се одржува во повеќе земји од Југоисточна Европа, а во Македонија се реализира како резултат на соработката помеѓу двете земји и потпишаните документи помеѓу Македонија и Руската федерација во областа на културата меѓу кои е и Протоколот меѓу министерствата за култура за организирање Денови на руската култура во Република Македонија во 2017 година и Денови на македонската култура во Руската федерација во 2018 година.

Деновите на македонската култура во Руската федерација ќе се одржат во 2018 година, кога ќе се потпише и новата Програма за соработка во областа на културата, образованието, науката и спортот меѓу Владите на двете земји.

Извор:http://cooltura.mk/kulturni-nastani/denovite-na-ruskata-kultura-vo-makedonija-so-vrvni-solisti-i-ansambli

УКИМ одбележува 70 години од почетокот на наставата по руски јазик

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ одбележува 70 години од почетокот на наставата по руски јазик. Јубилејот го организира Рускиот центар, кој од минатата година е во составот на УКИМ, со тридневна меѓународна конференција на тема „Рускиот јазик, литература и култура во Република Македонија: минато, сегашност и иднина“.

Ректорот на Скопскиот универзитет Никола Јанкуловски на отворањето на конференцијата рече дека во учебната 1946/47 година на тогаш новооснованиот Филозофски факултет почнал да работи Лекторатот по руски јазик за потребите на славистичките и на другите групи, а подоцна, рече, тој бил никулец од кој се формирала Катедрата за славистика.

Посочи на активностите со кои УКИМ ја негува русистиката, меѓу кои е отворањето на првиот Руски центар во Република Македонија во јануари 2016 година, кој е четврти во составот на Универзитетот, по Италијанскиот, Турскиот и Кинескиот центар.

– На 21 октомври минатата година се одржа и првиот час од бесплатните курсеви по руски јазик организирани од Рускиот центар. На отворениот конкурс беа пријавени повеќе од илјада кандидати, што за нас беше пријатно изненадување. И покрај огромниот број пријавени кандидати, се успеа да се најде и простор и време за да се отпочнат и завршат сите курсеви предвидени со програмата. Во февруари и јули оваа година им беа доделени и сертификатите по руски јазик на курсистите, рече Јанкуловски.

Директорот на Рускиот центар Велимир Стојковски истакна дека три датуми/години се важни во континуитетот на развојот на русистиката на Скопскиот универзитет и во Република Македонија: 1947 – кога почнал да работи Лекторатот по руски јазик; 1965 – кога Универзитетот го добил првиот лектор од матичната земја, тогаш СССР, и 2016 – кога на УКИМ се отвори Рускиот центар со поддршка на Фондацијата „Руски мир“ и Амбасадата на Руската Федерација во Македонија.

– Во изминатите години развојот на русистиката не беше праволиниски процес и тој се менуваше под влијание на пошироките случувања. Но без оглед што нејзиниот развој беше проследен со различни периоди и околности, таа секогаш се одржуваше благодарејќи на пожртdе залага за понатамашно негување и унапредување на, како што рече, нашата традиционално одлична културна соработка.

Во светот денес 170 милиони луѓе зборуваат руски јазик, околу 350 милиони го разбираат, а надвор од својата земја живеат повеќе од 30 милиони на кои рускиот им е мајчин јазик.

Извор:

http://a1on.mk/archives/794362

1. Забораваме дека учењето треба да биде забавно.

2. Осудуваме неуспех.

3. Мислиме на децата како мали возрасни.

4. Бараме почитување на државни правила наместо социјална промена и креативност.

„Мудрите родители на своите деца им овозможуваат да прават грешки. За нив е добро привремено да се изгорат на прстите“.„Доколку развојот на умот и телото не одат рака под рака со соодветното будење на душата, ова ќе се покаже како недостојна еднострана работа. Правилниот и сеопфатниот развој на духот не може да се организира

Информација за јавна дебата

 


На 6 септември 2017 во 19 ч. во просториите на „Мала станица“, се одржа јавна дебата организирана од страна на Националната галерија на Македонија со наслов „Мала станица – Минато, Сегашност, Иднина“. Целта на јавната дебата беше размена на мислења и предлози за изработка на основен проект за реконструкција на објектот „Мала станица“, еден од објектите во составот на Националната галерија на Македонија.
 
На оваа јавна дебата учествуваа 12 панелисти и тоа: д-р Дита Старова Ќерими, директор на Националната галерија на Македонија, Маја Чанкуловска – Михајловска и Ана Франговска, кустоси во Националната галерија на Македонија, м-р Виолета Бакалчев (која беше модератор на сесијата), м-р Дејан Ивановски, Бесиан Мехмети, д-р Огнен Марина, д-р Мартин Гулевски, м-р Елизабета Аврамовска, м-р Вана Урошевиќ, м-р Роберт Јанкуловски и м-р Оливер Мусовиќ. По завршувањето на нивните излагања кои се занимаваа со разновидни проблематики и тоа: причините за реконструкција на Мала станица; реалните потреби и оправданост Мала станица да биде дел од Националната галерија на Македонија и во иднина; можностите овој објект да се реконструира или пак потребата од градење на нов објект наменет ексклузивно за потребите на Националната галерија на Македонија; реалните потреби за просторно-галериски и инфраструктурни измени заради извршување на основната намена на оваа институција; музејските потреби за прилагодување на објектот делумно во депо за чување на музејските експонати итн. На дебатата присуствуваше и министерот за култура, г-дин  Роберт Алаѓозовски, кој ги слушна потребите и причините за превземање на овој голем зафат – реконструкција на објектот „Мала станица“, со цел тој да стане модерен и функционален културен објект по сите современи потреби, норми и стандарди.

По оваа јавна дебати се воочи потребата од одржување на почести јавни расправи на кои ќе се дискутираат вакви или слични проблеми кои ги окупираат културните работници и пошироката јавност.

Следен чекор на оваа јавна дебата е јасно поставување на задачите и целите на Националната галерија на Македонија во однос на реконструкција на објектот Мала станица и отворање на конкурс за изработка на предлог-проект за реконструкција.
      

 

Национална галерија на Македонија

 

интермет

 

Кога би прашале некој колку е голем интернетот, веројатно не би можел да ја погоди неговата вистинска големина.

Бидејќи освен огромен број на веб-страници, постои цел еден свет од страници што не се индексирани во пребарувачите, па е невозможно да се пронајдат.

Според веб-сервисот кој на дневна база ја проценува големината на „world wide web“, моментално неговата големина е околу 4,53 милијарди страници.

Доколку се земе предвид дека во светот живеат околу 7,5 милијарди жители, тоа значи дека на една веб-страница има 1,65 жители.

Компанијата Вижуал капиталист“ се обиде да опише што се случува во само една минута на интернет.

 

Извор:

http://www.fakulteti.mk/news/17-08-10/shto_se_sluchuva_na_internet_vo_rok_od_60_sekundi.aspx

 

 

 

 

 

Девојче во природа

 

1-ви август 2017 год.


„Погледнете ја како е облечена, како ли воопшто ја пуштиле родителите да излезе од дома?!“

Сте ја чуле оваа реченица или некоја многу повулгарна варијанта која вклучува зборови како „простачка“, „неморална“ или „невоспитана“. И ниту еднаш не сте ја чуле да се однесува на машкиот пол. Тоа не е случајно и не е без последици – коментарите од овој тип им всадуваат на жените во свеста уште од најмала возраст идеја дека нивната положба во општеството и однесувањето на мажите кон нив зависат од начинот на кој се облекуваат.

Во основа, зад сите правила на облекување на жената, со кои првпат се сретнуваме кога ќе влеземе во училиште, лежи една едноставна работа – однесувањето на мажите. На девојчињата, наставниците, но и родителите дома ќе им објаснат дека треба „попристојно“ да се облекуваат „за да не ги дразнат момчињата“. Да не ги предизвикуваат. Или иритираат.

„Не повикувај го ѓаволот, облечи се пристојно!“

„Па ти како да бараш некој да те нападне, жено божја?!“

Заборави ги кратките здолништа, ќе те прогласат за неморална. Не со тоа деколте, непристојно е. Шорц? Никако, тоа пристојните девојки не го носат. Претесен фустан, превисоки потпетици, прекратка маичка, и така натаму... и така натаму.

Се прашувам дали истите овие родители им кажуваат на своите момчиња дека жената е нешто повеќе од пар гради, задник или нозе и дека не треба да се носат заклучоци врз база на стилот на нејзиното облекување и дека секоја жена има право да се облекува како што сака? Дека кусокот материјал на панталоните не значи и кусок на морал и на домашно воспитување?!  Дали онака, попатно, им кажале дека проблемот не е во облекувањето на девојките, туку во нив самите, дека мора да научат како да се контролираат?


Џабе се прашувам затоа што го знам одговорот. „Знаете, момчињата во овој период едноставно се такви, не можеме да ги казнуваме за природно однесување“. Секогаш е виновно тоа невоспитано девојче што облекло во шорц или претесни фармерки. „Па ако таа не го сакаше тоа, немаше така да се облекува“, е најчестиот одговор на родителот чие дете е обвинето за насилно однесување кон некое девојче.

И сите кимаме со главите. И на сите ни е нормално и природно жената да е виновна затоа што се облекува на таков начин. И прифаќаме дека мажите едноставно дејствуваат инстинктивно.

Да не бидам погрешно сфатена. Се разбира дека и момчињата и девојчињата треба да знаат како да се облекуваат за разни пригоди, што е за во училиште, а што за журка или за попладневно излегување во град. Целосно ги поддржувам правилата за облекување во училиштата и генерално соодветното облекување и почитување на дрес-кодот – тие правила се создадени со добра причина. Но, не се согласувам дека реакцијата на мажите е таа добра причина!

Престанете на девојчињата да им кажувате како да (не)се облекуваат за да не ги предизвикуваат момчињата. Наместо тоа, научете ги момчињата како да ги почитуваат девојчињата, без оглед дали се облечени во мини-здолниште или во долг фустан. Тоа нема да биде лесно, но е многу важно. И за момчињата, и за девојчињата, и за сите нас.

Љубица Крстиќ

Извор:http://www.fakulteti.mk/news/17-08-01/prestanete_da_im_kazhuvate_na_devojchinjata_kako_da_se_oblekuvaat_nauchete_gi_momchinjata_kako_da_gi_pochituvaat.aspx

 

 

Шефот на „Амазон“ бил во право цело време

 

Ендру Рос Соркин
Шефот на „Амазон“ бил во право цело време

Скептиците кои не му веруваа на Џеф Безос, основачот на Amazon.com, поголемиот дел од последните две децении го поминаа правејќи од него страшило. Го опишуваа како „монополист“, „непријател на книжевноста број еден“, „озлогласен меѓународен избегнувач на данок“, невозможен, суров шеф – и повеќе од еднаш – „Лекс Лутор“. Неговата компанија главно се нарекуваше Amazon.con (што значи „измама“).

Но, еве нè, дваесет години откако „Амазон“ излезе на берзата и Безос е еден од оние луѓе што го променија нашиот начин на живот.

Тој го промени начинот на кој купуваме. Го промени начинот на кој компаниите ги користат компјутерите, на тој начин што релоцираше поголем дел од неговите информации и системи во облак (cloud). Дури и го промени начинот на интеракција со компјутерите со помош на глас: „Алекса!“

Го купи – и повторно го крена на нозе - Вашингтон пост, една од најголемите американски новинарски институции. А, преку својата аеронаутичка компанија Blue Origin вложи милијарди долари во трката за запознавање на вселената.

Дури и Ворен Бафет беше скептичен кога неколку години претходно го прашуваа за „Амазон“. „Бев премногу глупав и не сфаќав што ќе се случи“, призна минатиот месец. „Долго време му се воодушевував на Џеф. Но, не мислев дека ќе успее, сигурно не толку колку што успеа.“

Денес, „Амазон“ вреди 464 милијарди долари. Ако инвестиравте 10 000 долари дента кога се појаи на берзата, денес ќе имавте речиси 5 милиони долари.Денес, „Амазон“ вреди 464 милијарди долари. Ако инвестиравте 10 000 долари дента кога се појаи на берзата, денес ќе имавте речиси 5 милиони долари.

Можеби најголемото изненадување во успехот на Безос беше тоа што успеа да пронајде инвеститори дури и кога „Амазон“ бил во црвено. Тоа не значи дека биле среќни заради начинот на кој Безос ја водел работата. Но, одвреме навреме ги изненадувал носејќи им профит, како да сакал да каже дека може да направи пари кога и да посака, но дека повеќе сака да ги вложи во иднината.

Повеќето директори се грижат како ќе изгледа следното тримесечје. Безос гледа што ќе се случи во наредните години.

„Ако сето тоа што го правиш треба да функционира за најмногу три години, тогаш имаш голема конкуренција“, рече Безос за списанието Wired во 2011 година. „Но, ако сте подготвени да инвестирате во нешто што е на хоризонтот за следните седум години, имате конкуренција која не е премногу силна, зашто малку компании го прават тоа“.

Безос секогаш бил отворен кога станува збор за амбиции и дологорочни планови. „Заради својата насока донесуваме одлуки кои се различни од некои компании“, напиша во првото писмо до акционерите, 1997 година. „Не сме толку одважни да речеме дека ова е вистинската филозофија на инвестирањето, но таа е наша“.

Безос имаше и грешки – се сеќавате кога се обиде да влезе на пазарот со мобилни телефони? – но, често успеваше.

Дали Безос е лесен шеф? Тешко. Бара многу. Но, тешко е да се поверува дека „Амазон“ би бил толку креативен ако тој е брутален и професионален уништувач на души и сништа.

тој изврши притисок на издавачите, им ги намали маржите и практично ги одведе старите книжари во пропаст.Како писател, би требало да го мразам Безос. Најпосле, тој изврши притисок на издавачите, им ги намали маржите и практично ги одведе старите книжари во пропаст.

Но, да се заземе таков став би значело да се промаши што значи иновација. Таа ги руши постоечките индустрии.

„'Амазон' не ѝ се случува на продажбата на книги“, рече Безос во интервју со Чарли Роуз на телевизија. „На продажбата на книги ѝ се случува иднината.“

А, иднината сега им се случува на продавниците и дури на супермаркетите – што е следна цел на Безос. Иднината им се случува и на компјутерите и на компаниите.

Безос има карактеристична насмевка; побарајте го на Youtube. И денес има потполно право да се смее.

Извор: New York Times
Амазон / Џеф Безос

Преземено од: https://okno.mk/node/65703

Бог нé создаде на еден начин, можеме да ја почувствуваме љубовта во срцата, а не илузии изградени преку слава или пари, како што сторив во мојот живот, не можам да ги земам со мене. Јас можам да ги земам со себе само спомените кои беа зајакнати со љубов.

Ова е вистинско богатство кое ќе те следи; ќе те придружува, ќе ти даде сила и светлина да одиш напред.

Огромниот пораст на цените за сместување во хотелите во Скопје, но и во Македонија поради претстојниот УЕФА Суперкуп, инспирираше неколку млади луѓе да почнат акција за обелување на образот на Скопје.Во нивниот најнов проект SuperCupSkopje, членовите на WeTalkIT заедницата, ..

Повеќе артикли...


Видео содржини

Рецитал посветен на св Кипријан

Мај 06, 2018
Од стихозбирките богољубива поезија Манастирски води на сестринството при Слепченскиот Претеченски манастир посветени на светиот свештеномаченик, игумен на Слепченската обител КИПРИЈАН, по повод…

Промоцијата на „Водич за долговечност” од д-р Митов

Апр 30, 2018
Овој Водич за долговечност се фокусира на најчестите болести кои ни стојат на патот на природниот долг животен век. Тие болести не се семоќни, ниту пак ние сме немоќни пред нив. Медицината на…

Велика сабота: слегување на благодатниот оган

Апр 09, 2018
Велика сабота е посветена на споменот на пребивањето на Господ Исус Христос во гробот, и Неговото слегување во адот. Христос е присутен во гробот со телото, а со духот е присутен во адот, истовремено…

Се симна благодатниот оган

Апр 09, 2018
Денес, Велика сабота 2018 година, во 13:17 часот по македонско време, во Кувуклијата во Ерусалим се симна благодатниот оган. Неговата Светост, Патријархот Теофил III Ерусалимски го предаде на верните…

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Мај 15, 2018

СО ДАРУВАЊЕТО ГО ЗАСЛУЖУВАМЕ НАШЕТО ПОСТОЕЊЕ - ТРИФУН КОСТОВСКИ НА 20- ГОДИШНИНАТА ОД НЕГОВАТА ФОНДАЦИЈА

„На сите мои соборци во создавањето на подобар свет им порачувам оти е нужно создавање на филантропска култура“. - Трифун Костовски на денешната свеченост во МАНУ „На човека му е дадено да дарува, пред сѐ себеси. Тоа е единствен начин да раснеме, да го…
Мај 04, 2018

Арт терапија кај децата со аутизам

Во рамките на кампањата на Национална галерија на Македонија под наслов „Ваша приказна, наша историја“ (Your story our HISTORY) која е во знакот наодбележување на нашиот историјат - 70 години постоење, интегрално го проследуваметекстот на проф. д-р Владимир…

Објавен првиот број на „Современост“ за 2018 година

Апр 21, 2018 Литература 154
Списанието за литература, култура и уметност „Современост“ во првиот број за 2018 на 153…

„За и од Киро Глигоров" по повод еден век од раѓањето на првиот претседател

Апр 17, 2018 Литература 128
Насловен „3а и од Киро Глигоров“ тој ги содржи излагањата од конференцијата. „Улогата на…

21. издание на Скопје филм фестивал со ретроспектива на Алфред Хичкок

Апр 16, 2018 Филм, Театар 150
14/04/2018 - 14:12 Вести, КултураНовиот македонски игран филм „Година на мајмунот“ во…

Беседи

 БЕСЕДА за бoжeствeниoт брак на чoвeчката душа  (18.05.2018)

БЕСЕДА за бoжeствeниoт брак на чoвeчката душа (18.05.2018)

 Бoг e вeрeн сопруг на чoвeчката душа. Oн никoгаш нeвeстата – душата нe ја изнeвeрува. Нeгoвата љубoв кoн душата никoгаш нe изгаснува сè дoдeка душата нe сe сврти oд Бoга...

о.Константин Стефковски: Беседа (20.05.2018)

о.Константин Стефковски: Беседа (20.05.2018)

Спасителот поставува услов кон слепите, за да можат тие га го добијат бараното. Господ Христос им поставил кусо и едноставно прашање: „Верувате ли дека можам да го направам тоа?". На...

Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

БЕСЕДА за извoрoт на жива вoда и за сувиoт извoр

БЕСЕДА за извoрoт на жива вoда и за сувиoт извoр

Извoр на живата вoда e самиoт Гoспoд, нeпрeсушeн, прeпoлн, сладoк. Бунарoт e сeкoја чoвeчка рабoта штo сe извршува спрoтивнo на Бoга и на Бoжјиoт закoн и oд кoја луѓeтo oчeкуваат...

Митрополит Струмички Наум:  Недела на слепите (12.05.2018)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепите (12.05.2018)

А кога Богочовекот Исус Христос нè води, тогаш телесниот подвиг преминува во аскетска љубов кон непријателите, па и во мачеништво заради Него; тогаш умната молитва преминува во умно-срдечна, па и...

Митрополит Струмички Наум: Вода жива (05.05.2018)

Митрополит Струмички Наум: Вода жива (05.05.2018)

Кој сака да дознае што значи ова, односно кој сака да го открие изворот на вода жива која тече во живот вечен, нека влезе во апсолутно или целосрдечно послушание на...

Митрополит Струмички Наум: Уво не ми чуе... (28.04.2018)

Митрополит Струмички Наум: Уво не ми чуе... (28.04.2018)

Најпотресна, за мене, е симболиката за исконскиот крик на човекот во потрага по урнек на вистински Човек и човечност, преточена во само двата збора на раслабениот: немам човек!, како и...

Митрополит Струмички Наум: Свети Апостол Тома и ние (20.04.2018)

Митрополит Струмички Наум: Свети Апостол Тома и ние (20.04.2018)

Кој е тој опит за кој постојано говориме и овде и порано, а кој го опишуваме како знаење на умот (разумот), што произлегува од опит на заедницата со Бог, во...

 Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Некаде, некој има убаво кажано дека колку повеќе се доближуваме до Голгота, следејќи Го верно Христос, толку помалку луѓе (духовни чеда, пријатели) гледаме околу нас. Но, ништо чудно. Знаеме и...

« »

Најново од култура

Православен календар

24/05/2018 - четврток

 Св. Кирил и Методиј македонски и сесловенски просветители

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Добредојде Православие.мк

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Последни коментари

Излезе од печат втората книга од едицијата Манастирски води - Лебедот

 

Информации за продажба на книгата „Манастирски води - Лебедот“ може да ги добиете на сајтот на манастирот и преку: s.haritina@yahoo.com или 078 384 867

во Струмица:  075 490 655  и  во Скопје:  070 276 721   Повеќе...

 

Почаевско чудо

Ако некој се помоли од сето срце, тогаш Господ ќе му помогне и ќе го поправи и ќе продолжи по патот на вистината. Во една од посетите на Почаевска Лавра, јас станав сведок на прекрасно чудо, кога пред мои очи се исцели жена која педесет години не можеше да оди бидејќи имаше извиткани нозе. Повеќе...

Архимандрит Георгиј Капсанис

Личноста на архимандритот Георгиј ќе остане во вечно паметење во срцата на оние што го запознале, но генерално и во целата Православна Црква, затоа што преголеми се неговите заслуги за чистотата на верата и за автентичното живеење според неа..Повеќе...

ШТО Е ДУХОВЕН ЖИВОТ И КАКО ДА СЕ ОСПОСОБИМЕ ЗА НЕГО

Неопходност од повторното соединување со Бога заради спасение. Самиот човек не е во состојба тоа да го направи. Духот Божји го совршува ова во нас заради искупувањето кое го донел Синот Божји. Значи, до кој резултат дојдовте барајќи одговор на прашањето што е потребно за да се врати се во претходниот, првобитен поредок? ..  Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

Протоереј Андреј Ткачев: Примете, јадете

 

Во Рајот Господ им рекол на луѓето да не јадат од дрвото на познанието. А злиот лукавец велел – јадете. Христос вели „јадете“, „пијте од Неа сите“, а злиот говори: „не јадете“, „недостојни сте“, „потребно е долго и тешко да се подготвувате“. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Св.Јован Шангајски - БДЕНИЕ

 

Стојте цврсто на духовна стража, затоа што не знаете кога Бог ке ве повика кај Себе. Во вашиот земен живот бидете секогаш подготвени да му положите сметка. Внимавајте непријателот да не ве фати во неговата мрежа, да не ве измами и предизвика да паднете во искушение. Повеќе...

За Моето име

Взбранной Воеводе победительная