логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Деновиве излезе од печат првиот том на зборникот „Хрватско-македонски книжевни и културни врски“, кој е резултат на истоимениот меѓународен собир чии организатори беа Филозофскиот факултет на Универзитетот во Риека и Институтот за македонска литература при Унивезритетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Собирот беше одржан во Риека во 2006 година, а публикувани се 25 трудови во кои се проследени книжевните и културни заемности од создавањето на писменоста, преку средновековието, деветнаесеттиот век до денешни дни.

Во обемниот зборник кој опфаќа 318 страници, поместени се текстови од Горан Калоѓера, Ѓорѓи Поп Атанасов, Илија Велев, Инес Срдоч-Конестра, Естела Банов-Депопе, Дарко Гашпаревиќ, Васил Тоциновски, Валентина Миронска-Христовска, Саша Лајшиќ, Ана Мартиноска, Маја Јакимовска-Тошиќ, Бранка Калоѓера, Наташа Аврамовска, Сањин Сорел, Давор Пискач, Мишел Павловски, Јелена Лужина, Александар Прокопиев, Јасмина Мојсиева-Гушева, Сања Тадиќ-Шокац, Африм Реџепи, Данијела Бачиќ-Карковиќ, Јосипа Лисац, Лилјана Макаријовска, Лорета Георгиевска-Јаковлева и Борјана Прошев-Оливер.

Издавач на Зборникот е Филозофскиот факултет на Универзитетот во Риека, а преводите од македонски на хрватски јазик се на Борислав Павловски, Ивица Баковиќ, Вирна Карлиќ и Саша Лајшиќ. Новиот том од Втората конференција, одржана во Охрид во 2007 година, чиј издавач е Институтот за македонска литература, ќе се појави во октомври годинава. (Н.П.)-Утрински весник

 

 

Фондот „Петре М. Андреевски“ се формира од архивска граѓа во ракопис, признанија, повелби, фотографии

 

Вчера во МАНУ со пригодна свеченост официјално беше основан фондот „Петре М. Андреевски“ со седиште во Архивот на МАНУ. Станува збор за ракописи, архивска граѓа, тетратки со романи во ракопис, фотографии..., кои се од непроценлива вредност за македонското литературно наследство. Овие материјали, кои од денеска ќе бидат заштитени во Фондот, се дел од огромното наследство што зад себе го остави бардот на македонската литература Петре М. Андреевски.

Материјалите вчера беа предадени во МАНУ од страна на семејството Андреевски, но и од донатори. Меѓу имињата кои беа споменати и кои присуствуваа на вчерашната свеченост се: писателот Милован Стефановски, поранешен директор на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, Танас Вражиновски, сопственик на издавачката куќа „Табернакул“, Илија Илоски, долгогодишен близок пријател на Андреевски, писателот Михаил Ренџов и други.

Свеченоста по повод формирањето на Фондот „Петре М. Андреевски“ се одржа во присуство на претставници на Македонската академија на науките и уметностите, а претседателот на МАНУ, академик Георги Старделов и академик Иван Катарџиев, потпишаа договор со претставници на семејството на академик Андреевски, со кој целокупниот материјал се отстапува на Фондацијата. Тој наскоро ќе се дигитализира и во таква форма ќе му биде вратен на семејството, додека оригиналите ќе останат во Архивот на МАНУ, во Фондот која го носи името на академикот Петре М. Андреевски.

„Станува збор за голем ден и значаен чин со кој неисцрпното творечко богатство на бардот на македонската литература ќе биде собран на едно место и заштитен од забот на времето“, рече академик Старделов. Од името на семејството Андреевски договорот го потпишаа неговите две ќерќи, кои го потврдија фактот дека огромното литературно наследство на нивниот татко во ракопис се должи на тоа што академик Андреевски, иако поседувал компјутер, бил љубител на рачно пишување. Речиси сите свои дела ги напишал на хартија, како што се гледа од граѓата, пишувал во тетратки, а некогаш и на парче весник. Така, на пример, се сеќава ќерката Деница, можеби најубавата поетска збирка „Дениција“ Петре ја напишал на парче весник, седнат на тросед наведнат над малото масиче во работната соба.

Фондот, меѓу другото содржи и архивска граѓа на Петре М. Андреевски и тоа: диплома за сценариото „Долненски гајдаџии-Порторож“, Рациново признание за книгите „Сите лица на смртта“ и „Неверни години“, диплома по повод 2 Септември - Денот на ослободувањето на Демир Хисар, за литература - наградите „Стале Попов“ за романот „Пиреј“ и за „Небеска Тимјановна“, наградата 11 Октомври за стихозбирката „Дениција“, наградата „Печалбарски денови-Вевчани“, наградите за литература на „Струшките вечери на поезијата“ од 1986 и 1982 година, наградата „Илинденски денови-Битола, Златна плакета од Драмски театар, Карикатура Екран, благодарница од Друштвото на писателите на Македонија за литература и награда „Арка“ за најдобра книга -„Последните селани“. Во Фондот ќе се најдат и повеќе тетратки во ракопис со славните романи „Тунел“, „Последните селани“, „Скакулци“, „Пиреј“, „Небеска Тимјановна“, недовршениот „Бежанци“... Во материјалите се поместени и 54 фотографии, како и еден албум со фотографии.

 Невена Поповска- Утрински весник

 

 

Повеќе артикли...


Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Август 24, 2019

Косаковски дојде на Македокс: „Не правете филмови ако можете да живеете без да правите филмови“

„Не правете филмови ако можете да живеете без да правите филмови“, вели првото од десетте правила за млади документаристи на Косаковски. Како предавач, тој ќе зборува за своите принципи при креацијата на своите синеастички дела и ќе ги претстави своите…
Август 18, 2019
чехов

Карактеристиките на вистински културен човек според Чехов

„Животот има свои услови. За еден човек да биде прифатен меѓу вистински образовани луѓе, тој мора да биде образован“, вели во едно писмо рускиот писател Антон Павлович Чехов кое му го испратил на неговиот помал брат, во кое му напишал и листа на услови што…

Рабиндранат Тагоре:„Погрешно го читаме светот и велиме дека нè залажува.“

Јул 04, 2019 Литература 263
Љубовта е еден од најзастапените и најуниверзалните мотиви во сите уметнички облици.…

Петтата сесија на Охридската школа на природното право

Јул 02, 2019 Научни трудови 198
Првата сесија од овој настан ја отвори акад. Владо Камбовски, раководител на Центарот за…

Доделени наградите „Златен був“ на 9. Филозофски филмски фестивал

Мај 18, 2019 Филм, Театар 306
Рускиот филм „Ноќен разговор со џелат“/ Night Talk With a Hangman и режисерот Јаков…

Беседи

БEСEДА за Христoвoтo мирoтвoрствo

БEСEДА за Христoвoтo мирoтвoрствo

Да, и пoкрај тoа штo сè уштe има вoјни. Глeдај, вoјнитe пoмeѓу христијанскитe нарoди нe сe истo штo и вoјнитe пoмeѓу нeзнабoжцитe. Нeзнабoжцитe вoјувалe сo гoрдoст, христијанитe вoјуваат сo срам....

Антониј, Митрополит Сурошки: Преображение

Антониј, Митрополит Сурошки: Преображение

Мојсеј влегол во тој облак и му било дозволено да разговара со Бога како пријател со пријател; му било дозволено да види како Бог поминува покрај него, сè уште без...

Митрополит Струмички Наум: Преображение, наше (18.08.2016)

Митрополит Струмички Наум: Преображение, наше (18.08.2016)

„Според православната црковна антропологија на Светите Отци, суштината на умот се наоѓа во срцето како духовен центар на човекот, а енергијата на умот преку  сетилата се расејува по светот. Насочувањето...

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Нашето одење во црква

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Нашето одење во црква

Ние можеме да се молиме за здравје и за сè друго што нам ни се чини дека е добро да бараме, но не смееме да очекуваме дека ако одиш во...

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Сите сме жртви на суетата, помалку или повеќе. Забораваме дека гревот што го „препознаваме“ кај нашиот ближен, според Светите Отци, постои и во нас или е најчесто само наша проекција....

Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН  и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Просто, сме станале верна копија на старозаветните Црква, храм и свештенство – во нивната изобличеност, со слични рестриктивни правила кон обичниот верник (сепак носител на царското свештенство) и со ист...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: За маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: За маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Оваа состојба на демоноопседнатост не е некаков мит или обична приказна, или пак, средство за заплашување. Не, таа е реалност и постои. Колку и да се обидуваат некои да ја...

« »