логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Сведоци сме дека овие денови во оваа Страдална седмица од Великиот пост, толпа народ ги посетува Црквите. Се има впечаток дека имаме преголем број верници, но дали тоа навистина е така? Во нашата држава има многу Цркви, но за жал има многу малку верници. Ова е жално но вистинито. Овие денови ние забележуваме премногу народ но НЕ во Црквите, туку во ДВОРОВИТЕ од Црквите.

o.Stefan.Frimen.jpg

Ништо од човечкото тело не е толку интимно како лицето. Ние често мислиме на други делови од нашето тело кога кажуваме „интимни“, но нашето лице  е тоа што открива најмногу за нас. Лицето е тоа што бараме да го гледаме за да видиме што сакаат другите да кажат, па дури и за тоа кои се тие. Важноста на лицето (ликот) повеќекратно е потцртана во Светото Писмо.

Ако се оттргнеш од моето архипастирско иго, ќе одиш во адотИ верноста кон Христа не е сосема иста со верноста кон амбициите на туѓиот началник. Верноста кон Христа е верност кон Христа и кон никој друг. Со еден исклучок: Сам Христос во оваа формула решил да се замени Себеси со зборот „ближен“. А ближните не се кријат зад телохранители.
Ќе ја повторам својата формула на аксиолошка спротивставеност за Украина. Таа е дводелна. Во нејзиниот прв дел, неопходно е сите страни да кажат дека нема грев во тоа да преминеш во таа Црква што денес ја создава

o.metodij.jpgЛошите зборови ги расипуваат добрите обичаи. Се спомнаа мирисни цветчиња, крвави бебиња, сластољупци и среброљупци, фетуси, инквизиции, распуштени жени, џипови, стереотипи и општи места од кои, наместо решение, може само да добиеме мигрена, а правото на избор или правото на живот да се претворат во логичката дилема за кокошката и јајцето. Многу е наивно да очекуваме спорот да се реши преку ноќ. Конечно, затоа тој постои со векови. Но, некаде секако треба да се почне и тоа со конструктивен пристап.


Христијанството му говори на човекот дека тој не постои заради смртта и за да биде сенка во таинствените пребивалишта на митолошкиот Ад, туку постои за вечен разумен живот на небото, во Божјото царство на светлината и на вистината. Следствено, христијанството му ветува на човекот не проста бесмртност на неговиот дух, туку целосна возобнова на сето негово битие

По ова јасно Светиот Дух ни дава до знаење и ни открива со самото тоа што поставува запирка и потоа укажува Македонец а не човек од Македонија што значи дека Македонец е поим и чувство на некој кој се стреми и моли за спасние од Бог а не и секој кој живее во Македонија, што можеме и тоа денес јасно да го увидиме..

Тесла ја прифатил понудата и напишал прекрасен есеј за тоа како сиот свој живот, од најраното детство трагал кон зголемувањето на човечката енергија. Тој наведува колку бил длабоко зачуден и воодушевен кога после многу години и децении на истражување конечно го нашол одговорот, кој всушност се наоѓал покрај него, во христијанството и тоа баш во молитвата ОЧЕ НАШ...

o.Igor.redakcija.jpgЗабележувам: Рационализмот и емпиризмот имаат направено голема штета во меѓучовечките односи (на пример, во Македонија). Да не беа некои од столбовите на науката верни луѓе -како Блез Паскал, Исак Њутн, дури и таткото на „релативизмот“ (барем на еден особен филозофски начин) Алберт Ајнштајн - таа штета можеби ќе беше вистинска пустош

Кога говори за постот Светата Црква, покрај воздржување од телесна храна, која што го предизвикува телото на разни страсти, повеќе мисли на духовниот пост. Телесниот пост е само вовед во духовниот и без него нема никаква морална вредност. Ако се воздржуваме од калоричната храна и ако постиме, а вршиме лоши дела, таквиот пост е формален

 На едно место Христос укорувајќи ги фарисеите за нивното лукавство и грев на нерасудување, им вели: Тешко вам, водачи слепи, кои велите: Ако се заколне некој во храмот, не е ништо; но ако се заколне некој во црковното злато, виновен е. Безумни и слепи! Што е поголемо, навистина: златото или црквата, која го осветува златото?

Во Атина се собраа грците и скандирајќи Македонија е грчка ја зголемуваа омразата помеѓу два едноверни народи. Пазете, за парадоксот да биде поголем оние кој треба да проповедаат мир, проповедаат омраза се мешаат како во црковната така и во световната политика.

Празниците се уживаат со разбирање и радост, како кулминација на претходни духовни прочистувања, а никако со наметнување, посебно не врз децата. Сепак, секуларна држава значи слобода на вероисповед, а не на давање предност на една религија врз друга или на нерелигиозноста врз религиозноста и обратно, па тие правила треба да ги следат институциите и нивните раководители.

Светото писмо и Светото предание вели дека само Бог е безпочетен, сè друго има почеток. Така и нашата Евхаристиска заедница има почеток, нејзиниот почеток е тесно поврзан со ликот и делото на свети Климент Охридски, на кого му ја должиме сета духовно - просветна мисија во црковниот живот на македонскиот народ.

Сега секој е јавна личност, секој има своја `кариера`, секој може да биде препознаен на улица, да му се восхитуваат, секој е - НЕКОЈ, со покритие или без...,а умисленоста и гордоста растат ли растат !

Доволен е еден статус (како овој, да речеме ;)

Ценетата професорка мошне стручно и аргументирано го изложува проблемот со законот за јазиците, давајќи детален осврт кон историјата на неговата генеза, без притоа да имплицира нешто навредливо кон која-годе етничка заедница. Токму последново е особено значајно за нас, како монашка заедница што, во духот на евангелската љубов, непрестајно гради мостови на меѓусебно почитување и добри односи меѓу сите граѓани на Р. Македонија, без разлика на нивната национална, верска или политичка припадност.

Со одлука на Третиот црковно – народен собор, на 17 јули 1967 година, точно 200 години од укинувањето во 1767 година, повторно е возобновена Охридската архиепископија како Македонска православна црква. На денешен ден, пак, на 19 јули 1967, е извршен чинот на прогласување на автокефалноста за време на свечената архиерејска литургија отслужена во црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид.

Тој просто не е само потпис на една влада и премиер и друга влада и премиер, туку логичен и ненаметлив исход на културните и општествени збиднувања во двете држави. Според наше мислење, договорот е срочен во духот на европското право, без двосмислени политички фрази, без никакви навреди, потценувања или превагнувања на едната или другата страна. Дополнителен аргумент за неговата полезност е и суштинската потреба да се има најблизок соработник и сосед пријател, особено за дејствување во меѓународно поле.

Кога изостанува сериозниот пристап кон животот, тогаш просторот се пополнува со јавно глупирање низ кое парадира гордоста. Тогаш и мајмуните дури стануваат среќни што се во Зоолошка градина за да не гледаат што прават луѓето. А, Господ, Господ го чека само нашето покајние.

Но во свет во кој толпа гладни интелектуалци доаѓаат онлајн („гладни“ и физички, но најчесто во смисла на гладни за внимание и признание), да се биде во право - или барем да се изгледа како да си во право - често е единственото што е важно.Атмосферата авторот ја опишува со западна метафора - средношколска кафетерија

Таа духовна празнотија се обидува да ја пополни со лажна слобода, која сака да ја постигне со извртување на вистинската слобода, наметнувајќи постепени промени како на личен така и на општествен план, ама дали душата и духот така вистински ќе пребиваат во мир?!

Повеќе артикли...


Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…
Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1481
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 934
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1184
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

Беседи

Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на слепиот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на слепиот

Но, слепиот човек прогледал дури во оној миг кога станал послушен на Божјата заповед и ја прифатил Божјата промисла за себе, која била поинаква за него, ако ја споредиме со...

Стефчо Беќарски:✥  ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ВЕЛИГДЕН ✥

Стефчо Беќарски:✥ ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ВЕЛИГДЕН ✥

 Духовното гледање претставува гледање на вистината. Вистината се состои во сфаќање на фактот дека сите ние сме грешни. Духовниот поглед се избиструва кога човекот ќе биде способен да ги открива...

БEСEДА за свeтитe Бoжји луѓe

БEСEДА за свeтитe Бoжји луѓe

Какo гoвoрeлe и какo гoвoрат свeтитe Бoжји луѓe и вeли: “Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe,ниту спoрeд свoeтo учeњe, ниту...

За силата на смртта и на крстoт Христoв

За силата на смртта и на крстoт Христoв

Кадe самo ќe сe прoизнeсe имeтo на Спаситeлoт, таму сe изгoнува сeкoј дeмoн. Кoј вo таква мeра ги скрoтил душeвнитe страсти, и блудницитe да живeат цeлoмудрeнo, и чoвeкoубијцитe пoвeќe да...

Митрополит Европски Пимен: “Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така?“

Митрополит Европски Пимен: “Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така?“

“Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така? Зар не го дишеме воздухот сите еднакво? Како тогаш не се срамите да...

БEСEДА  за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

БEСEДА за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

Каква e таа прeљуба штo ја направил Израилoт и Јудeја (т.e. израилскиoт и јудeјскиoт нарoд) сo камeн и сo дрвo? Тoа e пoклoнeниeтo на идoлитe oд камeн и oд дрвo....

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

Христoс e пoтрeбeн и на пoчeтoкoт и на крајoт. Какo штo на дeтe кoe сe дави му e пoтрeбна рoдитeлската рака за да гo извади oд вoдата и пoтoа да гo...

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Навистина, сомнежот е движечка сила на научната и истражувачката работа, но истиот тој сомнеж претставува голема пречка за црковниот живот, кој се темели врз верата, а не врз набљудувањето, експериментирањето...

« »