логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Отворени саемите на книга и либрографика и на образование и кариера


Скопје, 8 април (МИА) - Книгата вреди повеќе од сите симболи со кои се украсени и насликани спомениците. Таа самата станува монумент во срцето на оној кој ќе ја прочита. Со овој египетски запис стар 3000 години  премиерот Никола Груевски денеска ги прогласи за отворени 21. Саем на книга и либрографика и 12. Денови на образование и кариера, посочувајќи дека настанот ја потврдува праисконската жед на човештвото за пишаниот збор и дека и по три милениуми нештата не се измениле.

Шеесет и четири издавачки куќи ќе учествуваат на 21. Саем на книга и либрографика  кој во втората и третата хала на Скопски саем ќе се одржува од денеска до 14 април. На саемска површина од 7.000 метри квадратни ќе се претстават домашни и издавачи од регионот. На најмасовната редовна културна манифестација во земјава ќе биде презентирана најновата книжевна продукција, жанровски разновидна литература, илустрирани изданија, канцелариски материјали и опрема. Саемот ќе организира секојдневни промоции на издавачите и средби со автори.

Од денеска до 10 април, пак, во четвртата саемска хала ќе се одржуваат 12. Денови на образование и кариера, на кои 37 државни и приватни високообразовни институции од Македонија и од 13 земји ќе ги презентираат своите наставни програми. Манифестацијата им овозможува на идните студенти да се информираат за условите за студирање и за можностите за стипендирање.

- И оваа година манифестацијата ќе ги соочи авторите и читателите на едно место, ќе воспостави комуникација со клучни теми, ќе ја поттикне читателката љубопитност и повторно ќе ги отвори широките хоризонти на светот.... Знаењето, образованието и книгата како основно средство за изразување, образование и комуникација, се полињата на кои  Владата во изминатиот период засилено инвестираше, знаејќи дека со тоа инвестира во новите  генерации и во подобра иднина на државата, истакна Груевски.

Тој посочи дека меѓу мноштвото изданија ќе бидат претставени и капитални проекти на Владата од областа на литературата и образованието, како едицијата „130 тома македонска книжевност“, проектот Превод на 500 учебници и стручни книги и Превод на литературни дела од добтиници на Нобелова награда за книжевност.

Груевски рече двата саема се исклучително интересни настана за младите поради нивниот информативен и едукативен карактер. - Образованието го подготува секој млад човек за предизвиците со кои ќе се соочува со животот, Во образованието е иднината на нацијата, во образованието е силата и моќта на човекот. Книгата, пак, е неизоставен дел од образованието и оттаму значењето и поврзаноста на овие два саема кои ќе бидат корисни за сите и ќе придонесат за развивање на соработката меѓу различни институции и компании, додаде премиерот Груевски на свеченото отворање на манифестациите и на учесниците им посака успешни саемски денови. хс/са/12:51

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Мај 10, 2020
3.angeli.so.truba

Емануел Рембер: Читањето е убава мрзеливост и вистински лек

-Чудно е тоа што изолацијата ја доживувам како миг во кој сè е замрзнато. Секако дека сè уште пишувам дневник. Но, во суштина малку пишувам. По неколку реченици на врвот од изолацијата. Ме обзема некое нерасположение. Оваа нова состојба ме води кон некоја…
Април 29, 2020
3.angeli.so.truba

„Ако има волја има и начин“ – Џорџ Бернард Шо

Бидете секогаш чисти. Бидејќи вие сте прозорот низ кој го гледате светот. Демократијата е процес кој ни гарантира дека никој нема да владее подобро од тоа што заслужуваме. Кога човек сака да убие тигар, тоа се нарекува спорт. Кога тигар сака да убие човек,…

Вангел Наумовски уметник кого Салвадор Дали го нарече „сликар од бајките“

Апр 06, 2020 Ликовна уметност 234
3.angeli.so.truba
Со името на охридскиот сликар Вангел Наумовски (22. 3. 1924, Охрид – 13. 6.2006, Охрид),…

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Јан 12, 2020 Друго од култура 683
Mudreci.pustina1
Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше…

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

Ное 24, 2019 Литература 901
7.Vselenski.sobor
– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

За неделата на Светите отци од Првиот Вселенски Собор имав намера да пишувам за молитвата што ги опфаќа сите луѓе и секој човек што конкретно страда, ама за кого... Денешните...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

« »