логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 

Kic.Metodij1.jpg

Kic.Metodij1.jpg

Kic.Metodij1.jpg

Kic.Metodij1.jpg

На 18 ноември 2008 година во скопскиот Култуено- информативен центар се одржа промоција на најновата поезија на Митрополит Методиј Златанов, "{x} - невидливо бело".
- Станува збор за поема од 1500 стихови која во смисловно-структуралниот контекст образува "Мебиусова лента", на тој начин откривајќи ја бесконечната преобразба како доминантна метафора на поетскиот дискурс. Со оваа најнова поетска книга, отец Методиј во стохови го преточува заумниот допир на лириката со топологијата, која како дел од математиката претставува теорија и логика на просторот во постојано движење и преобразба, велат од КИЦ.
Поемата  ја промовираше  Искра Гешоска, а стиховите ги  интерпретираше  актерката  Лилјана Велјанова.

 

Kic.Metodij1.jpg

Kic.Metodij1.jpg

последно
претсмртно
препознавање,
под замаглените сферни бранувања на горчливите масла
над стрмнините на бледожолтата наркоза
(заспивањето ќе искорени сé што е неподвижно)
и бронзената струна
затегната за илјада години,
дали поскоро ќе трепери
од твоето предавство
или од убавината на твојата бескрајна
несовршеност?
од скелети на
еднороги анилопи
и фосилни дијадеми
на црвената буржоазија?
кога
стрелките на часовникот
ќе стапнат на празно и
зимите ќе пропаднат
низ зеницата на исцрпеноста:
да се остави,
да се искорне и најтенката нишка
од задоцнетото будење,
спушти ја дланката
врз последното место на светов,
(не се колебај)
обесчестената планета и тоа ќе го поднесе:
дај ја дланката,
пулсот полека исчезнува,
ете, -- вечност

Promocija.Nevidlivo.jpg

Искра Гешовска

Би му заблагодарила на отец Методиј што ми ја даде довербата и ми ја потргна карпата зад која се наоѓа еден чудесен, не баш во секој здив едноставен за толкување, но близок, бескрајно близок живот и јазик низ кој може да се нурка како во море без дно, како во пустинска дина...
Денеска не е лесно да се биде предизвикан. Предизвикот е веќе минато. Живееме во мигот на познатото, на симулираниот и бескрајно мултиплициран, повторлив, клониран наратив на светот во кој тагата и радувањето се само ефект на некое далечно сеќавање запишано во големата дата база. Дотолку поголема е одговорноста да се биде достоен соговорник на трудот на отец Методиј: бидејќи пред нас е предизвик. Дискурзивен, јазичен, мисловен и емотивен предизвик кој е осенчан од „плодовите на противречноста“, кои отец Методиј ги калеми врз маката и задоволството на зборооформувањето. Соочени сме со исповедната храброст која на дланка ни ги положува сите стравувања, сета тага на планетарниот рапсод кој копнее по своето тихувалиште. Пред нас е интимно откровение кое предупредува, создавајќи јазик кој не е одвоен од светот, не постои изолирано, туку кој е негова арматура, кој конструира и трансцендира повеќе светови и со кој нежно но одлучно се бележат знаците, толковно вкрстувајќи се по аналогија и создавајќи лековито соочувачки облици на исказот. Дискурс без тело, без глас, тивок како здив, писмо кое е отисок на сопственатаа трага.
Водејќи нè како вешт кормилар низ водите на интелектуалното, церебралното, сетилното и интуитивното отец Методиј станува градител на слоевит поетски бедем, кој е во постојан и отворен процес на надградба, во која и читателот е повикан да се вклучи. Сите слоеви, теолошкиот, антрополошкиот, кулуролошкиот, феноменолошкиот со кои суверено се поигрува отец Методиј, отвораат простори што ќе останат вредно јадро за неисцрпно понатамошно истражување и толкување.
Јазикот кај отец Методиј не е чиста форма на безинтересно и невино пеење, туку е насочено и прецизно устроено писмо кое ни ја шепоти сагата за исчезнувањето, за отсуството во радикалната оприсутнетост. Но, она што го ткае отец Методиј ни зборува за раната на едно поинакво исчезнување – исчезнување во кое фрактализираната, фрагментираната личност не може да ја достигне својата совршена проѕирност. Станува збор за постисториска тага на отсутоста на смислата.
Она што фасцинира е исцртувањето на тишината и на зборовниот полумолк кој е во корелација со исконот но кој, едновремено, ги проблематизира неговите илуминации. Па, така, стоиме простум пред потрагата на еден искон кој му се измолкнува на сето она што досега е кажано, помислено и запишано.
Во пеењето на отец Методиј, се чини дека една од поважните теми, и како форма и како содржина, е (дис)континуитетот. Во отвроена, асоцијативна и неповрзана наративна структура, во која се легитимира еден самоидентитет, кој реферира на нелинеарни, незатворени текстови во текстовите на животот, тој ги проблематизира претходните облици на континуитетот. И тоа, не отфрлајќи ги туку само за миг одземјаќи им го спокојството со кое тие се прифаќаат. Така покажува дека тие не се подразбираат сами по себе, дека се конструкт чии парвила треба да се запознаат, и чијашто оправданост треба да се контролира. Тој со врвот на острото перо ги отргнува сите познати и прифатливи модели на мислата од нивната очигледност. Во логосот на отец Методиј, феномените инсистираат да бидат согледани не како мирно, очигледно место, туку како вруток во кој постојано се поставуваат нови прашања за структурата, за системите, за кохерентноста и за преобразувањето. Тие самите како да прашуваат за тоа кои се, како можат да се омеѓат, дали можат да се омеѓат, за каква артикулација се спосбни, какви реакции предизвикуваат во полето на дискурсот. Тој спокојно не искушува, тивко укажувајќи ни дека можеби нештата не се она што мислиме дека се, она во што веруваме дека се.
Линиите на комплексниот, смел, чудесен и неретко субверзивен светоглед на отец Методиј се контури со кои се сенчи структурата на едно искуство кое ве повикува да исчезнете како во пустина што се исчезнува. Дали така ќе се загубат трагата и сеќавањето на тајната или, пак, ќе се открие зборот на потеклото, на она што произлегува од изворот, без никаква сигурност во однос на антропотеолошкиот видик. Токму тој, антропотеолошки хоризонт, кај отец Методиј е можеби највозбудливиот, најпоттикнувачкиот, најхрабриот, но едновремено и најуспокојувачкиот гест на мислата: станува збор за хоризонт кој талка низ лавиринтот на навидум слободната апстракција. Бидејќи апстракцијата е виза за оној кој ги бара спасението, патот, стазата, за оној кој се прашува каде е злото, она бодријаровско, деридјанско, радикално зло, денес, во сегашниот ентрописки миг.
Читајќи ги одновно и одновно мисловните и духовните, би рекла, замки на отец Методиј, откривам јазик, идиом на љубовта но и на бунтот, на прифаќањето но и на критичкото редефинирање и сеќавање. Јазик кој обликува еден елемeнт на објавување и на посветено верување, јазик кој во својата последна инстанца секогаш е несводлив и непреводлив –  кој трансцендира и со тоа деконструира.
Отец Методиј во текот на нашето патување низ белината на стихот ни нуди карта за едно не-место во кое секој може да исцрта фрагменти од својот простор, од својата повторливост, од својата ронливост. Пред нас стои перформативот на неповторливата молитва, смелоста таа да се сведочи и сподели исповедно и јавно, создавајќи мапа на канцерогените ткива низ кои преданието се обидува да се сочува бистро, незаматено. Да се понесе крстот на понирањето во себе, на копањето низ сопствените думани и празнини кои треба да ја добијат формата на логосот, е подвиг кој го обезбедува клучот од портата зад која се крие најубавиот, а воедно и најосамениот пустински цвет.
Низ своите стихови отец Методиј го расфрла семето на цел спектар на идентитети: колажно – монтажни, цитатни, евклидовски, ризоматски, идентитети кои се разгрануваат, се фрагментираат огледани во скршеното огледало на историјата, во нестабилниот екран, или расеани како пустинскиот песок под авионот полн со туристи за кои животот е временски прикладно определн пакет аранжман. И така дознаваме каков е постмодерниот субјект. Едновремено сам и дел од колективниот спектакл. Тој ја проектира врз себе индивидуалната човекова болка, мачнината и отсуството на смисла. Но отец Методиј оди чекор понатаму, велејќи ни дека човековата болка е мимезис, подражавање и симболизација на појмот, наратив на апсурдот.
Навистина боли отвореноста кон иднината, која е исткаена од минатото и од сегашноста, отвореност кон радикалноста на злото и на симболичката смрт кои светот ги носи во себе, а кои како пророштво ни шепотат за можностите што едновремено ја отвораат но и можат да ја прекинат историјата, или во најмала рака да го прекинат текот на историјата. Таква опција за иднината ни предочува отец Методиј.
Болката каја отец Методиј е белег, значење, извор, но и симулакрум во кој идејата за новиот почеток се брише и се констатираат ефектите на бескрајното траење, отаде крајот на историјата.Трансцеденцијата е разбиена во илјада фрагменти кои се како парчиња огледала и во кои сè уште може да се дофати сопствениот лик.
Се прашувам, кој денес е толку смел да се нурне во невидливата белина на заградите на сопствената животно непозната равенка за да создаде двиг на автобиографија, фрагментарна реконструкција на патот што се изминал и што допрва ќе се врви. И тоа на нежен, суптилен но повеќе од моќен начин кој недозволува експлицитност, туку палимпсестна јазичка игра. На тој начин, отец Методиј создава авторефлекисвен свет кој се обидува парадоксите да ги направи видливи преку манифестацијата на основниот парадокс на естетската форма.
Отец Методиј создава своевидна антиуметност, која е субверзивна во обидот нештата да се доведат под сомнеж и да се надминат. Вклучувајќи го и самиот жанр во кој создава. Вклучувајќи се и себеси.

 

 

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Мај 18, 2019

Доделени наградите „Златен був“ на 9. Филозофски филмски фестивал

Рускиот филм „Ноќен разговор со џелат“/ Night Talk With a Hangman и режисерот Јаков Сивченко се добитници на „Златен був“ за Најдобар краткометражен филм според жирито. Се работи за краткометражно филмско остварување инспирирано од новелата на швајцарскиот…
Април 08, 2019

Како може да им се помогне на оние кои размислуваат за самоубиство?

Според проценката на Светската Здравствена Организација во просек 1 милион луѓе умираат годишно како резултат на самоубиство. Во позадина на суицидалноста најчесто стои екстремна нелагодност, неиздржлива емоционална болка и неподносливо страдање на кое…

Светските научници и НАСА тврдат дека Македонија ја крие тајната за бесплатна енергија!

Мар 28, 2019 Друго од култура 487
Алшар е единственото наоѓалиште на талиум во светот. Tалиумот е цврст сив метал и е…

95 години од раѓањето на Вангел Наумовски – уметникот кој за Салвадор Дали беше „сликар од бајките“

Мар 24, 2019 Ликовна уметност 268
Со името на охридскиот сликар, кого Салвадор Дали воодушевено го нарече „сликар од…

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународен поетски зборник во Италија

Мар 07, 2019 Литература 250
Поетското дело насловено Брзина на сонот (итал. Il ritmo di un sogno) од македонскиот…

Беседи

Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на слепиот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на слепиот

Но, слепиот човек прогледал дури во оној миг кога станал послушен на Божјата заповед и ја прифатил Божјата промисла за себе, која била поинаква за него, ако ја споредиме со...

Стефчо Беќарски:✥  ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ВЕЛИГДЕН ✥

Стефчо Беќарски:✥ ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ВЕЛИГДЕН ✥

 Духовното гледање претставува гледање на вистината. Вистината се состои во сфаќање на фактот дека сите ние сме грешни. Духовниот поглед се избиструва кога човекот ќе биде способен да ги открива...

БEСEДА за свeтитe Бoжји луѓe

БEСEДА за свeтитe Бoжји луѓe

Какo гoвoрeлe и какo гoвoрат свeтитe Бoжји луѓe и вeли: “Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe,ниту спoрeд свoeтo учeњe, ниту...

За силата на смртта и на крстoт Христoв

За силата на смртта и на крстoт Христoв

Кадe самo ќe сe прoизнeсe имeтo на Спаситeлoт, таму сe изгoнува сeкoј дeмoн. Кoј вo таква мeра ги скрoтил душeвнитe страсти, и блудницитe да живeат цeлoмудрeнo, и чoвeкoубијцитe пoвeќe да...

Митрополит Европски Пимен: “Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така?“

Митрополит Европски Пимен: “Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така?“

“Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така? Зар не го дишеме воздухот сите еднакво? Како тогаш не се срамите да...

БEСEДА  за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

БEСEДА за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

Каква e таа прeљуба штo ја направил Израилoт и Јудeја (т.e. израилскиoт и јудeјскиoт нарoд) сo камeн и сo дрвo? Тoа e пoклoнeниeтo на идoлитe oд камeн и oд дрвo....

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

Христoс e пoтрeбeн и на пoчeтoкoт и на крајoт. Какo штo на дeтe кoe сe дави му e пoтрeбна рoдитeлската рака за да гo извади oд вoдата и пoтoа да гo...

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Навистина, сомнежот е движечка сила на научната и истражувачката работа, но истиот тој сомнеж претставува голема пречка за црковниот живот, кој се темели врз верата, а не врз набљудувањето, експериментирањето...

« »