логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Херодот - татко на историјата или на лагите



Како се случило Египќани да пристигнат на Пелопонез и што сториле за да се направат себеси кралеви во тој дел од Грција, беше забележано од други писатели; затоа, јас нема да додадам ништо, туку ќе продолжам да споменувам други мигови кои никој досега не ги допрел.

(Херодот, Историја, 6.55)

Поголемиот дел од нас бил подучуван да го смета Херодот за „таткото на историјата“, но дури и оние кои се следбеници на Плутарх и го ословуваат како „таткото на лагите“ тешко може да докажат дека Херодот лажел за постоењето на таквите хроники. Неговата хроника не била некаква недокажлива изјава за некои далечни луѓе, туку хроника која читателите можеле лесно да ја проверат, доколку веќе не знаеле за неа. Извесно време оставајќи го настрана проблемот околу тоа што навистина се случило над еден милениум пред Херодот да ја напише својата Историја, неговиот исказ цврсто сугерира дека во 5 век пр. н.е. постоело општо уверување дека Грција била колонизирана од Египет на почетокот од херојската епоха. Во ова поглавје, јас се надевам дека ќе покажам оти гледиштата на Херодот за египетските и за феникиските населби, иако биле третирани со удостојување и презир од најголемиот дел од современите класицисти и историчари на древноста, биле конвенционални не само во неговото време, туку и во текот на архајската, класичната и подоцнежната антика.

Пелазги

Пред да почнеме да ги истражуваме гледиштата на Грците од класичниот период за овие и за други хипотетички инвазии, би било полезно да ги земеме предвид нивните идеи за најраното население во Грција. Причината за ова е фактот што тоа е основата врз која тие го гледале дејствувањето на блискоисточните влијанија. Тука наидуваме на трнливиот проблем со најпрочуеното домородно население, Пелазгоите или Пелазгите, име употребувано различно од различни грчки автори. Според Хомер, постоеле Пелазги на двете страни во Тројанската војна. Некои од силите на Ахилеј, Хелени и Ахајци, наводно го имале населено „пелазгискиот Арг“, кој очигледно се наоѓал во Тесалија. Борејќи се на страната на Троја, од друга страна, биле воините на Хипот Пелазгот, кој пристигнал од Лариса. Можното изведување на топонимот Ларис(с)а произлегува од египетскиот топоним Р-3хт, „Влез во плодните земји“, кој веројатно бил употребуван за престолнината на Хиксите, Аварис, во богатите почви на источната делта од реката Нил. Семантичкото усогласување меѓу Ларис(с)а и Р-3хт е извонредно. Понатаму, Хомеровиот епитет за две различни Лариси бил ериболаџ (со длабока почва). Како што укажал Страбон, географот од 1. век пр. н.е. и од 1. век од новата ера, сите грчки Лариси биле на алувијални (наносни) почви.

Величественото и древно пророчиште на Ѕевс во Додона Хомер го нарекувал „пелазгиско“, епитет кој го употребувале и подоцнежни писатели. Пелазги се појавуваат и на други места во неговото набројување на луѓе од Крит, во кои биле вклучени и Ахајци, Етеокриќани, Кидонијци и Дорци. Хесиод, или евентуално Кекроп од Милет, изјавил дека „три хеленски племиња се населиле на Крит, Пелазгои, Ахајци и Дорци.“ Многу подоцна, Диодор Сицилиски тврдел дека Пелазги се населиле на Крит по Етеокриќаните, но пред Дорците.

Дури и доколку претходниот цитат не датира од времето на Хесиод кој, според античкиот модел, живеел во 10. век пр. н.е., тој добро се поклопува со набројувањето на Хомер. Кај Хомер, Пелазгите се одвоени од Етео или „вистинските“ Криќани, за кои се претпоставува дека биле нехелени, можеби анадолски народ, но далеку поверојатно е дека биле луѓе кои говореле на семитски јазик. Освен тоа, Хомер не споменал Данајци или Арѓани на Крит. Овие факти, заедно со општата конотација „домородни“ поврзана со името, се причина за веродостојниот предлог дека Пелазгите биле најраните жители на островот кои говореле хеленски или грчки. Значи, се чини дека редоследот на Хесиод е хронолошки: Пелазгите пристигнале на островот пред ахајската инвазија во 19 век пр. н.е., и пред инвазијата на Дорците од 12. век пр. н.е. Поради тоа, тие и во двете набројувања изгледа дека се еквивалент на Данајците.

Понатамошна индикација дека критските Пелазги биле Хелени доаѓа од врската, предложена од неколку научници, меѓу Пелазгите и Филистејците кои се населиле во Палестина во 12. век пр. н.е. Според една прилично голема библиска традиција, се претпоставувало дека Филистејците пристигнале од Крит. Равенката меѓу „Пелазг“ и „Пеласт“ вообичаено беше објаснувана со постулирање на една оригинална „претхеленска“ експлозивна согласка, која била слушана како „г“ од Грците, и како „т“ кај луѓето кои говореле египетски и семитски јазици. Освен моите сомнежи за постоењето на претхелените, мошне тешко е да се конструира согласка некаде меѓу „г“ и „т“.

Доколку, како што сметам на други места, грчкиот алфабет бил во употреба од 15. век пр. н.е., таква грешка може да ги објасни не само овие текстуални варијанти, туку и самото име Пелазгои. Ова би можело да биде произлезено од „Пеласт“, вокализацијата реконструирана за ханаанската форма. Иако природата на филистејскиот јазик или јазици е сè уште мошне неизвесна, најверојатните кандидати се западноанадолските јазици како лидискиот или грчкиот. Според мене, далеку поверојатно е дека станува збор за грчкиот јазик. Значи, доколку тука постои некакво равенство меѓу Пелазги и Филистејци, што е возможно, и доколку Филистејците говореле на грчки јазик, што е веројатно, тоа уште повеќе би ја зголемило веројатноста дека критските Пелазги говореле на хеленски јазик.

(продолжува)



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Август 18, 2019
чехов

Карактеристиките на вистински културен човек според Чехов

„Животот има свои услови. За еден човек да биде прифатен меѓу вистински образовани луѓе, тој мора да биде образован“, вели во едно писмо рускиот писател Антон Павлович Чехов кое му го испратил на неговиот помал брат, во кое му напишал и листа на услови што…
Јули 04, 2019

Рабиндранат Тагоре:„Погрешно го читаме светот и велиме дека нè залажува.“

Љубовта е еден од најзастапените и најуниверзалните мотиви во сите уметнички облици. Поезијата на Рабиндранат Тагоре, индиски книжевник, филозоф и драматург, е сплетена од стихови кои го докажуваат тоа.Творечкиот опус на овој книжевник го чинат 1000 поеми,…

Петтата сесија на Охридската школа на природното право

Јул 02, 2019 Научни трудови 197
Првата сесија од овој настан ја отвори акад. Владо Камбовски, раководител на Центарот за…

Доделени наградите „Златен був“ на 9. Филозофски филмски фестивал

Мај 18, 2019 Филм, Театар 295
Рускиот филм „Ноќен разговор со џелат“/ Night Talk With a Hangman и режисерот Јаков…

Како може да им се помогне на оние кои размислуваат за самоубиство?

Апр 08, 2019 Друго од култура 503
Според проценката на Светската Здравствена Организација во просек 1 милион луѓе умираат…

Беседи

БEСEДА  за Христoвoтo мирoтвoрствo

БEСEДА за Христoвoтo мирoтвoрствo

Да, и пoкрај тoа штo сè уштe има вoјни. Глeдај, вoјнитe пoмeѓу христијанскитe нарoди нe сe истo штo и вoјнитe пoмeѓу нeзнабoжцитe. Нeзнабoжцитe вoјувалe сo гoрдoст, христијанитe вoјуваат сo срам....

Антониј, Митрополит Сурошки: Преображение

Антониј, Митрополит Сурошки: Преображение

Мојсеј влегол во тој облак и му било дозволено да разговара со Бога како пријател со пријател; му било дозволено да види како Бог поминува покрај него, сè уште без...

Митрополит Струмички Наум: Преображение, наше (18.08.2016)

Митрополит Струмички Наум: Преображение, наше (18.08.2016)

„Според православната црковна антропологија на Светите Отци, суштината на умот се наоѓа во срцето како духовен центар на човекот, а енергијата на умот преку  сетилата се расејува по светот. Насочувањето...

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Нашето одење во црква

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Нашето одење во црква

Ние можеме да се молиме за здравје и за сè друго што нам ни се чини дека е добро да бараме, но не смееме да очекуваме дека ако одиш во...

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Сите сме жртви на суетата, помалку или повеќе. Забораваме дека гревот што го „препознаваме“ кај нашиот ближен, според Светите Отци, постои и во нас или е најчесто само наша проекција....

Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН  и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Просто, сме станале верна копија на старозаветните Црква, храм и свештенство – во нивната изобличеност, со слични рестриктивни правила кон обичниот верник (сепак носител на царското свештенство) и со ист...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: За маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: За маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Оваа состојба на демоноопседнатост не е некаков мит или обична приказна, или пак, средство за заплашување. Не, таа е реалност и постои. Колку и да се обидуваат некои да ја...

« »