логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Православната Црква во текот на годината определила одредени денови во спомен на душите на поедини избрани личности, кои што во одредено време живееле на земјата, а подоцна се упокоиле. Така, некои денови им се посветени на мачениците за Христовата вера, други на праведниците, трети на подвижниците и т. н. За останатите луѓе кои не се канонизирани за светители, Црквата одредила денови кои се наменети за принесување на молебени и помени за покој на нивните души. Во тој контекст е определен денот сабота, како постојан ден за спомен на починатите, во чија рамка секогаш влегува задушница (која како великденска задушница надвор од саботата се совпаѓа единствено со понеделникот по Томина недела). Затоа пак, за живите е одреден денот недела, ден кој сите ние христијаните терба да го посветиме на Бога, посетувајќи ги колку што можеме почесто неделните богослужби, за да Му заблагодариме што не удостоил со можност да се родиме и да ги почуствуваме убавините на овој свет, па уподобувајќи се во Него, да се удостоиме да Му бидеме соучесници во Неговата слава и во оној свет. Значи во саботите можеме да ги посетуваме вечните почивалишта на нашите упокоени сакани, а во неделите треба да ги посетуваме нашите храмови и да учествуваме во литургиското заедничарење со Бога. Да го запамтиме овој редослед на посети и така да ги практикуваме!
Неспорно е дека ние постојано треба да се застапуваме за напште покојни пред Бога и постојано во текот на целиот живот да принесуваме молитви, прозби и помени за блажен покој за нивните души, бидејќи тие самите не можат постсмртно да си помогнат духовно, а пак нам не ни е дадено да ја знаеме понатамошната нивна состојба. За тоа Св. Јован Златоуст вели:
Секој еден од оние што не ќе Го избегнат Гревот овде, не ќе може да Ги избегне неговите последици, туку исто како што затвореникот е воден во синџири од затворот до судот, така и душите што починуваат обвинети во различни видови на Гревови, се водени во страшниот суд. Понатаму тој продолжува: Не плачи за невините. Плачи за тие што умреа богати, а не примија добро од своето богатство за своите души; плачи за тие што можеа да бидат испрани од своите Гревови, но не сакаа.
Значи воопшто не треба да се има сомнеж во принесувањето на помените за покојните. Молитвите кои што Му ги испраќаме на Бога за нашите ближни починати, имаат сила исто како и молитвите кон Бога кои ги принесуваме за нашите живи сакани. Помените за покојните не се залудни, се разбира доколку нивните души не се крајно огревовени или оптоварени со неопростиви гревови. Исто така тие молебени се можност за развивање на верата и побожноста на живите и зајакнување на нивната надеж во Божествената милост, во однос на нивното покајничко исповедување на гревовите, зашто на крајот по свршетокот на овој свет, при второто Христово доаѓање, сите блаженоупокоени души ќе застанат оддесно на Синот Човечки и ќе ја слушнат Неговата благословена покана: “Елате, благословени од Мојот Отец; наследете Го царството, приготвено за вас од почетокот на светот“ (Мт. 25,34).
М-р И. О.


Comments  
0 #1 dvoumenje 2009-03-27 15:24
Sv.Jovan Zlatoust ne veli moletese za upokoenite tuku plachete,oti Gospod Isus veli, sto ke napravite na zemjata ke bide napraveno i za na neboto.A tamu na neboto nema popravka.Vo stariot zavet bog zabranuva da kontaktirame so dusite na upokoenite oti neznaeme koj ke ni se javi ottamu.Vo psalmot veli jadea leb za mrtvite i gi stigna bozjata kazna.Dali ima evangelska poraka za da se molima na Boga za veke upokoenite?Upateteme ve molam. Gospodi, pomiluvajne gresnite.
Quote
0 #2 vesna 2009-03-29 19:15
Quote
0 #3 xx 2009-03-30 19:57
Quote
0 #4 Igor 2009-04-09 07:19
Dobro e da se upatuva narodot vo crkovniot zivot
Quote
-1 #5 mladen vistinolubitel 2009-05-14 16:46
ve molam za citati od sv pismo so koi se potvrduva molenje za umreni i kako moze vo isti moment 1000000 vernici na razljcni mesta na planetava da mu se molat na eden ist svetec i toj da gi slusne site vo istiot moment.neli toa e samo bozjja karakteristika :-? :-?
Quote
0 #6 SOKOL 2009-05-24 22:58
HRISTOS VOSKRESE!

..."13.BRAKA,NE SAKAM DA NE ZNAETE ZA UMRENITE,ZA DA NE ZALTE KAKO I DRUGITE,STO NEMAAT NADEZ.
14.OTI, AKO VERUVAME DEKA ISUS UMRE I VOSKRESNA,TOA I UPOKOENITE VO ISUSA,BOG KE GI PRIVEDE SO NEGO.
15.OVA,PAK,VI GO VELIME PREKU SLOVOTO GOSPODOVO,DEKA NIE,ZIVITE,STO KE OSTANEME DO DOAGANJETO NA GOSPODA,NEMA DA GI ISPREVARIME UMRENITE,
16.BIDEJKI SAM GOSPOD SO ZAPOVED,PRI GLAS NA ARHANGEL I PRI TRUBA BOZJA,KE SLEGNE OD NEBOTO,I NAJNAPRED KE VOSKRESNAT MRTVITE;
17.A POTOA,NIE,STO SME OSTANALE ZIVI,ZAEDNO SO NIV KE BIDEME GRABNATI NA OBLACITE,ZA DA SE SRETNEME SO GOSPODA VO VOZDUHOT,I TAKA SEKOGAS KE BIDEME SO GOSPODA.
18.PA ZATOA,UTESUVAJTE SE EDEN DRUG SO OVIE ZBOROVI."
PRVO POSLANIE DO SOLUNJANITE(13-18)

BLAGODARAM NA BOGA STO GO IMAME BRAT ILIJA DA NE PODUCUVA I DA GO PRENESUVO SLOVOTO SO MUDROST.
SO MIR!
Quote
0 #7 borka 2009-11-22 14:28
PRED TRI NEDELI MI POCINA MOJOT TATKO KOJ BESE PREDOBAR COVEK I KOJ GOSPOD MNOGU GO SAKASE.ZNAM DEKA E VO CARSTVOTO NEBESNO AMA PREMNOGU GO SAKAV I MNOGU TAGUVAM.NEKA GOSPOD MIL,BOGORODICA I SITE SVEETII GO
CUVAAT VO CARSVOTO NEBESNO.SLAVA MU .AMIN.
Quote
0 #8 zz 2009-11-25 12:37
Gospode spomni si za site nasi predci:dedovci,pradedovci,babi i prababi i site rodnini i prijateli.Ne ne kaznuvaj za nivnite grevovi...prosti i upokoj gi po molitvite na site svetiii,angeli i arhangeli...Amin.Amin.Amin.
Quote
0 #9 ile 2010-07-19 19:51
Помените за покојните не се залудни, се разбира доколку нивните души не се крајно огревовени или оптоварени со неопростиви гревови.- so ova titulantot m-r, ne go znam koj, e ama i ne e vazno koj e, saka da kaze deka dokolku stanes m-r, mozes na Gospoda da Mu kazes, da ne gi prima molitvite za "крајно огревовениte".
jezivo
do urednistvoto - Ve molam, tekstovite koi gi objavuvate neka pominat filter, bidejki ima i luge koi ne se mnogu upateni vo verata i so vakvi tekstovi mozat da dojdat do zabluda.
Quote
-1 #10 М-р Илија Орачки 2011-06-20 08:21
Брате Иле. Можеби со задоцнување, но еве давам одговор на твојот ироничен коментар на мојот текст. Меѓу другото цитатот кој го вадиш од контекст, се однесува на христијаните кои црквата ги погребала како блаженоупокоени, кои не се на пр. самоубијци, потоа, тешки непокаени грешници (луѓе кои извршите тешки монстртуозни дела, геноциди, злосторства против човештвото и сл.)за кои царството небесно е дефинитивно загубено. Спомни си за Јуда, кој не најде сила да му пријде на Исуса Христа, макар и кога Спасителот беше распнат на крстот и да побара прошка, но и кога појде со намера да се обеси, односно, ако не го направеше тоа, а да побараше прошка од Господа за своето богопредавство, сигурно ќе ја добиеше. Спомниси за разбојникот распнат одлево на Господа Исуса Христа. Сиот во очај и ужас кукаше на крстот до вечерта додека да ја испушти својата душа, воопшто де следејќи го патот на неговиот „колега“ разбојникот распнат оддесно на Христа, кој само со чисто, свесно и искрено покајание се удостои од Бога да стане првиот жител на Рајот. Спомни си за Ирод, Пилат, потоа Ариј и нему сличните... И што уште да ти кажам брате, а да не го испровоцирам твојот ироничен каприц? Затоа ќе те упатам да ја прочиташ книгата за Сеопштиот Страшен суд - видение на Св. Григориј чинам беше, (прости штом не се сеќавам за нет адресата) но лесно се наоѓа на интернет (на српски јазик доколку разбираш), каде ќе видиш, кој уште од овие двајца нема да се удостои со душевен мир и Царство небесно, зашто, впрочем, кој од Едната Света Соборна и Апостолска Црква некогаш ги спомнал нивните души во кој било помен за упокоени а!?. Поздрав. :zzz
Quote
0 #11 ГоцеВ 2011-06-20 10:15
На Господа никој не може да Му каже кој молитви да ги
прима а кои не, но Господ може да каже кои молитви не сака да ги прими .За името на светителот не можам да се сетам но добро се сеќавам на житието како Господ Му вели да не ни помислува повеќе да се моли за крајно огревовениот негов мачител . Што би правеле ние без светоотечкото предание . Само мојот коментар да не се свати дека не треба да се молиме за нашите непријатели и мачители ,тоа никако а за кого не треба да се молиме Господ да не измудри и просветли .
Quote
0 #12 Маријан 2013-06-11 06:01
Според мене, многу повеќе требаат и грешни луѓе и луѓе кои ни нанесуваат зло, затоа што пак, доколку не постојат такви луѓе, тогаш злото ќе биде победено, па, нема да има никакво дејство врз нас живите. Односно, сакам да кажам дека грешните или огревовените или озлобените луѓе се исто така потребни како и праведните, добрите, оние кои што често се покајуваат за своите грешки, бидејќи без лошите и зли луѓе нема да има можност од искушенија и спасение :-). Според мене малку логичко-математички пристап на сфаќање и гледање на работите од оваа тема. А, од друга страна, пак, треба добро да размислиме кој е до крај на животот целосно не поправлив и непокајлив. Оти и сами знаеме дека ние луѓето ретко да сме постојано на една страна, често сме или на едната-добрата или на другата-лошата страна, итн. топло-ладно до бескрај. Се надевам дека никого со ништо не погодив или навредив. Поздрав :-)
Quote
Add comment

Security code
Refresh


Видео содржини

Верата на нашите татковци - Евхаристија

Авг 04, 2018
Верата на нашите татковци Тема: Евхаристија - Света Причест 11.03.2018

Во продажба е новиот број на Премин 127/128

Јун 05, 2018
„И сега, убеден сум дека тој на небото принесува жртва за нас и се моли за сиот народ (иако нѐ остави, сосема не нѐ напушти), а јас – Григориј, полумртов, полуосакатен, оттргнат од великото…

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Други прашања за верата

Православен календар

24/09/2018 - понеделник

 Св. мч-чки Минодора, Митродора и Нимфодора,Преп. Теодора Александриска;

преп. Силуан Атонски; прeп. Eфрoсиниј гoтвач

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Тропар

Тропар  на светата Христова подвижничка Теодора Александриска 11 септември / 24 септември 2018

Тропар на светата Христова подвижничка Теодора Александриска 11 септември / 24 септември 2018

Блажена света мајко Теодоро,о света подвижничке Христова,благодатта покајание ти подари,мудро пустината ја искористи,

Тропар на св. мч-чки Христови Минодора, Митродора и Нимфодора 10 септември / 23 септември2018

Тропар на св. мч-чки Христови Минодора, Митродора и Нимфодора 10 септември / 23 септември2018

Подвижнички, свети девственички,разум за вишно познание добивте,дар за расудување примајки,Неразделната Пресвета Троица пример за вашата волја постана,

Тропар на св. Јоаким и Ана  9 септември / 22 септември 2018

Тропар на св. Јоаким и Ана 9 септември / 22 септември 2018

Оние кои благодатно праведни беа по законот, Јоаким и Ана, младенец од Бога даруван ни родија.Затоа денес светло торжествува и...

Добредојде Православие.мк

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Последни коментари

Почаевско чудо

Ако некој се помоли од сето срце, тогаш Господ ќе му помогне и ќе го поправи и ќе продолжи по патот на вистината. Во една од посетите на Почаевска Лавра, јас станав сведок на прекрасно чудо, кога пред мои очи се исцели жена која педесет години не можеше да оди бидејќи имаше извиткани нозе. Повеќе...

Архимандрит Георгиј Капсанис

Личноста на архимандритот Георгиј ќе остане во вечно паметење во срцата на оние што го запознале, но генерално и во целата Православна Црква, затоа што преголеми се неговите заслуги за чистотата на верата и за автентичното живеење според неа..Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

Протоереј Андреј Ткачев: Примете, јадете

 

Во Рајот Господ им рекол на луѓето да не јадат од дрвото на познанието. А злиот лукавец велел – јадете. Христос вели „јадете“, „пијте од Неа сите“, а злиот говори: „не јадете“, „недостојни сте“, „потребно е долго и тешко да се подготвувате“. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Св.Јован Шангајски - БДЕНИЕ

 

Стојте цврсто на духовна стража, затоа што не знаете кога Бог ке ве повика кај Себе. Во вашиот земен живот бидете секогаш подготвени да му положите сметка. Внимавајте непријателот да не ве фати во неговата мрежа, да не ве измами и предизвика да паднете во искушение. Повеќе...

За Моето име

Взбранной Воеводе победительная