логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Во Месопотамија настанала „цивилизацијата“
 


Можеби е корисно да понудам општ впечаток околу моите гледишта за историската заднина на темите во оваа книга, особено таму каде што се разликуваат од конвенционалната мудрост. Како и најголем дел од учените луѓе, јас верувам дека е невозможно да се понуди суд меѓу теориите за моногенеза и полигенеза на човековиот јазик, иако сум наклонет кон моногенезата. Од друга страна, неодамнешни дела од мал, но сè поголем број научници, ме убеди дека постои генетска поврзаност меѓу индоевропските јазици и јазиците од афроазиското јазично „натсемејство“. Јас уште повеќе го прифаќам конвенционалното, иако спорно гледиште, дека некое семејство од јазици произлегува од еден единствен дијалект.

Затоа, јас верувам дека со сигурност некогаш постоеле луѓе кои говореле прото-афроазиски-индоевропски јазик. Такви јазик и култура со сигурност се раздвоиле пред мошне долго време. Најновата веројатност би бил мустерискиот период, 50000-30000 години пр. с. (пред сегашноста), но постои голема можност тоа да се случило многу порано. „Терминус анте љуем“ е определен според далеку поголемите разлики меѓу индоевропскиот и афроазискиот јазик, одошто според разликите во нивните рамки, и јас верувам дека раздвојувањето на афроазискиот може да биде временски лоцирано во 9 милениум пред н.е.

Ширењето на афроазискиот јазик јас го гледам како експанзија на културата - одамна воспоставена во источноафриканската Долина на раседот - на крајот од последната ледена епоха во 10 и во 9 милениум пр.н.е. Во текот на ледените епохи, водата била складирана во поларните ледени капи, а врнежите од дожд биле значително помали отколку денес. Сахара и Арабиската Пустина биле уште поголеми и понепристапни отколку сега. Со зголемувањето на топлината и врнежите во столетијата кои уследиле, голем дел од овие региони станале савани во кои се собрале луѓето од оближните области. Најуспешните од овие луѓе, јас верувам, биле луѓето од Долината на раседот кои говореле протоафроазиски. Овие луѓе не само што имале ефективна техника за ловење нилски коњи со помош на харпуни, туку поседувале и припитомени животни и земјоделски посеви. Одејќи низ саваната, луѓето кои говореле чадски пристигнале до езерото Чад; Берберите дошле до Магреб; а Протоегипќаните во Горен Египет. Луѓето кои говореле протосемитски ја населиле Етиопија и продолжиле кон арабиската савана.

Заедно со долготрајното сушење на Сахара во текот на VII и VI милениум пр. н.е., се одвивале движења кон долината на Нил во Египет, од правец на запад и исток, како и од Судан. Јас сметам и дека - но овде сум малцинство - слична миграција се одвивала од арабиските савани кон Долна Месопотамија. Најголем дел од научниците веруваат дека оваа област најпрво била населена од Сумерците или Протосумерците, како и дека Семитите од пустината се инфилтрирале дури во III милениум пр. н.е. Јас тврдам дека во текот на VI милениум пр. н.е., семитскиот јазик се ширел со таканареченото убаидско грнчарство во Асирија и во Сирија, со што повеќе или помалку го зазел регионот на Југозападна Азија, каде денес се говори семитски. Јас ги замислувам Сумерците како дојденци во Месопотамија од североисток, на почетокот од IVмилениум пр. н.е. Во секој случај, од најраните текстови кои биле напишани, текстовите од Урук од приближно 3000 г. пр. н.е., ние сега знаеме дека постоела прилично забележителна двојазичност во семитско-сумерскиот јазик.

Малку научници ќе ја оспорат идејата дека Месопотамија била сцената каде најпрвин било создадено она што го нарекуваме „цивилизација“. Со можен исклучок на пишувањето, сите елементи од кои била составена цивилизацијата - градови, земјоделско наводнување, обработување метали, архитектура од камен и тркала, како за возила, така и за изработување грнчарски производи - постоеле претходно и на други места. Но овој збир, кога бил крунисан со пишувањето, овозможил голема економска и политичка акумулација, која со право можеме да ја согледаме како почетокот на цивилизацијата.

Општата шема на експанзијата од Централна Азија или од степите, беше развиена пред дешифрирањето на хетитскиот јазик, откритието дека бил „примитивен“ индоевропски јазик, како и понатамошното признавање дека постоело анадолско јазично семејство. Во „анадолски“ јазици не се вклучени јазиците како фригискиот и ерменскиот кои, иако се зборувале во Анадолија,
современа Турција, очигледно се индоевропски. Вистинските анадолски јазици, хетитскиот, палајскиот, лувискиот, ликискиот, лидискиот, лемнискиот, веројатно етрурскиот и можеби карискиот ‡ поттикнуваат многу проблеми во конвенционалното гледиште за индоевропското потекло. Во основа постои согласност дека протоанадолскиот се раздвоил од протоиндоевропскиот пред расчленувањето на протоиндоевропскиот. Сепак, невозможно е да се определи временската должина меѓу двата настани, кои би можеле да се протегаат од 500 години, па сè до 10.000 години. Во секој случај, постои значителна разлика поради која многу лингвисти прават дистинкција меѓу индоевропскиот, во кој не се вклучени анадолските јазици, и индохетитскиот, во кој се вклучени и двете семејства. Доколку, како што претпоставува најголемиот дел од историските лингвисти, не само индоевропскиот, туку и индохетитскиот јазик започнал да суштествува на
северот од Црното Море, тогаш како и кога луѓето кои говореле анадолски јазици навлегле во Анадолија? Некои авторитети тврдат дека ова се случило во текот на доцниот дел од 3. милениум пр. н.е. кога, како што посочуваат месопотамски извори, таму се случиле инвазии на варвари. Далеку поверојатно е дека овие инвазии биле изведени од луѓе кои говореле фригиски и протоерменски. Речиси е неверојатно дека период од неколку стотини години, пред првото сведоштво за хетитскиот и за палајскиот јазик, би овозможил мошне забележително диференцирање меѓу индоевропскиот и анадолскиот, како и во рамките на самото анадолско семејство. Археолошките сведоштва за 3. милениум пр. н.е. се крајно слаби и недоследни, но тука не постои очигледно раздвојување во материјална култура кое би се вклопило во толку големо лингвистичко поместување. Освен тоа, не би требало премногу да се потпираме на аргументот од тишината и не можеме да го исклучиме напливот од анадолска култура во 5. и во 4. милениум пр. н.е.

(продолжува)

Извор http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=364&ArticleID=22328

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1259
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1583
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

20/04/2024 - сабота

Велигденски пости; (на масло)

Св. Георгиј Исповедник; Преподобен Нил Сорски; Св. маченик Калиопиј; Преп. Данило Перејаславски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная