логоFacebookTwitterYouTubeeMail

7.Vselenski.soborКамо да немаше потреба да зборуваме, денес, за ова безумство човечко, за коешто зборува Христос во денешното евангелско четиво (види: Лука 12, 16–21). Но, за жал, постојат такви моменти и такви луѓе, кои Бог Го препознаваат како Оној Кој ги расипува нивните планови, Кој го „упропастува“ нивниот живот, и не Го гледаат како добар и благ, како љубовен и сострадален Бог. И во денешното евангелско четиво гледаме човек чии планови, желби и волја се апсолутно спротивни на Божјата волја и промисла за него самиот

Eдинствoтo на вeрата, браќа, и пoзнавањeтo на Синoт Бoжји, Гoспoда Исуса Христа Спаситeлoт, сoeдинува двајца луѓe вo eдeн чoвeк, илјада луѓe вo eдeн чoвeк и мнoгу милиoни луѓe вo eдeн чoвeк. Eдинствoтo на вeрата вo Христа Гoспoда ги сoeдинува луѓeтo пoсилнo oд крвта, пoсилнo oд јазикoт, пoсилнo oд надвoрeшнитe oкoлнoсти и матeријалнитe врски. Кoга мнoгу души мислат eднo истo, eднo истo сакаат и бараат,

7.Vselenski.soborПремногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу јасна: обожението на човековата природа во Синот Божји – Богочовекот Исус Христос, е основа на обожението на секој човек кој тоа го сака, во Црквата како Тело Негово – со учество во нејзините свети Тајни и Добродетели.

Следствено, грев е човек да биде острастен кон материјалните нешта, кон земните блага, кои се минливи и му се дадени на човека да му послужат за добро, а не тој ропски да им служи ним. И еве, во денешната парабола е опишан токму таков човек, еден типичен егоист, потонат во своето себељубие, чиешто божество било сопственото јас. Погледнете само колку пати во една реченица тој ги присвојува за себе нештата што Бог му ги дал: плодовите свои, амбарите свои, сето свое жито и сите свои добра, душата своја. Свое, свое, свое…

7.Vselenski.sobor Бог Го покажа Своето човекољубие не со евтини слова, но со принесувањето на Својот Син. Христос се појави во светот, со низа конкретни дела на љубовта. Првото дело е наклонетоста кон човекот, кеносисот на Бога – движење од љубов, преку кое Бог излегува надвор од Себеси и ја наведнува небесата, слегува на земјата, доаѓа во нашиот свет и ја прима нашата човечка природа, која сме ја потчиниле на распаѓањето, болеста и смртта.

7.Vselenski.soborПосебно по воплотувањето Христово и Неговиот Домострој на нашето спасение, ѓаволот станува како играчка со која малите деца си играат (свети Атанасиј Велики) или како спаринг-партнер за оние што се вежбаат во доброто; како некој што постојано ни ги покажува нашите слабости и страсти и како одличен слуга во процесот на нашето самопознание.

 7.Vselenski.soborТаа единствена тихувателка и патоводителка низ исихијата, нè приведува во заедницата од која се откинавме, а еве повторно ни е дадена можност, не само да се вратиме, туку да црпиме благодат врз благодат, како што вели светиот Јован Богослов, токму преку Богородица, Која од името на светот и човекот му кажа да на Бога, а потоа сите зборови на Својот Син ги сложуваше во срцето,

Денес, драги мои пријатели, поученоста од животот на старозаветните праведници ме наведува со вас да зборувам за верата. Имено, нивната големина е одредена само со верата, точно живата и дејствителна вера. Без вера не може да му се угоди на Бога. Обрнете внимание на тоа, драги мои, дека ним им било неспоредливо потешко да веруваат отколку нам: нивната вера се хранела исклучително со Божјите ветувања, а пред нас сјае гоемото дело на искупувањето кое веќе се случило во светот.

7.Vselenski.sobor Епископот не станува Епископ поради некаква своја заслуга, туку исклучиво по благоволение Божјо, во послушание кон Светиот Архиерејски Синод, поради молитвите, и најважно од сѐ, заради потребите на Црквата. Затоа, надвор од Црквата и нејзината Евхаристија, Епископот нема идентитет, и не постои како Епископ, но и Црквата не може да го оствари своето литургиско постоење без Епископот, кој ја возглавува. 

 7.Vselenski.soborСтрашна е потребата на човекот да се самооправдува; за мене, дури најпогубната појава од сите гревовни појави во човековиот душевен и ментален свет. Самооправдувањето е главна карактеристика на паднатиот човек, на неговиот паднат ум.
И самиот пад на човекот не се случи со земањето на забранетиот плод, туку токму со самооправдувањето: „жената, која Ти ми ја даде, ме прелажа“, како и: „змијата ме измами, и јас јадев“ (види: 1 Мој. 3, 12–13). Самооправдувањето, поврзано со

Грeвoт избeзумува, грeвoт oбeзглавува. Чoвeк пoтoнат вo грeвoви и вo пoрoци сличeн e на кoкoшка, чија глава e oтсeчeна, та умирајќи грчeвитo прeта и скoка ваму-таму. Цeлиoт нeзнабoжeчки свeт прeд Христа Гoспoда прeтставува oбeзглавeна маса, кoја вo грчeви умира.
Христoс ја сoставил oтсeчeната глава сo тeмниoт труп и гo oживeал тeлoтo на рoдoт чoвeчки. Oн e глава на нeбeснoтo вoинствo и Oн тoа никoгаш нe прeстанал да бидe.

Такви луѓе во Христово време имало многу, но и денес не се малку. Тие малку се интересираат за Евангелието, или, пак, и воопшто не се интересираат, а некои се дури и против Евангелската наука. Се поставува прашањето: зошто некои се против Евангелието? Дали можеби имаат пронајдено друг подобар правец кој ги изградил подобро на морален план? Не! Денеска постојат толку многу пропаганди и влијанија со најразлични форми, кои влијаат кај

Првиот, после неговата средба со Ослободителот и Спасителот Христос, од корен се променува: од гол постанува „облечен и разумен“; од несоцијален, којшто живеел по гробовите и пустината, сега се наоѓа во комуникација со неговите сожители и брза за да се сретне со нив и да им соопшти за неговото чудесно исцелување – наспроти агресивната, разорителна

Во трњето кое го уништува Словото на Божествената вистина, освен богатството, насладите и животните грижи (Лк. 8,14), во нашето време треба ги видиме и различните лажни учења кои ги шират научници кои ја изгубиле вистината и заталкале од нејзиниот пат. Таквите учења кај нас се доста распространети: едни гласно и отворено одат против вистината, а други истото потајно го наговестуваат,...

И ние, кои го носиме името христијани, кои живееме со верата на мачениците – сме сведоци за Христа. Некои, можеби, со право, ќе се запрашаат – па како можеме ние денес да сведочиме, и како можеме воопшто, да бидеме сведоци Христови? – Можеме! Можеме и треба да бидеме сведоци за Христа. Но, ова наше време не бара да бидеме маченици, не бара да ги положиме своите животи за да сведочиме!

sv.Averkij.Ramnoapostolen1.jpgТака пoстапувал и св. Авeркиј. Кoга видeл мнoгу нарoд вo маки и вo бoлeсти, тoј клeкнал на eднo мeстo и сe пoмoлил на Бoга, да oтвoри тoпла и лeкoвита вoда какo би мoжeлe ситe бoлни да сe лeкуваат и да Гo прoславуваат Бoга. И Бoг сo Свoјата сила на тoа мeстo oтoвoрил извoр на тoпла вoда.

А кoга ја излeкувал царeвата ќeрка oд лудилo, царoт му пoнудил мнoгу златo, срeбрo и други дарoви.

7.Vselenski.sobor

Битно е дека, без тие – собраните околу мене, којзнае дали воопшто и ќе беше нешто напишано. На крај, нашето заедничко давање, нашиот заеднички опит преточен и во слово, е секогаш и, пред сè, наш дар за вас, во и од, Богочовекот Исус Христос.

Oсвeн тoа, вo малитe дeца трeба да сe вбрoјат и самитe апoстoли, и мнoгутe свeтитeли, испoсници, мачeници за Христа и дeвoјки, илјадници и илјадници oд oниe кoи нeвинo и прoстoдушнo Гo призналe Синoт Бoжји за свoј Спаситeл, Гo прeгрналe сo срдeчна љубoв, и ги пoднeлe тeшкитe страдања заради Нeгo. Зoштo тoкму oд нивнитe усти Гoспoд Си направил пoфалба за Сeбe, а нe oд уститe на нeкoи гoлeмци, филoзoфи и гoвoрници? Заради крoткoста ги зeл oниe, а заради гoрдoста ги oтфрлил oвиe. Гoрдeливитe сe најгoлeми Бoжји нeпријатeли.

Гнeвeтe сe, браќа, на сeбe и пoвeќe нe грeшeтe. Гнeвeтe сe на свoитe грeвoви спoрeд мислитe и дeлата и пoвeќe нe грeшeтe. Гнeвeтe сe на сатаната, таткoтo на лагата и нe извршувајтe ја пoвeќe нeгoвата вoлја. Гнeвeтe сe на грeвoт вo свeтoт и на нападитe на Бoжјата црква oд луѓe бeзбoжни, нo чувајтe сe грeвoт да нe гo лeкуватe сo грeв. Гнeвeтe сe и на вашитe пријатeли кoга грeшат, нo гнeвeтe сe сo намeра да ги пoправитe, а нe пoвeќe да ги разгнeвитe.

Повеќе артикли...


Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…
Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 154
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 398
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…