логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Monah.most.jpgДоколку те мрзи да ја практикуваш умната молитва повикувајќи се на послушанието, заслужуваш посебен прекор, затоа што според зборовите на св. Григориј Синаит, ни пустината, ниту осаменоста не се толку полезни за молитвата како што е послушанието. Доколку велиш дека немаш учител кој би те научил на оваа активност Самиот Господ ти заповеда да се учиш од Светото Писмо, велејќи: „Испитајте ги Писанијата и во нив ќе го најдете вечниот живот“.

 Man.slepce.sv.Jovan1.jpg,,Во одреденото, од Бога назначено и само Нему познато време, ние неминовно ќе стапиме во светот на духовите. За никој од нас тоа време не е далеку! Нека себлагиот Бог ни  дарува уште во текот на овој земен живот да го прекинеме општењето со паднатите духови и да стапиме во општење со светите духови, за на основа на тоа, откако ќе го соблечеме телото,  да бидеме приброени кон Светиите, а не кон паднатите духови!”

1yMgSPEOI_EАко некој сака да ја покаже својата љубов кон починатите и вистински да им помогне, тоа може на најдобар начин да го направи така што ќе се моли за нив, особено со давање на нивните имиња да се спомнат на Литургија, кога се вадат честици за живите и упокоените и се спуштаат во Крвта Господова, со зборовите: „Измиј ги, Господи, со светата Твоја ..

3.angeli.so.trubaБогородица. Тежок збор, невероjатен и уникатен. Над умот и разумот. Потребни се очите на срцето. Очите на верата и верните. Очите на грабнатиот (во Господ!) и чист ум. Отците зборуваат највозвишено. Ние - премногу лесно и плитко, емотивно.
За да се доближиме до Неа нужна е особена чистота. Не само усти. Чисто и отворено срце. Просветлен, лесен, вознесен ум.
Отците молитвата ја доживуваат како Богораѓање.

Првата недела од Триодот е посветена на параболата за митарот и фарисејот. Црквата наша со убавата и боговдахновена химнологија го насочува нашето внимание следејќи го словото на Господа, дека онаа молитва којашто спасува и го оправдува човекот не е молитвата на човек којшто верува во неговите добродетелите и праведност и во добрите дела, туку молитвата на човекот што има скрушено срце и како митарот повикува кон Бога: „Боже, помилуј ме грешниот“.(Лука 18,13).

 3.angeli.so.trubaЕднаш го слушнав следново: „Секогаш кога грешам, не се чувствувам расположен за молитва. Се чувствувам недостојно и едноставно, не можам да се молам“.Навидум, оваа изјава звучи правилно – многу често и јас сум го чувствувал истото. Но, продолжив да размислувам за ова, додека не се сетив на едно друго прашање: „Што ми е потребно да почувствувам пред да започнам да се молам?“ Во конкретниот случај, претпоставувам дека едноставно се чека да помине чувството на голема грешност. И тогаш сфатив.

3.angeli.so.truba3.angeli.so.truba

Првото слово на Господ, односно кога ја започна проповедта Своја, беше: „кајте се и верувајте во Евангелието“.1 Не рече „се покајавте“, туку рече „кајте се“, нешто коешто значи дека покајанието е за сите нас поставка за цел живот. Затоа светиот Григориј Палама во беседата за навечерието на Водици вели дека: „Покајанието е почеток, средина и крај на уредувањето на христијанскиот начин на живот“.2

3.angeli.so.trubaСите ние христијани, треба да градиме вистински однос кон богатството, кој ни го заповедал Господ. Дури и апостолите, оние кои меѓу луѓето биле најблиски на Бог слушајќи ги Неговите зборови, зачудено се запрашале: кој ќе се спаси, ако тоа е неможно за богатите (види: Марко 10,26)? Зошто толку се зачудиле? Тие биле Евреи, а Евреите во тоа време богатството го сметале за Божји благослов. на него.

3.angeli.so.trubaАвтентичниот човек е не само спонтан во своите постапки туку и вистински во својата вера. Верата не е идеологија со која треба да се согласиме, ниту мисла која треба да ја разбереме, ниту мнение или став што треба да го примиме. Верата не е емоција, ниту морално правило со кое треба да се сообразуваме, ниту доживување кое психолошки сме си го наложиле, ниту цел што се постигнува со човечки усилби. Верата е благодат, живот и вистина, која се предлага, открива и добива конкретен израз. Бог ја дарува верата, а таа Го открива Бога.

 Man.Zurce.jpgПравославна икона - тоа е особен вид самоизразување и самооткривање на Црквата; тоа е духовно поле во физичкото пространство, каде што се среќаваат радиусите на догматиката, мистиката, сотериологијата и естетиката (имајќи ја во предвид убавината како аспект на Божеството). Од гледна точка на видување на христијанската догматика (умосозерцателните вистини на верата), иконата сведочи за тоа дека Синот Божји стана Син човечки,

3.angeli.so.trubaМногупати не сме ни свесни како го сееме семето ѓаволско. На пример, некој нè навредил и ние, така полни со мака и јад, наместо да Му се обратиме на Бога, да се помолиме и тоа да го исповедаме, ние одиме кај личноста која ни е блиска по дух или пак на кого прв ќе наидеме и сета мака и јад ја истресуваме пред неа. Е, сега, што правиме?

3.angeli.so.truba– Оди секогаш во една и иста Црква, и труди се таму навистина да бидеш од помош (не држејќи „предавања“ за духовниот живот, или за иконите, не преку „даскалствување“, туку преку „бришење на подот“ – како што советува преп. св. Серафим Саровски). Придржувај се до таквото служење и биди во потполно послушание на настојателот на парохијата;
– Не се наметнувај во служењето и не жали што „сите твои дарови не се искористени“, помагај и служи во она што е

TVITer2Оној човек кој останал на сеноќно бдение, има многу убаво лице. Си ги видел тие луѓе? Уморни, исцрпени, но приметливи со особена убавина, затоа што нивните очи долго останале отворени Христа ради. Колку е прекрасно лицето кога очите остануваат отворени ради Христа во тие бескрајни ноќни часови! Колку е убаво тоа лице! а ако видиш лице на човек, кој само што излегол од ноќен клуб, дискотека, бар, стадион, од такво место кај што се прават гревови, блуд, како тоа би изгледало? Би било ли тоа убаво? Не, во него нема да ја има убавината која ни ја дарувал нам Бог.

3.angeli.so.trubaСветоотечкото учење за болката на срцето претставува едно од најважните учења за нашето време, во кое, интелектуалното знаење толку многу се пренагласува на сметка на правилниот душевен и духовен развој. Токму и првенствено поради недостаток на ова суштинско искуство, денес, многумина се бават со изучување на Светите Отци на дилетантен, тривијален и несериозен книшки начин. Без ова искуство човекот не може да го примени учењето на Светите Отци во својот сопствен живот.

Не постои човек, кој не може да стане светител, доволно е да биде малку јунак, да има природност, малку човечко во себе, мир, прифаќање, значи да го прифаќа сето она што го снаоѓа во животот, да не паѓа во агонија поради што било. Ниту за себе, ниту за Црквата, ниту за општеството, ниту за времињата.
Ние христијаните имаме разни помисли, и чувствуваме дека се губиме, дека сме во опасност.

PregratkiМногу е важно, како живее човекот, со кој се дружи, кои му се другари, како го минува животот, како се подвизува. Човекот се менува. Тоа е природно, што се менува: кога раснеш, ти се менуваш, твоето лице не може секогаш да остане детско, ти ќе пораснеш, ќе возреснеш, изразот на твоите очи ќе стане посериозен, попрониклив. Така возраснува човекот, и тогаш малото дете, станува момче, потоа маж,  а малото девојче станува девојка, а потоа жена, која сериозно го посматра животот. Но, ние не зборуваме за таа промена.

3.angeli.so.trubaуѓето вообичаено имаат некаква субјективна претстава за некој познат човек, но ретки се тие што ја знаат големата слика за него - што е недоволно за објективен суд.
Нема послатко кога луѓето те одвраќаат или говорат дека целта ти е невозможна, а ти си молчиш, си работиш, си успееш - и пак си молчиш.
Не верувај во луѓе кои критикуваат, без притоа да понудат и решение за проблемот.

bogorodica2"Во секој одличен ден, во секој празничен ден, ѓаволот со неговите искушенија создава проблеми кои причинуваат тага. Тој сака да ја урне нашата радост, да ја наоблачи светлоста на празникот, да не остави срце нерането од жалоста. Онаа исходечка љубов - нудењето самите себеси на другите – не води кон пронаоѓање на себеси. Го откриваме не само нашето сопствено битие туку и битието на секој друг човек.

3.angeli.so.trubaОваа е многу лоша навика, а многу родители ги испраќаат своите деца поѓаволите.
Сепак човекот може да добие и добри навики и наместо да каже оди поѓаволите, да каже "оди со мир" или "Бог да ти даде добро", или како отците имаат обичај да кажат "биди во милоста на Бога", што е најдобро од се.Така човекот се навикнува секогаш да зборува добро, како во Светото Писмо: Благословувајте ги, но не и да ги колнете (Рим. 12,14)

3.angeli.so.trubaНа пример: иконата преку пештерата во која е роден Христос, пред сѐ, нѐ повикува да го откриеме срцето како наш духовен центар, како место каде што се случува нашето лично учество во Домостројот на спасението од зачнувањето, преку раѓањето, до воскресението Христово итн.,
а не да ја извадиме пештерата од иконата и да ја материјализираме.
Иако и тоа може во специфични моменти и може многу убаво да биде, но само поради исклучиво педагошки причини (духовна грижа за децата) – додека

Повеќе артикли...


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 402
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 о. Горан Стојчевски:  МАЈЧИНСКАТА ЉУБОВ И СИНОВСКИОТ ОДНОС

о. Горан Стојчевски: МАЈЧИНСКАТА ЉУБОВ И СИНОВСКИОТ ОДНОС

Во Светото Евангелие, како и на фреските и иконите што ги доловуваат сите искупителни и спасителни моменти од сведоштвото на Богочовекот, преку кои човекот и светот се спасени, наидуваме и...

Отец Методиј Митановски: ЗА БЛУДНИОТ СИН

Отец Методиј Митановски: ЗА БЛУДНИОТ СИН

Кога го слушаме Евангелието за блудниот син најголем проблем е што го поврзуваме со други луѓе а не со самите нас.Така секогаш се сеќаваме на некој мал човек што прокоцкал...

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Но да си споменеме и дека има браќа (како братот од денешната парабола) кои ќе стојат на вратата и ќе роптаат кон таткото зошто нè примил и кои ќе се...

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Да дојдеш на себеси е да видиш дека без Бог си гол и бос, и дека без Бог си никој и ништо, и дека без Бог си ветер и магла,...

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

 Бог и Отец на секого од нас подеднакво, без збор и без услов, ни ја дава полнотата на Својата благодат. Од нас самите, од нашата слободна волја зависи како ќе...

Св.  Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Св. Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Ќе настане глад - рекол Пророкот, оплакувајќи го Ерусалим - но не глад за леб и вода, туку чулен глад за словото Божје (Ам. 8, 11). Глад, тоа е состојба...

 Неделата на блудниот син: Враќањето од прогонство (16.02.2020)

Неделата на блудниот син: Враќањето од прогонство (16.02.2020)

Во третата недела од подготовката за Великиот пост, ние ја слушаме параболата за блудниот син (Лк 15,11-32). Параболата и химните што се пеат тој ден, зборуваат за покајанието како за...

СРЕТЕНИЕ СО ТАЈНАТА ХРИСТОВА - Митрополит Струмички Наум

СРЕТЕНИЕ СО ТАЈНАТА ХРИСТОВА - Митрополит Струмички Наум

Заради соединувањето според Ипостас, Богочовекот Христос немаше потреба, Он лично како Бог – како една сложена Божествена Ипостас која во себе содржи две природи неразделно, неслиено, неразлучно и непроменливо соединети...

« »