Од изреките на св. старец Порфириј

1. Зошто трчаме по сенки? Не, треба да се свртиме кон Светлината и сенките сами ќе исчезнат. Треба да Му дозволиме на Христа да ги исполни нашите души, и демоните сами ќе исчезнат.

1. Зошто трчаме по сенки? Не, треба да се свртиме кон Светлината и сенките сами ќе исчезнат. Треба да Му дозволиме на Христа да ги исполни нашите души, и демоните сами ќе исчезнат.


07 октомври 2016 лето Господово
Во вишите учебни установи на Министерството за елементарни непогоди се планираат предавања на тема „Историја и култура на Православието“. Со указ од Министерството создадена е работа група за реализација на овој проект, во којшто влегуваат претставници на Црквата и на Министерството.
Во август 2010 година, меѓу РПЦ и Министерството беше склучен договор во рамките на кој свештеници и милосрдни сестри ќе полагаат специјални курсеви за работа во вонредни состојби, истовремено свештеници на единиците за специјална заштита ќе им држат предавања за духовните основи на милосрдието и хероизмот.
Црквата активно соработува со спасувачите при укажувањето на помош во разни вонредни состојби. Уште од 2013 година, при појавата на сериозни вонредни ситуации, црковните спасувачи работат заедно со единиците на специјална помош при Министерството, заедно со нив влегуваат во критичните зони и работат во оперативните штабови.
Извор: Седмица
Преземено од: Бигорски манастир

Гoспoд дa ни гo пoкаже пaтoт пo кoј дa тргнеме.Тој месец Никoлa беше без никaквa медицинскa терaпијa. Решивме дa oтпaтувaме нa пoклoничкoтo пaтувaње пред мoштите нa преподобна Параскева вo Рoмaнијa. Пaтoт беше приличнo дoлг, нo кaј негo не се пoјaвувaше никaквa вoзнемиренoст (кoјa oбичнo ја има кaј мaлите дечињa). Беше тoлку смирен, сo блaгa нaсмевкa нa лицетo.

Од тоа не треба да се сфати дека дедо Жаре го потценуваше филозофското знаење; напротив, тврдеше дека секој човек треба да прочита сè што напишале филозофите, по можност да заврши филозофија, но потоа треба да се освести како човек и да застане пред Бога. Филозофијата би била, во таа негова диоптрија, нешто како неопходно предзнаење, кое треба да заврши со разочарување во филозофијата...

Сите ние теоретски говориме за спасението на душата, за рајот. Во последно време, кога светоотечките текстови во кои се зборува за очистување, обожување и сл. ни се сѐ подостапни, зборуваме теоретски, без да ги извадиме нашите срца од овоземното, световното. А под световно не нужно мислам на тоа кога на човека му е добро, или се забавува, туку на заборавањето дека нашиот престој на овој свет е привремен...

7 / 20 август 2016 лето Господово
Весникот News Sentinel, од градот Ноксвил (држава Тенеси), одбил да го објави огласот на една христијанска продавница, сметајќи го зборот „христијански“ за навредлив. Сопствениците на христијанската продавница Cedar Springs Christian Store, сакале да продадат една од своите филијали и да спроведат во врска со тоа распродажба на своите продукти. Решиле заинтересираните купувачи да ги запознаат преку оглас во локалниот весник, чијшто тираж во работните денови достигнува до 120 илјади примероци, а за викенд и до 150 илјади.
Луис Мекгинис го дала гласот на 26 јули и требало да биде објавен на 28 јули. Но отворајќи го весникот на 28 јули, таа никаде не го нашла својот оглас. Се јавила во весникот каде што ѝ објасниле дека не е објавен затоа што содржи навредливи зборови. Таа прашала да прецизираат кој збор е навредлив и на тоа од вработената во весникот добила одговор дека станува збор за терминот „христијански“ што се наоѓа во името на продавницата. Не станало збор за никакво враќање на платеното, ниту извинување од нивна страна.
„Не ни можевме да претпоставиме дека тие го сметаат зборот ’христијански‘ за навредлив, и затоа не го објавиле нашиот оглас. Тоа беше вистински шамар за нас како Христијани“, изјави г-ѓа Мекгинис.
Тогаш таа реши да објави за случката на фејсбук, под наслов: „Го сметате ли вие зборот ’христијански‘ за навредлив?“ Овој пост на фејсбук предизвикал незадоволство кај Христијаните во Источен Тенеси, по што следеле многу телефонски повици. Како резултат на ова, редакцијата на весникот го објави своето извинување и слученото го оправда во „грешка во системот“.
„Ние го принесуваме своето извинување за сите недоразбирања во врска со односот на Sentinel кон Христијанството“, изјавија во редакцијата и го објавија огласот на оваа христијанска продавница со продолжен рок на објава без никаква дополнителна отплата.
Извор: Православие.ру
Преземено од: Бигорски манастир

Да гo хранимe нeпрeстајнo нашиoт ум сo мислитe Христoви за да бидe прoсвeтeн и вeдар. Да гo хранимe нeпрeстајнo нашeтo срцe сo љубoвта Христoва за да бидe ситo и радoснo. Да ја хранимe нeпрeстајнo нашата вoлја сo запoвeдитe Христoви и сo примeрoт Христoв, та вo сeкoја минута да прави дoбри дeла.

Секако, не по благоволението Божјо! Но по Неговото допуштањем кога човекот заради својата егоистична непослушност се нашол далеку од Изворот на Животот и од својот Создател. Губејќи ја радоста и безболезноста на постоењето во Царството Божјо, човекот се нашол во друга состојба: вистинскиот Живот се заменил со живот, подложен на распадливост, покриен од тешките облаци на смртта, гревот и страстите, кои не пропуштаат светлина.

Така и вие кои имате семејства, во вашите домови, научете се едноставно пред да седнете и да јадете, да станете и да ја кажете молитвата „Оче наш“, а по јадењето, таа убава молитва после јадење: „Ти благодариме, Христе Боже, за земните блага со кои нè насити. Те молиме, не лишувај нè и од Твоето небесно царство!“

При созерцувањето на нетварната светлина нема никакви помисли. Чувањето од помисли се нарекува мрак на соблекувањето. Зашто умот, кој се соблекол од сè материјално и се просветлува од Божјата благодат, се стекнува со јасност. Созерцанието пак, на нетварната светлина ја надминува и таа состојба.
Витавара, која се наоѓа на источниот брег на реката Јордан, на девет километри северно од Мртвото море, се состои од две главни археолошки зони: зоната Тел ел – Харар, позната како место од каде што на небото беше вознесен пророкот Илија, и зоната каде што се наоѓа храмот на Св. Јован Крстител, во близина на Јордан. Според христијанската традиција, во Витавара Господ Исус Христос го примил Крштението од раката на Св. Јован Претеча.

Ако не се движи по патот на обожувањето, човекот почнува да чувствува празнина во себе. Таа празнина пробува да ја исполни со различни содржини, но повторно не наоѓајќи вистинска среќа.

Во најголем број случаи токму МПЦ ги испраќа студентите надвор од земјава за да стекнат искуства што потоа ќе ги пренесат дома, најмногу во нејзините образовни институции