Светиот Дух дава сѐ: Он е Изворот на пророштва, ги усовршува свештениците, неписмените на мудрост ги учи, рибарите ги направи богослови, го утврдува целото црковно собрание. Едносуштен и сопрестолен на Отецот и Синот, Утешителу, слава Ти.
Во овој ден, осма недела по Пасха, ја празнуваме Педесетницата. И овој Празник го примивме од еврејските книги. Како и тие што ја слават нивната Педесетница, оддавајќи му почит на бројот седум, и затоа што педесет дена по Пасха го примија Законот, така и ние, празнувајќи го педесеттиот ден по
Во богослужбата на празникот слегувањето на Светиот Дух се одбележува заедно со јавувањето на Светата Троица на луѓето, затоа што во доаѓањето на Светиот Дух при луѓето се пројавува полнотата на Божеството, Неговото самооткривање и самооддавање на Своето творение. Во православното Предание Педесетница често се нарекува Троица
По Своето воскресение Господ не бил постојано со своите ученици, но им се јавувал во разни места и разно време, откривајќи се Себеси жив во славата на своето воскреснато Тело.На кои и по своето страдање им се покажа жив со многу вистински докази јавувајки им се четириесет дена и зборувајќи им за Царството Божјо (Дела. 1,3)
Зошто токму 40 дена требало да поминат до Вознесението? Бројот 40 имал големо значење воопшто на древниот Блиски Исток, а особено тој број има големо значење во Библијата: претставува символ на завршено дело, генерација и исполнување. Св. Никодим Светогорец вели дека Христос, според Својата
Кога се вознесуваше од Маслинската Гора, Христе, силите (небесни), гледајќи Те, еден на друг си велеа: Кој е Овој? А еден силен глас од небото им велеше: Овој е Силниот во војните, Овој е навистина Царот на славата. А зошто Му е црвена облеката? – Затоа што доаѓа од Восор,
О, преславни учители и просветители на словенските народи, свети рамноапостолни Методиј и Кирил. Кон вас, како чеда кон своите отци, со светлината на учењата и од буквите ваши просветени и во верата Христова поучени, сега усрдно прибегнуваме и со скрушени срца се молиме. Ако вашите завети, како непослушни чеда, не ги запазивме и за угодувањето на Бога, како што нè учевте, не се грижевме, и од
Слава, глас 8.
Радувај се, свештена двоице, која нѐ озари со светлината на Богопознанието: Кириле, живоносен извору на мудроста духовна, кој ги напои словенските народи кои од жед се топеа: Методие, чесно живеалиште на молитвата! Прилежно молете се на Христа, пред Чија слава стоите, заедно со вас да Го величаме и да Го превозносиме во сите векови.
Така да обиди се да живееш како што треба, да бидеш добар и да си го заработиш спасението уште овде… оти:
„Нема да примиш она што имаш од овде… Ќе примиш само она што си дал“… Не се фали со парите… со положбата која ја имаш, со твоето богатство… Овие работи се временски…
“Сега ги разбирам зборовите на твојот Божји човек, кога ти рекол: “Најтешко е да ставиш некаде Крст”.По милоста Божја, застапништвото на светиите и со содејството на добронамерните, ќе блесне силно и славно овој Божји дом како прекрасна жртва на народот Божји, како круна на Скопје, како бисер на Македонија, како скапоцен дар за православната полнота.
Овие жени се првите вистински сведоци на Воскресението, а Јосиф и Никодим беа сведоци на погребението. Сето ова е мошне значајно и совршено ја резимира христијанската догма. Никодим беше веднаш избркан од синагогата, бидејќи не го делеше мислењето на Јудеите. Јосиф, пак,
Затоа, откако со своето неверие ни ја утврди верата на сите, нѐ научи да говориме: Ти си најславениот Господ, Боже на отците, и наш, благословен си.Откако Тома со страв ја стави раката во Твоите живоносни ребра, Христе, го почувствува двојното дејство на двете природи, во Тебе соединети неслиено, и со вера викаше говорејќи:
Имајќи ја благодатта на Твојот Живоносен Извор, Пресвета Дево, кон Тебе прибегнуваме, како кон непоколеблив бедем и претстателство, погледни со добросрдечност, Пресвета Богородице, на нашата тешка несреќа и исцели ги нашите души и тела од маки и болести, за да Ти повикуваме: Алилуја!