логоFacebookTwitterYouTubeeMail

3.angeli.so.truba

 

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

    3.angeli.so.truba  


Една необична историја се шири низ Русија, која вели дека во советско време постоеше еден хирург – свештеник. Болниот ќе го постави на хируршка маса, ќе му прочита молитва и ќе нацрта крст на подот од каде требаше да сече, па дури потоа земаше скалпел. Резултатите на неговите операции беа чудесни: слепите прогледуваа, неподвижните застануваа на нозе. Дали за тоа помагаше науката, дали Бог...
„Се сомневаме во тоа’’, велат некои. „Така беше’’, потврдуваат други. Некои велат: „Комитетот воопшто не би трпел свештеник во хируршка сала’’. Но, други им одговараа: „Комитетот е исто така немоќен, ако хирургот не е обичен хирург, туку професор и не е обичен свештеник –отец, туку вистински епископ’’. „Професор-епископ? Не, тоа не е возможно’’, велат искусни луѓе. „Се случува’’, им одговараат не помалку упатени. “Тој професор – епископ, носеше уште и генералски епилети, а во изминатата војна управуваше во сите Сибирски болници’’.
На пожолтените фотографии од советско време ќе видите старец со обелена коса облечен во расо. На градите има крст и знак на архиерејско достоинство –панагија. Сериозно и проникливо гледа низ старските очила.  
Професорот –епископ е скоро наш современик – кој проживеа под советската власт повеќе од 40 години; неколку поколенија на советски хирурзи учеа според неговите книги. Тој им држеше предавање на студентите, на научните собири и конференции и проповедаше во храмовите. Него добро го познаваа ранетите во војните болници и изгонетите во Архангелскиот и Краснорајскиот крај.
Едноставно е да се претпостави дека професорот –епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност. Пропагандата ги убеди граѓаните во тоа дека науката и религијата не се обединуваат, уште повеќе, тие две области можат да постојат, но водејќи една против друга постојана жестока војна. Одеднаш, се појавува тој – епископ и професор. Неверојатно, но тоа е факт.
Современиците се чудеа на расот (облеката) на хирургот, но уште почуден им се чинеше непослушниот карактер на епископот. Сведоштвата на очевидците со неговите разговори со Петерс - врховникот на Ташкенскиот Комитет, се зачувани. Тој се сметаше за свиреп човек, чии раце беа прелиени со крв. Петерс го праша професорот:


- Како тоа, Вие, Војно – Јасенички, ноќе се молите, а дење сечете луѓе?
- Јас ги сечам луѓето во име на нивното спасение, - одговори свештеникот, - а во чие име Вие ги сечете?  
- Како можете да верувате во Бог? Зарем сте Го виделе?
- Не, не сум Го видел. Но, јас извршив многу операции на мозок и отварајќи го черепот никогаш таму не видов ум, ниту пак совест. Дали тоа значи дека тие не постојат?


Енциклопедијска забелешка за неговата биографија би изгледала на пример вака: Војно-Јасенички Валентин Феликсович. Роден 1877 година во Керч. Починат на 11 јуни 1961 година во Симтерпол. Хирург, медицински доктор. До 1917 год. лекар во болниците на средна Русија, подоцна – главен лекар на Ташкенската градска болница, професор на Средноазискиот државен универзитет. Замонашен е во почетокот на дваесетите години под името Лука, хиротонисан за епископ. Многу пати е затворан и прогонуван. Автор е на 55 научни трудови од хирургија и анатомија, а исто така и десетина тома проповеди. Најпозната негова книга е „Огледи од гнојна хирургија’’, која доживеа три изданија (1934, ’45, ’56 год.). Избран е за почесен член на Московската духовна академија во  Загорск. Здобиени награди: Признание на Варшавскиот Универзитет (1916 г.), брилијантен крст од Патријархот на цела  Русија (1944 г.), медал „За херојски труд во Великата војна на Татковината (1945.г.), Сталинова награда од прв степен за книгата  „Огледи од гнојна хирургија", и „Доцнежни ампутации поради прострелни рани на зглобовите“ (1946 г.). Војно-Јасенички почина со чин на архиепископ Кримски и Симтерополски.
Уште од детството Валентин имаше голем дар за сликање. По  завршувањето на гимнаијата, а потоа и киевско уметничко училиште, тој се подготвуваше за запишување во Петрогратската уметничка академија. Сонуваше да стане уметник. Но, за време на приемните испити во него се појави сомнеж: дали е во ред тој да се занимава со тоа што го љуби, кога наоколу има толку страдалници на кои им е потребна помош? Потоа, прочитувајќи во Новиот Завет: „Жетвата е голема, а работници малку’’ (Мт. 9:37), почувствува дека тие зборови Господ му ги упатува токму нему. Со тоа се удостојуваат ретките Божји избраници. Така исто свети Антониј Велики, слушнувајќи ги во храмот зборовите од Евангелието: „Ако сакаш да бидеш совршен, оди и продај го имотот свој и раздели им го на сиромашните; и ќе имаш богатство на небесата; па дојди и врви по Мене’’ (Мт. 19:21), почувствува дека Господ токму нему тоа му го заповеда. Тргна по него и исполни сé до крај. Затоа е и Велики.
Младиот Валентин, слушнувајќи го повикот Божји, затрепери и повика: „Ох, Господи! Зарем навистина кај Тебе има малку работници?!’’ Тој тогаш не можеше ни да замисли дека ќе стане токму таков работник на нивата Господова. Подоцна, после многу години, кога Господ го повика како работник на Својата нива, тој беше сигурен дека тој Евангелски текст беше вистински Господов повик да Му служи.
Стапувајќи на медицински факулет на Киевскиот универзитет, тој со заинтересираност почна да ги изучува природните науки и наскоро стана најдобар студент на факултетот. Младиот лекар Војно- Јасенички дипломираше со десетка. Другарите од училиштето го прашаа со што планира да се занимава во иднина и беа многу зачудени кога слушнаа дека Војно- Јасенички се подготвува да биде лекар во државна служба, наместо да се занимава со наука. „Бев тажен поради тоа што тие воопшто не ме разбираат, затоа што јас изучував медицина со единствена цел да сиот свој живот бидам селски лекар, да им помагам на сиромашните луѓе’’, - се сеќава Архиепископот. На светителот не му беше предодредено да биде селски лекар сиот негов живот, но сиот живот да им служи на луѓето, тоа да.
Наскоро стана сјаен хирург, ја одбрани докторската дисертација во Москва. Започна да ја пишува книгата „Огледи од гнојна хирургија’’, која ги спаси животите на многумина ранети за време на Втората Светска Војна. „И тогаш, на мое изненадување, - пишува тој, - ми се појави крајно необична и дрска помисла: „Кога оваа книга ќе биде напишана, на неа ќе стои името на епископ’’.’’


„Да бидам свештенослужител, уште повеќе епископ, ни во сон не можев да сонувам, но на нас недостојните, патиштата на нашиот живот, во потполност му се познати на Севидливиот Бог, уште додека сме во мајчината утроба’’, - ќе напише подоцна Свети Лука, веќе при крајот на својот живот.
Сé што се случува по Промисла Божја, се случува како само од себе, без никакви видливи напори од страна на самиот човек. До револуцијата, Валентин Феликсович Војно – Јасенички веше едноставно добар хирург, а после 1917 година, започна по патот на мачеништво и исповедништво. Најпрво затвор во Ташкент. Потоа смртта на млада жена. Остана сам со четири деца. Две ноќи без сон читаше Псалтир над смртната постела на својата љубена и тука Господ повторно проговори со него: „Кој неплодната ја вселува в куќи како мајка што се радува меѓу многуте деца’’ (Пс. 112:9). Овие зборови несомнено од Бог му беа упатени нему, затоа што во неговата душа му внесоа надеж и утеха. Наскоро, навистина ја сретна таа самопожртвувана жена, која му стана добра сестра, а на неговите деца мајка за сиот живот. Токму таа ги одгледа, зашто идниот светител набргу стана свештеник, што во тоа време значеше да се стане вечно прогонуван маченик и скоро и да не ги гледа своите деца.


Во почетокот на 20- тите години, епископ Ташкентски и Туркестански Инокентиј, му рече на Војно- Јасенички: „Докторе, вие треба да бидете свештеник’’. Професорот, кој до тогаш никогаш не размислуваше за свештенство, се согласи. Станувајќи свештеник, оперираше како и порано, држеше предавања на студентите, но само во свештеничка облека и со крст на градите. Во хируршката сала на професорот Војно- Јасенички, на ѕидот стоеше иконата на Богородица, пред која тој се молеше за успешен резултат на операцијата. Еднаш по наредба на комесарот Гољтгота, иконата ја тргнаа од ѕидот на хируршката сала. Неколку дена професорот помина во својот дом, работејќи на својата книга „Огледи од гнојна хирургија’’, но набргу го замолија да се врати во болница поради една тешка операција. Тој се извини пред колегите: „Тоа се случи поради вина на комесарот Гољтгота, во кого се всели демон и тој ја оскверни иконата’’.
Многу лекари зборуваа дека отец Валентин секогаш со голема љубов и длабоко внимание се однесуваше кон секој болен човек, дека неговиот однос кон пациентите беше идеален.


Во 1923 година, свештеникот, 46- годишен во тоа време, беше тајно замонашен и подоцна во истата година, хиротонисан за епископ под името на апостолот – евангелист, лекар и иконописец Лука. Хиротонијата беше тајна, но кога за неа го известија Патријархот Тихон, тој ја потврди и озакони. Да се стане епископ во тоа време, значеше да си потпишеш на самиот себе смртна пресуда. Веќе после првата архиерејска служба, пред неговиот стан долета „црн гавран’’ (име за полиција). Така започна единаесетгодишниот период на неговото мачеништво по затворите и прогонувањата.
Бог го избра свети Лука уште од неговата младост, му даде крст под чија тежина обичниот човек би паднал во изнемоштеност и го поведе на Голгота. Откако го затворија, децата и Софија Сергиевна, која им беше замена за мајка, ги истераа од станот. Во затворот го испрашуваа по нивниот воспоставен обичај секоја ноќ, а во текот на денот, тој ја пишуваше својата книга “Огледи од гнојна хирургија’’. На насловната страна напиша: „Епископ Лука, професор Војно- Јасенички’’.
Во неговото прво прогонство,  во зимата 1923 година, Владиката е упатен во „столипинскиот’’ затворски вагон до Краснојарска, а потоа на коњ во Јанисеј. Имајќи во тоа време 46 години, тој воопшто не беше стар, но веќе многу болен. Тој излечи три слепи деца, така што тие прогледаа. Но, ниту овде го оставија на мир. Пред Благовец го упатија во селото Хаја на реката Чуна, на притокот Ангар. Два месеца подоцна повторно го вратија во Јанисеј и го затворија, а потоа го упатија низ Јанисеј.


Се чинеше како да самиот сатана седеше некаде на врвот на органите на власта на потчинетата Русија и смислуваше како да им нанесе што повеќе зло на оние кои во тоа време се осмелуваа да се спротистават на неговата волја. Наоколу пустош, глад, но органите на власта не жалеа ни сила ни сретства на тоа да нанесат зло на најдобрите луѓе во земјата, преместувајќи ги како шаховски фигури, од едно место на друго, низ снежни пустини и надојдени реки, издржувајќи огромна армија на мачители и крвници.  
Од јенисејскиот затвор, владиката го упатија во Туруханск, каде што на брегот на Јанисеј го пречека толпа народ клекнувајќи на колена и барајќи благослов. Во ГПУ (Државно Политичко Управување) на епископот му рекоа дека строго му е забрането да дава благослов. Но, тој одговори дека тоа е должност на еден епископ и дека не може да одбие да даде благослов. Тој наскоро по Јанисеј беше упатен уште подалеку, на север, кон Арктикот, во селото Плахино, кое се состоеше од неколку колиби. Живееше во соба каде што наместо стакло на прозорците имаше мраз и низ сите пукнатини дуваше студен ветер. После три месеци, владиката повторно го вратија во Туруханск, затоа што месните селани организираа бунт на ГПУ, зашто после заминувањето на епископ Лука немаше кој да ги лекува.

Во прогонствата, тој како и досега беше подготвен да им помогне на сите на кои им е потребна лекарска помош и пастирски благослов. Тој понекогаш лечеше и вршеше хируршки зафати со примитивни средства: со помош на перорез, машински клешти, зашивајќи рана со влакно од коса на жена...
Понекогаш дури и луѓето со силен дух по Божјо допуштање, паѓаат во униние, чувствуваат богооставеност. Самиот Господ во Гетсиманската градина страдаше „до крвав пот’’ и говореше: „ Мојата душа е нажалена до смрт...’’ (Мт. 26:38). Токму Он ни рече: „Блажени се гонетите заради правда, бидејќи нивно е Царството Небесно’’ (Мт. 5:10). После осум месеци, измачен епископот Лука падна во униние. Во олтарот владиката се молеше пред иконата на Спасителот за избавување, но, како што тој самиот се сеќава, во таа молитва имаше и ропот кон Господа. Одеднаш, тука епископот согледа како Христос одлучно го заврти Својот Пречист Лик од него. Тогаш го увиде своето безумије и дрскост. Разбра дека треба да го засака страдањето кое му е од Бога испратено.
Тешко му е на човек да го засака страдањето, дури и невозможно без Божја помош. Господ ја создаде човечката душа по Свој образ и подобие за рајска хармонија и радост, затоа жалосните околности нé рануваат како непријателски куршум. Да се залечи раната и да се претвори жалоста во радост може само Бог. Светителите веруваа во таа помош на Лекарот на душите и телата наши и затоа сите удари ги примаа со цврстина и храброст. Со тоа тие се разликуваат од нас, маловерните и малодушните.
Оној кој вистински бара спасение, се има уверено дека токму страдањето ја менува сржта на човечкото срце, правејќи го способно за примање благодат и затоа го љуби тоа страдање.


Олеснувањето дојде кога епископ Лука сосема се здоби со смирение, совладувајќи ја битната наука во својот живот: се научи на трпение, возвишена мудрост, испратена од Бога. „Милостивиот Отец наш – пишува свети Антониј Велики, - кога благоволи да ги изведе од  искушенија Своите вистински синови, Он не ги ослободува од самото искушение, туку дава трпение и тие заедно со трпението, примаат и благодат на Светиот Дух за утврдување на своите души’’.
Заврши периодот на прогонството на владиката, но последниот параброд отплови од Туруханск у Краснојарск без него. Епископ Лука беше смирен. Господ, за време на молитвата, како што тоа се случуваше повеќе пати во неговиот живот, рече: „Те вразумувам и те подготвувам за патот по кој ќе појдеш’’. После три месеци, тој се упати во Краснојарск по замрзнатиот Јанисеј во покриени санки, кои селаните специјално ги направија за него, благословувајќи ги попат жителите на крајбрежните села, каде што никогаш го немаа  видено архиерејот. Насекаде го дочекуваа со црквени ѕвона, служеше молебни и проповедаше. Тоа навистина беше славен архиерејски пат.
Светителот го очекуваа уште мноштво митарства: прогони, затвори, истраги. Но, тој веќе научи да се држи храбро и Господ го награди со благодатта на Светиот Дух, со Кого се удостојуваат исповдниците и мачениците. Кога Духот Утешител е со тебе, тогаш ништо не е страшно.
Во 1937 година го осудија за шпионажа, го испрашуваа две недели, не дозволувајќи му да спие, се обидуваа да го присилат да потпише дека ги признава тие лаги. Речиси сите кои беа изложени на такви испитувања, не издржуваа и потпишуваа признавање. Владиката издржа и не потпиша. Потоа повторно го испратија во егзил во Сибир.
Моралното ослободување му дојде на светителот како и на сиот Руски народ во почетокот на Втората светска војна. Тоа само на прв поглед звучи парадоксално. Во реалноста тоа е очигледно. „Власта“ и „органите“ увидоа дека армијата на наемни мачители и крвници не може да ја заштити земјата. Да ја спасат Русија од ропство можат само најумните, самопожртвуваните, трудољубивите, кои сите тие години советската власт се обиде со сите сили да погуби, уништи и разбие. Но, по милоста Божја, тие не погубија сé, не срушија сé. Тие одеднаш станаа неопходни.
Кога војната започна, на градскиот телеграф пристигна телеграм кој беше адресиран до Претседателот на Президиумот на Врховниот Совет на СССР, Михаил Иванович Калинин. Тие не ја доставија телеграмата во Москва, но направија извештај во согласност со постојните правила. Во него е содржината на телеграмата: „Јас, епископ Лука, професор Војно – Јасенички, издржувам егзил во селото Болшаја Мурта, Краснојарска област. Бидејќи сум специјалист на гнојна хирургија, можам да им укажам помош на војниците во фронтот или во позадина каде што ќе ми биде доверено. Ве молам да го прекратите моето прогонство и да ме испратите во болница. По завршувањето на војната подготвен сум да се вратам во егзил. Епископ Лука“.
Молбата беше задоволена. Долета авион за епископ Лука, генијален хирург во селото Болшаја Мурта и го доведе во Краснојарската болница. Тој тука ги спаси животите на многу ранети војници, а во црква мораше да оди далеку, надвор од градот, бидејќи во Краснојарската област не остана ниту еден храм.
За време на војната, Свети Лука раководеше со хируршкото одделение во болницата. По завршувањето на војната, архиепископот беше награден со медал „За херојски труд во Великата војна на Татковината’’. Но, тоа не ги попречи властите да продолжат со прогонот на светителот – тој беше принуден да се врати во егзил.
Страниците на мемоарите на епископот Лука даваат впечатлива, речиси живописна слика на неговиот живот во прогон: ладната суровост и гладот му беа на професорот- свештеник негови постојани сопатници. Но, ништо не можеше  да го сруши тој човек. Во едно од писмата во тоа време пишуваше дека го има засакано страдањето кое толку чудесно ја зацврстува душата.


После војната светителот управуваше во болницата во Симбирска провинција, извршуваше операции дење и ноќе – на очи, на бурези, желудник, отвараше черепи, гиниколошки операции. Славата за значајниот хирург набргу се прошири. Посетителите од другите покраини се собраа под покривот на болницата. Еднаш му го врати видот на едно младо слепородено сираче. Тоа ги собра слепите од целата област и тие во долг ред, држејќи се еден со друг за стап дојдоа во болницата.  
Доктор Левитанус, негов колега, професор, се сеќава кога еднаш епископот дознавајќи за смртта на еден пациент, побара детално да му биде наведено што е точно сторено за него. Доктор Федермесер почна да набројува, но, потоа замавна со раката и самата сопре: „Но, што говорам! Пациентот секако беше изгубен...’’ Изгубен? Прекрасниот, секогаш смирен професор, буквално се развика: „Вие немате никакво право да ја прекинувате борбата за живот на пациентот! Вие дури не смеете ниту да помислите на неуспех! Треба само да го правите тоа што е потребно! Да сторите сé, слушате?!’’
Воено – Јасенички многу ретко себеси си дозволуваше да му се развикува на лекар. Но, пациентот зазема централно место. Без разлика дали е ноќ или недела, на годишен одмор или на болување – ништо не го ослободува од обврските итно да се јави на оделот ако тоа е потребно за спасување на пациентот. Професорот и самиот го спроведуваше тој строго воспоставен ред без никакво роптање.
Идејата, која раководеше со постапките на светителот , јасно го одреди системот на неговите односи со општеството. Тој се согласуваше да биде дел од тоа општество само под еден услов: ако тие го зачуваат неговото право на вера. Свет без вера, без строг морален поредок, за него беше едноставно невозможен.
Епископ Лука, чесно и достоинствено го носеше својот крст. Моралните и етички принципи на тој човек му беа целосно јасни. Ова се неколку извадоци од неговите мемоари: „Најважно во животот е секогаш да им правите добро на луѓето. Ако не можете да сторите големо добро за луѓето, потрудете се да сторите барем малку’’.  
Во мај 1946 год., владиката Лука беше поставен на должност Архиепископ Симтерополски и Кримски. Високопреосвештениот Лука во годините на управувањето изрече голем број на своите проповеди. Неговото проповедање започна уште во Ташкент, но поради затвор и прогонство многу години беше принуден да молчи. Но, од пролетта 1943, кога во Краснорајск се отвори храм, сé до крајот на животот, архиепископ Лука неуморно проповедаше: пишуваше проповеди, ги изговараше, ги печатеше и листовите со текстот ги испраќаше низ градовите ширум земјата. „Сметам дека мојата главна архиерејска обврска е секогаш и секаде да Го проповедам Христа’’,- велеше тој.  
Долгите години затвор и прогонство, а исто така и искушенијата во текот на целиот негов тежок живот и како последица на неговата исклучително напорна работа, се одразија на здравјето на архиепископ Лука. Пет години пред неговата смрт, тој, кој го  поврати видот на толку многу луѓе, целосно ослепе. Но, тој тоа го прифати со добродушно смирение, продолжувајќи да служи и проповеда. 

 
Владиката Лука, за 38 години свештенство, изговори 1250 проповеди, од кои најмалку 750 се запишани и сочинуваат дванаесет обемни отпечатени тома (4500 страници). Советот на Московската Духовна Академија ја нарече таа збирка на проповеди како извонреден феномен во современиот црковно-теолошки живот и го избра авторот за почесен член на академијата. Верниците, кои присуствуваа на службите, запомнија за целиот нивни живот како служеше Владика Лука. Тоа беше стоење пред Господа. Секој збор го изговараше јасно, за да допре до длабочината на битието. Особено инспирирано го читаше Великиот покаен канон на Андреј Критски.
Додека сé уште гледаше, тој се трудеше да служи Литургија секој ден, дури и ако само две-три старици беа присутни во храмот. Продолжи да служи дури и кога веќе сосема ослепе. Владичниот подвиг воодушевува: зашто не само што го оптеретуваше ослепеноста, туку и дијабетисот, поради што имаше страшна изнемоштеност, така што сета негова облека беше влажна од пот, при тоа уште страдаа и нозете поради силен тромбофлебитис и болка во коските. Пред служба доаѓаа да му ги преврзат нозете во завој. Но, тој никогаш не ги скратуваше службите и дома се молеше многу долго.   
Архиепископ Лука се упокои на 11 јуни 1961 година, на денот на Сите Светии во Руската земја. Во текот на три дена поворката не застана покрај одарот на Владиката и лекар, а на денот на погребот поворката достигнуваше должина од три километри. Погребот на владиката стана величенствено сведоштво за цела православна русија пред лицето на безбожната власт која забрани неговиот одар да се носи по главната улица на Симтеропол. Реката од луѓе ги прекрши сите препреки и огромната поворка минуваше низ целиот град три и пол часа и пееше: „Свјати Боже, Свјати Крепкиј, Свјати Бесмертни помилуј нас". Никој не можеше да ги принуди да замолчат. „Ние го погребуваме својот архиепископ’’, велеа. Потоа почнаа да пристигнуваат вести дека многу болни луѓе, доаѓајќи на гробот на свети Лука, преку молитвите добиваа исцеление.
Со одлуката на Архиерејскиот Совет во 2000 година, Архиепископ Лука е вбројан меѓу светителите. Неговите мошти се изложени заради поклонување во соборниот храм на Света Троица во Семтеропол.
Ако пристигнете на градските гробишта во Семтеропол, од десната страна на главниот влез во црквата кај гробиштата, ќе наидете на гробот со споменик од бел мермер. Тој е впечатлив од далеку: по мноштвото свежи цвеќиња кои не престануваат ниту во зима, ниту во лето, по необично јасен – златен натпис на мермерот:

 

 

3.angeli.so.truba
АРХИЕПИСКОП ЛУКА
(ВОЈНО-ЈАСЕНИЧКИ)
27/IV 1877 - 11/VI 1961.
Доктор по медицински науки, професор по хирургија.
Велат дека архиепископ Лука самиот го составил тој натпис. Тоа има длабоко значење. Во срцата на луѓето тој ќе остане епископ – хирург.

3.angeli.so.truba
Тропар:


Предвесниче на патот на спасението,
исповедниче и архипастире на земјата Кримска,
вистински чувар на отечките преданија,                         
столбе непоколеблив, учителе на Православието,
лекаре богоугоден, светителе Лука,
непрестајно моли Го Христа Спасителот
вера непоколеблива на православните да дарува
и спасение и голема милост.

 


 Извор: http://spc.rs/sr/arhiepiskop_hirurg_sveti_luka_vojnojasenicki_0

 

Подготви:

 

Подготви: Снежана Корнет

11ти јули 2020 лето Господово

 

Друго:

http://preminportal.com.mk/prebaraj?searchword=%D1%81%D0%BD%D0%B5%D0%B6%D0%B0%D0%BD%D0%B0%20%D0%9A%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B5%D1%82&ordering=newest&searchphrase=all

 

 

Да знаете, дека секогаш кога ќе се лутите, колнете, непријателски сте настроени кон своите ближни, кога во срцето ваше врие злото и омразата- знајте дека во вашето срце постојат демоните.
Да знаете, дека секогаш кога лажете, клеветите, го валкате доброто име на своите ближни, се трудите да им причините зло на своите ближни- знајте, дека во срцето има демони.
Воздржувајте се, воздржувајте се пред сé, од тоа што ве осквернува вас, излегувајќи од вашите усти: од лаги, колнења, осудувања, кавги и озборувања.
Воздржувајте се од тоа и тогаш срцето ваше постепено ќе стане сé почисто и почисто, и малку по малку од пристаниште на демони ќе се преобрази во храм на Светиот Дух.

 

Пијте светена вода колку е можно почесто.

Тоа е најдобриот и најефикасниот лек.

Ова ви го кажувам не само како свештеник,

туку и како лекар, од мојот опит во медицината.



~ Св.Лука Војно- Јасеницки

 

11јули 2020 лето Господово

 

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1007
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 969
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Епископот Антаниски г.Партениј: Повик на покајание за злоупотребата на интернетот

Епископот Антаниски г.Партениј: Повик на покајание за злоупотребата на интернетот

Како духовник сум сведок колку многу бракови се распаѓаат, и тоа христијански бракови, на воцрковени сопружници. Христијанскиот брак, а со него и сето општество, се наоѓаат во застрашувачка ерозија и...

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe...

Митрополит Струмички Наум: На рјеках Вавилонских... (12.09.2020)

Митрополит Струмички Наум: На рјеках Вавилонских... (12.09.2020)

Ни покажа и нѐ поучи и како духовно да пораснеме и да ја достигнеме оваа Божествена љубов. Нѐ поучи дека, покрај лоши дела и зборови, срцето треба да го очистиме...

БEСEДА  за исцeлувањe на чoвeштвoтo сo Христoвитe рани

БEСEДА за исцeлувањe на чoвeштвoтo сo Христoвитe рани

Сo Христoвитe рани ниe сe излeкувавмe, така прoрeкува Бoжјиoт прoрoк и сeга ниe знаeмe дeка нeгoвoтo прoрoштвo e вистинскo. Сo Христoвoтo страдањe ниe сe спасивмe oд вeчнoтo страдањe; сo Нeгoвата...

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Токму тој конинуитет на овој христијански идентитет кој е спознаен и пренесен од Светите Отци во три степени според начинот на животот во Христа, очистување, просветлување и обожение се поврзува...

Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Кога цел на молитвата (се мисли на молитвата во која постојано го повикуваме името на Богочовекот Исус Христос) е Бог, односно заедницата на секој човек и на сè создадено во...

Митрополит Струмички Наум: За некои неодговорени прашања (29.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: За некои неодговорени прашања (29.08.2020)

Секое прашање си има и свое место, и свое време, и свој субјект за одговор. Или, не секое прашање се одговара кога било, каде било и кому било.Некои прашања прво...

Научи сe да ги пoчитуваш и да ги сакаш малитe и прoститe луѓe

Научи сe да ги пoчитуваш и да ги сакаш малитe и прoститe луѓe

Такви има најмнoгу на зeмјата, а има најмнoгу и вo Бoжјoтo царствo. Кај нив нeма гoрдeливoст, т.e. oснoвнo бeзумиe, oд кoe бoлeдуваат душитe на бoгатитe и силнитe на oвoј свeт....

Митрополит Струмички Наум: Јас сум и Вратата и добриот Пастир (22.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Јас сум и Вратата и добриот Пастир (22.08.2020)

Христовите зборови „Јас сум вратата“ имаат две значења. Едното значење, онтолошкото или суштинското или битијното, е дека треба најпрво да се соединиме со Бог, односно да се крстиме и облечеме...

« »