логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 Turnir.Dojran.jpg

КАКО ДОСТОЈНО ДА ГИ ДАРУВАМЕ ХРАМОВИТЕ И СВЕТИТЕ ИКОНИ

 

 


Постои ли нешто толку чисто и свето што заслужува да ги прекрие светите ликови насликани на иконите во нашите Храмови? Да не се тоа случајно парите? Постои ли цена со која може да се измери вредноста на Бесценетиот, на Неговата Пречиста Мајка, или, пак, на Неговите Светии?
Што рекол нашиот Бог? „Подајте го царевото на царот а Божјото на Бога!“(Матеј, 22, 21). Дајте им поклон, целив и молитва што извира од вашите срца на светите икони, не прекривајте ги со пари!

Навистина жална е глетката, толку присутна во нашите македонски Храмови, кога светите икони едвај се гледаат од парите кои ги прекриле. Зарем мислиме дека ќе добиеме поголема милост и помош од Светиите насликани на иконите доколку нашите парични дарови ги поставиме врз нивните ликови?
Зарем ние самите не би биле навредени доколку некој, сакајќи од нас да добие некаква услуга, ни залепи неколку долари на нашето лице?!?
Иконите се светиња! Да им оддадеме достојна почит! Не малку чуда се пројавиле преку светите икони. Не ретки се иконите на нашиот Спасител, Божјата Мајка и многу Светии, кои точат миро и ни даваат исцеленија нам грешните!
За почит и пофалба е желбата на верниците да ги даруваат светите Храмови, но навистина постојат многу подобри начини за тоа отколку обичајот да се ставаат пари врз иконите. Впрочем, обично до аналојот на кој е поставена иконата постои кошничка каде што можат да се стават парите, или пак, ако добро погледнеме, можеби ќе забележиме мал отвор за парични дарови на самиот аналој. Да ги ставиме нашите дарови таму, не на иконата.
Или, пак, да дадеме анонимна донација за која Бог сигурно ќе знае и ќе не “награди јавно“(Матеј, 6,17), за она што тајно сме го сториле. Многу верници чувствуваат потреба да ги даруваат храмовите и со други, не парични дарови, што е навистина добро. Но, овде мора да се спомне и поставувањето на крпи, чорапи, хулахопки(!?!) и други слични работи врз светите икони. Ако сакаме да му помогнеме на храмот, верувајте, постојат многу подобри начини: тоа би можеле да го сториме преку дарување на масло за кандилата, вино за Светата Причест, да подариме икона која ја нема во храмот, книга за црковната книжара и сл. Најмногу околу даровите можат да ни помогнат Свештениците. Да ги прашаме што му е потребно на Храмот, дали нешто нема или треба да се обнови, па според нашите можности, да помогнеме онолку колку што можеме.
Но, да не се оправдуваме велејќи дека сме сиромашни и ќе дадеме она што имаме – па дури и да е тоа крпа или чорапи. Да се сетиме на зборовите на Светиот пророк Давид: „Но сепаленици (или дарови) не посакуваш; жртва на Бога е дух скрушен; срце скрушено и смирено Бог не ќе отфрли“(Псалом 50).

Значи, пред се, од нас се бара на Бога да Му го дадеме Божјото: душата, срцето, умот, чистотата, смирението, трпението, љубовта, благодарноста, молитвата – овие се најскапоцените дарови кои најбрзо ќе не доближат до Бога и Неговите Светии. А потоа, секако дека е добро и потребно и материјално да се помага – секој според можностите.
Само, да го правиме тоа достојно, со стравопочит и со голема внимателност кон Светињите во светите Храмови

 Извор: Отечник

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 3012
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2261
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…