логоFacebookTwitterYouTubeeMail

vt3

 

Спознај се себеси
01/07/2015   Поуки - совети

Ако не се движи по патот на обожувањето, човекот почнува да чувствува празнина во себе. Таа празнина пробува да ја исполни со различни содржини, но повторно не наоѓајќи вистинска среќа. Гушејќи се, создава измислен, површен, мал и ограничен свет, во кој самиот себе се поробува. Тој го организира својот живот, така што никогаш нема мир, никогаш не е сам со себе. И тоа што некои го пробуваат со дрогата, тој го заменува со бучавата, напнатоста и информираноста за сите и за се: само да заборави, да не размислува, да не се грижи, да не се осеќа дека е на погрешниот пат, притоа оддалечувајќи се од својата цел. На крајот, сироткиот современ човек, сепак останува незадоволен со себе си и се така, дури не пронајде Нешто друго, Нешто поголемо, Нешто што постои во неговиот живот, Нешто што е вистински убаво и создавачко.

Повеќето луѓе, или воопшто не се осудуваат да слезат во мрачното подземје на својата свест во која ги чека, како во бајките, на секое ќоше, по некое искривено лице на сопственото минато, индивидуално или фамилијарно, национално и колективно – сега веќе подобро знаеме зошто повеќето луѓе не се подготвени за ваков чекор, па остануваат доживотно на степенот на нарцистичко самопреценување, односно непознавање на себе – или поаѓаат на опасен пат на самопознавање со Божјите оружја, со вера и надеж, дека долгиот и мачен пат на христијанинот, уште овде на Земјата, ќе заврши со неговото воскресение.

Како? Преку преумување (метаноиа), доживуваме радост преку носењето на својот крст и Христовото лесно бреме. Можеби сега се приближивме до таинствените зборови на св. Исак Сирин:

„Кој се удостоил да се види самиот себе“ – а вистински, се удостоил само оно,ј кој преку вера и слобода го избрал Бог за патеводител – „повисок е од оној кој се удостоил да ги види Ангелите“.
 
Владета Јеротиќ

Превод: Стефан Цветановски

Извор: Преспанско- пелагониска епархија



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 3012
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2261
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…