Вселенската патријаршија не го признава томосот, но ниту која било друга православна црква
БИЛЈАНА ЈОВАНОВСКА- Утрински весник
Официјален црковен Белград молчи и не го коментира пишувањето на грчкиот ведник „Црква-Дипломатија“ во кој се објаснува зошто и по добивањето на томосот за автономија кој на т.н. ПОА на Вранишковски и' го даде српскиот патријарх Павле, оваа „црква“ и по три години не е призната во православниот свет. Причините за молкот се едноставни. На врвот на Српската православна црква не му е од полза да обелодени дека издале томос кој нема вредност кај православните цркви, како и тоа дека не истрајале на ветувањето дека во овој документ се спомнува и уставното име на нашата држава. Овој факт особено му пречи на грчкиот блок-цркви, вклучително и на Вселенската патријаршија и оттаму го игнорираат фамозниот томос. Не помалку значајна причина заради која не говорат е и сознанието дека „проектот Вранишковски“ не ги задоволи нивните очекувања, ниту пак успеа да ги оддалечи македонските верници од нивната Македонска православна црква. Посебна прикаска е тоа што од т.н. ПОА се разбегаа петнаесетина духовници, вклучувајќи и едно цело сестринство. „Кај нас за ова нема никакви коментари и реакции“, вели во изјавата за „Утрински весник“ познатиот црковен аналитичар, проф. Мирко Ѓорѓевиќ. Професорот нагласува: „Целата работа околу таканаречениот црковен проблем со Македонија мирува, но лично сметам дека односите ќе се затоплат на крајот од пролетта, бидејќи се покажа дека ваквите случувања ги отежнуваат меѓудржавните односи. Едноставно, ќе мора да се сфати дека државата Србија ја призна Македонија под уставното име и дека оваа реалност мора да ја прифати и епископатот на СПЦ, поточно еден негов порадикален дел, кој некои го нарекуваат босанско лоби и дека негирањето на Македонската православна црква не им оди во полза на нашите доближувања до Европската унија“. Нашиот соговорник објаснува дека во црковните списанија, Македонија и натаму се нарекува Поранешна Југословенска Република Македонија, наспроти мислењето на културната јавност кое, за разлика од некои од епископатот, е недвосмислено: Црквата не може да се однесува поинаку од официјалниот став на државата. Дека СПЦ не е таа која треба да издава „томоси на т.н. ПОА“ повеќе од јасно им е и на двата православни центра - на Вселенската и на Московската патријаршија, но за да не нема дополнителни конфронтирања, тие отворено не се занимаваат со ова прашање. СПЦ не е осамена во православниот свет кога станува збор за издавање томоси. Руската православна црква своевремено и' издаде томос за автокефалност на Американската православна црква, но Цариградската патријаршија никогаш ниту го потврди, ниту пак ја призна оваа Црква. Уште попарадоксален е примерот на Чешката православна црква која до педесеттите години на минатиот век била под јурисдикција на Српската црква, но во меѓувреме преговарала со Руската православна црква да премине под нејзина капа. Во 1951 година РПЦ и' дала томос за автокефалија на Чешката црква, но повторно овој документ Цариград не го признава, зашто смета дека само Вселенската патријаршија може и треба да издава томос. Така, во 1999 година Цариград и' издава нов томос за автокефалност на Чешката црква и таа е единствена што има два томоса за ист црковен статус. Ова препукување се должи на одредени канонски недоречености, ама и на антагонизмот меѓу Москва и Цариград. Црковните познавачи велат дека секогаш кога Цариград нешто ќе признае, Москва ќе го негира и обратно. Слично е и со „проектот ПОА“. Црковна Москва смета дека со тоа не се решава црковниот прашање во Македонија, додека Цариград декларативно го признава Вранишковски (иако никогаш не ја користи титулата што ја доби од СПЦ), но не ја признава неговата ПОА. Грчкиот блок-цркви знае дека Вранишковски отворено ја негира Македонија и македонскиот јазик го нарекува славомакедонски, но и тоа не е доволно за официјално прифаќање на т.н. ПОА. Од друга страна, сето ова можеби и им ја олеснува работата на македонските судови, пред кои на пролет ќе се најде барањето на Вранишковски за признавање на ПОА. Законот за верски заедници кој ќе стапи во сила во мај е либерален, меѓутоа, ќе може ли т.н. ПОА да стане правен субјект ако нејзиниот „водач“ не ја признава државата во која сака да дејствува и нејзиниот официјален јазик?
Посети:{moshits}
Протоѓаконот проф. д-р Ратомир Грозданоски-
СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ И МАКЕДОНИЈА
Македонија, од каде што некогаш тргнале бројните Александрови вооружени војници, за да го освојуваат светот, била првопосетена земја од светиот апостол Павле, при неговото доѓање во Европа. Ете, најпрво овде – во Македонија, доаѓаат апостолите - новите освојувачи на светот и на човештвото. Тие, иако малкумина (место многуилјадните војски), и без меч и воено оружје, а со крст и со Евангелие, сепак, го освоија светот и на човештвото му ја да¬доа најдобрата и најголемата слобода во Христа, воведувајќи го во есхатолошкиот Полис.
† † †
Меѓу другото, еве, што ни напишал апостолот Павле нам – на Македонците:
„ Бог ми е сведок колку многу ве сакам сите вас со љубовта на Исуса Христа.
И во ништо не плашете се од противниците; тоа е знак за нивната погибел, а вам - за спасение. И тоа е од Бога.
Оти вам ви се даде дар поради Христа не само да верувате во Него, туку и да страдате за Него.
Оти од вас одекна словото Господово не само во Македонија и Ахаја, туку и во секое место се пронесе славата за верата ваша во Бога, ... Зашто, верниците сами разгласуваат за нас, какво беше нашето доаѓање при вас, и како од идолите се обрнавте кон Бога, за да Му служите на живиот и вистински Бог.
Така ве бевме засакале, што бевме готови да ви го предадеме не само Благовестието Божјо, туку и душите свои, зашто ни станавте драги.
Сведоци сте вие како и Бог, дека свето, праведно и безукорно постапувавме пред вас, кои што верувате, зашто знаете дека секого од вас, како татко децата свои, ние ве молиме и утешувавме и сведочевме да живеете достојно за Бога, Кој ве призвал во Своето царство и слава.
Гледајте, никој никому да не враќа зло за зло; туку секогаш барајте добро еден на друг, и на сите!
Радувајте се секогаш!
Молете се постојано!
Благодарете за с#, оти таква е волјата Божја во Христа Исуса спрема вас!
С# испитувајте, за доброто држете се! Клонете се од секакво зло!
Оти, кој е нашата надеж или радост, или венец за пофалба? Та тоа не сте ли и вие пред нашиот Господ Исуса Христа за Неговото доаѓање?
Да, вие сте нашата слава и радост!
(Филип. 1,8,28-29; 1.Сол. 1,8-9; 2,8,10-12; 5,15-18 и 20; 2, 19-20).
Првите благовесници на Христовото евангелие патувале по македонските прекрасни предели, од каде што некогаш тргнале бројните Александрови вооружени војници за да го освојуваат светот, а, ете, тука доаѓаат нови освојувачи на светот и на човештвото, но малкумина, и без меч и воено оружје, а со крст и со Евангелие. Тие, иако малкумина (место многуилјадните војски), сепак, го освоија светот и на човештвото му ја да¬доа најдобрата и најголемата слобода во Христа, воведувајќи го во есхатолошкиот Полис.
БИОГРАФИЈА И БИБЛИОГРАФИЈА
Протоѓаконот проф. д-р Ратомир Грозданоски е роден 1959 год. во се¬ло Брест, Македонски
Брод. Во 1978 год. завршува Македонска право¬славна бого¬сло¬вија, а во 1983 год. дипломира на Православниот бого¬слов¬скиот факултет во Скопје. Во 1994 год. магистрира, а во 2001 год. докто¬рира на Филолошкиот факултет во Скопје.
За подобро совла¬дување на грчкиот јазик, на којшто биле напишани ново¬заветните библиски книги, студира на Аристетоловиот уни¬вер¬зитет во Солун и на Фило¬лошки факултет при Универзитетот во Атина. Посетува настава и на Богслов¬скиот факултет во Атина.
По враќањето во Скопје е поставен за професор во Маке¬дон¬ската пра¬во¬славна богословија, а во 1990 год. е избран за наставник на Богослов¬скиот факу묬¬тет во Скопје за предметите: Свето писмо на Новиот завет и старогрчки јазик. Д-р Ратомир Грозданоски, како редовен профессор, од 2006 година е избран и за декан на Факултетот.
Протоѓаконот проф. д-р Ратомир Гроз¬да¬носки е активно вклучен и во деј¬ностите на Македонската православна црква, како близок соработник на архи¬е¬пис¬копите: Ангелариј, Гав¬рил, Миха¬ил и Стефан, а од 1994 до 2006 год. е и секретар на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква.
Редактира, рецензира уредува и лекторира книги и списанија со богословска содржина.
Членува во разни синодски комисии, учествува во црковни делегации и на научни симпо¬зи¬уми, во Македонија и во странство.
Од теолошката проблематика проф. д-р Грозданоски посебно ги обрабо¬тува темат¬ските подрачја од егзегетиката на Новиот завет. Од оваа област има обја¬вено повеќе научни трудови. Од особена важност се и објавените де¬ла на про¬то¬ѓакон проф. д-р Ратомир Грозданоски: Свети Климент Ох¬рид¬ски, осново¬по¬лож¬ник на Македонската православна црква, Скопје 1990; Евангелие според Матеј - прилог кон проу¬чу¬ва¬њето и толку¬ва¬њето на евангелскиот текст, Скопје 1993; Господовата молит¬ва, Скопје (девет изда¬нија, од 1994-2002); Михаил Архиепископ Охридски и Маке¬донски, Скопје 1994; Десетте Божји запо¬веди – Декалог, Скопје (три изданија 1996, 1999 и 2005); Стефан Архие¬пис¬коп Охридски и Македонски, Скопје 2000; Библијата во делата на свети Климент Охрид¬ски, Скопје 2001; Евангелие според Марко - проу¬чу¬ва¬ње и толку¬ва¬ње на евангелскиот текст, Скопје 2004; Десетте Божји заповеди - Декалог (во превод на Албански јазик), Скопје 2005; Послание на светиот апостол Павле до Римјаните - проучување и толкување на текстот, Скопје 2005: Блаженствата - земнонебесни скалила, Скопје 2007; Апостолот Павле и Македонија, Скопје 2007;
Користи литература на црковно-словенски јазик и на сите словен¬ски јазици, на грчки и на англиски јазик.
Живее во Скопје.
SHORT BIOGRAPHY
Protodeacon Prof. Ratomir Grozdanoski, Ph.D., was born in 1959 in the village of Brest, near Makedonski Brod. He has graduated at the Macedonian Orthodox Seminary in 1978, and got his degree from the Orthodox Theology Faculty in Skopje in 1983. He has got his Master of Arts degree in 1994, while in 2001 he got his Doctor of Philosophy degree at the Philological Faculty in Skopje.
In order to master the Greek language in which the New Testament Books were written, he has studied at the Aristotle University in Thessalonica and at the Philological Faculty in Athens. He has also attended classes at the Theological Faculty in Athens.
After his return to Skopje, he was appointed a Professor in the Macedonian Orthodox Seminary, and in 1990 he was appointed a teacher at the Theological Faculty in Skopje for the subjects The Holy Scriptures of the New Testament and Greek language. Professor Ratomir Grozdanoski, since 2006 has been elected as a dean of Faculty.
Besides the professorship, protodeacon Prof. Ratomir Grozdanoski, Ph.D., is actively involved in the activities of the Macedonian Orthodox Church (MOC) as a close collaborator to the Archbishops Angelarij, Gavril, Mihail and Stefan, and he is a Secretary of the Holy Archbishop's Synod of the MOC since 1994. He has edited, proofread and corrected a number of books and magazines with theological content, he has been a member of various Synodial commissions, and he has taken part in numerous Church delegations and at scientific symposia.
The field on which Grozdanoski, Ph.D., has focused his scientific interests is the exegesis of the New Testament. He has published a number of works in this field. Especially important are the published works of Prof. Ratomir Grozdanoski, Ph.D.: Saint Clement of Ohrid, founder of the Macedonian Orthodox Churche, Skopje 1990; The Gospel according to Mathew, a Contribution to the Study and Exegesis on the Gospel text, Skopje 1993; Lord's Prayer, Skopje (with nine reprints from 1994 to 2002); Mihail, Archbishop of Ohrid and Macedonia, Skopje 1994; Decalogue Lord's Ten Commandments, Skopje (two editions in 1996 and in 1999); Stefan, Archbishop of Ohrid and Macedonia, Skopje 2000; The Bible in the Works of St. Clement of Ohrid, Skopje 2001; The Gospel according to Mark, Study and Exegesis on the Gospel text, Skopje 2004; Decalogue Lord's Ten Commandments (in translation on Albanian language), Skopje 2005; The epistle of Paul the apostle to the Romans - study and exegesis on the text, Skopje 2005; Geographic map of the Macedonian Orthodox Church with dioceses and important churches and monasteries in the Republic of Macedonia, Skopje 2007; The Beatitudes – earthly steps leading to heaven, Skopje 2007; Sent apostle Paul and Macedonia, Skopje 2007.
He has used literature written in Church-Slavonian, in all the Slavic Languages, in Greek, and in English.
He lives in Skopje.
Македонија и македонскиот народ во историјата на човештвото, по Божја промисла, трипати постанале многу славни.
Прво, прочуени и славени биле по јунаштвото на македонскиот цар Александар Македонски - Велики.
Вторпат, кога во Македонија дошол светиот апостол Павле, и пре¬ку Македонија, за првпат, на европскa земја стапнува големиот Христов апостол на народите, а тоа значи дека во Европа христијанството, Светото евангелие и спасението влегуваат преку Македонија.
И третпат, кога пак од Македонија, преку рамноапостолите светите Кирил и Методиј и нивните свети ученици, особено најдаровитите свети Кли¬мент и свети Наум, охридските чудотворци, им се даде на сите словенски на¬роди Светото евангелие, христијанската вера и спасението. Затоа, светите Ки¬рил и Методиј постанаа и општо признати заштитници – покровители на Европа.
Овие три значајни збиднувања во Македонија имаат општочовечко значење.
Посети:{moshits}
Еклисиолошки и канонски последици од Светотаинската природа на Црквата. Црковно заедничарење, соборност и власт
Што се однесува до приматот на различни нивоа, би сакале да ги потврдиме следниве моменти:
1. Приматот на сите нивоа е практика цврсто заснована на канонското предание на Црквата.
2. Иако фактот за примат на универзално ниво е прифатен и од Исток и од Запад, постојат разлики во сфаќањето во врска со начинот на кој тој треба да се применува, како и во врска со неговите библиски и богословски основи.
44. Во историјата на Истокот и на Западот, барем до деветтиот век, биле признаени низа привилегии, секогаш во контекст на соборноста, согласно условите од тоа време, кои му припаѓале на protos-от или kephale на секое од востановените црковни нивоа: локално, на Епископот како protos на неговата епархија во однос на неговите презвитери и народ; регионално, на protos-от на секоја митрополија во однос на Епископите од неговата област, и на protos-от на секоја од петте патријаршии во однос на митрополитите во секоја од нив; и универзално, на Римскиот епископ како protos меѓу патријарсите. Оваа поделба на нивоа не ја намалува Светотаинската еднаквост на секој Епископ ниту соборноста на секоја помесна Црква.
45. Прашањето за улогата на Римскиот епископ во заедничарењето на сите Цркви останува да биде разгледано подлабоко. Која е специфичната функција на Епископот на „првата катедра“ во еклисиологија на koinônia и имајќи го предвид она што го кажавме за соборноста и власта во овој текст? Како треба да се сфати и живее во светлина на црковната пракса од првиот милениум учењето за универзалниот примат на првиот и вториот Ватикански собор? Ова се клучни прашања за нашиот дијалог и за нашите надежи кон воспоставување на целосна евхаристиска заедница меѓу нас.
46. Ние, членовите на Мешаната меѓународна комисија за Богословски дијалог меѓу Римокатоличката и Православната Црква, сме убедени дека претходното изложување во врска со црковното заедничарење, соборност и власт претставува позитивен и значаен напредок во нашиот дијалог, како и дека обезбедува цврста основа за иден разговор по прашањето за приматот на универзалното ниво во Црквата. Свесни сме дека многу проблематични прашања остануваат за појаснување, но се надеваме дека, поддржани од молитвата на Исус „За да бидат сите едно ... и да поверува светот“ (Јован 17, 21), и во послушание на Светиот Дух, ќе можеме да го надградиме веќе постигнатиот договор. Потврдувајќи и исповедајќи „еден Господ, една вера, едно крштение“ (Ефесјани 4, 5), Му оддаваме слава на Бог Света Троица, Отецот, Синот и Светиот Дух, Кој нè собра заедно.
Забелешка од уредникот на “Europaica”: Горенапишаниот текст, кој го пренесуваме по барање на многу наши читатели, е прв документ усвоен од Мешаната меѓународна комисија за Богословски дијалог меѓу Православната Црква и Римокатоличката, во одсуство на претставници од Московската патријаршија. Претставниците од Бугарската патријаршија исто така беа одсутни од средбата во Равена, додека претставници од Православната Црква во Америка (ОСА) и Православната Црква во Јапонија воопшто не беа поканети да земат учество во работата на Комисијата, затоа што Цариградската патријаршија не го признава нивниот статус. Документот опфаќа изјави (особено во параграф 39) што беа критикувани од страна на делегацијата на Московската патријаршија во Белград, 2006 година. Московската патријаршија ќе го проучи Равенскиот документ и ќе ги изложи своите заклучоци кога ќе дојде време за тоа.
(крај)
Еклисиолошки и канонски последици од Светотаинската природа на Црквата (I дел)
Еклисиолошки и канонски последици од Светотаинската природа на Црквата (II дел)
2. Власт
12. Кога зборуваме за власт, мислиме на exousia, како што е опишана во Новиот Завет. Власта на Црквата потекнува од нејзиниот Господ и Глава, Исус Христос. Примајќи власт од Бога Отецот, Христос по Своето Воскресение ја сподели, преку Светиот Дух, со Апостолите (сп. Јован 20, 22). Преку Апостолите таа им беше предадена на Епископите, нивни наследници, а преку нив на целата Црква. Исус Христос, нашиот Господ, ја вршеше оваа власт на различни начини, сè додека нејзиното есхатолошко исполнување (сп. 1Коринтјани 15, 24-28), Царството Божјо не се пројави во светот: поучувајќи (сп. Матеј 5, 2; Лука 5, 3); чудотворејќи (сп. Марко 1, 30-34; Матеј 14, 35-36); изгонувајќи нечисти духови (сп. Марко 1, 27; Лука 4, 35-36); проштевајќи гревови (сп. Марко 2, 10; Лука 5, 24); и водејќи ги Своите ученици по патот на спасението (сп. Матеј 16, 24). Согласно овластувањето примено од Христос (сп. Матеј 28, 18-20), спроведувањето на власта соодветно за Апостолите и потоа за Епископите вклучува проповед на Евангелието и поучување, осветување преку Светите Тајни, особено Евхаристијата, и пастирско раководење на оние што поверувале (сп. Лука 10, 16).
13. Власта во Црквата Му припаѓа на Самиот Исус Христос, едната Глава на Црквата (сп. Ефесјани 1, 22; 5, 23). Преку Неговиот Свет Дух, Црквата како Негово Тело има удел во оваа власт (сп. Јован 20, 22-23). Власта во Црквата има за цел да го собере сето човештво во Исуса Христа (сп. Ефесјани 1, 10; Јован 11, 52). Власта поврзана со благодатта што се прима при ракополагањето не е приватно сопствеништво на оние што ја примиле ниту нешто издвоено од заедницата; таа е дар на Светиот Дух наменет за служење (diakonia) на заедницата и никогаш не се применува надвор од неа. Спроведувањето власт вклучува учество на целата заедница, Епископот бивајќи во Црквата и Црквата во Епископот (сп. св. Кипријан, Ep. 66, 8).
14. Спроведувањето на власта остварено во Црквата, во името на Христос и со силата на Светиот Дух, мора да биде, во сите свои облици и на сите нивоа, служба (diakonia) на љубов, како онаа на Христос (сп. Марко 10, 45; Јован 13, 1-16). Власта за која зборуваме, бидејќи е пројава на божествената власт, не може поинаку да опстојува во Црквата освен во љубовта на оној што ја врши и оние што ѝ се потчинуваат. Затоа, таа е власт без доминација, без физичка или морална принуда. Бидејќи е учество во exousia-та на распнатиот и возвишениот Господ, на Кого Му беше предадена сета власт на небото и на земјата (сп. Матеј 28, 18), власта може и мора да наложува послушание. Истовремено, заради Воплотувањето и Крстот, таа е радикално поинаква од онаа на националните водачи и на големците од овој свет (сп. Лука 22, 25-27). Иако власта е секако доверена на луѓе кои, заради слабост и грев, често се во искушение да ја злоупотребат, сепак по самата своја природа евангелското поистоветување на власта и служењето претставува основна норма за Црквата. За христијаните, да се владее значи да се служи. Спроведувањето и духовната ефикасност на црковната власт се затоа обезбедени преку слободната согласност и доброволната соработка. На лично ниво, ова преминува во послушание кон власта на Црквата за да се следи Христос, Кој Му беше послушен на Отецот љубовно, дури до смрт, и тоа смрт на Крст (сп. Филипјани 2, 8).
15. Власта во Црквата се засновува на Словото Божјо, присутно и живо во заедницата на учениците. Писмото е откровение на Слово Божјо, како што Црквата, преку Светиот Дух присутен и дејствителен во неа, го има сфатено во живото Предание примено од Апостолите. Во средиштето на ова Предание се наоѓа Евхаристијата (сп. 1Коринтјани 10, 16-17; 11, 23-26). Авторитетот на Писмото произлегува од фактот дека е тоа Слово Божјо кое, читано во Црквата и од Црквата, го пренесува Благовестието за спасението. Преку Писмото Христос се обраќа на собраната заедница и на срцето на секој верник. Црквата, преку Светиот Дух присутен во неа, автентично го толкува Писмото, одговарајќи на потребите на времето и местото. Востановената практика на Соборите да се постави Евангелието среде собранието, сведочи и за Христовото присуство во Неговото Слово, што е неопходна појдовна точка за сите нивни дискусии и одлуки, и истовремено ја потврдува власта на Црквата да го толкува ова Слово Божјо.
16. Во Својот Божествен Домострој, Бог благоволи Неговата Црква да има структура насочена кон спасението. На оваа суштествена структура ѝ припаѓаат исповеданата вера и Светите Тајни извршувани во апостолско преемство. Власта во црковната заедница е поврзана со оваа суштествена структура: нејзиното спроведување се регулира со каноните и статутите на Црквата. Неки од овие одредби може различно да се применуваат, согласно потребите на црковната заедница во различни времиња и на различни места, доколку секогаш се почитува суштинската структура на Црквата. Така, како што заедничарењето во Светите Тајни претпоставува општење во истата вера (сп. Докумант од Бари, 29-33), исто така, за да постои полно црковно општење, мора да има, меѓу нашите Цркви, и меѓусебно признавање на канонските регулативи во нивните легитимни различности.
II. Тројната актуелизација на соборноста и власта
17. Откако посочивме на основата на соборноста и власта во Црквата, и откако ја нагласивме сложеноста на содржината на овие термини, сега ќе треба да одговориме на следниве прашања: Како ја одразуваат видливо и ѝ служат на тајната на koinônia-та институционалните елементи на Црквата? Како го изразуваат својот Светотаински живот канонските структури на Црквите? За оваа цел направивме поделба на три нивоа на црковни институции: ниво на помесна Црква околу нејзиниот Епископ; ниво на регион што опфаќа неколку соседни помесни Цркви; и ниво на целата населена земја (oikoumene) што ги опфаќа сите помесни Цркви.
1. Локално (помесно) ниво
18. Црквата Божја постои каде што има заедница собрана на Евхаристијата, возглавена, непосредно или преку неговите презвитери, од Епископ кој е легитимно ракоположен во апостолското преемство, кој поучува во верата примена од Апостолите, во евхаристиска заедница со другите Епископи и нивните Цркви. Плодот на оваа Евхаристија и на оваа служба е да ги собере во автентично заедничарење во вера, молитва, мисија, братска љубов и взаемна помош сите оние што Го примиле Духот Христов на Крштението. Ова заедничарење е рамката во која се спроведува сета црковна власт. Заедничарењето е критериумот за нејзиното спроведување.
19. Секоја помесна Црква има мисија да биде, по Божја благодат, место каде што Му се служи на Бога и се чествува Бог, каде што се објавува Евангелието, каде што се совршуваат Светите Тајни, каде што верните се подвизуваат да ги ублажат неволјите на светот, и каде што секој верник може да најде спасение. Таа е светлината на светот (сп. Матеј 5, 14-16), квасецот (сп. Матеј 13, 33), царската заедница Божја (сп. 1Петар 2, 5 и 9). Канонските норми според кои се управува имаат за цел да ја обезбедат оваа мисија.
20. Со самото Крштение со кое станала член на Црквата, секоја крстена личност е повикана, според даровите на едниот Свет Дух, да служи во заедницата (сп. 1Коринтјани 12, 4-27). Така преку заедничарењето, според кое сите членови се во служба еден на друг, помесната Црква веќе се јавува како „синодална“ или „соборна“ во својата структура. Оваа „синодалност“ не се пројавува само во односите на солидарност, заемно помагање и надополнување што разните свештенички служби ги имаат меѓусебно. Секако, презвитериумот е соборот на Епископот (сп. св. Игнатиј Антиохиски, „До Тралианците“, 3), а ѓаконот е неговата „десна рака“ (Didascalia Apostolorum, 2, 28, 6), така што, според препораката на св. Игнатиј Антиохиски, сè да се прави во согласност (сп. „До Ефесјаните“, 6). Но, синодалноста ги вклучува и сите членови на заедницата во послушание на Епископот, кој е protos и глава (kephale) на помесната Црква, што го бара црковната заедница. Во согласност со Источното и Западното предание, активното учество на мирјаните, мажи и жени, на монасите и ракоположените, се остварува во епархијата и парохијата, преку многу облици на служење и мисија.
21. Даровите на членовите на заедницата го имаат своето потекло во едниот Свет Дух и се насочени кон ползата на сите. Овој факт фрла светлина и на барањата и на ограничувањата на власта на секој еден во Црквата. Не би требало да има ниту пасивност ниту замена на функциите, ниту запоставување ниту доминација на еден над друг. Сите дарови и служби во Црквата се спојуваат во единство под службата на Епископот, кој ѝ служи на евхаристиската заедница на помесната Црква. Сите се повикани да се обноват од Светиот Дух во Светите Тајни и да одговорат во постојано покајание (metanoia), за да се обезбеди нивното заедничарење во вистина и добротворност.
2. Регионално ниво
22. Бидејќи Црквата се открива како соборна во synaxis-от на помесната Црква, оваа соборност треба вистински да се пројави во општењето со другите Цркви што исповедаат иста апостолска вера и имаат иста основна црковна структура, почнувајќи од оние соседните заради заедничката одговорност за мисијата во нивниот регион (сп. Минхенски документ, III, 3, и Валамски документ, 52 и 53). Општењето меѓу Црквите се пројавува во хиротонијата на Епископите. Хиротонијата се прави според канонскиот поредок од три или повеќе Епископи, или најмалку од двајца (сп. Никеа I, Канон 4), кои дејствуваат во името на Епископатот и на народот Божји, самите имајќи ја примено службата од Светиот Дух со полагањето раце во апостолското прееемство. Кога ова е сторено во согласност со каноните, се обезбедува заедничарење меѓу Црквите во вистинската вера, Светите Тајни и црковниот живот, како и живо заедничарење со претходните поколенија.
23. Ова дејствително заедничарење меѓу неколку помесни Цркви, од кои секоја е Соборна Црква во определено место, се пројавува преку одредени дејствија: учеството на Епископите од соседни катедри (столици, седишта) во хиротонијата на Епископ на помесна Црква; покана на Епископ од друга Црква да сослужува при synaxis-от на помесната Црква; можноста за верните од други Цркви да се причестат од Евхаристиската Трпеза; размена на писма по повод хиротонија; и обезбедување на материјална помош.
24. Канон кој важи и на Исток и на Запад го одразува односот меѓу помесните Цркви во еден регион: „Епископите од секоја област (ethnos) треба да го признаат првиот (protos) меѓу себе, и да го сметаат за своја глава (kephale), и да не прават ништо поважно без негова согласност (gnome); секој Епископ може да го прави само она што ја засега неговата епархија (paroikia) и териториите потчинети на неа. Но првиот (protos) не може да прави ништо без согласноста на сите. Зашто, на овој начин ќе преовладува едноумието (homonoia) и Бог ќе се прославува преку Господ во Светиот Дух“ (Апостолско правило 34).
25. Ова правило, кое се појавува во неколку облици во канонското предание, се применува на сите односи меѓу Епископите од еден регион, било да се тие од одредена област, митрополија или патријаршија. Неговата практична примена може да се види во синодите или соборите на одредена област, регион или патријаршија. Фактот дека составот на регионален синод е секогаш во суштина епископски, дури и кога вклучува други членови на Црквата, ја открива природата на синодалната власт. Само Епископите имаат одлучувачки глас. Власта на синодот се заснова на природата на самата епископска служба и ја одразува соборната природа на Епископатот во службата на заедничарењето на Црквите.
26. Синод (или собор) самиот по себе подразбира учество на сите Епископи од еден регион. Раководен е од принципот на консензус или едноумие (homonoia), што се одбележува со евхаристиско сослужување, како што е предвидено со славословието на крајот од гореспомнатото Апостолско правило 34. Сепак останува фактот дека секој Епископ во својата пастирска грижа е судија и е одговорен пред Бога за работите од неговата епархија (сп. св. Кипријан, Ep. 55, 21); така тој е пазител на соборноста на неговата помесна Црква и мора секогаш да внимава да се застапува за соборно заедничарење со други Цркви.
27. Следствено, регионален синод или собор нема никаква власт над други црковни региони. Меѓутоа, размената на информации и советување меѓу претставници на повеќе синоди е пројава на соборност, како и на онаа братска заемна помош и милосрдие што треба да е правило меѓу сите помесни Цркви, за што поголема општа полза. Секој Епископ е одговорен за целата Црква заедно со сите свои собраќа-Епископи во едната и иста апостолска мисија.
28. На овој начин неколку црковни области постигнаа зацврстување на заедничката одговорност. Ова беше еден од факторите што придонесоа до појава на патријаршии во историјатана нашите Цркви. Патријаршиските синоди се раководат од истите екклисиолошки принципи и истите канонски норми како и обласните синоди.
29. Во подоцнежните векови, и на Исток и на Запад, се развија извесни нови конфигурации на општење меѓу помесните Цркви. На христијанскиот Исток беа основани нови патријаршии и автокефални Цркви, а во Латинската црква во последно време се појави одреден облик на групирање на бискупи – Бискупски конференции. Ова не се, од еклисиолошка гледна точка, само административни потподелби: тие го одразуваат духот на заедничарење во Црквата, притоа истовремено почитувајќи ја различноста на култури на човештвото.
30. Всушност, регионалната синодалност, без оглед на нејзините контури и канонска регулатива, покажува дека Црквата Божја не е заедничарење на личности или помесни Цркви отсечени од нивните човечки корени. Бидејќи е заедница на спасение и бидејќи ова спасение е „возобнова на созданието“ (сп. Св. Иринеј, Adv. Haer., 1, 36, 1), таа ја опфаќа човековата личност во сè што ја поврзува со човековата реалност како создадена од Бога. Црквата не е само колективност од индивидуи; таа е составена од заедници со различни култури, истории и социјални структури.
31. Во групирањето на помесните Цркви на регинално ниво, соборноста се пројавува во својата вистинска светлина. Таа е пројава на присуството на спасението не во недефиниран универзум туку во човештвото какво што Бог го создаде и доаѓа да го спаси. Во тајната на спасението, човечката природа е истовремено земена во сета нејзина полнота и исцелена од она што гревот го има внесено во неа преку самодоволноста, гордоста, недовербата кон други, агресивноста, љубомората, зависта, лажноста и омразата. Црковната koinônia е дарот со кој сето човештво е поврзано во едно, во Духот на воскреснатиот Господ. Ова единство, создадено од Духот, далеку од пад во униформност, ја наложува и така ја запазува – и, на одреден начин, зголемува – разновидноста и особеноста.
3. Универзално (вселенско) ниво
32. Секоја помесна Црква е во општење не само со соседните Цркви туку со севкупноста на помесните Цркви, со оние што денес се присутни во светот, оние што постојат од почетокот, и оние што ќе постојат во иднина, и со Црквата која е веќе во слава. Согласно волјата Христова, Црквата е една и неделива, истата секогаш и секаде. И двете страни исповедаат, во Никејско-цариградскиот Симбол на верата дека Црквата е една и соборна. Нејзината соборност ја опфаќа не само различноста од човечки заедници туку и нивното фундаментално единство.
33. Јасно е, значи, дека една иста вера треба да се исповеда и живее во сите помесни Цркви, истата единствена Евхаристија треба да се служи секаде, и една и иста апостолска служба треба да функционира во сите заедници. Помесна Црква не може да го менува Симболот на верата утврден од Вселенските Собори, иако Црквата треба секогаш „да даде соодветни одговори на нови проблеми, одговори засновани на Писмото и во согласност и суштински континуитет со претходните формулирања на догмите“ (Документ од Бари, 29). Исто така, помесна Црква не може со еднострана одлука да смени фундаментална работа во врска со обликот на некоја служба, и ниедна помесна Црква не може да служи Евхаристија во самоволна одвоеност од други помесни Цркви без да му нанесе сериозна штета на црковното заедничарење. Во сите овие работи погодена е врската на самото заедничарење – значи, самото битие на Црквата.
34. Заради ова заедничарење сите Цркви, преку канони, регулираат сè што е поврзано со Евхаристијата и Светите Тајни, свештеничките служби и ракополагањето, и предавањето (paradosis) и учењето (didaskalia) на верата. Јасно е зошто се потребни канонските правила и дисциплинските норми во овој домен.
35. Во текот на историјата, кога се појавувале сериозни проблеми што го засегале вселенското општење и едноумие меѓу Црквите – во однос на автентичното толкување на верата, или на службите и нивниот однос кон севкупната Црква, или на општата дисциплина што ја бара верноста кон Евангелието – се прибегнувало кон Вселенски Собори. Овие Собори биле вселенски не само затоа што собирале на едно место Епископи од сите региони и особено Епископи од петте најголеми катедри: Рим, Цариград, Александрија, Антиохија и Ерусалим, според древниот поредок (taxis). Вселенски се и затоа што нивните свечени доктринарни одлуки и нивните заеднички формулации на верата, особено по клучни прашања, се задолжителни за сите Цркви и сите верници, за сите времиња и места. Затоа одлуките на Вселенските Собори остануваат нормативни.
36. Историјата на Вселенските Собори покажува кои се нивни посебни карактеристики. Оваа материја треба да се проучи понатамошно во нашиот иден дијалог, земајќи ја предвид еволуцијата на црковните структури за време на последните векови на Исток и на Запад.
37. Вселенскиот карактер на одлуките на еден Собор се признава преку процес на прифаќање, краткотраен или долготраен, според кој народот Божји како целина – по пат на размислување, расудување, дискусија и молитва – ја признава во овие одлуки едната апостолска вера на помесните Цркви, која секогаш била и е иста и чии учители (didaskaloi) и пазители се Епископите. Процесот на прифаќање различно се толкува на Исток и Запад, според нивното соодветно канонско предание.
38. Соборноста или синодалноста, значи, подразбира многу повеќе од собрание на Епископи. Таа ги вклучува и нивните Цркви. Првите се носители и гласноговорници на верата на вторите. Одлуките на Епископите мора да бидат примени во животот на Црквите, особено во нивниот литургиски живот. Секој Вселенски Собор примен како таков, во полната и правилна смисла, следствено е пројава и служење на заедничарењето на целата Црква.
39. За разлика од епархиските и регионалните синоди, вселенскиот собор не е „институција“ чија зачестеност може да се регулира со канони; тоа е попрво „случување“, kairos, вдахновено од Светиот Дух, Кој ја води Црквата така што да ги создаде во неа институциите што ѝ се потребни и што одговараат на нејзината природа. Оваа хармонија меѓу Црквата и соборите е толку длабока што, дури и после расколот меѓу Исток и Запад што оневозможи свикување на вселенски собори во вистинското значење на терминот, и двете Цркви продолжија да свикуваат собори при секоја појава на сериозни кризи. Овие собори ги собираа Епископите на помесните Цркви во општење со Римската столица или, иако сфатено на поинаков начин, со Цариградскиот престол. Во Римокатоличката црква некои од овие собори одржани на Запад беа сметани за вселенски. Оваа состојба, која ги обврзуваше и двете страни од христијанството да свикуваат собори соодветни за секоја од нив, даваше предност на разидувањата што придонесе кон меѓусебно отуѓување. Средството што ќе овозможи воспоставување на вселенски консензус мора да се бара.
40. За време на првото илјадалетие, вселенското заедничарење на Црквите во вообичаениот тек на настани било одржувано преку братските односи меѓу Епископите. Овие односи, меѓу самите Епископи, меѓу Епископите и нивните соодветни protoi, како и меѓу protoi-те меѓусебно во канонскиот поредок (taxis) посведочен од древната Црква, го негувале и зацврстувале црковното заедничарење. Историјата ги забележала советувањата, писмата и молбите до поголемите катедри, особено до Римската, кои живописно ја изразуваат солидарноста што ја создава koinônia-та. Канонските одредби како што е вклучувањето на имиња на Епископи од главните катедри во диптисите (помениците) и изјавувањето верба на патријарсите при нивен избор, се конкретни изрази на koinônia-та.
41. И двете страни се согласуваат дека овој канонски taxis бил признат од сите во периодот на неподелената Црква. Понатаму, се согласуваат дека Рим, како Црква која „председава во љубов“ според израз на св. Игнатиј Антиохиски („До Римјаните“, Пролог), го заземал првото место во taxis-от, и дека Римскиот епископ затоа бил protos меѓу патријарсите. Но, тие не се согласуваат по однос на толкувањето на историските факти од овој период во врска со привилегиите на Римскиот епископ како protos, прашање кое и во првото илјадалетие било различно сфаќано.
42. Соборноста на универзално ниво, остварена во вселенските собори, подразбира активна улога на Римскиот епископ, како protos на Епископите од главните катедри, во консензусот на собраните Епископи. Иако Римскиот епископ не ги свикувал вселенските собори од првите векови и никогаш лично не ги возглавувал, тој сепак бил вклучен најдиректно во процесот на донесување одлука од страна на соборите.
43. Приматот и соборноста се во меѓусебна зависност. Затоа приматот на различните нивоа од животот на Црквата – локалното, регионалното и универзалното – мора секогаш да се разгледува во контекст на соборноста, како што и соборноста во контекст на приматот.
(продолжува)