логоFacebookTwitterYouTubeeMail



Според италијанскиот весник La Repubblica, Ватикан подготвува таен проект за отфрлање на целибатот (безбрачноста) меѓу своите свештенослужители. Разговорите за оваа промена се водат многу години во Римокатоличката црква. Проблемот стана особено актуелен по зачестените случаи на педофилија, што сериозно го потресоа римокатоличкиот свет и доведоа до сериозен одлив на верници. Иако дури и на мнозина од најголемите заштитници на целибатот им е јасно дека безбрачноста се јавува како сериозен проблем и е во основата на многу од сексуалните престапи, извршени од римокатоличките клирици, тие засега не се подготвени за отстапка. Примерот со архиепископот на Виена, кардиналот Шонборн, е доволно индикативен. Во изјавата по повод најновиот скандал со сексуално насилство врз деца, извршено од свештеници во Австрија, Германија и Холандија, тој јавно рече дека во извесен степен и целибатот е причина за случувањата, но уште следниот ден изјави дека целибатното правило е нешто „што не треба да биде подложено на сомнеж“.
Според La Repubblica, на неколку високопоставени членови на Конгрегацијата по духовништво во Ватикана, предводена од монсињор Клаудио Хамес, тајно им било порачано да го проучат внимателно прашањето за отфрлувањето на целибатот. Според непотврдени извори станува збор за отфрлување на целибатниот канон по 50 години. Претпазливоста со која Ватикан се однесува кон тоа прашање е јасна, затоа што тоа би било еднакво на вистинска револуција во Римокатоличката црква, со која би можело да има многу сериозни последици. Само пред неколку месеци, Ватикан се најде во ситуација јавно да ги соборува шпекулациите, што се појавија во многу медиуми по повод папската апостолска енциклика (constitutio apostolica), која сè уште не е официјално издадена. Почеток на шпекулациите даде изјавата на италијанскиот новинар А. Торнели, според кого одложувањето на официјалното издавање на конституцијата нема технички, туку богословски карактер. Секретарот на Светиот престол, задолжен за односи со јавноста, Фредерико Ломбарди, беше принуден да каже дека неженетите свештеници на Англиканската црква, што сакаат да влезат во полно општење со Римокатоличката црква, треба да го примат целибатот. Поинтересното, всушност, е дека за англиканските свештеници, што веќе стапиле во брак, конституцијата предвидува дека може да бидат свештеници.
Многу интересно е мислењето на истакнатиот римокатолички богослов Ханс Кјунг, што тој го изложува во интервју за француски Le Mond, дека Римокатоличката црква во моментов преживува една од своите најдлабоки кризи. Според него, сега е времето кога папата Бенедикт ХVІ треба да направи некакви отстапки и да им разреши на разведените да примаат света причест при определени услови, да ја разреши употребата на средства против бременост, како и да го отстрани целибатот. Особено впечатлив е заклучокот на Кјунг „папата е много помоќен од Претседателот на САД! Тој не е должен да одговара пред Врховниот суд“. Кјунг смета дека папата Бенедикт ХVІ треба да свика редовен собор на Римокатоличката црква, кој треба да даде одговор на прашањата пренебрегнати од Вториот Ватикански собор, и тоа: целибатот и контролата на раѓањето.
Сè почесто и од редот на самото римокатоличко духовништво се слушаат барања и апели до папата за преразгледување на канонското право на Римокатоличката црква, што го вклучува и целибатот. Бразилскиот кардинал Клаудио Умес, веќе многупати изјавувал дека правилото на целибат може да биде преразгледано. „Безбрачноста е прашање на дисциплина, а не догмат на Црквата. Несомнено, повеќето апостоли биле женети. Во овие времиња, Црквата е должна да посветува внимание на тие факти”, рече уште пред 2006 година кардинал Умес, тогаш архиепископ на Сао Пауло. Според еден бразилски епископ, што сакал да остане анонимен, во Бразил веќе одамна вече во свештенство се ракополагаат женети мирјани. „Во Рим тој факт е добро познат, но забрануваат да се говори за него”.
Во раното христијанство немало забрани за брачно свештенство. Некои апостоли биле семејни луѓе, вклучително и св. ап. Петар. Многу од папите на Рими мале семејства. Дури низ Средновековието идејата за безбрачност добива широка популаност, по што станала канонско правило во Римокатоличката црква во ХІІ век.


Двери.бг
    
     Б.М.



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 3012
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2261
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…