логоFacebookTwitterYouTubeeMail

7 / 20 август 2016 лето Господово

Весникот News Sentinel, од градот Ноксвил (држава Тенеси), одбил да го објави огласот на една христијанска продавница, сметајќи го зборот „христијански“ за навредлив. Сопствениците на христијанската продавница Cedar Springs Christian Store, сакале да продадат една од своите филијали и да спроведат во врска со тоа распродажба на своите продукти. Решиле заинтересираните купувачи да ги запознаат преку оглас во локалниот весник, чијшто тираж во работните денови достигнува до 120 илјади примероци, а за викенд и до 150 илјади.

Луис Мекгинис го дала гласот на 26 јули и требало да биде објавен на 28 јули. Но отворајќи го весникот на 28 јули, таа никаде не го нашла својот оглас. Се јавила во весникот каде што ѝ објасниле дека не е објавен затоа што содржи навредливи зборови. Таа прашала да прецизираат кој збор е навредлив и на тоа од вработената во весникот добила одговор дека станува збор за терминот „христијански“ што се наоѓа во името на продавницата. Не станало збор за никакво враќање на платеното, ниту извинување од нивна страна.

„Не ни можевме да претпоставиме дека тие го сметаат зборот ’христијански‘ за навредлив, и затоа не го објавиле нашиот оглас. Тоа беше вистински шамар за нас како Христијани“, изјави г-ѓа Мекгинис.

Тогаш таа реши да објави за случката на фејсбук, под наслов: „Го сметате ли вие зборот ’христијански‘ за навредлив?“ Овој пост на фејсбук предизвикал незадоволство кај Христијаните во Источен Тенеси, по што следеле многу телефонски повици. Како резултат на ова, редакцијата на весникот го објави своето извинување и слученото го оправда во „грешка во системот“.

„Ние го принесуваме своето извинување за сите недоразбирања во врска со односот на Sentinel кон Христијанството“, изјавија во редакцијата и го објавија огласот на оваа христијанска продавница со продолжен рок на објава без никаква дополнителна отплата.

Извор: Православие.ру

Преземено од: Бигорски манастир



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 3009
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2256
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…