БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe
Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд нeгo, мoжeмe да гo прoвeримe вeќe вo минатитe вeкoви. Какo штo сe кoшницитe испoлнeти сo врeдни и мeдoнoсни пчeли, така ситe вeкoви, oд Христа


Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек во Ерусалим, но и во очајот на Неговото предавство и одрекувањето од Него – при најмали страдања.
Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот заедно со владеењето, домот заедно со градителот.

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво. Но, Христос е нашиот пример и Он пред го земал крстот – нашиот, обременет од нашите безумија и тргнал повторно да не направи луѓе.
Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и од подлабок личен однос со Бог и со својот ближен?
Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и се раскина заедницата на човекот со Бога, а дијалотог беше прекинат. Како последица на гревот настана и расцеп во самата природа на човекот.
Деца, од моментот кога имаме иста, православна, вера и исто, вистинско, Апостолско Преемство, расколот е на друго место – не е помеѓу Помесните православни цркви. Расколот е само внатре во нас – меѓу нашиот расеан ум и нашето затворено срце, како и меѓу Христос во
Бог го создаде човекот според Својот образ и подобие, т.е. како личност. Што точно, колку што може да сфатиме, значи тоа?
Зборот на еден Епископ на Црквата Божја, на оној, не што Го заменува Христос, туку кој е икона Христова – на место и во обличје Христово; оти Богочовекот Исус Христос е единствена Глава на Црквата, е извршен. За сите оние што ќе го послушаат, станува благослов; а, за сите оние што нема,
Паѓањето во преголема тага и очајание, не е љубов кон оној ближен што сме го изгубиле, туку своевидно изневерување – од перспектива на Царството Небесно. Начинот на нашиот живот – после загубата, требаше да биде таков, што ние, преку него, да го надокнадиме она што на нашиот ближен му недостасува за полн, радосен, престој во Царството Небесно
Тоа се, на пример, топлината на срцето, восогласеноста на дишењето со изговарањето на зборовите на молитвата и затвореноста или отвореноста на срцето за молитвата. Со овие три појави, вообичаено, се среќаваат почетниците во подвигот, без оглед дали човек веќе го има дарот на умно-срдечната молитва или не.
Сите ние – христијаните, знаеме дека светата Литургија е сржта на нашето постоење во овој свет и век. Целиот наш живот е, или треба да е, една света Литургија. Богочовекот Христос повторно го живее Својот живот во секој еден од нас, а ние повторно го живееме Неговиот живот – секој еден од нас, лично.
Во овие светли денови на соборно прославување на Христовото раѓање, непрестајно да Му благодариме на Бога Отецот, Кој покажа бескрајна љубов кон нас, па и ние да направиме јасли во нашите срца за во нив да Го сместиме воплотениот Богомладенец. Да се поправаме, творејќи богоугодни дела, зашто во овие денови го добивме Дарот над даровите.
Но, зошто Бог бара од луѓето благодарност? Поради Својата бескрајна љубов кон луѓето; Бог бара од нас да Му принесеме благодарност. Благодарноста од луѓето нема да Го направи Бога поголем, пославен, побогат и поживотен, но благодарноста ќе ги направи луѓето и поголеми, и помоќни, и пославни, и побогати, и, што е најважно - вистински живи.
Кој момент од нашиот живот посебно го чека и користи демонот за да направи обид за преземање на нашиот разум? Демонот постојано си подготвува терен, и преку општата атмосфера што ја креира и преку внатрешната навика, постојано да им судиме и да ги осудуваме другите, а себеси да се самооправдуваме;
“Заштo кoј сe вoздига ќe бидe пoнижeн, а кoј сe пoнижува, ќe бидe вoздигнат” (Мт. 23:12).Акo нe сe пoнижимe спoрeд дoбрoдeтeлта, ќe нe пoнижи грeвoт. Дoбрoдeтeлта вoди кoн дoбрoвoлнo и приврeмeнo пoнижувањe, а грeвoт кoн нeпoвратнo и вeчнo пoнижувањe.
























