Срцето е почеток и корен на сите наши дела, учи свети Тихон Задонски. Што и да правиме во и надвор од нас, го правиме со срцето, било тоа да е Добро или зло. Со срцето веруваме или не веруваме; со срцето сакаме или мразиме; со срцето се смируваме или се возгордејуваме;
Човекот и неговата вера
Човекот ги соединува двата света – видливиот и невидливиот, соединува две природи – физичката (телото) и духовната (душата). Ние телото го гледаме и го чувствуваме, но има многу докази и за постоењето на душата, ние ја чувствуваме и ја разбираме нејзината болка, нејзините радости и потреби. Затоа, човечкиот живот не може да се ограничи само на задоволување на потребите на


Но човекот кој верува во Бог, кој се предава на Бог, не се плаши. Многу луѓе додека живеат во лоното на Црквата, пројавуваат слабост, се колебаат пред да донесат решенија. Затоа многу пати таа своја обврска ја префрлаат на духовникот. А тоа е грешка. Човек може да побара совет од духовникот, но решение во животот треба сам да донесе:
Нека биде благословено името Господово од сега и до века! Господ како Своја заповед рече: „Сакајте Ме и во таа љубов чувајте ги заповедите Мои“ (сп. Јован 14, 23). Преку чувањето на заповедите ние добиваме навика, односно сѐ навикнуваме да живееме во непрестајно сеќавање на Христа: на Неговиот живот, на Неговиот пример и на Неговите заповеди. Ве замолувам драги, браќа
Постојат различни начини на кои можеме да им се спротивставиме па лошите помисли, да го ослободуваме нашиот дух од секоја страсна или хулна помисла. Прв, кој го препорачуваат Отците на Црквата е покајанието. Вториот е да го насочиме вниманието и нашето битие на нешто друго. Кога нашето внимание за ова другото се продолжува, непријателот престанува да се интересира и нè напушта.
Веднаш ќе забележиш дека му се случува преобразба. Започнува да испишува една нова насока и, ако разбере дека оваа љубов не е од мене но од Бога, тогаш врз него доаѓа Благословот. Спротивно, ако не го сфати тоа и почне да ми се заблагодарува за оваа љубов, тогаш упропастува се.
Старецот Сава од манастирот Филотеј ми раскажа дека за време на големиот глад во 1917 година, монасите од манастирот Ивирон, гледајќи дека залихите во нивните магацини се намалуваат, го редуцирале давањето милостиња. Всушност, скржавиот надзорник инсистирал сосема да се престане со давањето милостиња.
Исто така, во духовниот живот треба да се сетиме дека велиме едно, а одвнатре нѐ гори и мачи друго. Никој не започнал да следи некоја ерес затоа што добил особено просветление и видел дека православната вера не е вистина. На еден човек му починало детето и секташите го нашле во неговата болка, напуштен од неговата парохија, никој не беше го прашал: „Кој си, што работиш, како си?“ Туѓ помеѓу туѓи.
Живееме во време кога низ православниот свет е сè некако испомешано, од едноставноста на христијанството во апостолско време, до привилегираноста во Византија, потоа во Русија, потоа губењто на привилегиите, до сега веќе губењето на едноставноста, а барање на привелегиран статус во општества (секако и нашето) кои сега воопшто и не се христијански, иако се изградени на христијанска основа.
Не постои општ изглед за сите нешта. Еднаш го прашав еден човек: „Пречи ли да сме со различни мненија и да се сакаме, да имаме љубов еден кон друг? Ни пречи ли да се согласуваме во нашето несогласување?“ И да останеме поврзани и покрај тоа. Христос имал дванаесет ученици, секој со свој карактер.
Не е далеку од човекот – моралното битие, а човекот е создание морално. Така е предодреден. Не е создание кое само јаде, пие, чекори исправено, и по нешто зборува, туку создание кое си поставува прашања: „Кој сум?“, „Од каде сум?“, „Каде одам и како треба да живеам?“ Такви прашања само човекот си поставува на себеси.
Конечена и истовремено бесконечна цел на човекот е – обожување, кое се остварува само преку благодатта, односно преку силата и делувањето на Божеството. Благодатта е дадена на Црквата. Црквата е поле на вечна, божествена светлост, која взаемно дејствува со човечката душа, која е послушна на благодатта и која невидливо ја просветлува (во некои случаеви тоа просветлување и преобразување на душата се случува и на материјален план ...
Кој се плаши од гревот, го љуби Бога. Кој има умиление, има уште поголема љубов. Кој во душата има светлост и радост, има уште поголема љубов. Кој, пак, има благодат и во душата и во телото, има совршена љубов. Таа мерка на благодат Светиот Дух ја дарувал на мачениците, а таа им помага храбро да ги поднесат сите страдања.
Многумина од нас не умеат да го ислушаат својот соговорник: го прекратуваат, не му дозволуваат да ја искаже својата мисла. Исто така, не смее да се зборува кога сме под влијание на гневот или на другите страсти. За сето она што ќе го кажеме во состојба на гнев, подоцна горко ќе зажалиме. Најнапред, потребно е да се успокоиме.
Сите сме слушнале за познатата слика во која чашата на едната личност е половина испразната, а на другата – половина полна. Првата личност е склона кон минување низ животот со неисполнети цели, додека втората ќе го гледа својот свет како прекрасна расцветана градина. Дури и сиот плевел во таа градина може да изгледа убав, доколку ги отстрануваме од себе негативните помисли.
Честопати се случува да сме неуспешни во придржувањето кон Господовите заповеди и да се чувствуваме малодушни , неуспешни да направиме прогрес во борбата против нашите гревови. Едни и исти гревови како постојано да не прогонуваат. Малодушноста е нашиот непријател, зашто е орудие што демоните го користат
Некој луѓе мислат, дека Христос дојде, за нас да не умртви. Единственото умртвување, кое Христос го одобрува во нашиот свет, – е умртвувањето на нашата неправда. Он дојде, за да ја умртви неправдата во нашиот живот, но нè и желбите на срцето. Он дојде, за да ја излие врз нас благодатната роса на Светиот Дух и Својата Крв, која оживува.
Кoга тoј уштe бил мирјанин и сoбирач на царскитe данoци, му сe случилo да oтсeднe вo eдeн манастир. Кoга видeл дeка гаврани паѓаат на oвoшкитe, дeка ги кршат гранкитe сo плoдoвитe и ги нoсат нeкадe, сe зачудил на тoа и заeднo сo мoнаситe тргнал пo нив да види кадe тиe гo нoсат oвoшјeтo. Oдeјќи така завлeглe вo нeкoј нeпрooдeн прeдeл,























