логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Почитуван…!

Ви посакувам мир, мир Божји, кој го надминува секој разум и го соединува човекот со Бога. За да го осени мирот човекот, тој сам треба да се потруди околу придобивање на душевно настроение, трпение пред недостатоците кај другите и опростување на секоја навреда.

Бремето, еден со друг носете го и така исполнете го законот Христов“, а оној кој го исполнил законот Христов, ќе биде осенет од мирот Христов, кој го надминува секој човечки разум. Тој мир го прави човекот нечувствителен за (сопствените) земните неволји и страдања, му згаснува секое интересирање за овој свет, го влече кон Небото, раѓа во неговото срце љубов кон сите, која ги покрива сите недостатоци на ближниот, така што тој не ги ни забележува и го тера да го сака повеќе од себеси. На тој мир се повикани и сите што веруваат во Христа, а особено монаштвото. Ако од тоа нема ништо, тогаш барем да заплачеме пред Бога, зошто сме ништожни, кутри и сиромашни од секое добро, па ќе престанеме да се осудуваме еден со друг, распознавајќи дека сме неспособни и дека се наоѓаме во опасност да бидеме отфрлени од Господа. „Го лекувавме Вавилон и не го исцеливме“. Уште ли ќе нè трпи Господ? Со љубовта Божја е поврзана и правдината Божја, истата од која Адам е истеран од Рајот, а потоа допуштен Потопот, спалени Содом и Гомор и распнат Господ Исус Христос за нашите гревови. Да се смириме еден со друг и пред Господа да ги оплакуваме своите неисцелени рани и сообразно на својата сила, да се принудиме на меѓусебна љубов. Тогаш, поради нашето смирение и трпение, и нас Господ ќе нè приведе кон правилото: „Со каква мерка мерите, со таква ќе ви се мери и вам“. Ако без борба се оддаваме на страстите, што друго нè очекува, освен да бидеме отфрлени од Бога. Царството 

Божјо е Царство на мирот, љубовта, радоста, кроткоста и другите добродетели, а со спротивните особини не ќе можеме да влеземе во Него, Треба да се потчинуваме себеси, да ја оплакуваме гнилоста на својата душа, да замолиме како лепрозниот, Господ да нè очисти и исцели.

Молете и ќе ви се даде, барајте и ќе добиете, тропајте и ќе ви се отвори“ вратата на покајанието, плачот и милоста, од кои произлезе мирот и спасението. Така нека биде, нека биде!…

…Целото човештво, и секој човек поединечно, лежи во длабок пад и грев, и сам, со сопствена сила, не може да се исправи, да се спаси и да стане достоен за Царството Божјо. Човекот е поткрепен од Самиот Господ Исус Христос, Кој затоа и дојде на земјата, но ги поткрепува само оние кои веруваат во Него и кои се свесни за својата грешност. Така и Господ вели: „Јас дојдов да ги повикам не праведните (оние кои се сметаа себе за праведни и добри) на покајание, туку грешниците“ – поточно оние што ја виделе својата расипаност, гревовност и немоќ да направат од самите себе подобри луѓе и кои се обраќаат кон Господа Исуса Христа за помош, поточно оние кои Го молат Господа да ги помилува, очисти од гревовните рани и да ги исцели од душевната нечистотија и така да им дарува Царство Божјо и тоа исклучиво по својата милост, а не поради некакви нивни добри дела.

Боже, биди милостив кон мене грешниот!

Оној, кој правилно оди по духовниот пат почнува да забележува сè повеќе и повеќе гревови кај себе, додека на крајот, со духовниот вид не види дека сиот е потонат во грев, во душевна лепра. Дотогаш не чувствува со сето срце дека самиот тој е нечистотија, недостоен дури ни да го прозива Името Божјо, како оној цариник (од Евангелието) кој, не смеејќи да ги подигне очите горе, со болка во срцето викаше: „Боже, биди милостив кон мене грешниот!“ Пребивајќи долго во таква душевна состојба, човекот излегува оправдан како што излезе цариникот.

Ако пак, се смета себеси за добар, а некои свои гревови, дури и оние потешките – за случајни, цврсто стоејќи дека не носи вина, туку дека се предизвикани од надворешни околности или пак, им се виновни други луѓе или зли духови, а дека тој е само малку виновен, таквата состојба е лажна и се работи за очигледна или покриена прелест, од неа Господ да нè избави.

За да оди по правиот пат, човекот треба да се испитува себеси, да ги споредува своите дела, своите зборови, помисли и стремежи со заповедите Христови, не оправдувајќи се за ништо, и да се труди да се подобри, колку што е тоа можно. Потребно е да не ги осудуваме другите, туку да се каеме пред Господа, да се смириме пред Бога и луѓето; и тогаш Господ на таквиот човек ќе му ја открие неговата паднатост, неговата гревовност, неговиот неисплатен долг. Еден е должен 500 денари, друг е должен 50, но ниту едниот, ниту другиот, немаат со што да платат. Потребно е Господ, по милоста Своја, да им прости на двајцата – значи нема таков праведник на кого не му е потребна милоста на Спасителот.

И, ете ја премудроста Божја! Таквиот грешник повеќе може да се смири и да се приближи кон Бога и да здобие спасение, отколку праведните, кои наизглед се праведни. Затоа и рекол Господ Исус Христос, дека цариниците и грешниците ќе преминат многу поправедни.

По големата премудрост Божја, гревовите и бесовите (злите духови) содејствуваат за смирение кај човекот, а преку нив и за спасение. Ете зошто Господ не нареди да се одвои каколот од пченицата, зашто без каколот (гревовите наши), лесно би се родила гордоста, а Бог и се противи на гордоста. Гордоста и високото мислење за себе се погибел за човекот.

Каков е заклучокот од досега кажаното?

Познајте ги својата немоќ и гревовност, не осудувајте никого, себеси не се оправдувајте, смирете се и Господ ќе ве поткрепи во свое време.

Боже, биди милостив кон нас грешните!

Простете и молете се за мене!...

 

 

Извор: Бигоски манастир

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1124
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1065
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…