логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 

Книгата „не плаши сѐ, само верувај“ претставува збирка од дваесет и една беседа од Стариот и Новиот Завет. Талентираниот книжевник и искусен духовник, отец Андреј Ткачов, му  ја приближува на читателот, смислата на библиските параболи преку современа конструкција на текстот. На тој начин, отец Андреј ја собира  евангелската вистина и науката на светите отци, со својата долгогодишна пастирска пракса, и ги сублимира во збирка проповедите, за Библијата, за Бога, за верата и местото на религијата во современиот свет. Читајќи ја книгата „Не плаши сѐ, само верувај“, читателот добива впечаток дека секоја беседа е упатена токму до него. Така нас отец Андреј нѐ потсетува, и ни го свртува вниманието, помеѓу останатото, и на значењето на Библијата како света книга, на значењето на нејзиното внимателно и посветено исчитување, на силата на молитвата, смирението и покајанието, на тоа што е Божјата волја во нас, и колку мрморењето против истата е штетно. Едновремено, ни влева сила и љубов за верата во Бога, во доброто, и одново и одново го повторува она што современите христијани сѐ почесто го забораваат, дека сè е можно за оној кој верува.

Бог – е Оној, за Кого немаше да имаме никакви прашања, ако не бевме грешни, да не отпадневме од рајот, како што птицата паѓа од гнездото – тогаш се ќе беше подруго и Бог не би бил проблем. Сега Бог е проблем и прашање. Дали Он постои? Ако постои каде е Он? А ако постои и ако е некаде, тогаш Каков е Он? Што сум му јас должен? Што ми е Он мене должен? Во човекот се појавуваат мноштво прашања. Но, сето тоа немаше да се случи, ако не згрешевме и ако гревот да не ги заслепеше нашите очи. Мораме да признаеме, дека тоа сѐ тешки и комплицирани прашањата за Бога, тешки токму поради нашата гревовност и помраченост на нашиот ум. Човечкиот ум е помрачен, ослабена му е волјата, а човекот е измачен, истоштен и дезориентиран, бидејќи денес мисли едно, утре друго, сега мисли едно, а после половина час нешто сосема друго. Во текот на една минута може да се колеба со срцето налево и надесно, а сето тоа се случува затоа што е, дезориентиран и помрачен.


Бог – е прва и највисока реалност. Запрашајте сѐ, што е за вас реално. Реална е масата на која се потпираме. Реална е книгата која можам да ја разлистувам, читам и прераскажувам. Реално е електричното светло. Реални се ѕидовите, кои не можам да ги пробијам со рака, бидејќи ако удрам во нив, ќе се одбијам. Реални се и предметите, кои непосредно се однесуваат на мене: реален е крстот на моите гради, косата на мојата глава… Но, Бог е многу пореален, и доколку тоа не го чувствуваме, тогаш причината за тоа е гревот и отпаѓањето од благодатта. Сите згрешивме, сите сме лишени од славата Божја.

Бог – е живот сам по себе. Живот не се лебот и водата, ни процутениот цвет, ниту детето кое само што се родило, бидејќи сите тие сѐ појави во животот. А живот само по себе е Бог, и Он е прва и најважна реалност. Таа најпроста вистина нам не ни е очигледна само затоа што, за жал, ние сме деца на грешниот Адам, и затоа што разумот, волјата и чувствата, ни се помрачени со гревот.

Враќањето на човекот кон Бога е долготраен, комплициран пат. Човекот страда, зашто човекот не е само homo habilis – „човек способен“, ниту само homo sapiens – „човек разумен“, ниту само homo erectus –  „исправен човек“. Човекот е уште и homo passus (од passion – страдање, страст) – „човек кој страда“. Една од човечките карактерни особини е неговото константно страдање: или надворешно, или внатрешно, а најчесто и едното и другото. Човекот страда, бидејќи живее неприроден живот, страда затоа што живее далеку од Изворот на животот, отцепен е од Него. Ако сакате, тоа е слично на телефон на кој му се празни батеријата и тој свири: „Брзо стави ме на полнач. Одвоен сум од изворот за напојување, мојата батерија умира…“ И црвената ламбичка сигнализира дека уште малку – и ќе се изгасне. Исто се случува и со човекот. А Извор на животот, Живот само по себе, Живот по името „Јехаје“ (еврејско „Јахве“, значи „Оној Кој Е“) е Бог. Немаше да се сомневаме во Него, да не е гревот, и ѓаволот и сите наши лични гревови, и грешки, и сл.

Сите ние се наоѓаме во тажна состојба која многу добро ја опишува Тјутчев. Човек:

Во безверието е сув, опустошен,

А неподнослив терет денес носи…

И сфаќа дека е целиот упропастен,

И жеден за вера –  која треба да ја бара…

Умираме од безверие, умираме додека се одвојуваме од Изворот на животот. Нашата батерија сигнализира: „Уште малку и ќе се изгасне…“ Приклучокот е покрај нас. Имаме приклучок и имаме полнач. Има Црква, има Свети Тајни. Но не им прибегнуваме поради гордоста и за тоа што се сомневаме во постоењето на Бога, во плодотворноста на тој Извор за напојување.

Затоа, прашањето за Бога не е празно прашање. Тоа прашање е теоретско и философско, а воедно и животно. Тоа е прашање за жедните, оние кои бараат вода. Ако на зажеднетиот човек во пустината му речеме: „Нема да ти дадам вода, но еве ти ја нејзината формула – H2O“, – тој ќе се потсмева. Ако на современиот човек му кажеме, на пример Бог постои, но не го приведуваме кон Бога – тој ќе се исмејува. „Каде е Он“? Зошто сум болен, зошто сум сиромашен? Зошто жена ми ме остави, зошто децата сѐ болни? Зошто умре татко ми? Зошто??? Каде е вашиот Бог?“ Затоа, треба да му сѐ овозможи на човекот благодатно искуство да ја проживее Божествената реалност. Поради тоа и постои Црквата.

Без Црквата е бесмислено да се започнува разговор за Бога. Сите зборуваат за Бога, но вистински само Црквата Го пројавува Бога, го пројавува преку богослуженијата, преку Светите Тајни, преку своите праведници и светителите. Нашата болка во срцето, нашиот страв и грижи, сè токму во тоа, луѓето да Го бараат Бога и да Го најдат. За тоа зборува и апостол Павле во едно од своите Посланија: во Дела Апостолски запишани сѐ неговите зборови за тоа, дека Господ Бог од една крв размножи по својата земја мноштво народи и даде одредена духовна задача: За да го бараат Бога, та не би ли некако Го усетиле и нашле, иако Он не е далеку од секого меѓу нас; оти ние преку Него живееме, и се движиме, и постоиме (Дела 17, 27-28). Не е далеку од човекот – моралното битие, а човекот е создание морално. Така е предодреден. Не е создание кое само јаде, пие, чекори исправено, и по нешто зборува, туку создание кое си поставува прашања: „Кој сум?“, „Од каде сум?“, „Каде одам и како треба да живеам?“ Такви прашања само човекот си поставува на себеси. Ниту нилскиот коњ, ниту жирафата, ни антилопата, мрзливецот, стаорецот ниту врабецот – никого не го мачат егзистенцијални прашања. Само човекот, е оптеретен со овие прашања, и само Тој прашува: „Кој сум јас?“ Човекот треба да го бара Бога, бидејќи барањето за Бога е најважната егзистенцијална задача на човекот.

Бог е очигледна реалност, а човекот е сакано Божјо создание кое отпаднало од вистинскиот живот и стигнало до зоната на некоја привидност – во кралството на кривите огледала. Лутајќи во тоа кралство, човекот почнал да чувствува  голема мака и неудобност што се наоѓа во нереален живот. Почнува да промислува и бара: каде си Ти? Зошто сум овде? Кој си Ти, Кој ме создаде? Дали Ти постоиш? Тоа се ужасно, тешки прашања, кои го раѓаат човека во човекот, и тогаш Бог постепено му се открива.

 

Бог е највисока, најчиста реалност која не подложи на сомнеж. Можеме да се сомневаме во тоа, дека јас ве гледам вас, и вие ме гледате мене. Можеби спиеме, можеби се е сон. Во тоа можеме да се сомневаме. Но да се сомневаме дали Бог е реалност, тоа не смееме. Он е пат, вистина и живот (Јован 14,6); и Он е реалност, помрачена за човекот, заради тоа што ѓаволот со него невкусно се пошегувал, а ние сме ја прифативме таа шега и го нарековме живот тоа што не е живот. Затоа барањето за Бога, е барање на вистинскиот извор од кој можеме да пиеме без запирање, без умирање.

Но, јас само што ја започнав приказната за Бога.

Добро е да се зборува за Бога, бидејќи Он е тука и не слуша. Господ никаде не е заминат. Он не е далеку на небото, Он е блиску; Он ги слуша нашите зборови. Нека Ги исполни нашите зборови со благодат, за истите да допрат до срцата на слушателите. Да ни даде разум за да можеме да кажеме што повеќе добро за Него. Како што вели Свети Григориј Богослов, „помнењето и зборувањето за Бога, е поважно од дишењето“.

Значи,Он е живот и Он е прва и најважна реалност.

Протоереј Андреј Ткачов

Превод од српски: Младен Јовчески, дипломиран теолог

Извор: http://www.pravoslavie.ru

http://www.pppe.mk/2018/bog-e-realnost/

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5814
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6631
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6418
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5612
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

20/04/2024 - сабота

Велигденски пости; (на масло)

Св. Георгиј Исповедник; Преподобен Нил Сорски; Св. маченик Калиопиј; Преп. Данило Перејаславски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная