Митрополит Атанасиј Лимасолски: Човекот е љубов по благодат – V дел
Ако си направил грешка, сега имаш можност да ја претвориш во златна прилика. И таа можност постои во секој миг. Дури и нашите гревови и нашите страшни падови, кои за жал ги имаме, ако ги исползуваме, стануваат големи благодејанија. Ако пристапиме кон раната со смирение и покајание, тогаш таа навистина се исцелува. Станува извор на смирение и покајание, на голема скрушеност и благодат кај човекот. Не зборувам за самиот грев, туку за правилниот однос кон искушението.


Обично се жалиме, аргументирајќи дека на нашиот пат кон спасението се чувствуваме неудобно поради оние кои нé опкружуваат и поради неповолните околности со кои мораме да се соочиме, закучувајќи дека е невозможно да се најде некое тивко место за да се скриеме од празнината што ја има насекаде. Во такви ситуации забораваме дека во нас постои ‘‘едно скриено и мирно катче во срцето’’ (1. Петар 3:4). Забораваме дека е
Пoтoа св. Андрeј oпишува какo Гo видeл Христа Гoспoда: “И кoга нeкoја oгнeна рака ја пoвлeчe завeсата, Гo видoв мoјoт Гoспoд какo нeкoгаш прoрoк Исаија, какo сeди на вoзвишeниoт и прeвoзвишeн прeстoл и сeрафими стoeја наoкoлу. Бeшe oблeчeн вo црвeна кoшула, сo прeсвeтлo лицe, а Нeгoвитe oчи прeљубeзнo глeдаа вo мeнe. Кoга Гo видoв, паднав ничкум прeд Нeгo пoклoнувајќи сe на сјајниoт и страшниoт прeстoл на Нeгoвата слава.
Нашата цел е Царството Божјо. Затоа треба да најдеш сила да ѝ простиш на својата жена ако погрешила, да ја прифатиш и поткрепиш, дури и ако паднала. Тука те сакам, но дали си вистински јунак и капетан, ќе се покаже во бурата. Лесно е да колеш и бесиш. Коли и беси – што е полесно од тоа? Но, во бурата ќе се види каков си, дали во тој час можеш да бидеш силен и да го поткрепиш другиот човек. Ова е толку чувствителен момент.
Троичниот Бог не е апстрактен Бог, не е некаква виша сила, како што велат некои кои сакаат Бог да биде некаква виша сила. Знаете ли зошто сакаат да биде виша сила? За да прават што си сакаат, затоа што еден таков бог, кој е виша сила, не може да има личен однос со човекот и таа виша сила не го занима човека. Таа е нешто таму далеку, зад облаците, бог кој си ја гледа неговата работа, а ние нашата. Додека, пак, нашиот Бог, вистинскиот и жив Бог, е Личност, Битие, Бог на Црквата, на Евангелието, Света Троица.
Но, дали светиите и светите се само отаде фреските? Дали светоста се чува неповредена така заградена само во храмовните ѕидини? Дали само житијните слова се единствените кои говорат за од Бога даруваната светост постигната со исклучителни подвизи или маченички сведоштва? Тие секако дека ја крепат душата и ја засилуваат верата, но што кога ќе го согледаме и споредиме нивното житие и нашиот живот и животот на оние кои живеат со нас?
Главна духовна особина на отец Јован за мене секогаш беше не само дарот на расудување, туку и непоколебливата вера во себлагата и совршена Божја промисла, која што ги води Христијаните кон спасение. Во една од книгите на отец Јован како епиграф беа одбрани зборовите кои што тој често ги повторуваше: „Најважно во духовниот живот – е вербата во Божјата промисла и расудувањето со совет“.
Така, вистинската цел е љубовта кон Бога. И ако ја постигнеме, тогаш сите други нешта го заземаат своето правилно место и човекот не се измачува. Да кажеме дека имаш тежок брак, сопругот те измачува, свекрвата исто така и ти доаѓа да напуштиш сѐ. Ако се анализирам себеси, ќе видам дека причината е длабоко во мене, имено, дека не Го љубам Бога. Да Го љубев Бога целосно и да бев свесна дека целта на мојот живот е љубовта кон Него, тогаш проблемите во мојот брак, здравјето, работата, финансиите, дури и фактот дека стареам...
Ако некој од умор, или од душевно растројство е наклонет кон гнев, раздразливост, немир, единствено кротоста може да го смири во неговата растроеност. Опоменувајте се за Божјото присуство насекаде. Затоа, задолжително молете се наутро, во текот на денот и пред заминувањето на почивка. Задолжително постете во среда и во петок, за да не Го навредите Оној, Кој е секаде присутен.
За љубовта, пак, можеме да кажеме дека е најмоќната сила на човечката душа, затоа човекот треба исто толку да внимава да ја активира на правилен, бестрасен и свет начин. Ако душевната сила на љубовта се активира на страстен начин, тогаш постои опасност човекот да ги претвори во идол различните нешта што ги сака: идеологии, философии итн., и потполно да им се предаде, бидејќи карактеристика на љубовта е да се предадеш на тоа што го сакаш.


Она со што треба да се занимаваме, деца мои, е љубовта кон другиот, кон неговата душа.
Некој византиски цар беше нарачал од еден краснописец да му подготви препис од Стариот и Новиот Завет. Долго време одзело додека се заврши, но затоа резултатот бил воодушевувачки. Оваа прекрасна Библија, чија вредност надминувала 15 златници, царот ја подарил на еден старец-пустиножител, кој еднаш му беше помогнал. Тој старец, малку време пред своето упокојување, овој скапоцен дар го предал на својот послушник Геласиј.
Ова е дијагноза на т.н. мнение, или високо мислење за себе си кое се карактеризира со надменост, мислење за другите дека грешат, нарочно оние кои се со повисок степен во хиерархијата, со тоа што се држи ставот дека се има подобро решение за проблемите заради своевидното квази искуство кое се користи за аргумент за одржување на мнението.
Во Евангелието се вели, да ги погледнеме птиците небесни и полските кринови, да бидеме воздржани, умерени во јадењето и пиењето, а на крајот од краиштата или почетокот е тоа што Он ни вели, Моето Тело е вистинско јадење, а Мојата Крв, вистинскио питие. Западниот човек, кој е нели во темнина, а од што? Од тоа што ние не пребиваме во светлина, туку се преправаме.
Ајде да го надминеме тоа чувство и да се покаеме. Оваа парабола ме тера на покајание, бидејќи ја чувствувам мојата недоволност, ништожност и пад во врска со ова прашање. И некои мои пријатели, духовници, но и обични верници ми велат дека „ние исто така го чувствуваме тоа толку силно во нашите срца –дека не сме такви какви што треба да бидеме“. 

























