логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Кога ќе дојде Христос во срцето, тогаш животот се менува. Христос е сè. Оној кој во себе Го има Христа, тој доживува работи што не можат да се  искажат: свети и свештени. Живее во радост. Ова е вистина и ова е доживеаното искуство на многу подвижници на Света Гора. Тие постојано со копнеж ја шепотат молитвата „Господи Исусе Христе…“

Кога Христос ќе влезе во срцето, страстите исчезнуваат. Тогаш не можеш ниту да навредуваш, ниту да мразиш, ниту да се одмаздуваш, ниту, ниту, ни… Како може да се јави омразата, нетрпеливоста, осудувањето, егоизмот, стресот, депресијата, кога во душата владее Христос и копнежот по невечерната светлина? Тој копнеж те прави да чувствуваш дека смртта е мост, кој во еден момент ќе го минеш за да го продолжиш животот во Христа. Тука на Земјата ти е пот ребна верата, оти имаш една пречка. Таа пречка е телото. A по смртта нема тело, верата се укинува и Го гледаш Христос како што го гледаш сонцето. Се разбира, во вечноста сето тоа ќе го живееш поинтензивно.

Меѓутоа, кога не живееш со Христа, живееш во меланхолија, тага, стрес, грижи. Тогаш не живееш правилно, и се појавуваат многу аномалии и во организмот. Телото, жлездите, црниот дроб, жолчката, панкреасот, стомакот, сите се изложени на тоа влијание. Некои велат: „За да бидеш здрав, наутро земи чаша млеко, јајце, путерче со две три парчиња леб“. Но, ако живееш правилно, ако Го  возљубиш Христос, тогаш и со еден портокал и едно јаболко ќе бидеш во ред. Најголемиот лек е човекот да му се предаде на служењето на Христос. Тогаш сè се исцелува, и сè функционира правилно. Божјата љубов сè менува, преобразува, осветува, поправа, преосуштествува.

Нашата душичка многу ќе се утеши кога ќе имаме копнеж по Христа. Тогаш нема да се занимаваме со секојдневните и приземни работи, туку ќе се занимаваме со духовното и возвишеното, ќе живееме во духовниот свет. Кога живееш во духовниот свет, живееш во друга димензија, во која што душата е задоволна и радосна. Меѓутоа, не си незаинтересиран за другите, туку сакаш и тие да го најдат спасението, светлината, осветувањето. Сакаш сите да влезат во Црквата.

 

Бигорски манастир



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2673
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1828
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…