„Скалила„ - Митрополит Антониј Блум (Сурошки)

Култот кон личноста е една од најштетните појави, не само во црковниот живот, туку општо во целиот живот, вклучувајќи го и политичкиот. Во областа на политичкиот живот, култот кон личност си наоѓа свое место во диктатурата и во тоа, кога некој, оставајќи им впечаток на луѓето околу него, добива власт на којашто тој нема никакво право според неговиот внатрешен состав,..


Христовата мисија на земјата била да го спаси светот преку страдање, а страдањето донесува многу смирение. Да бегаме од сопственото страдање е погрешно. Ти вистински си слободен тогаш кога се бориш, кога си присутен на крстот. Страдањето носи длабока мудрост и прави сериозно да размислиме за своето спасение.
Принцот Растислав од Моравија испратил писмо до византискиот цар Михаил III, во кое му ставил до знаење дека неговата земја го отфрлила паганството и го прифатила христијанството, но немале кој да ги поучи во верата на нивен јазик. Римските мисионери се обиделе да ги евангелизираат Словените, но не биле успешни затоа што се обидувале тоа да го направат на латински или грчки јазик.
Во една прилика кога служел, неговите двајца ученици наеднаш забележале дека не се само тројца во олтарот, туку четворица. Гледале запрепастено: кој е четвртиот? Ова им било прв пат да го видат и го прашале светиот: „ Четворица сме, што се случува?“ „Тивко“, им одговорил тој, „ќе ви објаснам подоцна. Тоа е светиот ангел, кого Бог ми го испрати. Секогаш доаѓа и ми прислужува“.
Така значи, кога влегуваме во храмот ние го поминуваме растојанието од земјата до небото. Ги преминуваме ѕвездите, ги оставаме ангелите зад нас и се искачуваме таму каде што стои Пресвета Троица. Тоа е таинство на нашата Црква. Го гледаме лебот и виното, но кој од нас не верува дека тоа е Христос? Го вкусивме виното и лебот, но кој нас не верува дека тоа се тело и крв Христови!
Светиот свештеномаченик Јаков бил една маркантна личност од првата црковна заедница. Овој светија, познат и како брат Божји, не бил само Христов сродник по плот, туку и попримил длабоко од Неговиот дух. Бил толку праведен што го нарекувале „праведникот“, и таа карактерна црта му останала за време на целиот негов живот. Според црковното предание, тој е составувач на првата Литургија, првиот текст, од кој подоцна произлегле и останатите Божествени Литургии.
Секуларизацијата христијанското општество го направи отворено и прифатливо за хуманистички и прагматични теории за животот, кои во најголема мера го засениле христијанското учење за гревот и покајанието. Учењето за гревот како отпаѓање од единството со Бога, од еден вистнски живот – во Него и со Него, сé повеќе беше заменувано со некој вид морална или обредна законитост, во која гревот првенствено значи престап на утврдено правило.
Постои една голема вистина: онака како што нашето срце е расположено кон нашиот брат, така и Божјото срце се однесува кон нас. Дали сакаш Бог да ти ги прости твоите грешки? Дали сакаш да те сака со целото Свое срце? Тогаш би требало, од срце да сакаш и простуваш.Дали сакаш Бог да ги заборави сите твои гревови и веќе да не се навраќа на нив? „Сакам, би сакала“, плаче душата.
Човекот треба да се исповедува што е можно почесто. Паузите помеѓу исповедите треба да бидат исполнети со духовна борба и напори, што ќе се зацврстуваат со подготвките за претходната исповед и подготовката за следната. Значи, честото исповедување на гревовите ќе те чува, ќе те поддржува и ќе го прави поцврст целиот твој духовен живот. Благодатта Божја што
Гледате на колку сѐ начини се добива благодатта за услишување на молитвата; затоа никој да не паѓа во очајание, дека не може да ги испроси од Бога спасоносните блага. Зашто, ако претпоставиме, дека ти недостасуваат многу од оние работи кои се потребни за услишување на молитвите, па зар не можеш да бидеш постојанен во молитвата, никогаш да не отстапуваш од неа? Тоа може да го прави секој само, ако сака. Само поради таа
Сeкoј вeрeн чoвeк, ангeлoт гo упатува на сeкoe дoбрo дeлo, дoдeка дeмoнитe навалуваат да ги сoблазнат вeрнитe и да ги лишат oд царствoтo нeбeснo…” Дeка ангeлитe сe близу дo луѓeтo и дeка тиe сe грижат за луѓeтo за тoа свeдoчи цeлoтo Свeтo писмo, а пoсeбнo Нoвиoт завeт. Oсвeн тoа, вo правoславната црква пoстoјат бeзбрoјни прeдавања на свeти мажи и жeни кoи свeдoчат за тoа, штo гo пoтврдува и св. Анастасиј.

Сето тоа толку изградува, просто не можеш да се воздржиш од солзи, во се' се гледа Божјата промисла. Како се' е прекрасно создадено и милостиво за се' се грижи и ништо не заборава.
Она што е важно е дека преку постот човекот придобива сознание дека му припаѓа на телото на Црквата, дека Црквата е едно тело, една целина од верници и таа како тело пости во тој период и на тој начин. Тоа ни го дава чувството дека припаѓаме на телото на Црквата, потчинувајќи се на таа заповед на Црквата. Сега е период на постот и бидејќи припаѓаме на телото на Црквата,
Според тоа, првото нешто што го придобиваме е црковното сознание – дека сме членови на Црквата и како такви го правиме она што го прави целото тело. Сите православни Христијани, во целата земја, на тој ден постат, значи постиме и ние, како членови на тоа тело. Не можеме да се двоиме од останатите, не можеме да ги правиме работите по свое, не може Божјиот народ да врви по еден пат, а ние да следиме друг. Црквата не е нешто неодредено, нешто апстрактно, туку тело од луѓе – или ѝ припаѓаш
Ќе дојде часот, дај Боже да биде сега, кога ќе потече солзата на покајанието од нашите очи и ќе Му речеме на Бога: „Господи, како можев да зборувам така, како можев така да ги повредам другите, какви се тие нешта што излегуваат од мојата уста!? Не, воопшто не пазам на навредливите или лоши зборови – јас едноставно така си комуницирам со другите. Цело време навредувам, ироничен сум, не почитувам – што е тоа што излегува од мојата уста?























