логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 

Да го љубиш другиот – тоа е љубовта кон Христос

    Прво треба да разгледаме што е љубовта, затоа што не знам дали она, кое што го гледаме дека е напишано врз лозунзи, врз посланија и она за кое луѓето говорат, дали навистина е љубов. Кај отците од Црквата ќе ги откриеме вистинските елементи на љубовта. Ајде да го земеме Авраам. Се сеќавате, тој го живеел своето секојдневие, бил богат, имал сопруга, роднини, татковина. Одеднаш Бог доаѓа и му вели: « Излези од сето тоа и дојди онаму, кај што јас ќе те одведам.» Дали ќе ми кажете дека ова е елемент на љубовта? Да, првиот елемент на љубовта е излегувањето, едно херојско излегувавање од егото. Ако тоа не стане, човек нема да се вљуби. Поради силната љубов која имал кон Бог, Авраам, остава сè, излегува од тоа и гледате, дека ние кога вообичаено говориме за љубов, го имаме предвид токму обратното. Дури и најсвештените елементи на животот ни се менуваат и изопачуваат од егоизмот. Односно јас сметам, дека љубовта е влегување на другиот во мојот живот, како и мое освојувачко влегување во животот на другиот. Љубовта е излегување – ако не излезеш, нема да засакаш, нема да патуваш, нема да живееш, ако останеш во таа многу затворена периферија на егото. Авраам излегува, патува, ризикува но, стигнува до вишата љубов и каде се гледа тоа? Во жртвата. Навистина – говориме за љубовта, да речеме, дека го правиме тоа херојско излегување  од нашето јас но, жртвуваме ли нешто? За она што го нарекуваме љубов, жртвуваме ли нешто? Правиме ли некакво движење? Многу пати не правиме ништо и не само што ништо не жртвуваме но, ја бараме и жртвата на другиот – т.е. за мене љубовта е јас да станам олтар, врз кој другиот ќе се жртвува во мое име. Разбирате ли колку трагично понекогаш го разбираме, мислиме и највеќе го преживуваме собитието на љубовта?
  

 Прв елемент е излегувањето, вториот е жртвата. Сега третиот елемент. Мојсеј бил пастир, пасел овци и ненадејно стигнува до едно свештено место и Бог што му вели? Да не си мислиме, дека Бог говорел на пророците надворешно, Он говорел во нив, длабоко во нив тие го слушале Божјиот глас како и им прошепнува - «не пристапувај, ако не си ги изуеш обувките!» Зошто? - местото е свештено. Што се обувките? Она што нè соединува со прашината, влегуваме во допир со земјата, односно со секое земно нешто. Симни сè земно, оти местото е свештено. Внимавај каде ќе стапнеш. Суштествува ли посвештено место од лицето на другиот? Ајде кажете ми? Барајќи во Писанието, кај отците на Црквата не наоѓаш посвештено пространство, подобар храм од лицето на братот, на човекот, на секој човек. Христос доаѓа и  вели – гладен бев – и ми даде да јадам. Ама кога го направив тоа? Она што го направи на Мојот брат, Мене ми го направи. Следствено другиот е Христос. Тој е свештено место. Како влегуваме во неговиот живот? Дали сме помислиле некогаш? Дали симнуваме од себе се земно? Кога влегуваме дома, си ги чистиме нозете на прагот, од чергичето. Но, дали  можеби во крајна линија, наместо да излезам од себе, наместо да се очистам, влегувам во животот на другиот и самиот него го претворам во чергиче за чевли? Под предлогот на љубовта, имајќи ја љубовта за оправдание, да не стане тоа, другиот да ја чисти мојата потреба? Така се губи скаралноста и уважувањето.  Помислете колку е трагично еден свештеник да не е вљубен во светата Трпеза, да не е вљубен во една «маршрута» – од светата Трпеза до Царските двери, т.е. до другиот човек, и од човекот до светата Трпеза. Претставете си еден уметник, кој не е вљубен и не лудува со боите, еден поет, кој не е вљубен во зборовите, монахот кој не е вљубоен во Христос? Трагични лица. Е сега, претстави си да ја оттргнеш таа сакралност и да влезеш во животот на другиот не како свештенослужител ( во храмот), туку како освојувач, како господар, за да ја истуриш содржината на егоизмот во просторот на другиот. Замислете си колку е тоа трагично?
    Љубовта, велат отците е барање.  Еден голем отец на Црквата вели за божествениот ерос – треба да го следиш Христос, како безумно вљубениот својата љубена. Односно, да го бараш, да излегуваш од егото, да станеш «свештенослужител» (на животот), да копнееш по сè нежно, свештено и свето и да го следиш другиот, за да му го дадеш покрај тоа и твојот живот и воља. А всушност ние го последуваме другиот, за да му дадеме нешто од нашот егоизам, од нашата воља, од нашата страст, од нашата потреба. Дали сфаќате каде се наоѓаме?
Љубовта е барање, а не окупација. Простете, но следниве години, некои луѓе кои ќе не погледнат, занете ли  што ќе кажат? - дека постапуваме малку како Тројката (ЕУ, ММФ, ЕЦБ) – доаѓаме да помогнеме, да ви дадеме и гледаш дека всушност се случува окупација. Така постапуваме и ние.
Љубовта е барање, премрежие, давање, принесување, жртва, крст, патување. Со каква тага не исполнуваше песната, која ја пеевме во детската градинка, или училиште за оној брод, што не патувал. Дали ја помните? Човекот кој не се вљубил, «не патувал».  Монахот, поетот, свештеникот, секој човек, политичарот, секој човек, кој не се вљубил, не патувал и тој е разоружан. Ако го претвораме другиот во наш посед, ќе сопреме да го бараме. Ако се приближуваме до другиот како господари со цел да го завладееме и да го направиме наша сопственост, ќе сопреме да го бараме. Односно ќе запреме да бидеме вљубени, да го сакаме, ќе стане даденост, секојдневие, ништо, декоративен елемент.
    Љубовта, велат отците е себезагуба. Дали сте го чуле тој збор?  Многу е убав – губам,  кога се вљубувам, не грабам  (αρπάζω), туку се празнам  (αδειάζω)  од своето јас. Ако зграбам и завладеам, тогаш губам, патувањето завршило, потрагата е завршена, повторно се затворив во моето его, ја загубив сакралноста, престанав да бидам свештенослужител на животот.
Денес говорат за љубов, слушаш како сите говорат за љубов, насекаде има вљубени и велиш сега - љубов без душа? Што е љубовта? Отците говорат  дека таа е дар Божји. Зарем не е возможно Бог да му даде на човекот еден дар, кој го засега само телото? Гревот е тој, кој го фрагментира и разделува човекот. Резултатот е смртта, која е најголемото разделување,  кога душата  насилно се разделува од хармонијата со телото.  Бог не разделува, туку обединува. Гревот и смртта воглавном разделуваат. Така, она што Бог ни го дава, ни го дава и за телото и за душата. Он доаѓа и ни дава еден дар, и за душата и за телото. Што да му кажеме ние сега, кои  имаме бездушна љубов? Нашата љубов жива ли е? Што велите? Жива ли е? Бездушна е.  А едно тело без душа  какво е? - мртво тело. Заклучок – нашата љубов е мртва. Во една убава песна се пее: безумни љубови, безумни бакнежи, зборови, зборови, зборови лажливи. Тоа е. Многупати, низ стиховите може да ги чуеме највредните и најсериозни проповеди. Без душата љубовта е мртва. Но, кој ја вложува душата денес? Колку убаво кажува  Христос: Добриот пастир, ја полага душата за овците, а не телото. Душата е нешто највредно за жртвување. Денес нашата љубов, жива ли е? Не. Таа е една потполно површинска, плитка, мртва љубов.  Имаме една љубов, која претставува завладејување со другиот, застојување во егото, која губи секаква сакралност и другиот станува чергичето, каде што си ги тријам обувките или крпата која ја користам да ја исчистам својата нечистотија. На крај ќе ја смачкам, ќе ја исфрлам и ќе земам друга, оти пак имам потреба од истото.
.    Следствено отците на Црквата истакнуваат, дека сè што ќе се одвои од љубовта, умира. Знаете ли на што наликува нашата љубов во поголем дел случаи, денес? Изгледа еден гинеколог, би можел подобро да ја опише. Наликува на ембрион во утробата.  Сте чуле ли за тој термин – доаѓа до зачнување но, ембрионот е вонутробен  и е осуден на смрт, оти неможе да биде носен надвор од утробата. Сè кое е надвор од љубовта е осудено на пропаст.  Ќе умре, тоа е сигурно. Оттука гледате, дека се движиме за да се сретнеме со другиот, велиме дека се вљубуваме во него, а нашите движења се исполнети со смрт, мртви се, бездушни, како и неговите, така што се сретнувааат двајца луѓе, без душа и создаваат мртва врска.
Празнувавме еден велик светител – свети  Ефрем Сириецот и за време на утрената нешто ми стори впечаток. Слушнав еден стих, кои светиот песнописец го кажува на денот на Свети Ефрем – ти си река Ефрат, која извира од Едем, т.е. од Рајот. Тогаш си помислив: а  кои се нашите извори? Кој е изворот на љубовта? Наште извори пресушуваат, оти се што правиме, го правиме од пуст ентузијазам и поради тоа тој извор пресушува. Веднаш штом ќе настане завојување на другиот, останантото се надополнува. Немаме извор, нашиот извор пресушил. Како да потече таа река, да се придвижи, освежи и напои? Ништо нема да се случи, оти изворот на љубовта ни е егоизмот и водата е валкана и горчлива. Така што колку пати се обидуваме да се измиеме, толку повеќе се валкаме и ги валкаме и другите. Денес љубовта за сожалба претставува простирачка «политика» на нашиот егоизам. Ништо повеќе.
    Денес , она кое го нарекуваат љубов, е и трагична многудимензионална попреченост. Тежок израз. Исто така  и мене ми се причини, кога го забележав во автомобилот, одејќи насамо но, од друга страна решив да го кажам, бидејќи така стојат нештата. Љубовта која претставува здравје, движење, Божји дар, укинување на егоизмот, надминување на смртта, култивирање на љубовта, станува трагична многудимензионална попреченост.
Односно, на другиот му  ја предавам  мојата болест, страст, потреба. Ако денес прашаш едно дете: што се случи, те гледам, скоро да си се вљубил! Во што се вљуби? Сум прашал и не сакам да ви ги кажам одговорите.
Денес на едно дете другиот му го претставуваме како нива, која треба да ја зграби и завладее, да ја придобие, да ја претвори во своја сопственост, и откако ја завземе, да ја завземе следната. Во тоа е нашиот крах. Ако сакате, нашиот грев.
Знаете ли зошто света Марија Египетска се обрнала и го променила својот живот? Нејзиниот страв од смртта доаѓал од нејзината страст, таа мислела, дека тоа е живот, се додека не го познала Животот, Христос, додека не го познала Воскресението. Оттука сета таа страст и љубов од материјата се насочила кон Христос. Страстно  грешела, била вљубена во искварениот жвиот, и наеднаш ја насочува сета таа погрешна љубов кон Христос.
     Пред неколку години се подигна шум околу предбрачните врски и луѓето кои беа од едната страна викаа: ад! Оние од другата: средновековие! На крајот останаа тие зборови. За жал, ја загубивме најголемата возможност да го изложиме пред современиот човек, целтото тоа богатство на отците во однос на љубовта. Да му покажеме дека скралноста, која ни недостига, Христос дојде  да ја донесе. На каков начин? Благословувајќи го конкретното собитие. Изведувајќи од потребата и поставувајќи го во сферата на љубовта. Извлекувајќи го од смртта и преобраќајќи во живот. Христос дојде да ти каже: Јас благословувам, за да биде чисто, автентично, никогаш да не стане потреба, туку да стане љубов. Да не гледаш – да не кажам што – (плот, тело) – туку лице пред тебе, да гледаш душа, нешто свештено и да се радуваш на таа сакралност. Христос го направил тоа и тоа треба го изложиме и тоа треба да го кажеме. Тој ми покажа чест да го благослови дарот, кој што ми го дарил и кој што јас го загубив и разрушив. Тоа е љубовта – дар Божји, отците велат, утеха за човекот, за да изрази својата љубов, да се научи да љуби преку тоа, да почитува, и самиот да стане свештенодејател во лицето на другиот. Да се научи да не разделува, туку да обединува.
    Проблемот е што наместо да се жртвувам, го жртвувам другиот, станав, како би рекол денес свети Ефрем Сириецот, - антихрист  - наместо   (αντί) Христос, нека не нè плаши терминот. Христос се жртвува, учениците му се жртвуваат, а јас го жртвувам другиот, следствено, јас сум антихрист. Во собитието на љубовта, треба да вложам душа, а за да вложам душа, треба да ја најдам, а за да ја најдам, потребно е смирение. Треба да го направам патувањето кон другиот, тоа треба да е внатрешно, да влегува длабоко внатре, да видам што се случува. Се сеќавате ли на случајот со Господ, кога довеле кај Него еден раслабен? Христос бил во еден дом, луѓето биле околу Него, не можеле да влезат низ вратите и прозорците и што прават? Се качуваат, го расковуваат покривот и го спуштаат пред Христовите нозе – колку убава слика. Помислете дека некогаш вратите и прозорците може да се затворени – врати и прозорци се нашите очи, уши, сетила. Оттука треба да прибегнеме кон покривот, кон умот, да влеземе подлабоко, да го отвориме покривот, да влеземе во длабочина, да се спуштиме внатре, и таму ќе Го сретнеме Христос. Што тогаш ќе му дадеме – нашата прализа, нашата болет. Кој може да не одведе таму? Четворица, се вели, го ноеселе парализираниот: смирението, љубовта, верата и молитвата. Ќе не одведат внатре, да го сретнеме Христос. Сретнувајќи Го Него, си ја пронашол душата. Кога пак ќе ја пронајдеш, спремен си да се вљубиш, да ја дадеш, оти без да ја најдеш што ќе дадеш? Го сретнуваш Христос, ја наоѓаш душата и тогаш си подготвен. Веднаш штом ќе го најдеш Христос, имаш крст, и тој станвуа пат, мост, го сретнуваш другиот,  и веднаш штом ќе со сретнеш со љубов, со убавина, со благодат, тогаш таа врска станува воскресение...

 

Подготви: Маја Белева

 18-ти јануари 2019 лето Господово

Извор:

https://pravoslaven-sviat.org/2018/11/06/da-obicas-drugiq-towa-e/?fbclid=IwAR0ma2t2nrS3bUq7X8RBsUSQSAhmIJGMALt_SGYgUnRFVdDIIPe0QhzqpW8

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1115
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1217
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1108
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…