Игумен Арсениј (Соколов): Храмот без заедница станува бесмислен обреден сервис (1)
„Оче, згрешив… и… недостоен сум“ (Лк 15,21). Зошто? Зар сезнајниот Бог не го знае тоа, зар е можно нешто од Него да се сокрие? Не, таквото исповедање, таквото признавање е потребно за мене, грешникот, преку него го изразувам своето жалење и каење за стореното: од преполнето срце зборува устата. Исповедта е откривање на гревот, негово именување.



Еднаш Старецот ми рече: „Ти си побожен човек. И сакаш да ги натераш своите ближни да бидат исто толку верни и побожни луѓе како тебе. Мислиш дека така ќе успееш? Само ќе направиш штета. Принудувањето побудува отпор кај луѓето. Ти му велиш на човека „направи вака“, и тој не сака, затоа што ти си му го рекол тоа. Во него се крева бран на отпор и тој ќе ги игнорира твоите зборови.
Го прогласува за будала за да не ја изгуби неговата вера во својата логика и чувството за својата невиност. Така ќе биде во вековите, бидејќи нема да осамне никогаш денот кога ќе разбере народот дека овие будали не се будали, бидејќи тогаш на земјата ќе дојде царството небесно, бидејќи нема да постои ниту еден лукав..
Eднаш сe случилo апoстoлoт Карп да излeзe oд трпeниeтo и пoчнал да Гo мoли Бoга да испрати смрт на двајца луѓe грeшници, eдниoт нeзнабoжeц а другиoт oтстапник oд вeрата. Тoгаш самиoт Гoспoд Христoс му сe јавил и му рeкoл: “Тeпај Мe Мeнe, eвe, гoтoв Сум пoвтoрнo да сe распнам за спасeниe на луѓeтo!”
Секој јаде од плодовите на својот труд - едната половина ја јаде сега, а другата - ќе ја јаде во идниот век.
Обраќајќи му се на апостолот Петар, Он не го укори поради неговото одрекување, туку благо го праша: „Дали Ме љубиш?“ (Јован 21,15). Тие мили зборови на татковската љубов Божја ни ги упатува и нам, и ние така да постапуваме со луѓето кога нè навредуваат. Во тоа се состои и благодарноста Христова, која е неискажлива за човекот, а се познава преку Светиот Дух.
Како што се гледа, смирениот човек е најсилен човек на овој свет. Победува и носи туѓо бреме на својата совест, а живее запоставен и обесправен поради туѓите грешки кои ги примил од љубов, а внатре доживува најголема радост, зашто со ова од него се оддалечил овој суетен свет. Навредите, неправдите итн., се најдобрите хируршки резови за оние кои згрешиле,
Преподобни и вистински пастири, молете се непрестајно и срдечно за вашето избрано стадо, прогонувајќи ги нашите страдања и избавувајќи нè од беди и неволи. Просветлете ги очите на нашите срца и поткрепете го нашиот ум, за да ги следиме достојно вашите стапки. Земајќи ги на себе нашите слабости, дајте ни сила одозгора, та, откако ќе поживееме достојно во Христа, да бидеме наследници на вашите подвизи
Туку моли се вакаː „Господи Исусе Христе, помогни ми и не дозволи ми да згрешам пред Тебе, зашто се заблудив; не дозволи ми да ја следам мојата волја, не дозволи ми да загинам во моите гревови. Биди милостив спрема Твоето создание. Не презирај ме, зашто сум немоќен. Не оставај ме, зашто при Тебе доаѓам. Исцели ја мојата душа, зашто згрешив пред Тебе. Пред мене се сите оние што ме напаѓаат; освен Тебе, Господи, друго прибежиште немам
Но, кога јас ќе те викнам и ќе ти речам, „Чедо мое, што стори?“, а ти си ја исповедаш грешката и ми речеш „Наложи ми епитимија, старче“, а јас нема да те казнам, туку ќе ти благословам да се причестиш, и ти речеш „Колку е добар старецот; каков сум јас, а каков е тој! Тоа е дело на Божјата благодат!
Нема да кажеме фала ти Боже! Како убаво сум го живеел животот! Имав деца, богатство и убава работа! Ах мојот живот бил убав! НЕ! Човекот нема да се сеќава на тоа, туку ќе се секава на сите маки тешкотии и искушенија, тоа што му помогнало да го собере небеското благо. Се што е добро, е благословено од Бог, нам нема да ни припаднат венците. Нема да имаме венец од Бога поради тоа што сме поминале убав живот.
Душата која се возбудува од убавините на овој свет, покажува дека во неа уште живее суетниот свет и затоа тргнува по созданието, а не по Создателот, по глината, а не по Бога. Не е важно дали таа глина е чиста или е кал на гревот, зашто човекот по дух е сроден на Духот Божји и со духот, преку молитва, се соединува со Бога.
И надвор од христијанското искуство бракот претставува таинство, во таа смисла, што се извршува нешто што преку посредство на едноставните човечки сили не би можело да се изврши, се воспоставува, колку што е тоа можно, во границите на отпаднатиот свет единството помеѓу мажот и жената, а со тоа и целовитоста на сечовекот за кого се зборува во почетокот на поглавјето Битие.
Оние, кои не прифаќаат забелешки дури ни од луѓето кои ги сакаат, стануваат исмеван и од оние, кои размислуваат световно и на крајот остануваат како криво дрво и духовно бесполезни. Како што штицата која не се покорува на обработката на столарот за да стане мебел, завршува како штица во скалите и бива газена и валкана сè додека не изгние и не заврши во оган.
Состраданието е основано на љубов кон човекот - љубовта го прави другиот единствен со себеси, како со свое второ ''јас''.
Раслабени браќа и сестри! Да се радуваме што ние барем сфаќаме дека сме такви! Господ дојде во светот за да ги спаси раслабените грешници, меѓу кои се вбројуваме и ние. Силниот распнат Исус Христос – и Господ, им ја допушти таа ужасна, безумна сила да го распнат Бога. Кога стануваме горди и самоуверени во себеси, тогаш го повторуваме ужасното злосторство на безбожните: распнувањето на Спасителот.
Лицемерието е опасно за секого од нас. Ние многу лесно судиме за духовниот живот на другите, а на сопствениот живот, за жал не обраќаме внимание. Ние многу ретко се загледуваме во својата душа.
Што се случува со нашите болести? Оној Кој може да ни даде злато и сребро, сепак не може да ни рече „Стани и оди“. Нашата ужасна болест се состои во тоа што ние сме навикнати на нашата болест, на нашата смрт, иако силата на Воскресението делува во овој свет. Бог е против нашата смрт. Бог ја победи нашата смрт, и таа победа ни ја даде во светот. Ние треба да ја сведочиме Неговата победа.























