логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Зошто нашите Православни браќа, МПЦ – ОА ја сметаат за расколничка и не ја признаваат?


Одговорот од една страна е многу едноставен, а од друга е имагинативно комплициран, се зависи од тоа дали сакаме на вистината да се погледнеме во очи или пак си бараме за себеси, но, за себеси оправдувања.
Треба да се запрашаме како станавме Христијани, а одговорот ќе го добиеме ако се вратиме на изворот, а тоа е она што претходно го нагласивме дека треба да поверуваме во Бога Спасителот, во домостројот на Спасението, кое Он го востановил, да го прифатиме тоа, да се крстиме во Неговотот Име и да се трудиме да живееме по тој домострој.

Со други зборови, Неговите главни заповеди треба да бидат докажани со нашиот начин на живеење, значи да се љубиме еден со друг, тоа првенствено Он го бара од нас. Да живееме во соборност, тоа е второто, "Каде што се двајца или тројца собрани во Мое Име таму сум и Јас среде нив." (Мат.18,20) тоа понатаму се проширува и на целиот "народ" кој единствено би имал смисла да постои ако му служи на Бога, односно ако љубовта е основното начело за неговото постоење.
Така собрани, ние неминовно ќе допреме уште неколку многу значајни начела на христијанскиот начин на живеење, помеѓу кои ќе бидат и тие: да научиме едни со други да си простуваме, да не се предизвикуваме, да се трудиме со нашите раце, умови од Бога водени и  нашата надеж да ја полагаме на љубовта Божја, а не на минливите придобивки од овој свет, коишто често пати за да се добијат се плаќаат премногу високи цени. Следствено на тоа ќе има уште многу други работи коишто имаат духовна основа и ќе помогнат да ја оствариме таа соборност, но, секогаш се тргнува од примерите на поединците од христијанскиот живот, а тоа се светите отци на Црквата: преподобните, мачениците, исповедниците, и т н. И секое наше делување ќе треба да биди поткрепено од нивниот живот и поуки.
Сето ова ја привлекува Благодатта Божја и на тој начин ќе бидиме признаени како ученици Негови коишто ќе ги сакаат своите непријатели и ќе се молат за нив.

Па замислете во една земја живеат еве два милиони луѓе, не се делат помеѓу нив, нарочито не партиски, за идеали коишто се овоземни, нема помеѓу нив кавги – туку има разговор. Следствено на тоа пастирите во помесната црква духовно до таму се подигнале, така да делуваат како еден глас и со нивните животи претставуваат пример на христијанско живење и добродетели – паствата таквите ги следи до пеколот и назад – тоа е народ Божји, тие се признаени од Бога, другите би можеле само да се поучуваат од нив, бидејќи додека ги колнат тие благословуваат, додека ги оговараат тие простуваат, додека фрлаат со камења по нив тие цркви градат.

Кој не би го препознал Христос во Тој народ.
Тоа е народот кој самиот Спасител се залагаше да постои, за таков народ Он Себеси се даде, таков народ ќе го наследи Царството Небесно и тој народ ќе добие ново име и нов знак а тоа е Христов народ и Крстот ќе стои пред него.
Од друг аспект ако сакаме да погледнеме кои услови ги бара светот во неговата административна дејност за наше признавање, ќе видиме дека тоа се човечки критериуми. Ниту се соборни – од вселенските собори, ниту имаат духовна основа, а уште помалку дека сме некои расколници од проста причина што нивните ставки према нас се оние ставови кои Црквата би требало да ги има према еретиците, бидејќи тие го одлачуваат народот, а не само клирот од причестување, а од друга страна поставуваат  услови кои чисто имаат политички или светски карактер: ако ми се покориш, ако ме прифатиш јас да ти бидам глава, јас да ти бидам мајка.
Не – на Бога му се поклонувам, на Неговите заповеди се покорувам, Неговата волја ја барам и затоа Светото Писмо вели на човечка грижа не ме оставај.
Тоа е овој свет, но сепак позади сето тоа стои демонот и неговата желба да раздели па да владее, гордоста да ја надминат и  небесата.
Кривицата е секако првенствено наша, бидејќи не ги задоволуваме барањата од духовен аспект кои се однесуваат на љубовта помеѓу нас и соборнсота помеѓу нас.
Еврејскиот народ беше воспитуван четриесет години во пустината, од дванаесет колена Бог на крајот остави само едно, и тоа Јудиното, но сепак и тоа колено кога Христос дојде при своите, тие не го примија, затоа имаме понатаму и дванаесет апостоли кои ја освоија вселената, покрај благодатта над секој од нив, силата беше во нивната соборност, иако некогаш може ќе се појавеле различни мислењеа, одговорот го барале, во соборна молитва, од Бога.
Господ кажа стадо мое мало, наше е да ги љубиме сите, а ако некој праша колку – до САМОЗАБОРАВ, да простуваме, а ако некој праша колку – повеќе отколку што дишење имаме.
Одговорот се однесуваше на оној народ кој што треба да биди Божји, независно од тоа какво име носи овде на земјата.

Слепченски Претеченски манастир

3-ти јули 2018 лето Господово

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2763
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1941
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…