логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 

 

Ајде кажете му денес на едно дете кое се вратило од училиште, се пресоблекло и седнало да јаде: „Леле, заборавив, немаме леб! Ајде да купиш! Облечи се и оди!“ Детето многу тешко ќе го прими тоа. Повеќето деца ќе речат: „Сè јас сум жртвата дома. Правите со мене што сакате. Не го терате брат ми да отиде, туку сè мене!“

За жал, егоизмот уште од мала возраст влегува во нас. Ако се ослободиме од егоизмот, ќе се успокоиме од сите животни проблеми и повеќе нема да постојат проблеми во светот, зашто најголемиот проблем е нашата гордост. Па така, ако се ослободиме од неа, ќе се успокоиме.
Смирението на нашиот Бог, Исус Христос – пример за стекнување на нашето смирение

И помнете го ова: Ќе страдаме додека не се смириме. Ако се смириме, тогаш ќе Го видиме Бога, ќе се утешиме и ќе се успокоиме. Во спротивно, никогаш нема да имаме мир и сè нешто ќе ни е виновно. Тоа многу убаво го кажува св. Никодим Светогорец во епилогот на неговиот „Нов Мартиролог“ – Светиите ги победиле своите страсти, својата немоќ, се смириле, се покајале и нашле спокој. Така се успокојува човекот. Смирениот е спокоен, па што и да се случи. Тој знае дека неговото место е ниско долу и ако слезе долу, не постои подолу, така што не се плаши дека некој би можел д го симне подолу. Самиот си се снижил, откако се смирил себеси.

А ако слушнеш дека некој човек многу брзо напреднал духовно, да знаеш дека минал преку голема болка и ја примил со смирение, без да ропта. Тоа е тајната на успехот. Многу помага и тоа да мислиме на нашите стари гревови за да се смириме. Некои не биле христијани од деца. Знам некои луѓе кои кога ќе ме видат ми велат:

– Отче, да знаете како живеев и како Бог ме избави! Возев такси и само да видевте каков бев и што сè не правев! Вршев неправди, правев страшни гревови…



Не ги кажуваше овие работи како исповед туку едноставно кажуваше како Бог го избавил од неговото минато! Тоа помага да се смириш. Да ме беше оставил Бог, ќе загинев!  Други, пак, мислат за Христовите страдања и се смируваат, мислат на Неговиот Крст, на трновиот венец и велат: Како пред помислата за Господовите страдања можам воопшто да имам егоизам? И се смируваш. Други се смируваат од помислата за нивните секојдневни гревови. А ако ништо од сето тоа не дејствува, ќе дојде нешто кое обично дејствува на сите. Што е тоа? Искушенијата и болестите. Кога ќе се разболиш, сакаш – не сакаш ќе се смириш. Ракот го смирува и најжестокиот човек. Нема човек болен од рак или од некоја тешка и долга болест, кој не се смирил. Кога телото ти се топи, душата се очистува и егоизмот исчезнува.

Знам луѓе кои беа жестоки и не даваа збор да им се каже, а кога се разболеа и паднаа на постела, синот ќе им дадеше малку вода и тие му велеа: „Многу ти благодарам, дете мое“. А до тогаш секогаш наредувале: „Донеси го тоа! Направи го ова! Оди таму! Ела овде!“Само заповеди, а сега како јагненце. Болеста ги смири.

Бог да нè пази од такви нешта, но понекогаш за да нè спаси, Бог ќе ја занемарува болката што извесно време ја чувствуваме, зашто вели: „Ако ја тргнам, нема да се избави од егоизмот. Затоа треба да почувствува болка“.

Смирението е неисцрпно, како што е неисцрпен и нашиот Бог, Кој е вистински смирен. Ако си го почувствувал благомирисот на мирото што се нарекува смирение и после извесно време некој ќе те пофали и ќе почувствуваш во својата душа дека ти годи, дека се гордееш, немој да се лажеш, велат Отците – ти си во прелест. Немаш смирение. Кога ќе те пофалат и се возгордееш, како што има некои луѓе со образование, со диплома, кои постојано очекуваат нешто убаво да се каже за нив… е таа желба да се зборува за нас ни покажува дека немаме смирение, зашто смирението не бара ништо да се зборува за нас. Пред Бога сите сме едноставни души…

Ќе страдаме, сѐ додека не се смиримеАрхимандрит Андреј Конанос
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

 

 Извор: Бигорски манастир

27.11.2018 лето Господово

 

Архимандрит Андреј Конанос: Ќе страдаме, сѐ додека не се смириме -IV дел: ...

Архимандрит Андреј Конанос: Ќе страдаме, сѐ додека не се смириме – III дел ...

Архимандрит Андреј Конанос: Ќе страдаме, сѐ додека не се смириме – II дел ...

Архимандрит Андреј Конанос: Ќе страдаме, сѐ додека не се смириме – I дел ...

 

 

 

 

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2050
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2070
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 514
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

09/05/2026 - сабота

Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски; Свети Јоаникиј Девички; Свети Стефан епископ Пермски; Преподобен Филотеј Зервакос ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная