логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Но сега нема да ви зборувам за тоа. Само ќе наведам два стиха и веднаш ќе ви ги протолкувам. Свети Григориј Богослов вели: „Си игра Највозвишеното Слово, смешувајќи го како виното со водата, на секакви начини, по Своја волја, овде и онде сиот свет“. Логосот највозвишен, високото Слово, Кој слезе од највисоките одаи, од небото, Христос, на разни начини со Своите прсти си игра со многуте играчки, со секакви врсти, „смешувајќи“, мешајќи го кога сака, онака како што сака, сиот свет „овде и онде“, понекогаш овде, понекогаш онде.

Христос е, значи, највозвишен: нозете Негови газат по земјата и Он е Дете, но Неговата глава, како што велат старите, е на небото. Он е, значи, многу висок, единствен, извонреден, со тоа Дете никој не може да се спореди. Он е Еден, бескраен, брз, ита „овде и онде“, и поради тоа се вика Бог. Он е овде, онде, насекаде. Он е Оној Кој слезе од небото, Бог и Избавител. Неговата игра, е токму играта на нашето спасение. Он ја игра играта на нашето спасение.

„Смешувајќи“: ја раздвижува вселената, земјата и небото. Слегувајќи, Он ги раздвижи небесата. Ја раздвижи и земјата, кога дојде на неа. А кога, пак, си отиде, зад себе не остави ништо што не мисли на Него. Он е Оној Кој го соединува човекот со Бога и нè прави едно тело. Како што Он, бидејќи Бог, ја прими човечката природа и стана Богочовек, така и јас човекот, примајќи Го Бога, станувам бог и со тоа богочовек. Меѓутоа, не е возможно да постојат два богочовека, два бога, туку само еден. Еден е Бог. Едно е Телото Божјо. И, јас станувам дел од тоа Тело.

„Смешувајќи“. Насекаде ја пружа Својата рака и пребира и растреперува сè и сите. Некои за да почувствуваат дека ги измачува, а некои дека ги сака. Некои кои Му велат: „Оди си, тргни се, не можам да Те трпам“. И некои кои Му велат: „Дојди брзо“. Гласот Негов излегува, достигнува до целата земја. Сите се занимаваат со Него. Он на секој човек му приоѓа како на личност, и секого личносно го „меси“ со новото вино на Своето Божество. Го опива со Своето Божество. Никого не одминува. „На сите им ја подава чашата на Божеството, и едните ја примаат, а другите ја одбиваат. Христос, Бог, Детето, ги посетува сите срца кои никогаш не ја забораваат таа посета. И секојдневно нашите животи, и животите на праведните и животите на грешните, се вртат околу Бога. Честа со која Он нè почестува, кога ќе Го прифатиме Неговото Божество, како што се гледа од Неговата детска постапка, е соединување. И не нè соединува само со Себеси, туку и со ангелите и светиите, кои го сочинуваат телото Негово.

„Овде и онде“, доаѓа и заминува. Тоа и е смислата на повторувањето на Рождеството Христово секоја година. Неговата љубов се протега, погледот Негов достигнува до небото, земјата, длабочините морски, земните спили, до бездните. Неговата топлина ги оживотворува и бесчувствителните и мртвите. Светлината Негова ја просветлува темнината.

Христос е овде, ита онде, присутен е насекаде, секогаш и во секој миг. Ние спиеме, а Он, наведнувајќи се над нас, „делува до сега“. „На секаков начин ни прави добрини, на илјада начини. Што сè не смислува и што сè не користи само за да нè спаси! Невидливиот станува видлив и присутен, додека ние Го сметаме за отсутен. Ги користи сите начини за да нè спаси. Бива татко, мајка, учител, лекар, фалејќи нè и разгалувајќи нè , правејќи да се загрижиме и потресувајќи нè, но и лечејќи и спасувајќи нè. Допушта болести и смрт. Бива страшен, но и сладосно мил и драг.

Користи секаков повод за да ни се приближи, но ја почитува нашата слобода. Заради нас станува сиромав, но и богат. Ги менува начините, облиците, изговорите, „за секогаш да ги спаси сите“. Игра и пее околу нас за да нè привлече и да Го засакаме. На сите им станува сè. Управува правилно, многумудро и на разни начини.

Ова се најразличните начини на кои Бог си игра. Си игра? Да, си игра, како што и ние си играме со своите деца за да ги поттикнеме да јадат, или учат, или да го испијат лекот. Се однесуваме како деца. И Христос кон нас се однесува како дете. Се смалува, унижува, сообразува со нашите обичаи, навики и начини, за да почувствуваме дека сме големини кои Он ги следи, дека сме големи, богати, силни, дека Христос ни обраќа внимание.

Он поминува време играјќи си со нас, дури и тогаш кога мислиме дека нè заборавил. Се уподобува на нас, така што свири и игра на секоја мелодија и со секој инструмент кој ќе затреба. На секоја мелодија за која ќе процени дека ни е неопходна, за да сфатиме дека Он е Бог наш и Избавител наш. Некогаш Го чувствуваме како несфатлив, а некогаш поради многуте обвиненија од светот, како презрен. Некогаш поимаме дека е највозвишен Бог. Но тој начин, разновиден, е доказ за Неговата мудрост и љубов, оружје на Неговата божествена промисла. Тоа е Неговото покажување пред човекот, Неговото излегување во пресрет на човекот. Од таа причина, светите Отци божествената Промисла ја нарекуваат игра, а Христос Дете. Тоа е начин на Неговото човекољубие, Неговиот успех во придобивањето и спасувањето на нас. Играта Божја, на крајот на краиштата е Неговата љубов која нè обожува. И како што ние на своето дете му ја даваме играчката што ја сака, макар и да е скапа, така и Он покорува сè под нашите нозе. Поради тоа, ни пророците, ниту светителите, ни ангелите, ниту серафимите, ниту херувимите, не беа удостоени од Бога да бидат испратени за ние да се спасиме. Бог Го исппрати Својот Син, како Дете.

Он Сам дојде и секојдневно бива наша играчка, која или ни се допаѓа, или ја отфрлуваме, која ја сакаме, или се одрекуваме од неа велејќи: „Замини си Христе, не Те сакам, не Ти верувам, не Те разбирам, не можам да Те трпам, тежок си ми, ми создаваш потешкотии во општеството, Твоите закони ме попречуваат во работата, ме ограничуваш на домот мој“.

Како што детето го врзува својот автомобил (играчка) на некое јаженце, па го пушта да оди таму – ваму, го влече напред – назад, и се радува на неговото движење, така и божественото Слово си игра со нас, вели св. Григориј Богослов. Христос си игра со јаженцето на љубовта: Некогаш нè држи, а понекогаш, кога се противиме и гневиме, нè пушта за да не станеме полоши. Кога ќе забележи малку милосрдие, малку покајание и малку разбирање, тогаш јажето го повлекува кон Себе. Со нас се однесува онака како што Му дозволуваме, онака како што ни е од полза. Он стана Дете за да си игра со нас. А Неговата игра е Неговата грижа за нашата подготвеност, божествената промисла, едно за нас невидливо движење, едно јаже кое нè спасува штом ќе посакаме и штом ќе го побараме тоа од Него. Уште повеќе, она што го бараме, го добиваме и пред да го побараме.

А разновидноста на случувањата, сето она што секојдневно ни се случува, добро или лошо, е едно мало чувствување на Неговото присуство, на Неговиот однос со нас, љубовта Негова, Неговото учество и вмешување во нашата историја и историјата на светот. Сето ова на нашиот живот и на животот на светот му дава некаква рамнотежа, за да не исчезне сè, туку да напредува кон крајното обновување, кога сè ќе биде ново.

Преку сите овие начини наоѓаме смирение, одмор во Христа. Поради тоа никогаш не треба да го губиме од вид сето она што секојдневно се случува. Некој, на пример, тргнал во кафеана и стигнал таму. А јас, на пример, ќе тргнам на исповед и ќе ми се случи нешто лошо, па велам: „И каде е сега Бог?“ Ќе родиш дете и тоа ќе умре! Ќе го носиш во својата утроба седум месеци, а потоа ќе го изгубиш. Ќе појдам во црква, но се слизнувам на снегот, ја кршам ногата и велам: „Појдов во црква, Боже мој, и Ти дозволи да паднам и да ја скршам ногата?“ Ништо не е случајно.

Христос со Игнатиј Богоносец

Секојдневните ситници во нашиот живот, мачни или пријатни, кои ние не ги сфаќаме, во суштина се неопходни. Тие во себе кријат некаква тајна, и Бог ги користи за со грижата да го постигне нашето подобрување. Тие имаат можност или моќ да нè вразумат. Стануваат божествен знак кој нè потсетува дека, во секој случај, ќе преминеме на друго место. Ако ја употребиме божествената благодат, резултатот од тие наши секојдневни случки, проблеми и сите доживувања ќе биде – нашето обожување. Бог не остава ништо неискористено, па дури ни гревовите наши.

Гледате ли, поради што Бог стана Дете? Зошто си играше при создавањето на светот и човекот? Таа Негова игра е нашата надеж, надеж за нашиот премин во вечноста, за да си играме во светлината и славата Божја. Како што родителите снисходат на болеста и барањата на детето, па си играат со него, за постепено да го одведат кон зрелоста, а не до комплекс на ниска вредност и заблуди, така и нас, Бог, преку Своето воплотување, воспитувајќи нè, ја води кон усовршување секоја поединечна личност, до за неа можната „мера на растот, до полнотата Христова“, за и ние да станеме богови во Царството на Великиот Бог, кои од создавањето на светот, од овој живот ги поимаат скриените небесни тајни. Бог сè подготвил за нас.

Продолжува

 

Извор: Бигорски манастир

 

 3ти јануари 2019 лето Господово

 

 Друго:

Старец Емилијан: Деца Божји – I дел ...

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5843
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6651
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6452
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5637
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Православен календар

 

26/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

Светиот свештеномаченик Артемон; Светиот маченик Крискент; Светата маченичка Томаида;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Исповедниче на вистинската вера која спасува,Мартине свети мачениче,прими од нас пофалба и благодарност.Од Бога со благодатна вистина исполнет,на патот исповеднички...

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная