Архимандрит Андреј Конанос: Вoздвижение на Чесниот Крст Господен – III дел
Патот на твојот живот е отворен. Ти избираш како да мислиш. Можеш да се оттргнуваш од својот крст, да врескаш, да сакаш да си заминеш, да хулиш.. Крстот да ти стане причина за конфликт, упорност и бунт. Тоа е твое право. Но, ако крстот ти стане причина за единство – да се соединиш со самиот Крст и со Оној Кој е на него – тогаш душевните својства Христови, особините на Неговиот карактер, ќе се пренесат и на тебе.


Ако те натераат да решиш некоја равенка, за неколку минути ќе заборавиш како се прави тоа. Ако си ученик и те прашаат за лекцијата, која ти ја предавале пред неколку дена, ти нема да ја паметиш. Ти кој имаш толку мал, оскуден, немоќен, ограничен ум, сега сакаш да го разбереш недостижното, да ги разбереш тајните, да го разбереш тоа што не можеш да го разбереш.
Нема човек без Крст. И богатите и сиромашните, и убавите и неугледните, и високите, и жените, и мажите, и децата, и луѓето на кои им се восхитуваш, и оние кои се многу здрави, и тие имаат свој Крст. Можеби тие да имаат душевна болка, големо душевно испитание, па не можат ни да се радуваат на здравјето, кое, да речеме, ти го немаш. Нема човек без Крст, но едноставно не сите го имаат твојот крст.
Чудни нешта. Чудно функционира нашиот живот без неговиот Градител – Христос. Он го води нашиот живот. Додека богаташот од приказната имал секакви убави нешта и си велел на себеси: „Одмори си! О, колку пари имам во банката! Со тие пари ќе живеат и моите внуци! Добро сме! Немаме никаков проблем!“ И одеднаш – бам! – неочекуваното!
Негувајќи голема трудољубивост кон Бог и пламена љубов кон Спасителот, а бидејќи незадоволен со обичното исполнување на правилото на постот, побожноста и молитвите, Прокопиј почнал да бара начин како да Му угоди на Бога со уште поголеми подвизи. Иако ќелијата му била сосема блиску, не се задоволувал со тоа. Неговото смртно тело се исушило од постот, но и тоа му се чинело
Срцето на Мајката Божја, нејзините мисли, целата нејзина душа, беа обземени со Господа. Меѓутоа, нејзе и беше дарувано уште нешто: таа ги љубеше луѓето и равносно се молеше за нив, за нови христијани, за Господ да ги укрепи. Таа се молеше за целиот свет, сите да се спасат. Во таа молитва Богородица наоѓаше радост и утеха тука на земјата.
Решаваш многу работи, сакаш многу работи, но без Гостоприемникот, како што велиме, Гостоприемникот на овој живот, Оној Кој нѐ засолнува во овој живот, Оној Кој ни дозволува да пребиваме во овој живот, е нашиот Творец. Оној, Којшто некогаш рекол и сме се родиле, Кој некогаш дал заповед и сме биле зачнати во утробата на нашата мајка, ни дал дишење и живот. Тој имено ќе го
Кој ги читал житијата на светиите, знае дека облеката и предметите на светителите лечеле болести со еден допир.
Дошло до ова: што и да правел Макариј, што и да зборувал - се се вртело против него. Во такви тешки услови на духовно живеење, ракополагањето во свештенички чин се одложувало на неопределено време. Монахот се одржувал исклучиво од молитвите на старецот. Еднаш во присуство на Макариј, јеросхимонахот Јован ја спомнал смртта. Инокот за тоа му раскажал на еден жител на Корената обител,
Неволјата на човекот е во тоа што постојно се брза, но брза суетно, бесплодно. Човекот ги привижува планините со својата енергија, подигнува и руши цели градови за многу кратко време. Но, ако се загледаме во таа негова енергија и ги погледнеме нејзините последици, ќе забележиме дека таа не го умножува доброто во светот.
Во нас тече Христовата крв, Господ не зборува теории, тоа не се идеи или философии, туку Тело и Крв Христови. Го јадеме и пиеме Христос и Христос станува наша храна и питие. Ете! Каде е теоријата? Каде се философите? Каде се фантазиите? Тоа е факт, тоа е храна, тоа е живот, тоа е нешто онтолошко, како што велиме во Црквата, Христос суштински влегува во нас. Кога го живееш тоа, го разбираш и се исполнуваш со Христа, значи, дека можеш да кажеш, како Свети Симеон Нов Богослов, ги гледам рацете свои
Тие не само што Го возљубиле, туку и воделе борба за Него, односно дела, не теории. А делото знаеш ли што е? Не само да воскликнуваме: „Ах, колку е убаво да се молиме!“ Така само желби и копнежи… Старецот Јосиф се молел осум часа секоја вечер, осум часа го кажувал името Христово. И Старец Ефрем, во почетокот започнал со шест часа, постепено ги зголемувал и кажувал осум часа постојано – Господи, Исусе Христе, помилуј ме!
Таа е избран Божји сад, исполнет со сите добродетели: смирение, кротост, девственост, побожност, послушност, љубов кон Бога и кон сите Божји созданија. Затоа била удостоена со најголема чест: да послужи како мост помеѓу земјата и небото, како скала по која Бог ќе слезе на земјата и од неа ќе земе човечко тело и ќе се роди како човек.
Речи вака:
Страв и трепет ја обземаат душата моја кога сакам да пишувам за љубовта Божја. Бедна е душата моја и нема сили да ја опише љубовта Господова. Душата се плаши, но истовремено и сака да напише неколку зборови за љубовта Христова. Мојот дух нема сили да пишува за тоа, но љубовта ме поттикнува.
Начинот на кој соборноста на Црквата се открива во евхаристиската заедница покажува дека најдлабоката суштина на соборноста е положена во надминувањето на сите разлики во Христа. Ова мора да се разбере безусловно и без какви и да е исклучоци. Тоа ги покрива сите полиња и сите области на постоењето, било лични или општочовечки, историски или есхатолошки, духовни и
За пиетизмот богопознанието претпоставува „препород“ на човекот, а овој препород е сфатен како живеење според моралниот закон на Евангелието и како емотивно искуство на авторитативните вистини. Пиетизмот се претставува како мистична побожност, а конечно како облик на спротивставување на знаењето; како „адогматски“, во смисла дека ја игнорира
Многумина во мојата парохија го бараа скапоцениот ,Бисер‘. И многумина го имаа најдено. Мојата парохија напредуваше во секој поглед. Мојата душа се полнеше со радост, надеж и храброст. Моите проповеди оставаа голем впечаток. Многумина доаѓаа на исповед. Мојата црква секогаш беше преполна од народ. Успеав да ја заживеам целата парохија.
Преку многу неволји и жалости треба да влеземе во Царството Божјо, таков е духовниот закон. Апостолите, мачениците и преподобните, сите светии, влегле во Небесната слава преку многу голема жалост и неволја. „Зашто Господ го казнува оној, кој што го сака; го кара секој син, кого што го прима“. Очигледно нема друг пат во Царството Божјо, освен тесниот, крсниот.























