Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)
Љубовта ќе олади кај тие што ја добиваат како дар Божји во Црквата, а не ја негуваат и не ја развиваат. Љубовта ќе олади кај христијаните, кај православните. Божествена љубов само тие имаат. Јасно ви е сега зошто пишувам дека сѐ од нас зависи, од нашето покајание, а не од


Често луѓето имаат желба да се на местото на некој друг. Сакаат да ја имаат видливата власт и славата на другиот, сакаат да ги имаат видливите пари и имот на другиот, и сакаат да уживаат во видливите убавини на туѓиот живот. Разбирливо е сето тоа, но навистина не знаат што бараат; затоа што тоа е лудост.
Свадбена облека е подвигот на очистување на срцето од страстите во послушание. Без овој подвиг никој не може да се нарече христијанин. За монасите и свештенството свадбена облека е нешто повеќе од тоа. За нив, тоа е дарот на умно-срдечната молитва и просветленоста на умот; за нив, тоа е и внатрешно духовно покритие за чиновите што ги носат.
Колкава е потребата на човека од храм, од место каде ќе се среќава со Бога, од место каде ќе може молитвено да Му се обрати на Господа, па колку и да е оддалечен од својот дом, гледаме уште во Стариот Завет, во втората книга Мојсеева, Излез, кога Божјиот народ израелски 40 години лута низ Египетската пустина. И што е она што го одржало во живот сите тие тешки години на патот кон дома?
Страстите се тие што го држат срцето заробено и затворено за умно-срдечната молитва, а умот непросветлен. Страстите и демоните, кои секогаш се поврзани со нив, се тие што ги држат луѓето приземјени и неспособни да одговорат на небесниот повик постојано упатен кон нив и да врват по Христос, каде и да оди.
Никогаш не треба да губиме предвид колкави должници сме Му на Бог; и поради сите дарови што постојано ги добиваме од Него и поради сите гревови со кои Му возвраќаме и грешиме; би биле многу помилостиви кон нашите должници или кон оние што страдаат и бараат или очекуваат помош од нас. Непомагањето на страдалниците е пасивна социопатија.
Кој им дава поткрепа во нивните неуморни подвизи; добро и убаво им било на сите светители, зашто за сите нив не постоел ниту еден друг идеал кој би бил достоен за жртвување, освен Христовиот идеал, за кој вредело да се жртвува се што имале - и слава, и чест, и достоинство, и
Секое појавување на Спасителот Господ Исус Христос меѓу народот претставувало поттик околу Него и Неговите ученици да се собере многу народ. Некои од нив доаѓале заради љубопитност, некои од мака, некои од завист, а некои со цел да Го омаловажуваат и понижуваат. И ете, во една прилика, како што ни сведочи светото Евангелие, кога Исус се движел меѓу народот,
Прашањето што се поставува сега е: дали имаше основа за чудо и во случајов на Апостол Петар? Дали тој дава нешто што не е достаточно и за самиот него, т.е. дали се жртвува себеси за своите ближни или бара нешто што не е својствено за паднатата човечка природа? Дали тоа што го бара само за себе, пред публика, е заради Христос и заради Неговата љубов, како и од
Напорот да се дојде до Христос со надеж за исцеление, а наместо тоа јавно да ја слушне само причината за својата болест – гревот, и без помисла и негодување да се прифати сето тоа, зарем ова не покажува смирение и благодарност? Да, однесувањето на фатениот покажува дека тој ја освестил причината за својата болест, а тоа е гревот – како што потврди и Христос, и со
Што ли да речеме за посуптилната страст на умот, како што е демонската гордост, т.е. високото мислење за самите себе, односно суетата, преку која демонот нѐ држи заробени и преку која сериозно, дури на крај, нѐ напаѓа?
Бoг на живoтнитe им дал самo душа, затoа нe им дал слoбoда, туку Oн ги ракoвoди сo Свoјoт ум. На чoвeкoт Бoг му дал душа и ум, и сo умoт – слoбoда. Умoт и слoбoдата сe нeраздeлни. Oттука сe празни приказнитe на нeкoи филoзoфи за тoа какo чoвeкoт, навистина, има ум, нo нeма слoбoда. Заштo e јаснo oд сeкoјднeвнo искуствo, дeка слoбoдата e нeраздвoeн придружник на умoт.
Светите Апостоли не служеле во велелепни храмови, туку во обични домови. Ние, денес, се натпреваруваме кој поголем храм ќе изгради, и покрај тоа што многу луѓе живеат во сиромаштија.
А ако ние сме од Бога и ако целиот матријален свет е од Бога, тогаш значи дека и се што доаѓа е од Бог. Затоа, да го напуштиме лицемерното верување и да допуштиме Божјото Слово и Светиот Дух да се вселат во нас, зашто, според зборовите на светиот апостол Павле: „Се е од Него, преку Него и во Него". Амин!
И затоа, како што обичниот ловец треба да биде искусен за да го фати својот плен така и ловецот на луѓе, односно духовниот отец треба да биде опитен за да ги приведе луѓето кон спасение. Духовниот отец е, всушност, сведок Христов и истерувач на демони, па затоа и ловец на луѓе – заробеници на демоните.
Човекољубието на Господа Исуса Христа нема крај. За да го стекнеме вечниот живот, кој е во Него, и за да живееме со Него, од нас не се бара ни ученост, ниту слава, ни богатство, ниту било што, кое некој од нас го нема, туку потребно е само она, кое секој од нас може да го има. А тоа е единствено верата во Господа Исуса Христа! Затоа Он, единствениот Човекољубец, му ја ...
Егоцентричноста, т.е. самољубието не се способни да се потслонат на верата и довербата во Богочовекот Христос, и затоа несвесно го принудуваат човекот да бара сигурност само во материјалното, како и да се поистоветува со овоземните колективни шеми на само човечко организирање (пример: партии, нации, држави, секти); што од друга страна е основа и извор за злото што луѓето си го
И после сѐ, како вообичаено, настана расправија за Него, и меѓу народот, и меѓу началниците и фарисеите. Меѓу оние со отворено и оние со закоравено срце. А секогаш, при која било расправија, има и такви што не ја почитуваат слободата на другите и сакаат, по секоја цена, да го наметнат своето мислење – без оглед на неговата исправност.























