Митрополит Струмички Наум: Кој може да биде ученик Христов (01.12.2020 )
Тоа го направиле мачениците, тоа го направиле вистинските монаси, тоа го направиле сите свети.
Во очите на светот тоа изгледа како омраза кон татка си и мајка си, жената и децата свои, браќата и сестрите, па дури и душата своја; да не спомнувам род, народ, татковина и сл. Но, христијанинот најдобро знае дека без вистинска љубов кон Христос не постои вистинска љубов кон никого и кон ништо.
„Така и секој од вас, кој не се откаже од сè што има, не може да биде Мој ученик.“


Сите ние сме гости на овој свет, кои повеќе – кои помалку, повредени од демоните – разбојниците, сместени од милостивиот Самарјанин – Христос, на лекување во гостилницата – Црквата. Гостилничар е Епископот. Милостивиот Самарјанин – Христос му остава сè што му е потребно на гостилничарот за да ги догледа и излекува сите оние чии срца и души, па и тела, се повредени од демонскиот напад.
Носењето на негативен заклучок многу лесно се надоврзува на трите посебно опасни илузии што ги имаат прифатено „христијаните“, во текот на својата историја, кои ги одделуваат од Вистината Христос, од Црквата, од христијанскиот идентитет: поистоветувањето со државата, поистоветувањето со нацијата и поистоветувањето со политичките партии. Ова поистоветување многу му помага на демонот да ја наметне својата илузија. Полесно го сметаш за непријател оној..
Кога говориме за фанатизмот, отсекогаш ме воодушевувал примерот на светиот архангел Михаил. Некогаш, во кризниот момент на општото отпаѓање на ангелите, излажани од дотогаш најсветлиот и најбли- скиот ангел до Бог – Еосфорос (сега паднатиот и мрачен сатана), тој обичен и непознат но верен и послушен ангел Михаил, застанал храбро на средината од Небото и рекол: „Да застанеме добро, да стоиме со страв!“ – повикувајќи ги на тој начин останатите ангели да останат со доверба, љубов и послушание во воспоставениот ред и поредок од Бог, да останат во заедница со својот Создател.
Eвe ја висината дo кoја Бoг гo вoзвишил чoвeчкoтo битиe! Бидeјќи oвдe нe станува збoр за бoжeствeната прирoда Христoва, туку за чoвeчката, нe сe збoрува за вeчнoтo Слoвo Бoжјo, туку за Чoвeкoт Исус, кoгo Бoг гo вoскрeснал oд мртвитe и гo вoздигнал, нe самo над сиoт oвoј видлив и смртeн свeт, туку и над нeвидливиoт и бeсмртниoт, над ситe ангeлски чинoви и нeбeсни власти, над сeкаква јавeна и нeјавeна чудна eрархија нeбeсна, над сeкoe сoздадeнo битиe, пoзнатo или нeпoзнатo, и над сeкoe имe вo двата свeта, вo матeрјалниoт и вo духoвниoт.
За разлика од демонските, мислите што ни доаѓаат од Божјата страна се суптилни, смирени, срамежливи, не сакаат да ја нарушат нашата слобода, а ни носат, главно, смиреност, покајание и плач. Мислите што доаѓаат од Божја страна нѐ учат на послушание, кон Црквата, кон Богородица и кон Бог. Тоа не се мисли што нѐ затупуваат, да не разликуваме добро од зло, туку мисли кои нѐ учат како да ги покриеме несуштинските грешки на ближните и да го сочуваме мирот во Црквата.
Тоа што е очигледно, за секој нормален, е дека, во овој период, против Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија се води специјална војна чија цел е растурање на нејзиното единство. Препознатливи се експонентите на таа војна, како и оние кои со своето однесување, несвесно, ја помагаат таа војна. Таквите се игнорираат без збор. Тоа е војна однапред осудена на неуспех, но добра е за тренинг на сите нас. Проверка на зрелост пред формалната автокефалност.
Пoдгoтвeнo e срцeтo мoe, Бoжe, спрeмнo e срцeтo мoe (Пс. 56:7).
Пак ќе те прашам, уште ли се гледаш како чист!? Уште ли се гледаш како безгрешен!? Уште ли се гледаш како правоверен!? Уште ли се гледаш како спасен!? Гледаш, сега, ако си нормален, дека нема ништо од тоа? Освен милоста Божја и милоста на Пресвета Богородица, кои нѐ прават и чисти, и безгрешни, и правоверни, и спасени, иако самите по себе не сме. А Нивната милост, на дар, ја добиваме внатре во Црквата – по која ти плукаш, каде што се причестуваме со пречистите Тело и Крвта Христови. Гледаш? Не ти ја спасуваш Црквата, туку Црквата те спасува тебе.
Секташкиот дух не го познава и признава покајанието. Тој дух во луѓето бара зло, вистинско или привидно, и на тоа се задржува. Се фаќа за еден збор, наместо за илјадници запишани; се фаќа за една слика (на пример, со витези на виното и ги претставува како масони), наместо за безброј други; се фаќа за една случка, наместо за цел живот; се фаќа за дел што му изгледа погоден и од него обликува целина што му одговара за да ги оцрни тие што ги смета за непријатели.
Нема ништо поблажено, возљубени, од тоа постојано да се предаваме на волјата Божја, постојано да живееме испитувајќи што навистина е според волјата Божја. Но тоа предавање и тоа испитување не значи дека треба да оставаме сe Бог да создава и сe Бог да чини, туку напротив – постојано ревносни во исполнувањето на Божјите заповеди да испитуваме што е она што на Бога Му е угодно, што е она што е според логиката Божја. Зошто нема посигурен пат и нема побезбедно засолниште од она да се исполнува вистински волјата Божја. Тогаш навистина според зборовите на Св.Јован Крстител ние се смалуваме,
Така е кога човек има световно знаење, но нема духовно знаење. Тој може да има знаење и вештини од разни области како бизнис, економија, политика, што јас знам, градежништво, земјоделие, иконопис, информатика итн., но тоа знаење не е укомпонирано со духовното знаење, и затоа не спасува од пад, затоа што е само парцијално знаење. Трудете се да стекнете и духовен опит и знаење.
Богочовекот Исус Христос е единствената Глава на Црквата. Епископот на локалната Црква е икона Христова, седи на место Христово и претставува обличје Негово. Тој не е Самиот Христос, туку е икона Христова; а почитта кон иконата се пренесува на оригиналот. Послушноста се подразбира – потврдена е и од Самиот Христос во Светото Евангелие: „Кој ве слуша вас [значи Апостолите или, денес, Епископите], Мене Ме слуша; и кој се откажува од вас, од Мене се откажува; а кој се откажува од Мене, се откажува од Оној Кој Ме пратил“ (Лука 10, 16).
Самооправдувањето е болест која е пораширена, понезабележлива и потешка од судењето и осудувањето. Самооправдувањето и осудувањето се две страни на една гревовна состојба – гордоста.
Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела. Но, лекот не е во заборавањето, туку лекот е во препородот на душата и приближувањето кон Христа. Неговото божествено учење е единствената котва на спасението, зашто тоа претставува кулминација на морланото совршенство и возвишеност.
Траат светиите, зашто е вечен Изворот на нивната светост! Зар ќе ја спомнувавме првопокрстената Лидија или Светите Ахилеј Лариски, Еразмо Охридски, Петанесетте Тивериополски свештеномаченици, рамно¬апостолните Кирил и Методиј и нивните ученици, пустиножителите Гаврил Лесновски, Прохор Пчински, Јоаким Осоговски, па Нектариј и Агатангел Битолски, Никодим Прилепски и Иларион Мегленски, ново¬мачениците Злата Мегленска, Ѓорѓи Кратовски, Спасо Радовишки и многубројните само за Господа знајни – доколку Бог не ја сведочеше постојано нивната светост, како што тие Го посведочија Бога со своите овоземни животи и дела!?
Да те прашам, човеку, зошто ти е помило да му судиш и да го осудуваш некого врз основа на озборување, кога веќе ти се достапни и познати неговите дела и неговото слово? Посебно неговите дела, затоа што тие најмногу говорат за секого. Да ти кажам директно: од злоба, од завист, од проекција и од демоноoпседнатост.
Сите имаме свој крст, но прашањето е: дали нашето страдање Бог го прима како учество во Крстот Христов или тоа е само обично, очајно и бесмислено човечко страдање? Односно, дали нашето страдање е сведоштво на Крстот Христов во овој свет или тоа страдање е празно самопромовирање и суета? И, дали од тоа страдање ја црпиме несоздадената енергија на Преобразувањето и Воскресението, или само предвкусот на смртта? Вистинско почитување и поклонување на Крстот значи вистинско сведоштво на Крстот Христов.
...По тоа ќе не познаат,по тоа ќе ни мерат...Ако нашите дела и нашите постапки бидат во согласност со Божјите зборови. Лесно е да се каже,тешко е да се спроведе.Еден најобичен гест или мимика, на тој што мислите дека ви прави лошо,ќе ја растури вашата врска или вашиот сојуз, вашето синовство со Бога.Мајката Божја е таа што ги поправа тие односи.Само заради Нејзината милост, заради Нејзината добрина, човечкиот род го има она што денеска го имаме.
Како духовник сум сведок колку многу бракови се распаѓаат, и тоа христијански бракови, на воцрковени сопружници. Христијанскиот брак, а со него и сето општество, се наоѓаат во застрашувачка ерозија и криза. Денес, можеби како никогаш досега по Христа, е толку актуелна и потребна примената на призивот на Свети Јован за покајание. Од каде оваа ни малку наивна криза? Од тоа што луѓето не внимаваат со техниката, со мобилните телефони, со интернетот и социјалните мрежи.
























