логоFacebookTwitterYouTubeeMail

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

ПРЕОБРАЖЕНИЕ  ХРИСТОВО

"Господи, добро ни е да бидеме овде" (Матеј 17: 4)

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

 

 

Со приближувањето на денот на Христовата крстна смрт, постепено се приближувале и  деновите на големи искушенија за Неговите свети ученици. Христовите апостоли добро знаеле дека единствено нивниот Учител имал зборови на вечен живот, зашто тоа  многупати тие го почувствувале, а нивните очи биле сведоци и на безбројните чуда кои Он ги направил.     Заради сето тоа, тие цврсто и непоколебливо верувале дека Он навистина е Син Божји, Учител и Месија, Кој дошол да го спаси Израилот, но, според својата човечка малодушност, во тешките  и  мрачни времиња од животот на нивниот Спасител, во нивните срца честопати се вселувале и мисли на маловерие и страв. И, ете, за да им ја открие тајната на учениците за Своите страдања, кои требало да се случат, но  и за да ја  зацврсти уште повеќе кај нив верата во Своето божествено достоинство,    Господ Исус Христос благоволил на денешен ден да им ја покаже на Своите ученици сета Своја слава, до онаа мера, до колку тие биле способни да примат.
Како што ни сведочи евангелскиот текст, блаженството, кое ги опфатило апостолите кои биле со Господа: Петар, Јаков и Јован, било толку силно и величенствено, така што тие заборавиле самите на себе и на своите потреби. Ова чувство кај нив се појавило од едноставна причина, зашто со своите живи коски и со своето жива тело тие го допреле небесниот живот и го почувствувале небесното блаженство. Тој допир до небесниот живот  во нив предизвикал неизмерна и божествена радост. Иако тие цело време биле во постојан контакт со Спасителот, сепак, овој настан во нив предизвикал непознато чувство, зашто, едноставно, тоа било самото Христово Преображение.

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
Преку Своето Преображение, пред лицето на збунетите ученици, Господ Исус Христос на неколку минути им ја открил не само Својата слава, туку и славата на Царството небесно, славата на горниот Ерусалим, каде што Он ќе ги пречека душите на Своите апостоли, кога тие ќе го завршат својот земен подвиг преку маченичка смрт. И кога пред апостолите се отвориле дверите на небесниот Ерусалим и ја виделе славата на Спасителот и светлината на  небесниот град, од чувството кое го  доживеале, извикале: "Добро ни е овде!" (Лука  9:33). Апостолите и не можеле да најдат други зборови, со кои би ја искажале радоста со која се исполниле нивните души, кои постанале сведоци    на светото Преображение. Токму на гората Тавор, во миговите на Своето Преображние, Господ им дал можност на Петар, Јаков и Јован да го почувствуваат она блаженство/ кое ги очекува во вечниот живот.
Зборовите "Добро ни е овде!", кои ги кажале апостолите на гората Тавор, се доволно сведоштва за тоа, какво е чувството кога сме во Божја близина. Иако Божјото присуство е насекаде околу нас, сепак, честопати не ни се дава можност да кажаме дека ни е добро и убаво. Напротив, личните гревови и престапи прават да не ја чувствуваме Божјата  близина,    зашто во миговите кога грешиме, ние ја отстрануваме Божјата благодат и не сме во можност да ја почувствуваме Божјата близина. А, добро и убаво ни е не само денес, кога го славиме споменот на Христовото Преображение, туку и секогаш кога сме во Христовиот храм, на  секој празник, на секоја света Литургија, кога нашето срце целосно е предадена на молитва, кога нашите очи се исполнети со покајнички солзи, а најмногу ни е добро и убаво кога се соединуваме со Својот Спасител преку светата Тајна Причест, кога во вид на леб и вино во нашите души Го примаме лично Он, Неговото пречисто Тело и Неговата скапоцена Крв. И колку повеќе се доближуваме до Бога преку својата молитва, своето покајание, добрите дела и желбата да ја спасиме својата душа, толку повеќе и повеќе ние живееме во очекување на онаа радост, во нејзина предвкусување и желба за влегување во вечниот живот.
"Добро  ни  е овде"  се зборови кои  одекнуваат две илјади  години. Добро и убаво им било на апостолите Петар, Јаков и Јован, кои биле лични сведоци на преславното Христово Преображение; добро и убаво им било и на сите други апостоли не само кога гореле во ревноста на ширењето на Божјото Слово, туку и кога со својот живот ја посведочувале вистината на Христовата наука; добро и убаво им било на сите свети маченици, кога на најбрутален начин биле измачувани и убивани, зашто знаеле и цврсто верувале дека нивната жртва не е залудна, уку нивната маченичка крв ќе послужи како семе за никнување на нови христијани; добро и убаво им било и на сите подвижници, кои се   подвизувале  по пустините и непреодните планини, зашто знаеле дека во нивна близина е Самиот Господ, Кој им дава поткрепа во нивните неуморни подвизи; добро и убаво им било на сите светители, зашто за сите нив не постоел ниту еден друг идеал кој  би бил  достоен за  жртвување, освен Христовиот идеал, за кој вредело да се жртвува се што имале - и слава, и чест, и достоинство, и имот, и своето тело, и својата душа, и своето срце...

2021.Oplakuvanje.Hristos
Создавајќи го првиот човек, Господ Бог во неговата душа го запечатил Својот образ. Тој  образ се состои од љубов, милосрдност, чистата, трпение, смирение - се она, со што Самиот Господ Исус Христос Се прославил Себе за време на Својот земен живот. Сите ние од бањата на  светото  Крштение  излегуваме чисти. Но,  со  нашите  гревови  и страсти ние го помрачуваме тој Божји образ. Затоа сме должни, преку светото покајание, постојано да го обновуваме и очистуваме тој Божји образ    во нас, ослободувајќи се    од гревовите и нечистотиите и постојано да ја украсуваме својата душа со  добродетели. Можеби некој ќе приговори и ќе рече: па, ние не сме подвижници и не можеме да го достигнеме степенот на совршенство, кој го достигнале светителите? На таквиот ќе му одговориме дека, Господ не бара од секој  вонсериски подвизи и маченички  жртви. Нашиот христијански живот не се отсликува во херојските подвизи, туку во нашите секојдневни активности. Секој добар збор, секоја подадена рака кон немоќниот наш ближен, секоја утешителна постапка, секоја морална поддршка, секоја духовна поука може да биде спасителна за нас, но и за нашите ближни, кои го очекуваат тоа од нас. А секој зрак на радоста, секој одблесок од нашите  добри дела се рефлектира во нашето  срце ја допира нашата душа. И секогаш, коrа ќе го почувствуваме тој зрак во нас, веднаш да помислиме дека тоа е зрак од гората Тавор; зрак, кој ни сведочи дека во тие мигови не посетува Бог; зрак, кој е доказ дека Божјата благодат  е жива сила, вечно присутна и делотворна; зрак, кој ќе не натера, дури и несакајќи, и ние да воскликнеме заедно со Петар, Јаков и Јован: Да, Господи, навистина добро и убаво ни е овде!
Ние сме должни да бидеме стражари над своето срце, постојано да бдееме над него и да го чуваме од се она, кое може да го помрачи. Гревот не лишува од радоста да го  почувствуваме Господа во себе, ја одзема сладоста од предвкусувањето на идната радост и ја скусува можноста од вечното општење со Спасителот. И денес, кога Господ се преобразил на гората Тавор, ние просиме од Него да ни ја покаже Својата слава и светлината на неракотворниот духовен град Ерусалим, за да се осветлат и нашите грешни души од Неговата светлина, па на таков начин да се удостоиме да постанеме небесни граѓани на горниот Ерусалим.
Да живееме со Господа и да умираме со Господа! Да го оспособиме нашето  срце уште  овде,  на  земјава, да се научи да ја предвкуси радоста од гледањето на Господа, Нему да Му се поклонува и со Него да биде во бескрајни векови. А кога Господ ќе го пресече земниот живот на секој од нас, според Божјата милост, да се отворат пред секој од нас дверите на небесниот Ерусалим! И тогаш, нашата радост никој и ништо нема да може да ја одземе од нас. Амин!

38.machenici1

 

Скопје, 19ти август 2021 лето Господово-

Соборен храм

 3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

 пп

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2770
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1949
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…