логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Скопје,11јули 2021 г.- храм на св.вмч. Димитриј

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Трета недела по педесетница 11/07/2021

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

 
ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ! АМИН !!!

Браќа и сестри во Христа!!!

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
Бог не создаде од љубов, за да и ние со љубов Му служиме и на Него да се уподобуваме. Тоа значи дека се што правиме во животот треба да го правиме во служба на Него, иашиот Творец. Затоа пак е многу битно на кој начин ги правиме работите во животот.
Општо познатата изрека „ целта ги оправдува средствата“ е во потполна спротивност со Христа и неговото учење. Бидејќи со лоши средства не може да се постигне добра цел. „Јасум патот, вистината и животот“ (Јован 14,6) ни вели Христос. Тоа значи дека единствено Тој е и средството и целта. Не постојат други средства и друга цел за христијанската душа освен Христос и вечниот живот.
Затоа треба да се трудиме нашите животи да ги поистоветуваме со Христовиот, а не со било кој или нешто од овој минлив свет, за да не би го изгубиле Неговиот идентитет и несоздадената Божја благодат.
Истотака не можеме никако да бидеме половични христијани, или пак како што се вели народски „На челото Христос, а во пазувите - ѓаволот" зашто Јасно ни вели Спасителот: „Никој не може да им слугува на двајца господари... Не можете да им служите на Бога и на Мамона".
Се што се однесува за нас, се што ни се случува на нас, истовремено тоа се однесува и на Бога, зашто сме Негова творба. Бог не сака, и Нему Му е задоволство да не воспитува. Затоа, кога ќе ни надојдат искушенија и кога ќе се соочиме со непријатни напади на нас, веднаш треба да се сетиме дека тоа доаѓа од Бога, и дека тоа е знакот за нашата потреба од Божјата сила. Зашто единствено сме сигурни кога ќе допуштиме Бог да се бори за нас.
Никој од нас не се наоѓа случајно во одредените, помалку или повеќе тешки ситуации во текот на својот живот, туку зашто Бог така одредил. Средината во која живееме, нашите комшии, колегите од работа, случјните минувачи, се само луѓе кои ја исполнуваат Божјата волја.


Тоа е така, зашто Бог сака преку тие моменти да се обратиме кон Него,и да се убедиме во Неговата вериост и во вистинитоста на Неговите ветувања. Треба целосно да му се препуштиме на Бога и да веруваме во него, за да сета одговорност падне на Него бидејќи таа одговорност е премногу тешка за да самите се носиме со неа. Ајде што побрзо да се освестиме од прангите на световните работи со кои сме затруени и со кои постојано во континуитет си ги труеме нашите души. Да престанеме да му одаваме преголемо значење на нашиот надворешен живот: на својот изглед, на кариерата, на угледот во друштвото, на она што луѓето мислат за нас. Да престанеме да бидеме лицемерни, да престанеме да одиме со маска на лицето за да го сокриеме она што навистина сме, напротив ајде да си ги покажеме вистинските лица, и тоа најпрво на себе си а потоа и пред другите. Зашто само тогаш ќе станеме целосно свесни за тоа колку бесполезно ни поминале деновите од животот кој на дар го добивме од Бога. Лицемерното служење на Еога може само да го уништи нашиот образ и да го загубиме своето човечко достоинство.

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel


А ако ние сме од Бога и ако целиот матријален свет е од Бога, тогаш значи дека и се што доаѓа е од Бог. Затоа, да го напуштиме лицемерното верување и да допуштиме Божјото Слово и Светиот Дух да се вселат во нас, зашто, според зборовите на светиот апостол Павле: „Се е од Него, преку Него и во Него". Амин!

 

Од Божествената Литургија во св.вмч.Димитриј,

(11.07.2021). Скопје

 3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

 Преминпортал (к.т.)

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 3199
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3040
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…