Архива: Јован Пачемски: Недела на митарот и фарисејот (13.02.2022)
Во самиот почеток од прочитаната свангелска приказна, нашиот Спасител Господ Исус ХРИСТОС ни покажува на кого ја наменил оваа парабола. Таа е упатена кон сите оние кои во себе се уверени дека се праведни, и се надеваат единствено на својата праведност, а сите останати луѓе ги понижуваат и презираат.



Свети Јован Крстител е и икона и почеток на тајната на новозаветното и есхатолошко свештенство, и почеток на крајот на старозаветното: „Јас треба од Тебе да бидам крстен, а Ти при мене ли доаѓаш?“ (Матеј 3, 14). Зборови што значат токму ова: „И удостој ме, преку мене – недостојниот и грешен Твој слуга, да Ти бидат принесени овие Дарови, [внимавајте!] зашто Ти си Тој Кој принесува и се принесува, Кој прима и Кој се раздава, Христе Боже наш...“
Ако внимателно ја погледнеме оваа молитва, во неа ќе ги препознаеме историските периоди на Стариот и Новиот Завет, како и бесконечниот период на Царството Небесно, кој веќе е и уште не е. Со јазикот на православната теологија овие периоди уште се наречени: Сенка, Икона и Вистина.
И Бoг нарeдил сo Свoјата прoмисла, Рута да излeзe на нивата на бoгатиoт Вoз за да сoбира класјe. А Вoз ја видeл Рута и ја пoбарал за сoпруга кај Нoeмина. Oд тoј брак сe рoдил Oвид, таткoтo на Јeсeј и дeдo му на царoт Давид. Рута сe пoнижила дури дo прoсјачка, а Бoг ја 





Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу јасна: обожението на човековата природа во Синот Божји – Богочовекот Исус Христос, е основа на обожението на секој човек кој тоа го сака, во Црквата како Тело Негово – со учество во нејзините свети Тајни и Добродетели.
И кога се исполни времето, Јован ги испраќа своите ученици при Христос, не дека не знае Кој точно Е Тој, туку од љубов кон Него и кон нив, сака и тие да Го запознаат Спасителот на светот; да се исполни истоштителната љубов: „Он треба да расте, а јас да се смалувам!“ (Јован 3, 30).
Ангeл Гoспoдoв ќe вoјува за oниe кoи сe бoјат oд Бoга. Тoа сe пoкажалo јаснo мнoгупати, штo e запишанo, и бeзбрoј пати штo нe e запишанo. Архангeлoт Михаил гo oдбранил Исуса Навина. Ангeл вoјувал за царoт Јeзeкиј правeдниoт и за eдна нoќ ја уништил цeлата халдeјска вoјска. Кoлкупати ангeли ги пoсeтилe апoстoлитe и христијанскитe мачeници вo затвoритe,
Послушанието не е лесен подвиг и не е без искушенија. Затоа, до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва тоа е аскетски подвиг, подвиг на кој се принудуваме. Духовниот отец може да се смени, но не и подвигот на послушание. Без послушание нема премин од противприроден во природен начин на живот, од умно-усното пелтечење во умно-срдечна молитва.
Значи, наместо судење и осудување и самооправдување, Христос ни го покажува патот на самоукорување и самоосудување, патот напуштен од речиси сите денес; патот на смирението.
Денешното апостолско четиво (Гал. 6, 3) ме потсети на малиот број „христијани“, кои поради својата внатрешна душевна расцепеност и меѓусебната поврзаност по таа основа, се однесуваат како отцепени, не само од човештвото – како целина, туку и од самата Црква. И перспективата што произлегува од таа отцепеност безуспешно се обидуваат да ја наметнат како теолошко-сотириолошки критериум; согласно кој, да не должам,
Да не се лажеме себеси... Оној што ја има љубовта како дар на благодатта на Светиот Дух не може истовремено и да мрази. Нема тука место за обичните човечки чувства, каде што некого сакаме, а некого мразиме. Затоа и ви велам, целта на демонот е во ближниот да гледаме непријател, да вратиме на злото со зло и да останеме без благодатта на Светиот Дух; а притоа,























