логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

19042009

Меѓусебно љубовно сведоштво (03.11.2021 23:07)


Колку е само воодушевувачки односот меѓу Христос и Јован Крстител? Толку е љубовен што човек не може, а да не го пропрати со солзи секојпат кога чита за тоа...

...Јован, пак, повика двајца свои ученици и ги испрати при Исус, говорејќи: „Ти ли си Оној што треба да дојде, или друг да чекаме?“ И кога дојдоа при Него, тие Му рекоа: „Јован Крстител нè прати при Тебе, велејќи: ’Ти ли си Оној што треба да дојде, или друг да чекаме?‘“

И кога се исполни времето, Јован ги испраќа своите ученици при Христос, не дека не знае Кој точно Е Тој, туку од љубов кон Него и кон нив, сака и тие да Го запознаат Спасителот на светот; да се исполни истоштителната љубов: „Он треба да расте, а јас да се смалувам!“ (Јован 3, 30).

Во тој час Он исцели мнозина од болести, и од рани, и од зли духови, и на мнозина слепи им подари вид.

Богочовекот Христос одговара со дела. Оти на зборот може да му се спротивставиме со збор, но не и на делото; не и на сведоштвото Очево за Својот Син и на сведоштвото на Синот за Својот Отец, во Светиот Дух: „Јас Те прославив на Земјата; го извршив делото, што си Ми го дал да го извршам“ (Јован 17, 4).

И им одговори Исус и рече: „Одете и кажете му на Јован што видовте и што чувте: слепи прогледуваат, хроми проодуваат; лепрозни се очистуваат, глуви прослушуваат, мртви воскреснуваат и на бедни им се проповеда Евангелието; и блажен e оној кој не ќе се соблазни поради Мене“.

Овиe зборови се наменети само за нас, кои сме духовно слепи, а сосема се излишни за Јован или за неговите ученици.

А кога си отидоа учениците Јованови, Он почна да му зборува на народот за Јован: „Што излеговте да видите во пустината? Трска ли, што се лулее на ветар? Но, што излеговте да видите? Човек ли, облечен во меки алишта? Ете, оние што се облекуваат убаво и живеат богато, по царски палати се. Туку, што излеговте да видите? Пророк ли? Да, Јас ви велам, и повеќе од пророк. Овој е, за кого што е напишано: ’Ете, Јас го испраќам пред лицето Твое ангелот Мој, што ќе го приготви патот Твој пред Тебе‘. Оти ви велам: меѓу родените од жени нема ниеден поголем пророк од Јован Крстител; но најмалиот во царството Божјо е поголем од него“.

Воодушевува и носи големо умиление љубовта и сведоштвото Христово за Јован. Не ги изговара овие зборови пред Јовановите ученици, како што правиме ние кога сакаме да им се додвориме на луѓето, туку пред Своите ученици и пред народот дојден при Него, како што прават големите отци на Црквата – сигурни во својот авторитет во Бог, кои се величаат меѓу себе, за спасение на своите духовни чеда, а во слава Божја. Камо да беше така и меѓу нас...

И сите луѓе што слушаа, па и митниците, Му благодареа на Бог дека се беа крстиле со крштевањето Јованово; а фарисеите и закониците го отфрлија советот Божји за нив, и не се крстија со него (Лука 7, 17–30).

Грешните луѓе барем знаат дека се недостојни за сите дарови Божји кои секојдневно ги добиваат и природно се смируваат. И христијаните што правилно се подвизуваат, благодатно го спознаваат своето несовршенство и својата соборна одговорност за злото во светот и Му благодарат на Бог за милоста и воскресната утеха на Неговиот Крст што го носат.

Фарисеите – тие што пазат на религиозната форма, а не и на суштината на верата – што е сострадалната љубов, како и закониците кои слепо се држат до словото на Законот до самото отфрлање на Духот Кој го оживотворува, не може а да не ја отфрлат промислата Божја за себе. И не можат, а да не го осудат својот ближен.

Господи, прости ми, што се обидов за оваа меѓусебна љубов немушто да пишувам, но срцето не ми додржа.


Митрополит Струмички Наум

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…
Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 4286
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 4095
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3548
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…