логоFacebookTwitterYouTubeeMail

TVITer827

Тајната на личниот крст (29.09.2021 13:57)

Често луѓето имаат желба да се на местото на некој друг. Сакаат да ја имаат видливата власт и славата на другиот, сакаат да ги имаат видливите пари и имот на другиот, и сакаат да уживаат во видливите убавини на туѓиот живот. Разбирливо е сето тоа, но навистина не знаат што бараат; затоа што тоа е лудост.

Зошто е лудост да бараш да си на местото на другиот, па колку и неговата позиција да изгледа привлечно? Затоа што секој човек има и свој невидлив крст и нема човек без крст, нема човек без на некој начин да страда.

А што е проблемот тука, што ако секој човек од нешто страда? Проблемот е што крстот на секој човек е толку личен, толку посебен, толку само негов, што никој друг не би можел да го понесе и поднесе. Крстот е потполно личен дар Божји, преку кој секој човек го гради својот сосема личен, конкретен и неповторлив однос со Бог, и е наменет точно за конкретниот човек и за никој друг.

Верувам дека кога на некој нормален човек би му ја понудиле видливата слава и власт, видливиот имот и финансиски можности, и видливите сладости на животот од некој друг човек, и кога истовремено би било можно да му го предочат и неговиот невидлив крст, тој би го одбил тој предлог.

И верувам дека кога на некој лекоумен човек би му ја понудиле славата и власта, имотот и финансиските можности, и сладостите на животот од некој друг човек, и кога истовремено би било можно да му го предочат и неговиот крст, а тој го прифати предлогот, таквиот би полудел.

Но, и на најсветиот човек не му е дозволено докрај да ѕирне во животот, во срцето, во личноста на другиот; затоа и никој не е во позиција и не може објективно да суди, освен Бог. И затоа секој суди според себе, според својата внатрешна состојба; и затоа секое судење и осудување е само индивидуална проекција.

И не само тоа. Секое судење и осудување на другиот, за работи од неговиот личен живот кои не влијаат негативно врз пошироката заедница е обично лудило, ако не и антихристова дејност и поддршка. И, секое лично судење и осудување на другиот, а не на неговиот грев, без оглед какви димензии тој грев има, е антихристова дејност.

И уште нешто.

Кај некои луѓе повидливи се страдањата отколку утехата на животот. Доколку таквите правилно го носат својот крст, т.е. доколку нивните страдања се учество во Крстот Христов, и околностите во кои тие ја восовршуваат својата заедница со Богочовекот Христос, и кога ние би можеле да ја видиме славата што нив ги чека во Царството Небесно, секој нормален од нас би го посакал нивниот крст – кога тоа би било можно; т.е. со радост и благодарност би го носел својот крст.

„Да, словото за крстот е безумство за оние, што гинат, а за нас, кои се спасуваме, сила Божја“ (1 Кор. 1, 18).

Пресвета Богородице, спаси нас!

Митрополит Стумички Наум

 
    



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 3179
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2510
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…