логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Митрополит Струмички Наум:
Воскресение Христово (01.05.2021 )

Voskresenie.s.jpg
Во беспочетниот почеток на сѐ беше Ипостасот на Словото и Словото беше во Бог и Отец – од Кого предвечно се раѓа, и Словото беше Бог – Син Божји, едносуштен и еднославен со Отецот. Тој и во почетокот без почеток, и при создавањето на светот и на човекот – според икона и подобие Божјо, и при Домостројот на спасението, и во Есхатонот беше во Бог – со непроменлив начин на постоење.
Сè создадено стана од Бог Отецот, преку Него, во Светиот Дух – со Нивната боженствена енергија; и без Него ништо не стана од сѐ што – ни од што претходно постоечко стана, во времето.

38.machenici1
Во Него имаше суштинска енергија на Живот и Животот им беше единствена вистинска и незалезна светлина на луѓето во овој свет. И Светлината во темнината на гревот и очајот свети, и мракот на отпадништвото и смртта не ја опфати.
Имаше еден човек по име Јован, пратен од Бог – немаше од него поголем, меѓу родените од жена природно; тој дојде за сведоштво, да сведочи за Светлината, та сите да поверуваат преку него. Тој не беше Светлина, туку да сведочи за Светлината.
            Собеспочетниот, со Отецот, Син Божји е вистинска Ипостасна Светлина, Која го осветлува со Својата несоздадена светлина секој човек што доаѓа во светот – и го преобразува.
            Во светот беше, како воплотен Син Божји, и светот преку Него стана – преку Неговите логоси на битијата, а и својата смисла ја доби, но светот – паднат во грев и смрт, не Го позна.
Дојде при Своите по тело – како Син Човечки, и Своите не Го примија – Го отфрлија и на Крст Го распнаа.
А на сите што Го примија Богочовекот Исус Христос, на сите кои се крстија во името на Светата Едносушна и Неразделна Троица – Отецот и Синот и Светиот Дух, и на сите што со дела веруваат во Неговото име им даде можност во Црквата – Телото Негово, да станат синови Божји: кои не од крв, ни од похот машка, а од Бог се родија – преку благодатта на Светиот Дух Господ.
            И Словото стана тело од Дева Марија Богородица и Светиот Дух – Кој непроменливо од Отецот исходи, и се всели во нашата природа, полно со несоздадена благодат и вистина; и ние ја видовме Неговата слава во Воскресението од мртвите, слава како на Единороден Син од Отецот.

38.machenici1
            Јован Крстител сведочеше за Него и велеше, зборувајќи: „Овој е за Кого реков: ’Оној Кој иде по мене ме испревари, оти постоеше порано од мене!‘“ – бидејќи Бог.
И од Неговата полнота ние сите примивме благодат врз благодат во благодарствената Литургија на Црквата – собрани околу својот Епископ; причестувајќи се соборно со Неговите Тело и Крв, и меѓу себе. И станавме нова твар...
Зашто, Законот беше даден за паднатиот човек – преку Мојсеј, а благодатта и вистината на Царството Небесно произлегоа од Богочовекот Исус Христос – нашиот Господ (види: Јован 1, 1–17), за оние што во Него умреа и воскреснаа – и Он повторно во нив.


            Христос Воскресе!

38.machenici1 


P.S. Ништо од Домостројот на нашето спасение не би било без Богородица и Секогашдева Марија, без Нејзината согласност и без Нејзиното содејство: „Еве ја слугинката Господова; нека ми биде според зборовите твои!“ (Лука 1, 38). Односно, без Нејзиното – да; и без Нејзината претходна предаденост Нему.


Митрополит Струмички Наум

Извор:

МПЦ- ОА

 1ви мај 2021 лето Господово

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1602
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2054
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1809
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…