логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Недела втора од Велигденскиот пост
(НЕДЕЛА НА СВЕТИ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК)


Aleksandar.N.sv.Haralampij

Евангелие според Марко зачало 7мо
                                   Марко 2,1-12

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух,

Нашиот Спасител Господ Исус Христос, благовестејќи за Својата наука, секогаш кога посетувал некое место, а особено кога се задржувал таму, околу Него се собирала огромна група на луѓе, која била жедна да го слушне Неговиот збор и да ги види Неговите дела. За такво нешто ни сведочи и денешното прочитано Евангелие, во кое се вели: “По неколку дена, Он пак влезе во Капернаум и се чу дека е во една куќа. Веднаш се собраа мнозина, така што и пред вратата не можеа да се сместат; а Он им зборуваше” (Марко 2,1-2). Голема била радоста на собраните луѓе во Капернаумската куќа и околу неа, кои сакале да Го видат Христа и да ги слушнат Неговите зборови кои даруваат живот, мир и блаженство на секоја искрена и отворена човечка душа.
Додека Божјата уста благовестеше во таа куќа, продолжува да ни зборува светото Евангелие и ни вели: “дојдоа при Него (Христа) со еден фатен, кого го носеа четворица, па како не можеа да се приближат до Него од народот, откако го открија и го пробија покривот од куќата, каде што беше Он, ја спуштија постелката, на која лежеше фатениот  (Марко 2,3-4). Фатениот евангелски човек долги години одел по лекари за да го излекуваат од неговата болест. Но овој¬пат и лекарите биле немоќни. Неговата болест била прогласена за неизлечлива, а фатениот прикован да лежи за своето легло, се додека смртта не го ослободи од таа мака. Но тој, штом слушнал за доаѓањето на Христа во Капернаум, неговата душа осветлена од светлиот зрак на надежта во Бога, Го побарала Христа семоќниот лекар на душите и телата, за да  помогне. Болниот човек понесен од таквата надеж, посакал да го однесат при Христа. Во тоа му помогнале четворица луѓе, кои неможејќи својот пријател да Го доближат до Господа низ многубројниот насобран народ, се искачиле заедно со него на покривот од куќата во која проповедал Христос, го отвориле покривот, па низ него со напор и мака го спуштиле фатениот и неговата постела пред нозете на чудотворниот исцелител. Верата во Бога кај сите нив била многу силна.


А Исус, кога ја виде верата нивна, му рече на фатениот: Синко ти се опростуваат гревовите твои!” (Марко 2,5). Бог, Кој ги знае и најдлабоките тајни на човечките срца ја виде нивната вера, но и нивниот труд за да го донесат болниот пред Него. Тие - четворицата луѓе не стравуваа од искачувањето на покривот, ниту пак, се воздржуваа од срам или од страв својот пријател да го спуштат од високо точно пред нозете Господови. Нивната цврста вера била очигледна како за духовното, така и за телесното гледање на Христа Господа. Но не била голема само нивната вера во Господа, туку и нивната љубов кон ближниот. Тие грижејќи се за својот пријател да оздравее, ни даваат вистински пример како треба ние да се грижиме за нашите ближни. Токму затоа, Христос на фатениот му вели: “Синко ти се опростуваат гревовите твои!” Гревот, тоа духовно помрачување на човековата душа бил причинителот за болеста на фатениот, па затоа било потребно прво тој да се уништи. Болестите, пак, честопати се плод на нашата гревовеност, безаконие и неуреден живот, но честопати тие се и Божја казна за нашите гревови. Затоа, ако сакаме да се ослободиме од болеста, најнапред треба да го уништиме нејзиниот внатрешен причинител, а тоа е гревот. Господ Исус Христос како Бог ја знаел причината за болеста на фатениот, па затоа најнапред ја излекувал неговата душа, опростувајќи му ги гревовите.

Aleksandar.N.sv.Haralampij


Меѓутоа, ни сведочи евангелистот Марко “таму седеа некои од книжниците и си помислија во срцата свои: Што хули Овој на Бога? Кој друг може да простува гревови, освен единиот Бог? Исус веднаш, штом узна со Својот дух, дека тие така мислат во себе, им рече: Зошто го помислувате тоа во срцата свои? Што е полесно да му кажам на фатениот; ти се простуваат гревовите или да речам: дигни се, земи ја постелката своја и оди? Но за да знаете дека Синот Човечки има власт на земјата да ги простува гревовите – му рече на фатениот - Тебе ти велам: стани, земи ја постелката своја и оди си дома! И тој стана веднаш, па, штом ја зеде својата постелка, се појави пред сите – така што сите се восхи¬туваа и Го славеа Бога, велејќи: Никогаш вакво чудо не сме виделе!” (Марко 2,6-12). За Бога, во тие моменти е очигледно и неверието на книжниците кои биле присутни на овој настан и кои лошо помислиле во своите срца. Бог ги чита и чистите и нечистите срца на луѓето. Тие Го сметале Христа за обичен човек, а како познавачи на законот знаеле дека само Бог може да простува гревови, па затоа помислиле во срцата свои за Христа дека Он хули на Бога. Тие ништо не прозбореле и не Му рекле на Христа, но Тој го прозрел лукавството во срцата нивни, па на чуден начин им ги открива мислите пока¬жувајќи им знак на Своето Божество. Тој им покажува дека има власт и над телата и над душите на луѓето, т.е. и гревови да опростува, но и фатени тела да лекува, та му вели на фатениот да ја земе својата постелка и да си оди дома. Верата кај фатениот во семожниот лекар не го измамила. Тој добил двојна благодат од Бога за духовно и телесно исцеление. Тој дојде при Христа да проси за една милост, а се удостои со двојна бла¬го¬дат, со исцеление на тело¬то, но и со опростување на гревовите од неговата душата.
Не случајно, драги браќа и сестри, светата православна Црква одредила ова Евангелие да се чита на денешната втора великопосна недела. Во него ни се истакнуваат многу добродетели. Пред се тоа ни покажува како треба да им помагаме на нашите ближни, како што и во евангелскиот пример четворицата луѓе му помогнале на фатениот да дојде при Христа. Потоа ни покажува каква треба да е нашата вера во Бога, онаква каква што имал фатениот човек цврста и непоколеблива. Ни покажува дека постојано треба да се надеваме во милоста Божја, т.е. секогаш да се трудиме и да твориме со надеж во Божјата милост. И на крајот, не потсетува дека гревот е причинителот на секоја наша немоќ и болест, па затоа да го засилиме нашето покајание. Да не дозволуваме времето да ни поминува залудно, туку благоугодно да го исползуваме за покајание и за духовно искачување кон совршенството – кон Бога. Зашто ризницата на Божјото милосрдие секогаш е отворена за секого од нас и нејзе не можат да ја победат гревовите, а ние можеме да бидеме соучесници во неа само, ако искрено се покаеме.
Нека себлагиот Господ ги чуе молитвите од нашите срца, па ни подари според Својата љубов прошка на гревовите и вистинско духовно и телесно здравје. Та така поткрепени Му вознесуваме слава и благодарност преку сите денови на Велигденскиот пост, сега, секогаш и во вечни векови амин.

 Aleksandar.N.sv.Haralampij

 Преминпортал (к.т.)

 

 

 Друго:

Aleksandar.N.sv.Haralampij

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 3178
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2507
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…