логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

19042009

ПЕДЕСЕТНИЦА (19.06.2021 16:02)

„А во последниот голем ден од празникот застана Исус и извика со висок глас, велејќи: ’Кој е жеден, нека дојде при Мене да пие! Кој верува во Мене, од неговата утроба, како што е речено во Писмото, ќе потечат реки од жива вода‘. А ова го рече за Духот, Кого што ќе Го примат оние кои веруваат во Него; оти Светиот Дух уште не им беше даден, бидејќи Исус уште не беше прославен“.

Светиот Дух Господ на посебен начин влегува и делува во Црквата и во светот на денот од светата Педесетница. Црквата станува Тело Христово. Секој што е крстен во Црквата ја прима несоздадената благодат на Светиот Дух во своето срце. И доколку со својот аскетско-исихастички и литургиско-соборен живот, под надзор и во послушание на својот духовен отец, ја активира и ја актуализира таа благодат, од неговата утроба ќе потечат реки од жива вода.

„А некои од нив сакаа да Го фатат, но никој не стави рака врз Него. Дојдоа, пак, слугите кај првосвештениците и фарисеите и овие им рекоа: ’Зошто не Го доведовте?‘ А слугите одговорија: ’Никогаш човек не говорел така како Овој Човек‘. Тогаш им одговорија фарисеите: ’Да не се прелагавте и вие? Поверувал ли некој од началниците и фарисеите во Него? Но овој народ, што не го знае Законот, е проклет‘.“

Еве уште еден евангелски исечок во кој јасно го забележуваме судирот меѓу словото на законот и Духот на словото; меѓу формата и суштината; меѓу институцијата и харизматичната личност; меѓу формалноста на стариот завет и Духот на Новиот Завет; меѓу лажните пророци и Вистината Христос; меѓу секундарната и примарната функција на умот; меѓу дуализмот и исцеленоста; меѓу схоластицизмот и православниот духовен опит; меѓу болната логика и здравата мистика; меѓу затемнетоста и просветленоста; меѓу паднатата природа и Светата Тајна; меѓу номичноста и антиномичноста.

Гледаме дека кога некој со слово во сила го допира човековото срце, тогаш човек престанува да дејствува според плановите на својот разум или зададените задачи или колективните несвесни шеми, и почнува да дејствува според своето ново, преобразено чувство и според својот освестен разум – кој ги прифатил новото чувство и новото сознание. Слугите одбиваат извршна наредба, и тоа во очи и слободно им го кажуваат на своите претпоставени – првосвештениците и фарисеите, без чувство на страв; како нешто најнормално да им пренесуваат. Гледате ли зошто ви велам дека прво треба преку умно-срдечната молитва да допреме до своето срце, па потоа преку преобразената и просветлена мисла, преточена во слово со сила, да допреме и до срцето на другиот?

„И пак им рече Исус, велејќи: ’Јас сум Светлина на светот; кој врви по Мене, нема да оди во темнина, а ќе има светлина во животот‘“ (Јован 7, 37–52; 8, 12).

А врват по Него оние кои ги исполнуваат Неговите заповеди. Оние кои своето срце и својот ум ги хранат со добри дела, во послушание кон својот духовен отец. Оние кои сострадуваат и помагаат на сиромашните, затворените и болните. Оние кои не мислат за себе дека се подобри од кој било друг. Оние кои вината за сè ја гледаат само во себе. И врват по Него оние кои начинот на својот подвиг го восогласиле со степенот на духовната возраст на кој се наоѓаат. Сите тие ќе имаат светлина во животот, откако со таквиот начин на живот ќе го очистат своето срце, ќе го добијат дарот на умно-срдечната молитва и ќе го просветлат својот ум.

И после сѐ, како вообичаено, настана расправија за Него, и меѓу народот, и меѓу началниците и фарисеите. Меѓу оние со отворено и оние со закоравено срце. А секогаш, при која било расправија, има и такви што не ја почитуваат слободата на другите и сакаат, по секоја цена, да го наметнат своето мислење – без оглед на неговата исправност.

Пресвета Богородице, спаси нас!

Митрополит Струмички Наум

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5804
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6405
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5599
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная