логоFacebookTwitterYouTubeeMail

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

ПРВА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

(Недела на сите Свети)

„Кој милува татко или мајка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; и кој милува син или ќерка повеќе од Мене, не е
достоен за Мене"

(Матеј 10: 37)

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel


3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

Денешниот ден, првата недела по Духовден, Православната Црква одлучила да го посвети на Сите Свети кои таа ги празнува во текот на целата година, а кои се прославиле низ историјата на нашата вера и Црква. Светите се живи сведоци на Христовото воскресение, зашто само преку воскресението тие ја достигнале својата светост и ја пронашле смислата на вистинскиот живот, Тие се секогаш актуелни, зашто на нивното искуство и на иивната крв се соѕидани темелите на нашето верување, па затоа градбата на нашата вера не може ништо да ја разруши или поколеба светите, се најсовршените христијани, бидејќи во најголема мерка се осветиле самите себе преку подвизите на верата во воскреснатиот Господ Христос. Всушност, тие се единствените вистински бесмртници во човечкиот род, зашто со целото свое битие живеат во воскреснатиот и заради воскреснатиот Господ Христос, па затоа над нив никаква смрт нема власт. Се што е нивно, најпрво е Христово, па дури потоа нивно. Ако тоа е душата, таа најнапред е Христова, па потоа нивна; ако тоа е совеста, и таа најнапред е Христова, па потоа нивна; па дури и ако тоа е животот, и тој најнапред е Христов, па дури потоа нивни. Бпрочем, во нив ги нема иив, туку во се е само Господ Исус Христос.

Светите се сведоци за чудотворната сила на нашиот Господ Исус Христос. Впрочем, тие се сведоци на апостолските дела, кои се продолжени низ векови и векови.

Светите за сите нас, кои се вбројуваме во современите христијани на „напредната цивилизација", претставуваат секогаш актуелен животен учител и патеводач. Преку нивните животи на евангелски начин ни е покажано како се изградува совршена човечка личност, совршено идеален човек, и како со помош на светите Тајни и светите добродетели во Црквата Христова се расти „до состојба на совршен маж, до мера на полната возраст на Христовото совршенство" (Ефес. 4:13).

Светите за нас претставуваат своевидна православна Енциклопедија. Во нив можеме да најдеме се што е потребно за душата која е гладна и жедна за Божјата правда и вечната вистина во овој свет. Ако имаме недостаток на вера, во светите ќе ја најдеме преизобилно, па ќе ја нахраниме својата душа со храна, од која никогаш нема да огладнеме. Ако имаме потреба од љубов, од вистина, правда, надеж, кротост, смирение, покајание, молитва, или било каква добродетел или подвиг, во иив ќе најдеме безбројни учители за секој подвиг и ќе добиеме благодатна помош за извршување на секоја добродетел. Ако, пак, некогаш сме подложени на маки и стрдања заради својата вера во Христа, светите ќе не утешат и охрабрат, па нашите маки и страдања ќе ги претворат во неискажлива радост. Ако се наоѓаме во искушение, повторно светите ќе ни помогнат да ги надмииеме не само тогаш, туку засекогаш. Ако сме во опасност од невидливите непријатели - демоните, светите ќе не наоружаат со „Божјото сеоружје" и ќе ги победиме и нив засекогаш.

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel


Човекољубието на Господа Исуса Христа нема крај. За да го стекнеме вечниот живот, кој е во Него, и за да живееме со Него, од нас не се бара ни ученост, ниту слава, ни богатство, ниту било што, кое некој од нас го нема, туку потребно е само она, кое секој од нас може да го има. А тоа е единствено верата во Господа Исуса Христа! Затоа Он, единствениот Човекољубец, му ја објавил на човечкиот род ова чудна благовест: „Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него, да не погине, но да има живот вечен. Кој верува во Синот, има живот вечен" (Јован 3:16; 36). Како единствен вистински Бог, дарувајќи им го на луѓето она, кое никој од ангелите и луѓето не може да им го даде, единствено Он во целиот човечки род имал право да изјави: „Вистина ви велам: Кој верува во Мене има живот вечен" (Јован 6: 47) и „Кој милува татко или мајка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; и кој милува син или ќерка повеќе од Мене, не е достоен за Мене" (Матеј 10: 37). А оној, кој овие зборови ги претрчил во живот, подобно на светите, уште овде, на земјава, преминал од смртта во животот. Амин!

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

 

Скопје, 27ми јуни 2021 лето Господово-  храм на св.вмч. Димитриј

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

 Преминпортал (.к.т)

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2684
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1849
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…